И другите петмина обвинети со првостепената пресуда се прогласени за виновни. Претседателот на Комисијата за јавно наддавање доби затворска, а другите четворица члена добија условна казна Денешната пресуда е петта по ред која ја изрекува Основниот кривичен суд Скопје во случај во кој обвинет е поранешниот министер Миле Јанакиески. Од претходните четири, во две тој доби условна, а во две затворска казна. Пред судот, пак, во тек се уште четири ...

„Не сакаме руска шпионажа на данска почва. Затоа сега ги депортираме од Данска“, рече данскиот министер за надворешни работи кој наведе оти протераните 15 руски дипломати шпионирале на данска територија, но рече оти не може да коментира за природата на шпионажата Данска одлучи да протера 15 руски дипломати од земјата, кои имаат рок од 14 дена да ја напуштат државата, соопшти денеска данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод. ...

Од почетокот на годината зачестија акциите на Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme и Државен инспекторат за земјоделство / Inspektorati shtetëror për bujqësi против рибокрадците во Охридското Езеро. Според податоците споделени со јавноста, најголемиот број на акции се случија на источниот брег на езерото, додека отсуствуваат на северозападниот дел, од потегот Струга – Радожда, каде ...

Државниот завод за статистика на својата веб-страница соопшти дека е направена техничка грешка во Пописот при внесувањето на податоците за религиозната припадност на граѓаните. -Во соопштението Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 – прв сет на податоци, објавено на 30 март 2022 година, во Табела 9 – Вкупно резидентно население во Република Северна Македонија според изјаснувањето за ...

Претседателот на Франција денес во интервју за француското радио France Inter повика на дополнителни санкции против Русија поради „масакарот“ во украинскиот град Буча и објавените видео снимни низ социјалните мрежи. „Треба да се воведат повеќе санкции кон Русија бидејќи постојат јасни индикации дека руската војска е одговорна за убиствата на цивили во украинскиот град Буча“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон. ...

Лица од македонски институции се јавувале во Бугарија со цел да не се реши спорот, вели шефот на дипломатијата Османи. Тој не сакаше да открие детали, ниту во кои институции работат, дали се членови на политички партии, ниту пак каде се јавувале во Софија. Според Османи, станува збор за лица кои се поврзани со двајцата вработени во Државната агенција за национална безбедност на Бугарија а кои ги посочи бугарскиот премиер Петков дека работеле ...

Жан Железарски, еден од осудените за случајот „Детонатор“ во септември минатата година беше уапсен во Косово, а во петокот бил ектрадиран во затворот во „Скопје“, во Шуто Оризари. За овој бегалец беше распишана меѓународна потерница откако избега во 2019 година и не се врати во затвор по добиено отсуство. Според потерницата што беше објавена на сајтот на МВР, Железарски се бараше со наредба ПК бр.2/18 издадена од Основен ...

Дописничката на „Вашингтон пост“ Изабел Хуршудјан која е со седиште во Одеса се огласи на Твитер и истакна оти рано изутринава се слушнале силни експлозии во центарот на градот и додаде оти најверојатно е погодено складиште за гориво близу пристаништето Триесет и деветтиот ден од војната во Украина започна со серија екплозии кои утринава го погодија пристанишниот град Одеса, а има најмалку три големи пожари во индустрискиот дел во ...

Папата Франциск откри дека размислува да го посети украинскиот главен град Киев. По пристигнувањето на Малта, новинарите го прашале дали ќе ја разгледа поканата на украинските политички и верски власти, на што тој одговорил потврдно. Претходно, папата Франциск во неколку наврати ја осуди руската инвазија на Украина, нарекувајќи ја срамна. Иако Русите најави повлекување од Киев, патувањето на папата Франциск нема да биде без ризик. Папата денеска ...

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, изјави дека не може да ја потврди или негира наводната вмешаност на Украина во нападот на складиштето за гориво во рускиот град Белгород, бидејќи не знаел за сите воени информации, пренесува „Ројтерс“. „Не можам ниту да го потврдам, ниту да го отфрлам тврдењето дека Украина учествувала во ова, само затоа што ги немам сите воени информации“, посочи тој. Според ...

Во рудникот за кафеав јаглен „Соко“ кај Сокобања во Србија се урнал дел од јамата, а рударите останале заробени, јавува Радио-телевизија на Србија (РТС). Директорот на Здравствениот дом Алексинац, Родољуб Живадиновиќ, за РТС изјавил дека несреќата е голема и дека според првите информации загинале осум рудари, а околу 20 се повредени. Тој посочува дека главно се работи за полесни повреди. „Неколку околни центри ги испратија сите ...

Годишните одмори, пандемијата на ковид, интензивни работи во земјоделието, ненамерно пропуштање на некој граѓанин, како и скриен и отворен бојкот се причините зошто над 132 илјади лица не беа попишани. И покрај пропишаните казни за бојкот, никој од граѓаните нема да понесе одговорност. На терен не беа попишани 132 260 луѓе за кои податоците се преземени од административни извори, а причините се неколку, вели директорот на Државниот завод за ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата, како лекар-специјалист по општа медицина, била ангажирана со договор за повремени и привремени работи во Јавната установа Специјалистички завод Демир Капија – станбена единица ...

Британското Министерство за одбрана штотуку го објави својот најнов разузнавачки извештај во кој тие сугерираат дека најверојатно ќе има тешки борби во наредните денови во Киев. „ И покрај руските изјави кои укажуваат на намерно намалување на воената активност околу Чернихив, значителните руски гранатирања и ракетни напади продолжија. Руските сили продолжуваат да ги држат позициите источно и западно од Киев и покрај повлекувањето на ...

По 74 дена поминати на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, со престој на неонатолошките интензивни одделенија, предвремено роденото бебе Викторија, на 18 март замина дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции, ова денеска преку статус на Фејсбук го напишаа од ГАК. -Трудницата која е прворотка беше хоспитализирана на ЈЗУ УГАК – Скопје на 27.12.2021 година. Бременоста и беше ...

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска излегува на предупредувачки протест пред Собранието и Владата искажувајќи незадоволство што досега не се усогласени платите со минималната плата. Од КСС подолг период бараат усогласување на платите со минималецот за да нема ситуации во кои вработени на различни работни позиции и со различен степен на образование да земаат иста плата. Бараат да се покачи бодот за да може да се задржи распонот на ...

Членовите на СОНК од 11 април стапуваат во генерален штрајк откако вчера не постигнаа договор со Владата за зголемување на платите во образованието. Синдикалците се револтирани бидејќи платите во овој сектор се на границата со законскиот минималец од 18 илјади денари и бараат покачување од 18,5 отсто. Од СОНК соопштија дека анкетите меѓу членството биле клучни за одлуката за генерален штрајк. Од СОНК побараа разбирање од родителите бидејќи со ...

Податоците покажуваат дека од вкупно попишаните лица 54,25 отсто се Македонци, 29,52 отсто се Албанци, 3,98 Турци, 1,18 се изјасниле како Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи, информираше директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски. Од резидентното население како Македонци се изјасниле 58,48 отсто од граѓаните, 24,3 се Албанци, 3,86 се изјасниле како Турци, 2,53 како Роми, 0,94 отсто се Власи, а 0,87 отсто Бошњаци. Од ...

Претреси во Скопје, пронајдени над 600 грама амфетамин, приведени двајца криминалциНа 29.03.2022 околу 04.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од ЕВР Карпош ги лишиле од слобода В.Ѓ.(43) и Н.Т.(31), двајцата од Скопје, поради сомнение дека се сторители на кривични дела тешки кражби. При преглед во возилото „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени повеќе предмети погодни за ...

Портпарол на рускиот милијардер Роман Абрамович потврди за неговата влошената здравствена состојба откако наводно бил затруен за време на мирoвни преговори со украински претставници претходно месецов. Портпаролот не одговори дали и некој друг од руската делегација бил затруен, ниту пак даде одговор кој би можел да го изврши труењето. Претходно Волстрит Џурнал објави дека кај три лица од руската делегација се појавиле истите симптоми, зацрвенети ...

Денес во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, кому му беше врачена дипломатска нота, со која петмина вработени во Амбасадата на Руската Федерација се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата. Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски ...

На Клиниката за урологија, во раните утрински часови заврши втората од двете трансплантации на бубрег, откако во саботата доцна во ноќта семејството на младо момче со мозочна смрт даде согласност за донирање на органите. Покрај бубрезите, екипата на Клиниката за ортопедија направи експлантација и на коскени ткива. – Двајца млади пациенти со болест на бубрезите кои беа на дијализа добија шанса за нов живот. Уште неколку пациенти со малигни ...

Категорија за најдобар филм: „Белфаст“ (Belfast) „Кода“ (Coda) – победник „Не гледај нагоре“ (Don’t Look Up) „Вози го мојот автомобил“ (Drive My Car) „Дина“ (Dune) „Кралот Ричард“ (King Richard) „Ликориш Пица“ (Licorice Pizza) „Алејата на кошмарите“ (Nightmare Alley) „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog) „Приказна од ...

Екс премиерот Никола Груевски се уште не може да му го “прости” сведочењето на бизнисменот Орце Камчев, за “Плацеви на Водно”, па повторно преку фејсбук статус се обиде да се оправда. -Полека излегува на површина не вистината и не логичноста во последната изјава на Јордан (Орце) Камчев дадена пред неколку дена судот, кога за 180 степени ја смени својата позиција во еден ден во предметот “Плацеви Водно”, одкако ...

Уште четири дена нѐ делат од објавувањето на резултатите од Пописот на население. ТВ21 од извори во Заводот за статистика дознава дел од резултатите во однос на бројот на резидентното и нерезидентното население. Неофицијално дознаваме дека во Северна Македонија живеат 1 милион и 800 илјади граѓани. Заедно со дијаспората сме 2.1 милион, што значи дека околу 300 илјади живеат во странство. Вкупниот број граѓани кои имаат матичен број е 2,5 ...

За време на престојот во Полска американскиот претседател се сретна со украинските бегалци сместени во Варшава, а одржа и говор во Кралскиот. На Украинците им порача дека стои зад нив, а на Русите дека тие не се непријатели и оти одбива да поверува дека народот во Русија се согласува со тоа со проектили и бомби да бидат гранатирани болници, училишта, породилишта и да бидат убивани невини жртви За коментарот дека Путин е касап, се огласи и Кремљ. ...

Младиот шахист Александар од Скопје има 13 години и многу награди и признанија од престижни првенства во шах, а уште толку што допрва треба да бидат освоени. Тоа што има церебрална парализа го прави уште поголем борец со уште поголеми амбиции, а истовремено и позитивен пример како да уриваш ѕидови низ животот со силна желба и соништа пред тебе кои чекаат да бидат реализирани. При крајот на минатата година, во рамките на Екипното првенство на ...

Утринава околу 8 часот во Плоче, Хрватска биле убиени две лица, од кои едното малолетно, а убиецот набрзо бил уапсен во Опузен, пренесоа хрватските медиуми. Мотивите за двојното убиство не се познати, но се претпоставува дека 15-годишникот не бил цел на нападот. Убиствата се случиле на две различни локации. Во тек е истрага. Убиецот наводно дошол на местото на злосторството со Југо 45, а на неговото апсење на бензинската пумпа во Опузен му ...

Становите се во зградата Панорама резиденс. Тоа се три апартмани во квадратура од 750 метри квадрати кои не се под залог или под хипотека, се чуваат за примопредавање, рече бизнисменот Бизнисменот Орце Камчев попладнево во Основниот кривичен суд Скопје даваше одбрана во случајот „Плацови на Водно“, каде е обвинет и сведочеше за тоа кога тој и неговите фирми се вклучуваат во купувањето на атрактивното земјиште. Плацовите првично биле ...

Украинскиот претседател Володомир Зеленски во денешното обраќање преку видео-линк на НАТО Самитот во Брисел ја обвини Русија дека при инвазијата на неговата земја употребила фосфорни бомби. – Повторно, деца умираат, луѓе умираат, изјави тој пред лидерите на шефовите на држави или влади од земјите-членки на НАТО. Тој не приложи никаков доказ за тврдењето дека Русија употребила фосфорни бомби, ниту кажа каде се случил нападот. Зеленски вели ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 12ᴼ
2.06
64%
1018
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
87%
1017
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1020
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.85
59%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.51
86%
1018
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
1.34
44%
1016
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
67%
1018
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
49%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.24
64%
1016
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 14ᴼ
1.34
58%
1016
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
68%
1017
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62