
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно влегуваат во клинч околу предвремените избори, обвинувајќи се меѓусебно дека ги штитат само теснопартиските интереси. Најголемата опозициска партија се закани дека од 10 мај ќе го блокира Собранието, откако лидерот на СДСМ, премиерот Димитар Ковачевски, го одби лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за лидерска средба на која би го одредиле датумот за предвремени парламентарни избори. „Активната блокада на ...
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5, а цената на дизелот се зголемува за три денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,92 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 88,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 90,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 90 денари за литар. ...
Вработените во Управата за водење матични книги нема да го прекинат штрајкот пред да се исполнат нивните барања. Од таму велат дека се издаваат изводи за новородени, починати и венчани само во итни ситуации. Сител објави дека извештајот за работата на Управата покажува дека само во 2019 година се издадени вкупно 21.957 погрешни изводи, а граѓаните велат дека мораат неколку пати да одат за една иста работа. Таков случај е и склучениот брак меѓу ...
Од денес се укинуваат сите преостанати мерки против Ковид-19, а на сила останува само мерката за задолжително носење на заштитни маски во здравствени домови, аптеки, јавен превоз и центри за нега на стари и со посебни потреби. Одлуката за укинување на ковид мерките беше донесена на денешната владина седница. Заменик премиерот Артан Груби информираше за одлуката, истакнувајќи дека таа е донесена по констатацијата на Комисијата за заразни болести ...
Оригиналната, неофицијална мнозинска одлука на судот што протече во јавноста сугерира дека Врховниот суд на САД ќе гласа за поништување на одлуката донесена во случајот „Ро против Вејд“, со кој во 1973 година се легализираше абортусот низ САД, објави американскиот портал Политико. Новинарот на „Политико“ Џош Герштајн, кој ги објави наодите, прецизираше дека мислењето на судијата, објавено на 10 февруари, можеби во ...
Повредени се околу 20 патници во судар на два автобуси што се случил утрово во прилепската населба Точила. Повредените веднаш се упатени на лекарски преглед во Болницата во Прилеп. Според првичните информации од прилепското Основно јавно обвинителство кое со полицијата направи увид, до сударот дошло околу 6 часот изутрината. Едниот автобус бил без патници, а другиот, кој се удрил во бандера, бил полн со работнички кои требало да ја започнат ...
Mузичарот и пејач Ѓорѓе Балашевиќ почина пред една година, а сега по повод роденденот на неговата сопруга Оливра премиерно беше пуштена неговата необјавена песна „Роденденска“. -Само еднаш бурно реагирав. Секогаш пишуваше за некои промашени, несреќни љубови, како љубовта не победува, како не стигнал или доцна стигнал кај нејзините сватови и така. И тогаш му реков: Напиши песна дека си заљубен во баба. Секако ми упати еден од оние ...
Во Загреб веќе два месеца владее епидемија на хепатитис А или заразна жолтица, а најголем број заболени се средношколци, објави Јутарњи лист. „Од почетокот на март забележавме 57 случаи на заболени од хепатитис А, најмногу кај средношколци. Идентификуван е вирусот на хепатитис А, што се пренесува по феко-орален пат, односно со внесување на загадена вода или храна во столицата на заразено лице или во раце контаминирани со столицата на ...
Рускиот претседател Владимир Путин наскоро ќе оди на операција oд рак, тврди „извор од Кремљ“, а пишуваат западните медиуми како „Дејли Мејл“ и „Мирор“. На должноста, наводно, ќе го замени секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев. 70-годишниот Патрушев се смета за клучен архитект на досегашната воена стратегија и човек кој наводно го убедил Путин дека Киев е преполн со неонацисти. Овие ...
Компанијата Stellantis, која е сопственик и на италијанскиот Fiat, во четвртокот објави дека во фабриката во Крагуевац во Србија ќе инсталира нова платформа за електрични возила, чие производство би стартувало кон средината на 2024 година. Како што беше најавено, Србија ќе има клучна улога во стратешкиот план „Stellantis Dare Forward 2030“, кој е насочен кон електрификација на производната гама на возила од сите марки кои работат во ...
Настанот на Фејсбук го најави градоначалникот на Липково Еркан Арифи На 2 мај во селото Слупчане свечено ќе биде откриен споменик во чест на паднатите борци на ОНА. Настанот на Фејсбук го најави градоначалникот на Липково Еркан Арифи, кој воедно објави и видео поврзано со конфилктот од 2001 година. „На 2 мај сите патишта водат кон гробиштата на мачениците во Слупчане, а манифестацијта ќе биде уште повеличествена со откривањето на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски е поканет да присуствува на самитот на Групата 20 во ноември од земјата домаќин Индонезија. Претседателот Џоко Видодо вчера изјави дека го поканил Зеленски да присуствува на самитот, на кој рускиот претседател Владимир Путин потврди дека ќе присуствува. Видодо беше под притисок од западните земји да ја исклучи Русија, членка на Г20, по нејзината инвазија на Украина, но Џакарта тврди дека мора да остане ...
На 29.04.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единицата за недозволена трговија со дрога во координација со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје лишен е од слобода Г.М.(38) од Скопје. По добиени информации дека тој набавува дрога во поголеми количини која ја препакува и ја продава, по добиена наредба од ...
10 илјади евра оштета ќе треба да плати пчеларот од охридското село Долно Коњско, бидејќи неговите пчели пред осум години каснале охриѓанец. Ова е одлуката на Битолскиот апелационен суд за пчеларот Лазе Грозданов на кој Охридскиот суд претходно му пресуди 15.000 евра. После жалбата на обвинетиот судот во Битола само ја намали паричната казна. Пчеларот Грозданов и по пресудата вели дека не чувствува апсолутно никаква вина. „,Мојата совест е ...
Бизнисменот Орце Камчев, иако со спогодба е осуден на казна затвор од една година, за случајот “Империја”, сепак тој треба да одлежи околу 7 месеци во затвор. Казната во старт се намалува, бидејќи во неа се засметува и времето кое бизнисменот го помина во куќен притвор. Па така, тој во притвор влезе на 10 ноември 2018 година, а излезе на 27 декември. Од истиот датум пак замина во куќен притвор, кој му беше укинат на 29 март 2019 ...
На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, денеска беше родено женско бебе-близнак заедно со амнионска обвивка. Родилката беше со близначка бременост, а бебињата се родени во 34-та гестациска недела. Станува збор за двојајчана близначка бременост, што значи дека двете бебиња имаа засебни амнионски обвивки и засебни постелки, а породувањето беше извршено со царски рез. Породувањето го изврши примариус д-р ...
Полицијата приведе две лица на возраст од 22 и 24 години, осомничени дека му го запалиле возилото на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Инцидентот се случи на 9 март. Она што е несекојдневно во настанот, според објаснувањето на Обвинителството е тоа што двајцата осомничени, делото го договарале додека со кантата полна со бензин, се возеле во такси. Прв во возилото влегол првиот, а потоа во Козле влегол и вториот, па почнале да ...
Новинарката и продуцентка на Радио Слободна Европа, Вера Гирич, загина во Киев откако руска ракета вчера ја погодила нејзината куќа, соопштија од медиумската куќа. Нејзиното тело утрината беше пронајдено под урнатините на куќата. Вира Гирич започнала со работа во киевското биро на Радио Слободна Европа на 1 февруари 2018 година. Пред тоа, таа работела во водечките украински ТВ канали. „Во длабока тага сме поради смртта на нашата вработена ...
Никола Груевски падна и на Врховниот суд. Највисокиот суд го отфрли како недозволено неговото барање за вонредно преиспитување на пресудата за случајот со нарачаното насилство во Центар. Вака пресуди Врховен зашто барањето го поднел адвокатот Петар Тимовски, кој го бранеше Груевски по службена должност. Но, адвокати по службена должност немале овластувања да бараат вонредно преиспитување на правосилна пресуда. Тоа можело да го стори само адвокат ...
За влез во Грција од 1 мај нема да биде потребно приложување на задолжителниот европски сертификат за вакцинација, прележан Ковид-19 или негативен тест. Ваквата одлука била донесена по препорака на Комисијата на епидемиолози која меѓу другото побарала суспензија на ковид пропусницата, заедно со враќање на исполнетоста на објектите на 100 отсто од капацитетот. Сите препораки на комисијата биле прифатени од Владата, а според насоките од ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека најновите ракетни напади во Киев се најдобар доказ дека Украинците не можат да ја спуштат својата стража и дека мора да продолжат да се борат. Во своето ноќно обраќање, Зеленски рече дека проектилите полетале во главниот град веднаш по разговорите со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. – Руските ракетни напади врз Украина, Киев, Фастив, Одеса и други градови уште еднаш ...
Истрагата за трагедијата во тетовската модуларна болница што се случи на 8 септември лани, при што во пожарот животот го загубија 14 лица, од кои 12 пациенти и двајца роднини на пациенти, е при крај и деновиве, за брзо време очекувам Основното јавно обвинителството во Тетово да донесе одлука за овој настан, соопшти денеска јавниот обвинител Љубомир Јовески одговарајќи на пратеничко прашање до каде е случајот и дали ќе има кривична одговорност. ...
Рускиот претседател Владимир Путин предупреди на молскавична одмазда доколку другите земји се вмешаат во конфликтот во Украина, додека европските лидери ја обвинија Русија за уцена поради нејзината одлука да го прекине снабдувањето со гас за Полска и Бугарија. Русија им наложи на САД да престанат да испраќаат оружје во Украина, велејќи дека големите испораки на оружје од Запад го поттикнуваат конфликтот. Обраќајќи им се на пратениците во Санкт ...
Оперскиот пејач и еден од водачите на движењето „За заедничка Македонија“, Игор Дурловски денеска со протестен перформанс одбележа пет години од настаните на 27 април. Тој седеше зад импровизирани решетки пред Собранието на Македонија, во паркот Жена борец, со трака на устата. Имаше натпис: Молчењето е злото. На денешен ден пред пет години толпа од граѓани, меѓу кои и водачите на „За заедничка Македонија“ упаднаа во ...
Бугарскиот министер за енергетика Александар Николов, пак, како што пренесуваат бугарските медиуми, утрово изјави дека се проверува дали има вистински прекин на испораката на руски гас и рече дека повеќе информации ќе соопшти по состанокот во Владата Руската енергетска компанија „Газпром“ соопшти дека целосна ја прекинала испораката на гас и за Бугарија и за Полска, откако двете земји одбија да почнат да плаќаат во рубли, јави ...
Омилениот актер и шоумен на многу генерации, Игор Џамбазов на својот инстаграм – профил постојано објавува фотографии и кратки видеа од неговиот приватен живот, спомени од минатото, фотографии и пораки посветени на семејството, пријателите и саканите. Овојпат Игор преку својот инстаграм – профил им се обрати на сите соптвеници на дискотеки и локали кои како што вели тој „ангажираат полуанонимни пејачки од Балканот“: ...
Штрајкот на СОНК продолжува и понатаму откако денеска членството на синдикатот ги одби од синоќа понудените 12 проценти зголемување на платите. ГИ ЗНАЕТЕ ВЕЌЕ ДОГОВОРЕНИТЕ ТОЧКИ КОИ ОД ДВЕТЕ СТРАНИ БЕА ПРЕДЛОЖЕНИ ДО НАШЕТО ЧЛЕНСТВО, НАШЕТО ЧЛЕНСТВО ВО ТЕКОТ НА ДЕНЕШНИОТ ДЕН СЕ ИЗЈАСНУВАШЕ ПО ОДНОС НА ПРЕДЛОЗИТЕ. ОД ВКУПНО 480 СИНДИКАЛНИ ОРГАНИЗАЦИИ КОИ ДАДОА ПОДАТОЦИ ЗА НИВНОТО ИЗЈАСНУВАЊЕ, 388 БЕА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ШТРАЈКОТ, А САМО 83 БЕА ЗА ...
Бензините од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 2,5 денари за литар, а цената на дизелот се зголемува за еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со оваа одлука малопродажните цени на нафтените деривати ќе се зголемат во просек за 2,29 отсто. Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 84 денари за литар, Еуродизел БС-98 ќе се продава за 86, а Еуродизел (Д-Е V) за 85,5 денари за ...
Конфедерацијата на синдикални организации со Независниот синдикат на Управата за матични книги најавува дека од утре ќе започне штрајк. -Јавноста мора да знае дека учениците кои наназад две недели не посетуваа настава заради штрајк на просветните работници сега со штрајкот на Независниот синдикат на управата за Матични книги родителите нема ни да можат да ги запишат нивните деца за наредната година поради неработењето на матичните канцеларии, ...
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со месеци го барала споменикот на Андон Јанев-Ќосето, кој во текот на 2018 година беше отстранет од пред Врховниот суд и сега размислува да го врати на старото место. -Споменикот на Ќосето долго време го баравме и успеавме да го детектираме. Ќе ги прашаме граѓаните, што се однесува до мене како градоначалник затоа што многу често беше поставувано ова прашање, не само во кампањата туку многу често ...