Русија гранатирала станбена зграда во Киев, а има и жртви, јавуваат украинските медиуми. Украинската служба за итни случаи дојавата ја добила околу 5 часот по локално време утрово, а како што јавуваат медиумите зградата сè уште е во пламен. Државната телевизија во Украина првично јави дека има најмалку еден загинат, но „Киев индипендент“, пренесува дека има најмалку две жртви и тројца повредени во ракетен напад. Истата ...

Автобус со околу 50 украински бегалци се преврте на главниот автопат во северна Италија во утринските часови во неделата, при што загина едно лице, соопштија италијанските пожарникари. Како што пренесува агенцијата Асошиејтед прес цитирајќи го италијанското државно радио има неколку повредени во несреќата на автопатот во близина на Форли, град во регионот Емилија-Ромања во североисточна Италија. Останатите луѓе кои биле во автобусот се безбедно ...

Законските измени за намалување на ДДВ-то и акцизата на горивата синоќа поминаа во Собрание, по што Регулаторната комисија за енергетика ноќеска донесе одлука да ја намали цената на бензинот за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари. Со оваа промена, од вечерва на полноќ, цената на еуросупер 95 ќе изнесува 86,5 денари, додека на еуросупер 98 ќе изнесува 88,5 денари. Цената на дизелот ќе биде 88 денари. „Согласно усвоените измени на законите ...

Нема да се сретнам со рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Бездникин, откри претседателот Стево Пендаровски во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма. – Имавме само две реченици разговор при положувањето на венци на гробот на поранешниот претседател Борис Трајковски. Тогаш се ракувавме и тој само ми рече дека се надева дека ќе се видиме во наредниот период. Но, нема да се видиме затоа што има една фраза која е содржана во ...

Министерот за здравство, Беким Сали денеска ја посети Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“- Скопје, Чаир.- Оксана од Украина на свет донесе девојче, тешко 3.890 кг и долго 54 см. Таа и новороденчето се во добра состојба, тимот од гинеколози, педијатри и медицинските сестри се грижат за нив и тие се во сигурни раце- посочи Сали, посакувајќи и добро здравје и среќни моменти. Во раговорот со неа, таа ...

Тројца луѓе, меѓу кои едно дете, беа убиени во вчерашниот Руски воздушен напад на детска болница и родилиште во градот Мариупол, потврдија официјални украински претставници. Уште најмалку 17 луѓе се повредени во страотните експлозии, меѓу кои има и бремени жени. Според локалните власти во градот кој е под жесток напад на руските единици веќе неколку дена, ова не е првата болница која е уништена во Мариупол. Претходниот ден, била уништена и ...

Пропадна изборот на пет обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска зошто во Советот на јавни обвинители денеска немаше кворум. Од тие причини, Советот денеска ги помина останатите точки од дневниот ред, а продолжение на седницата со точката за избор закажа за наредниот четврток. Од 11 членови, актуелен мандат имаат 10, со оглед дека на Ацо Солев му заврши мандатот. Денеска беа ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска за медиумите изјави дека не верува оти воениот конфликт во Украина може да доведе до нуклеарна војна. „Не сакам да верувам и не верувам дека може да започне нуклеарна војна“,рече Лавров за новинарите на прашањето дали може да се очекува нуклеарна војна. Лавров ова го изјави по денешните разговори со украинскиот колега Дмитро Кулеба во Турција, кои не донесоа договор за ...

Нуклеарната електрана Чернобил е во целост исклучена од електрична енергија како резултат на дејствијата на руските напаѓачи, информира операторот „Укренегро“. „Поради воените акции на руските окупатори на нуклеарната електрана во Чернобил, во целост е исклучена електричната мрежа. Нуклеарната станица нема напојување. Воените акции се во тек, така што нема можност за обновување на водовите“,велат од ...

По речиси две недели чекање на границата меѓу Украина и Полска, возачите на валандовска фирма добиле дозвола да излезат од државата, меѓутоа без нивните камиони. Сопственикот на фирмата кажа дека 2 камиони биле запленети без никакво објаснување и документ. Украинските гранични служби синоќа им соопштиле на возачите дека имаат околу пет минути да ги земат личните работи и да си заминат од државата. Освен македонските камиони, биле одземани и ...

Американскиот претседател Џо Бајден денеска би требало да го забрани увозот на руска нафта, природен гас и јаглен во САД, според три извори запознати со оваа одлука. Се очекува САД да го направат ова еднострано, без своите европски партнери, поради несогласување меѓу европските нации околу тоа дали треба да се забранат руски енергенти, пишува Си-ен-ен. Дека Бајден ќе го забрани увозот на руските енергенти објавија и Блумберг и АП. Обраќањето на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно го повика рускиот претседател Владимир Путин на дијалог и истакна дека Украина е подготвена да разговара и да бара компромиси, но не е подготвена да капитулира. „Пред сè, подготвени сме за дијалог, но не за предавање“, изјави Зеленски во интервју за американскиот телевизиски канал Еј-би-си њуз, на прашањето дали Украина е подготвена да ги испочитува барањата на Руската ...

По вчерашното рекордно поскапување на горивата, Регулаторната комисија за енергетика ја менува методологијата на корекција на малопродажните цени на нафтените деривати и наместо еднаш неделно, си остава простор цената да ја менува секој ден. Информацијата вчера ја потврди првиот човек на Регулаторна, Марко Бислимовски во писмена изјава објавена на веб сајтот на РКЕ. „ Од ден во ден драстично се зголемуваат цените на нафтените деривати на ...

Цената на бензините од полноќ се зголемува за 5,5 денари за литар, а на дизелот за 10 денари, одлучи вечерва Регулаторната комисија за енергетика. Ваквата одлука е донесена поради рекордниот раст на сите нафтени деривати на светските берзи, а од РКЕ најавуваат дека ќе носат одлуки на дневно ниво доколку има потреба. – Од ден во ден драстично се зголемуваат цените на нафтените деривати на светските берзи, а дополнително на тоа и курсот на ...

Нетфликс и ТикТок ги прекинаа повеќето од нивните услуги во Русија поради руското известување за војната во Украина. Суспензиите од двете платформи следуваат по одлуката на американската компанија за безготовинско плаќање American Express да ги прекине своите операции во земјата. Тикток блокираше нови видео објави и пренос во живо, додека Нетфликс соопшти дека ја суспендира својата услуга, без да даде дополнителни детали. Нетфликс со седиште во ...

Елисејската палата соопшти дека Макрон го повикал Путин да го прекине рускиот напад и да ја осигура безбедноста на нуклеарните локации во Украина, откако гранатирањето предизвика пожар во административната зграда на нуклеарната централа Запорожје Рускиот претседател Владимир Путин денеска два часа телефонски разговарал со претседателот на Франција Емануел Макрон. Путин му рекол на Макрон дека Русија не сака да напаѓа нуклеарни постројки, го ...

„Виза“ и „Мастеркард“ објавија дека ќе го прекинат бизнисот во Русија поради инвазијата на земјата врз Украина. „Виза“ на 5 март соопшти дека ќе ги прекине трансакциите „во наредните денови“ и дека соодветно на тоа картичките издадени во Русија нема да работат во странство, како и дека картичките издадени во странство нема да работат во Русија. „Принудени сме да дејствуваме по неиспровоцирана ...

Владата на Република Северна Македонија ги информира граѓаните дека од страна на Управата за финансиска полиција, заедно со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи се спроведуваат засилени и сеопфатни контроли за да се спречат евентуални манипулации во снабдувањето со храна и горива. Инспекциски контроли на дистрибутивните центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти и на правните субјекти кои вршат трговија на мало и ...

Володимир Зеленски ги нападна лидерите на НАТО поради нивното одбивање да воведат забрана за летање над Украина, додека руската инвазија влезе во десеттиот ден. Обраќајќи им се од Киев, Зеленски кажа дека нивната неподготвеност да интервенираат ѝ дава зелено светло на Русија да продолжи со бомбардирањата на градови и села. НАТО смета дека воведувањето на ваква забрана ќе доведе до конфронтација со Москва и до ширење на војната. ...

Целерот се користи за посебен вкус што го нуди на супи и чорби, но исто така и на салати, во сурова состојба. Коренот на целерот совршено се комбинира со моркови, цвекло, јаболка, круши или сирење со силен мирис. Целерот (лат. Apium graveolens) е растение кое многу наликува на магдоносот со таа разлика што растението на целерот расте повисоко, листовите му се поголеми, и може да формира топчест корен. Познати се повеќе видови целер, но ...

Американскиот сенатор Линдзи Греам на социјалните мрежи повика на убиство на рускиот претседател Владимир Путин по инвазијата на Украина. „ Како завршува ова? Некој во Русија мора да скокне … и да го убие овој човек“, изјави сенаторот за „Фокс њуз“. Тој подоцна го повтори повикот во серија твитови, велејќи дека „единствените луѓе кои можат да го поправат ова се Русите“. „ Дали има Брутус во ...

Украинските служби за управување со кризи и итни случаи соопштија дека е изгаснат пожарот што горел без контрола во текот на ноќта во нуклеарната централа Запорожја која се наоѓа во југоисточна Украина. До ова дојде откако локалните власти соопштија дека руските сили отвориле оган врз објектот во текот на ноќта додека се приближувала руска колона. Нуклеарната централа во Запорожје, во близина на реката Днепар, е најголемиот во Европа и ...

Еден милион луѓе избегаа од Украина во соседните земји од почетокот на руската инвазија, изјави денеска високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди. „За само седум дена, бевме сведоци на егзодусот на милион луѓе од Украина во соседните земји“, напиша шефот на УНХЦР на Твитер. Тој додаде дека за милиони луѓе внатре во Украина, „време е оружјето да се замолчи, за да може да пристигне хуманитарна помош и да се спасат ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика американскиот претседател Џо Бајден да каже нешто „корисно“ за неговата влада и да избегне нејасни изјави за поддршка. Тоа го коментираше Зеленски неколку часа пред Бајден да се обрати на заедничката седница на Конгресот. Во интервјуто попладнето, Зеленски рече дека се додека продолжуваат нападите на Москва врз украинските градови, може да се постигне мал напредок во разговорите ...

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека алијансата нема да се пресели во Украина, ниту на земја, ниту во воздух, додека руската инвазија продолжува. Говорејќи за NBC News, Столтенберг ја повтори својата поддршка за Украина и рече дека сојузниците на НАТО продолжуваат да обезбедуваат повеќе противтенковски ракети, воена и финансиска помош. Тој исто така рече дека Украина се чини дека нуди многу посилен отпор отколку што Русија ...

Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина Антон Герашченко утринава соопшти дека руските сили го гранатирале Плоштадот на слободата во центарот на Харков. Државната служба за вонредни ситуации соопшти дека едно лице загинало, а три се повредени во денешното гранатирање на Харков, пренесува Интерфакс Украина. Службата за вонредни ситуации објави видео на кое се гледа експлозијата на централниот плоштад во Харков, каде се наоѓа ...

Мартин Протуѓер алтернативна осуда 2 години затвор а нема да се извси доколу не го повтори делото за 5 години , Миле Јанакиески 4г и 6 месеци, Катерина Веловска условна 2 години , Гордана Јанкулоска 2г и 6 месеци , Мунир Пепиќ 1 година , Билјана Бришковска-Бошкоски условна 2години, Кирил Тодоровски условна казна и Коста Митроски 3 години – се казните за дело за кое признаа вина и од судот побараа, при изрекувањето на пресудата, да ги има ...

Европската унија почнува со испорака на оружје на Украина, што е прв ваков чекор во нејзината историјата. Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, најави и нови санкции против Русија и Белорусија, вклучително и затворање на воздушнио протстор за сите руски авиокомпании. Лајен додаде дека ќе следуваат „забрани за медиумската машина на Кремљ во ЕУ“. – Државните Russia Today и Sputnik и нивните филијали повеќе ...

Руски банки ќе бидат исклучени од главниот меѓународен платежниот систем Свифт, одлучија ЕУ, САД и сојузниците, пренесуваат светските агенции. Свифт е глобален платен систем кој овозможува непречен и брз трансфер на пари преку границите и поврзува 11.000 банки и институции во повеќе од 200 земји. Овој систем овозможува безбедно и брзо прекугранично плаќање, овозможувајќи ја меѓународната трговија. Забраната за Русија да го користи системот што ...

Во тешките борби во текот на ноќта во Киев загинаа 35 лица, меѓу кои и две деца, тврди градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Не е разјаснето дали бројката се однесува исклучуво на цивилни лица. Кличко додава дека нема поголемо руско воено присуство во Киев, но оти се активни групи руски саботери. Според досега познатите информации, нема загинати во станбената зграда која беше погодена од проектил. Дел од автопат во близина на центарот на Киев ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
34%
1015
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
5.66
26%
1015
weather icon

Загреб

36ᴼ / 34ᴼ
3.6
27%
1015
weather icon

Софија

33ᴼ / 26ᴼ
3.6
23%
1017
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
5.47
17%
1015
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 32ᴼ
6.69
40%
1017
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
7.72
43%
1012
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
2.57
43%
1013
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
4.63
23%
1012
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 33ᴼ
5.14
26%
1016
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 35ᴼ
1.54
24%
1016
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
11.83
100%
1013
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.4705

Currency

34.1808

Currency

38.0973

Currency

65.0957

Currency

7.33089

Currency

0.66004

Currency

0.35593

Currency

0.52281

Currency

1.29004

Currency

0.60052