Едно лице загина, а две се повредени во експлозија во зграда во центарот на Смедерево. Експлозивната направа ја активирал сопственик на стан по куса расправија со кираџии на кои им го изнајмил. Причина, како што наведуваат српските медиуми била неплатена кирија. Газдата на станот се обидел да влезе внатре, но кираџиите не му дозволиле. Потоа се обидел да фрли бомба во станот, пришто се разнел, а две лица се повредени. Според искази на станарите, ...

Министерството за правда на чело со министерот Кренар Лога утрово испрати соопштение во кое информира дека Комисијата констатирала нецелосно почитување на законските одредби за исклучување и вклучување како и изземање на судии од АКМИС системот, неконтинуирано архивирање на предмети, недоволен број на судии во помалите судови Берово, Крушево, Кратово и Куманово. Покрај овие забелешки, комисијата укажува и на недоволниот број на информатичари во ...

Најпродаваниот производител на автомобили во светот го замрзна производството во сите фабрики низ Јапонија „поради дефект на системот“, според Блумберг. Портпаролот на Тојота рече дека „пропуст“ во нарачката на делови ја принудил компанијата да ги затвори операциите во сите 14 фабрики за склопување. Ова е голем проблем за компанијата која држи само ограничена количина на делови при рака за да ги минимизира трошоците – може да доведе до грчеви во ...

Најмалку 60 лица загинаа кога пожар ја зафати повеќекатната зграда во Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка, соопштија службите за итни случаи. Портпаролот на службата за итни случаи изјави дека уште 43 лица се повредени во пожарот што избувна во претпладневните часови, додавајќи дека бројот на жртвите може да се зголеми. Најмалку едно дете е меѓу загинатите, рече портпаролот. Тој објасни дека зградата всушност била „неформална населба“ ...

Денеска, полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом кај Д.Ц. (38) во с. Добри дол, општина Сопиште. При претресот пронајдени се четири кеси со околу четири килограми марихуана, вредна околу 20.000 евра. Д.Ц. е лишен од слобода и задржан во полициска станица и против него по документирање на настанот ќе ...

Тригодишно момче се удавило додека јадело грозје на грчкиот остров Тинос. Задушеноста најверојатно е предизвикана од грозје, како што пренесува cyclades24.gr, бидејќи при прва помош на детето му биле извадени најмалку две зрна грозје од устата. Според информации, таткото на тригодишното дете веднаш го однел детето во полициска станица, која се наоѓа во близина на семејниот дом. Меѓутоа, кога детето пристигнало во Здравствениот дом Тинос со ...

Oд Центарот за управување со кризи(ЦУК), велат дека дел од едниот крак на пожарот кај Ајватовци е изгаснат, но остатокот се движи со силен интезитет. Сите околни населени места се безбедни. Вчера имаше повеќе пожари во Македонија. Десет припадници на ТППЕ Пробиштип и неколку доброволци со три возила применувајќи контра пожар го спасија атарот на село Трипатанци и Бунеш. Вчера се извлечени пет пожарникари кои беа обиколени од огнот во ...

Видеото од туристите кои нарачале најобично кафе со млеко во Црна Гора преку ноќ стана вирално. Иако многумина ќе прашаат што може да биде интересно во такво видео за толку многу да го окупира тимот на TikTok? Па… токму она што го добија. На профилот на TikTok на девојка која се потпишува како „Ezzmozzz“, се појави видео на кое се гледа како момче со неверување гледа во неговата нарачка и наредбата на девојката со него. Иако порачаа кафе со ...

Двојно убиство и самоубиство попладнево се случи во Куманово. Од полицијата за Курир потврдуваат дека усмртени се две жени, мајка и ќерка, а убиецот самиот си пресудил. -Околу 14.25ч. постапувајќи по добиена пријава, во стан во Куманово полициски службеници ги пронашле починати Е.А.Ј. (40) од Куманово и нејзината мајка П.Н., кои претходно со нож ги убил Д.Ј. (46) од Куманово (сопруг на Е.А.Ј.) Потоа Д.Ј. си нанел повреди и себеси и скокнал од ...

Руската воздушна одбрана уништи 42 украински беспилотни летала над полуостровот Крим рано утрово, соопшти руското Министерство за одбрана на Телеграм. „Во текот на ноќта на Крим беа соборени 42 украински беспилотни летала, од кои 33 беа потиснати со електронско војување, а 9 беа соборени со противвоздушна одбрана“, соопшти руското Министерство за одбрана. „Во текот на ноќта беше спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напади со ...

Во престрелката што ноќеска околу полноќ се случила пред основното училиште „Десанка Максимовиќ“ во Футог во Војводина, убиени се две млади момчиња, а во полициска акција уапсени се четри лица. Според српските медиуми во престрелката што се случила ноќеска убиен е Н.Ш. (19), а денес починал уште еден млад човек М.М. (20) кој бил ранет. Д-р Зоран Круљ, портпарол на Итната помош во Нови Сад, изјави дека првиот повик бил примен 17 минути по полноќ ...

Косовската полиција во соработка со македонската полиција го приведе Алил Демири Денеска полицијата на Република Косово, во соработка со македонската полиција, во Косово го лиши од слобода Алил Демири. Врз основа на издадена меѓународна потерница од МВР на РСМ, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје I, за сторено кривично дело “Тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон, во врска со петкратното грозоморно убиство кај ...

Зградата на Вагнер во Санкт Петербург е осветлена во форма на крст откако авион на Евгениј Пригожин се урна денеска во Тверската област. Во авионот кој летал на релација Москва – Санкт Петербург имало седум патници и тројца членови на екипажот. Никој од нив не преживеа. Руската управа за цивилно воздухопловство потврди дека на летот биле Евгениј Пригожин и командантот на Вагнер, Дмитриј Уткин. Меѓу загинатите е и Валериј Чекалов, кој беше ...

Рано утрово беспилотно летало удрило во зграда во изградба во центарот на Москва, соопшти градоначалникот на главниот град на Русија, Сергеј Собјанин, објави новинската агенција АФП. Како што пренесува агенцијата, станува збор за шеста по ред ноќ како регионот на главниот град на Русија е цел на воздушни напади со беспилотни летала. Градоначалникот на Москва на својот канал на Телеграм соопштил дека руската војска соборила уште две беспилотни ...

Српските туристи на Халкидики, Тасос и другите популарни летувалишта во Грција утрово беа пречекани со грозоморни сцени. Станува збор за последиците од пожарот кој со денови беснее во близина на Александрополис, главниот град на областа Еврос, на североистокот на Грција, а кој утринава стана видлив низ целата земја во вид на крваво сонце, џиновски облак од чад што го затскрива и дожд од пепел што паѓа врз луѓето и автомобилите. Фотографијата од ...

Почина пациентот од комбето на Брзата помош чии вработени пиеја кафе на бензинска, објави „Слободен печат“. Пациентот починал неколку дена по транспортoт. Бил во терминална фаза на карцином и го транспортирале од Скопје до Струга. Во екипата која била задолжена да го транспортира пациентот имало лекар, медицинска сестра и возач. Снимката од бензинската пумпа е направена на денот на транспортот, во понеделникот на 14 август. Вчера министерот за ...

Блиц објави дека мајката на Коста се обратила до институциите со барање да се реши прашањето за дообразување на нејзините две деца. Во писмото мајката не го спомнала масакрот во училиштето, туку апелирала за помош и вели дека ситуацијата во која се наоѓа нејзиното семејство е сложена. Мајката забележува дека нејзината помала ќерка, која учела во истото училиште со Коста К., не може да го продолжи образованието во Рибникар, а нејзиниот син е на ...

Двајцата претседатели, на социјалните мрежи, ја оценија средбата како отворена, искрена и плодна за сите важни прашања кои се од заеднички интерес Вучиќ, по средбата со Зеленски, рече дека претстои „жешка есен“ и дека ситуацијата во Украина не е лесна и едноставна, дека ништо не оди брзо и нема брзо да се реши и, како што рече, претстојат уште многу проблеми Имавме добар и отворен разговор за сите важни прашања, како за Србија и Украина, така и ...

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи рече дека нема да има казни за граѓаните кои нема да ги сменат документите со Северна Македонија до кога истекува рокот – февруари 2024 година. Тој дополни дека старите документи нема да важат по овој рок на измена. Во моментов граѓаните имаат проблеми за закажување за процедурата за патни исправи, со оглед дека следен слободен термин е во декември, а Спасовски најавува дека во следниот период се ...

Шумскиот пожар во Александрополис беснее веќе трет ден и покрај напорите на грчките противпожарни служби, војската и доброволците кои продолжија да се борат со пожарот во текот на ноќта. Како што јави ЕРТ, седуммина пожарникари се повредени и сега се во добра состојба по укажаната прва помош. Како што се раздени, во гаснењето на пожарот се вклучија и авиони – четири авиони и четири хеликоптери, кои гаснат активни пожари од воздух, пренесува ...

Се молат родителите да внимаваат на игрите што ги играат нивните деца, оти тоа се игри во кои нема емпатија и децата не се свесни што може да се случи од играта – ова е апел што се шири на социјалните мрежи. Децата лудуваат по уште еден бизарен тренд на социјалната мрежа Тик-ток. Родителите предупредуваат дека новиот предизвик, кој може да се нарече „газење до бесвест“, може да ги загрози малите деца и тинејџерите и да ги доведе во опасност ...

Руското вселенско летало Луна-25 се урна на површината на Месечината еден ден откако беше објавена абнормалната ситуација, објави Би-Би-Си и додаде дека комуникацијата со леталото е изгубена. Руската државна агенција „Тас“ напиша дека „според прелиминарните пресметки, Луна-25 влегла во непредвидена орбита и се срушила на површината на Месечината“. Вчера Роскосмос објави дека бил испратен сигнал од Земјата по кој леталото требало да го започне ...

На 22-ри и 23-ти септември во Штип ќе се одржи традиционалната манифестација Штипска пастрмајлијада. За настанот, чија цел е промоција на кулинарскиот специјалитет пастрмајлија, годинава биле одвоени 2,5 милиони денари, пари од општинскиот буџет и од спонзори. Во петок главна музичка ѕвезда која ќе настапи пред присутните ќе биде Саша Ковачевиќ, а најавени се настапи и на Пајак и Лара. Во сабота концерт ќе одржи Данијела Мартиновиќ, а ќе ...

Украинско беспилотно летало го нападна западниот руски град Курск, при што е погодена железничка станица и ранети се пет лица, изјави гувернерот на регионот. „Украински дрон го нападна Курск“, објави Роман Старовоит на Телеграм. Според првичните информации, дронот удрил во покрив на зградата на станицата, а потоа избувнал пожар. -Пет лица се полесно повредени – додаде гувернерот. Градот Курск се наоѓа на само околу 90 километри од границата меѓу ...

Полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” денеска спасиле пет лица од едрилица на Охридското Езеро. -По пријава дoбиена околу 19 часот во СВР Охрид дека во водите на Охридското Езеро, сопственик на пловен објект-едрилица, на која покрај него се превезувале уште четири лица, изгубил контрола поради невремето и поради кршење на крмен лист, полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор„Охридско ...

Денес од пладневните часови атмосферата позначително ќе се дестабилизира во западните и во југозападните предели од Македонија, каде ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради енергијата во Атмосферата локално можни се поинтензивни Атмосферски процеси (невреме), проследено со интензивен пороен дожд, олуен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој локално би можел да биде и покрупен. Токму поради ...

Пратеничката Гордана Силјановска-Давкова ги критикува уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот. Таа им рече на премиерот Димитар Ковачевски и на гостите од Владата присутни во салата со 61 пратеник да ги донесат измените, како што тоа го направиле кога гласаа заклучоци наместо преговарачката рамка. Според неа, ова што се бара од Македонија е спротивно на европските вредности, без кои Европската Унија нема да биде политички систем, ...

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека Западот не го интересира приказната за „Голема Албанија“. „Тоа е лошо за нив, но тие лоши момци се нашите момци. Овие другите треба да ги газиме додека не прифатат независно Косово и да водиме кампања против Србија“ , го парафразира Вучиќ односот на Западот кон ова прашање. Тој вели дека очекува голем и тежок притисок врз Србија во однос на санкциите кон Руската Федерација, ...

САД им одобри на Данска и Холандија да испратат свои борбени авиони Ф-16 во Украина, но откако ќе заврши обуката за пилоти. Ова засега го изјавува неименуван американски претставник. – Вашингтон ги увери данските и холандските власти дека САД ќе го забрзаат одобрувањето на барањето за трансфер на Ф-16 во Украина откако пилотите ќе бидат обучени, открива изворот кој е официјален претставник. Според дадените информации,државниот секретар Ентони ...

Проектот „Македонијо во срце те носиме“ беше збогатен за уште една нова изведба на стара македонска песна. Овојпат, станува збор за „Ми заплакало селото Ваташа“ во изведба на Андријана Јаневска и Игор Џамбазов. „Ми заплакало селото Ваташа“ е македонска песна оригинално напишана и изведена во 60-те години. Текстописец е Лазар Манчевски – Пинџур, кој инспирацијата ја добил од масакрот во Ваташа што се случил за време на Втората светска војна, кога ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
4.12
29%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
3.6
42%
1015
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
39%
1015
weather icon

Софија

28ᴼ / 26ᴼ
4.12
29%
1017
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
4.17
27%
1017
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 24ᴼ
1.03
73%
1016
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
6.17
45%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
45%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
1.54
24%
1012
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
3.09
37%
1019
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
2.06
35%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
9.26
65%
1017
Currency

61.54

Currency

52.5547

Currency

71.3135

Currency

34.3787

Currency

38.1702

Currency

65.2959

Currency

7.32516

Currency

0.66559

Currency

0.35881

Currency

0.52799

Currency

1.30132

Currency

0.60505