
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Според последните информации на црногорските медиуми, станот од кој е ископан тунелот до депото на Вишиот суд во Подгорица го изнајмила жена. Како што пишуваат црногорските медиуми, станот кој бил изнајмен се наоѓал во подрумската зграда на улицата Његошева во Подгорица, од која криминалците по кои трага полицијата ископале тунел долг 30 метри што води до депото на Вишиот суд во Подгорица, пишува „Курир.рс“. Дополнитело било утврдено дека ...
Детално се проверуваат истории на четириесетина пациенти, но и на групи кои примале биолошка терапија. Пациенти и вработени во клиниката даваа искази во обивнителството. Ангажирани се експерти а вклучени се и МВР, здравство и Управата за финансиско разузнавање. Се трага и по докази во Косово и Албанија. Се чека на министерот Мeџити да ли ќе го извади од подрум КАТО системот за прозиводство на терапијата СКОПЈЕ – Во моментов во Обвинителството се ...
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска официјално ќе формира партија „Правда“. Арсовска, која до крајот на октомври ќе направи две години владеење, почна со собирање потписи за формирање на партијата, јавува Фокус. Според пристапницата со која располага порталот партијата ќе го носи името „Правда“. Според пристапницата со која располагаме, партијата ќе го носи името „Правда“, а седиштето на партијата ќе биде на ул. Ѓорче Петров бр.49, ...
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи со заедниците Артан Груби ги демантира обвинувањата дека измените на Кривичниот законик се направени за политички пазарења за да се обезбедат гласови за уставните измени. Според него, овие измени нема многу да влијаат на обвиненијата покренати од поранешното Специјално јавно обвинителство. „Ако се анализираат овие два члена и Кривичниот законик во целина, во сите обвиненија на СЈО, ...
Шест лица загинаа во престрелка во Атина во населбата Артемида. Како што првично објавија грчките медиуми, три лица биле застрелани во автомобил, а другите три во куќа во наведената населба. Сепак, последните информации велат дека пресметката се случила во автомобил на улицата „Арионос“. Пет лица загинаа во автомобил, додека едно е пронајдено покрај возило со германски регистарски таблички, јавува „Прототема“. Според грчките медиуми, станува ...
Од Платформата велат дека Пендаровски треба да стави вето бидејќи, меѓу другото, промените во Кривичниот законик ќе водат кон застарување на многу случаи на висока корупција, како и дека ќе се демотивираат граѓаните да пријавуваат корупција. „Првата причина е дека со измените на членовите 353 и 353-в, предложеното намалување на казните ќе резултира со: застарување на многу случаи од висок профил како Титаник, Таргет/Тврдина, ТНТ, Титаник 2, ...
Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот во близина на областа Поликастро на излезот кон Евзонони, кога се судриле автобус со српски регистарски таблички и автомобил. Грчките медиуми јавуваат дека загинале три лица од автомобилот, а повредени се 42, од кои 11 се здобиле со тешки повреди. Во сообраќајната несреќа учествувале двокатен туристички автобус со српски регистарски таблички и 78 патници, кој се судрил со автомобил во кој се ...
Денес во 18 часот повторно ќе има протест пред Влада по скандалот на Клиниката за онкологија. Граѓаните преку протестот ќе го искажат гневот и револтот против криминалот кој со години се толерирал на Клиниката за Онкологија. Протестот ќе биде предводен од неформалната група „Протест против убиството на онкологија“ од Влада ќе продолжи пред Зградата на ОЈО каде ќе се бара СУДСКА РАЗРЕШНИЦА за сите инволвирани во скандалот со Клиниката на ...
Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според одлуката на РКЕ, бензините од полноќ ќе поскапат за еден, а дизелот за два и пол денари за литар. За два и пол денари ќе поскапи и екстра лесното масло за домаќинство. Па така, литар еуросупер БС-95 ќе чини 88 денари, еуросупер БС-98 ќе се продава за 90,5 денари за литар, а литар дизел ќе чини 83,5 денари. Екстра лесното масло за ...
Ниту една земја од Западен Балкан нема да влезе во ЕУ ако се инсистира прво да ги реши билатералните спорови, рече македонскиот претседател Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција во Скопје со неговите колеги од Словенија и Хрватска, Наташа Пирц – Мусар и Зоран Милановиќ по состанокот во рамки на процесот Брдо-Бриони. Изјавата на Пендаровски е во одговор на новинарско прашање во врска со тоа дали во однос на државите од Западен Балкан ...
Повеќе од 600 луѓе загинаа во силниот земјотрес што го погоди центарот на Мароко доцна на 8 септември по локално време, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата. Во извештајот на тамошното МВР, објавен утрото на 9 септември по средноевропско време, се наведува дека загинале 632 лица, а 329 се повредени. Според Министерството, 51 од повредените се во критична состојба по земјотресот. Како што јави Би-Би-Си, се очекува бројот на ...
Голема трагедија синоќа го погоди Прилеп, татко и син загинаа во пожар кој што се случи на улицата „Цане Илиески“ 87а. Според командирот на ТППЕ Прилеп, Христијан Момироски, пожарот бил пријавен во 21.45 минути, а тие веднаш интервенирале со 3 возила и 9 пожарникари. Но за жал кога пристигнала противпожарната единица лицата веќе биле починати. „Од лице место опожарено е дел од спратот на куќата, дневна и кујна. Пожарот е изгаснат од страна на ...
Поднесено обвинение за две лица кои се поврзуваат со грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Едно од лицата е осомничено за делото грабнување, а второто за помагање. Основното јавно обвинителство води постапка и за трето лице кое во моментов не е достапно за органите на прогонот. Според обвинението првообвинетиот на 3 март годинава, заедно со ...
Пред точно 32 години, ги паметиме зборовите на првиот претседател Киро Глигоров: да ви ја честитам на сите слободна, суверена и самостојна Македонија, вака ја почна претседателот Стево Пендаровски честитката до граѓаните за Денот на независноста 8 Спетември. Тој во видео честитката вели дека низ годините бележевме и успеси и неуспеси, некои од нив се случија токму на Денот на независноста. Претседателот потсети дека успесите не радуваа, а ...
Поради невремето и поплавите што ја погодија Грција, туристи од Србија останаа заробени во областа на Волос и Пелион. Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Србија ги презема сите мерки и одржува контакт со српските туристи кои се наоѓаат во областите на Грција погодени од поплавите. „Автопатот Атина-Солун е затворен за сообраќај северно од Ламија и јужно од Катерини. Затворена е и алтернативната рута преку Трикала. Се очекува ...
Со преземените дејствија обвинетиот Игор Јанушев го сторил кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 1, во врска со член 22 од Кривичниот законик (КЗ). Согласно претходно цитираните одредби, судот на обвинетиот му изрекува алтернативна мерка условна осуда така што му изрекува казна затвор во траење од две години и истовремено определува дека казната затвор нема да се изврши ако во рок од ...
Обвинетиот Бобек Шуклев за примање поткуп е осуден на казна затвор од 4 години и 6 месеци, обвинетиот Славе Ристевски за две кривични дела примање поткуп, доби казна затвор од четири години, Драган Денковски за три кривични дела давање поткуп, судот му изрече алтернативна мерка условна осуда и му утврди единствена казна затвор од 2 години која нема да се изврши ако не стори ново кривично дело во наредните пет години. Судот на Шуклев и Ристевски ...
Јапонија утринава успешно лансираше ракета со лунарен лендер на четвртиот обид оваа година, откако претходните обиди беа спречени поради лошите временски услови. Лендерот, наречен „Месечевиот снајпер“, се очекува да направи обид за слетување на Месечината во февруари, доколку се биде во ред. Јапонија двапати не успеа да стигне до површината на Месечината во изминатата година, поради неуспесите за нејзината вселенска програма. Таа се обидува да ...
Постара жена утрово било пронајдена мртва во месноста Палаци, во областа Магнисиа. Таа е втората жртва во невремето „Даниел“ што од вчера ја зафати Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на противпожарната служба на Грција, Јанис Артопиос за државната телевизија ЕРТ утрово рече дека едно лице сè уште е исчезнато. Вчера, животот го загуби сточар откако врз него паднал ѕид, поради лизгање на земјиштето. Поради силното невреме и ...
Владата до Собранието предложила измени на Кривичниот законик по скратена постапка со кои се предвидува намалување на затворските казни за злоупотребата на службената должност и овластувања кои денеска се на дневен ред на Комисијата за европски прашања. Според предлогот се менуваат делови од членот 353 каде што службените лица, кои при злоупотреба на службената положба прибавиле значителна имотна корист или нанеле значителна штета, од ...
Првата дама на САД, Џил Бајден, е позитивна на тестот за ковид-19, соопштуваат од Белата куќа. Симптомите на 72-годишната сопруга на Бајден, во соопштението од нејзиниот директор за комуникации, се опишани како благи и таа ќе остане во домот Рехобот Бич, Делавер. По позитивниот тест на Џил, од Белата куќа велат дека веднаш бил направен тест и на претседателот Бајден, но тој бил негативен. Оттаму додаваат дека претседателот редовно ќе се тестира ...
Јавното обвинителство ги охрабрува сите оние кои имаат сознанија во врска со препродавањето лекови од Онкологија, да ги пријават на надлежните органи. Основното јавно обвинителство Скопје од претходно веќе води три постапки за изолирани случаи на обид за кражби на лекови и поткуп поврзани со Клиниката за онкологија, од кои едниот е веќе во судска постапка, информираат од Обвинителството. – Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни ...
46-годишен гостиварец е приведен откако неговата сопруга пријавила дека ја нападнал во нивниот дом. -На 02.09.2023 во 16.40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Б.(46) од Гостивар затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР. Приведен е и струмичанец кој исто така ја нападнал сопругата. ...
Авион на Туркиш ерлајнс на летот Истанбул-Цирих принудно слета во Белград во 14 часот и 45 минути поради медицински причини. Сите надлежни аеродромски служби реагирале во најкус можен рок, а грижата за патникот на кој му е потребна лекарска помош е во тек, објавија српските медиуми. Во меѓувреме, патниците се во авионот, каде што чекаат дополнителни информации од авиокомпанијата за продолжување на патувањето до нивната дестинација. Претходно ...
Центарот за управување со кризи соопшти дека активни се два шумски пожари во општините Штип и Зелениково о дека и се прошируваат, поради што е побарана помош за нивно гасење со авион и хеликоптер. -Првиот пожар избил околу пладне на територијата на Општина Штип каде во атарот на село Пиперово е опожарена сува трева, но тој набрзо се раширил кон околната шума. Пожарникарите од локалната противпожарна единица се ангажирани на гасење на блиската ...
Девојката која завчера беше прегазена на булевар „Борис Трајковски“ починала на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, потврдуваат од Министерството за здравство. Девојката била веднаш оперирана, но вчера во пет часот наутро им подлегнала на повредите. -На 30.8.2023, во околу 22.30 часот, во СВР Скопје било пријавено на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „алфа ромео“ со скопски ртегистарски ознаки удрило во малолетничка од Скопје, по ...
Командирот Срѓан Димитријевски и двајца затворски полицајци од „Идризово“ кои признаа вина за бегството на затвореникот Беким Мемети се осудени на казна затвор, додека еден нивен колега доби условна казна. Командирот Димитријевски и затворскиот полицаец Трајче Ацковски се осудени на по 3 години затвор, а третиот затворски полицаец е осуден на една и пол година затвор за делото „противзаконито ослободување лице лишено од слобода“. Планот за ...
По серијалот текстови објавен во „Фокус“ поврзани со крадењето скапа биолошка терапија на Клиниката за онкологија, денеска инспектори и обвинители ја „тресат“ клиниката, од Основното јавно обвинителство сооштија дека по нивни насоки, се преземаат дејствија за обезбедување докази. -По насоки на Основното јавно обвинителство Скопје, со обезбедена судска наредба, од страна на МВР се преземаат дејствија во предистражна постапка за обезбедување ...
Автобусот, којшто се запали утрово кај Стража, се движел на редовна линија Скопје – Охрид. Нема повредени патници, а во гаснењето интервенирале гостиварските пожарникари. Сообраќајот се одвива нормално. Денеска, во 11:25 часот на бесплатниот број за итни повици 112 е добиена пријава дека пред патниот премин Стража е запален патнички автобус кој се движел на редовната линија Скопје – Охрид. Операторот од 112 веднаш ги известил МВР – СВР Тетово и ...
Русија објави дека била цел на повеќе напади со беспилотни летала рано на 1 септември, вклучително и во близина на главниот град и нуклеарна централа, додека украинската војска соопшти дека нејзината контраофанзива продолжува на истокот и на југот на земјата. Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека руските системи за противвоздушна одбрана собориле беспилотно летало за кое тој тврди дека се приближувало кон градот. „Дронот беше ...