
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши во интервју за „Локално“ вели дека неговите информации се дека уставните измени нема да поминат, бидејќи самиот начин на кој е донесен предлогот во Собрание зборува за тоа дека на владеачкото мнозинство не му е умот во тоа дали ќе поминат уставните измени, туку да ја стави опозицијата на искушение и тоа да има влијание врз наредниот изборен резултат. За здружувањето на албанската опозиција во еден заеднички ...
За иднината на нашата земја сме подготвени да се откажеме и од привремена влада и од премиер Албанец и од нашите мандати. Од сé што е политички договор на коалицијата ние се откажуваме, под услов македонската опозиција да ги гласа уставните измени, Ова во интервју за косовската телевизија Т7 синоќа го изјавил првиот вицепремиер и министер Артан Груби откако лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети вчера соопшти дека сите ...
Три коњи угинаа за два дена во скопската зоолошка градина. Кои се причините во моментов нема официјални информации. Неофицијалните кои ги соопшти и министерството за внатрешни работи говорат дека станува збор за труење. В. д. директорот на скопската Зоолошка градина Зоран Попов вели дека случајот е пријавен во полиција и по добиените резултатите од Факултетот за ветеринарна медицина јавноста ќе биде известена. „Станува збор за пржевалски коњи ...
Пациентот кој вчера го доби срцето од дарителот,од чии органи без спасени уште тројца пациенти, пет години боледувал од срцево затајување, а три години бил на листата за трансплантација, раскажува за Фокус д-р Маја Мојсова Мијовска, национален координатор за трансплантација и директор на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување. „Вчера и завчера за прв пат од еден дарител беа направени четри трансплантации, односно беа ...
Соопштение на МБА: Во име на членките на Македонската банкарска асоцијација, ве информираме дека во моментот кога соопштението се подготвуваше и испраќаше дел од услугите на нашите членки, поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни – на банкомат или во трговија. Како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали. Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна ...
Инспектори од мобилните тимови при Царинската управа, на граничниот премин „Богородица“ запленија 98.000 евра од македонски државјанин кој се обидел нелегално да ги изнесе од државата. Информациите од Царината се дека на 26.07.2023 година околу 21 часот на излез од државата се пријавил автобус со турски регистарски ознаки кој сообраќал на редовна линија Гостивар – Истанбул. При контрола на автобусот и патнците, во лична ташна на еден од ...
„Ние, министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција, поднесуваме оставки од функциите што во моментов ги извршуваме. Оставките, премиере, автоматски се ефективни во моментот кога опозицијата ќе ги изгласа уставните измени“, пишува во дел од писмото што лидерот на ДУИ, Али Ахмети го испратил до премиерот Димитар Ковачевски. Во писмото уште пишува дека Македонија, е во критична фаза имајќи ја во предвид ...
Романски државјанин кој имал проблеми со срцето, а престојувал во Гевгелија, е спасен преку Единствен број за итни случаи 112 во соработка на македонските и грчките служби. Од Центарот за управување со кризи информираат дека повикот е примен доцна синоќа и дека најверојатно поради близината на границата, првично повикот е примен на базна станица во Грција по што грчката служба остварила контакт со македонската служба и по лоцирањето на ...
Напад со дронови на Москва во кој се оштетени две згради и на кратко се затвори еден од аеродромите во градот во раните утрински часови, за што Русија ја обвини Украина. Руското Министерството за одбрана соопшти дека беспилотно летало било соборено над областа Одинцово – западно од центарот на градот, а два други дрона биле неутрализирани, но паднале во објекти. Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин за нападот посочи дека објектите кои биле ...
Во струшката болница го посетив повредениот началник на ОВР Струга Д.А. врз кого вчера беше извршен брутален обид за убиство, а кој во моментов се наоѓа во стабилна здравствена состојба. Му посакувам што поскоро опоравување на колегата. Воедно, би го повторил мојот став дека напад на припадник на македонската полиција е напад на државата, поради што мора да има најстроги санкции за тој кој ќе се осмели да изврши таков чин на насилство. ...
Лицето за кое постои сомнение дека е директно одговорно за нанесување на тешката телесна повреда на бугарскиот државјанин е идентификувано, но се уште не приведено и по него се трага, објави попладнево скопското Обвинителство. Истовремено, до кривичниот суд поднесен е предлог за определување мерки на претпазливост против четири лица за кои е поведена постапка за учество во инцидентот кај трговскиот центар „Чаирчанка“ во кој беше повреден еден ...
Најважно е да не се ставаат односите меѓу навивачите во корелација со односите меѓу државите или било кои етнички групи или народи, бидејќи тоа е посебен свет кај навивачите и доколку дозволиме така лесно да се направи корелација и прелевање, само ќе направиме штета на односите. Сите оние кои ќе се обидат ова што се случи помеѓу навивачите да го стават во контекст на односите меѓу државите, немаат добри намери кон тие односи. Ова е пораката од ...
Почина македонскиот композитор, инструменталист и диригент, маестро Кире Костов. Тажната вест на социјалните мрежи ја споделиja неговите семејни пријатели, Мирјана и Драган Даниловски. Костов е роден 1949 година во Битола. Средно музичко училиште завршил во Битола. Уште во тој период активно учествувал во културно-забавното живеење на Битола. Натамошното школување го продолжил на Музичката академија во Белград, а потоа и на Факултетот за музичка ...
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека гласањето за уставните измени би можело да се одложи ако не се обезбеди потребното мнозинство од 80 гласа. „Чинот на гласање не е врзан со последниот ден. Тоа го предвидува и деловникот и праксата. Собранието одлучува ако го има потребното мнозинство“, рече Џафери. Расправата на пленарна седница за Уставни измени ќе почне на 18-ти август. Како што објасни Џафери, таа во принцип трае десет ...
Ирската пејачка Шинејд О’Конор почина денес на 56-години, пренесе „Дејли мејл“. О’Конор стана славна во деведесетите години, а за време на кариерата објави 10 студиски албуми. Песната „Nothing Compares 2 U“ на Принс беше прогласена за светски сингл број еден на Билборд музичките награди. Во 1991 година ја доби наградата „Греми“ за нејзиниот албум I Do Not Want What I Haven’t Got. Го промени името во Шухада Садакат во 2018 година, откако одлучи ...
Европската Унија (ЕУ) утре и задутре во земјава ја испраќа најавената оценска мисија која, според најавите на евроамбасадорот Дејвид Гир, ќе се фокусира на работата на Судскиот совет кој последниве неколку месеци е во центарот на вниманието на јавноста поради низата скандали и превирања во ова тело. Ваквата информација денеска преку писмено соопштение ја објави Делегацијата на ЕУ во Скопје. Експертскиот тим, составен од претставници на земји ...
Жителите на Слупчане денес не ги пуштија екипите на ЕВН да работат и покрај тоа што на терен беа присутни припадници на полицијата. За да им дозволат на екипите на ЕВН да работат, мештаните доставија официјално барање до ЕВН, со кое инсистираат да им се опростат сите досегашни долгови кои изнесуваат по неколку илјади евра и да добијат бесплатни нови приклучоци, а без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3000 ...
Во близина на плажа во Струга, во водите на Охридското Езеро вчера била пронајдена давеникичка. Од СВР Охрид соопштија дека по увидот било констатирано дека се работи за 67-годишна жена од Ресен. „Во ОВР Струга, вчера во 15 часот и 25 минути е пријавено дека, во водите на Охридското Езеро, во близина на плажа во Струга, забележано е безживотно тело. Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за Ф.С.(67) од Ресен“ рече портпаролот на СВР ...
Основното јавно обвинителство – Скопје спроведува истражна постапка против 63-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил три кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик, од кои едното полово дејствие го извршил пред дете кое наполнило 14 години. Од Обвинителство соопштија дека на 24 јули, патувајќи со воз, во близина на Скопје, осомничениот во еден од вагоните се доближил и започнал ...
Скопје денеска со повеќе активности и манифестации одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога животот го загубија 1 070 лица, а 3 000 беа повредени. На 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, со помали потреси до пет часот и 43 минути. Притоа, беа урнати 15. 800 станови, а оштетени 28. 000. Над 200 000 луѓе остана без покрив над главата. По трагедијата на Скопје, ...
Авион од типот „канадер“ се урна на грчкиот остров Евија додека учествуваше во гаснењето на пожарот во близина на Каристос. Загинаа капетанот на ескадрилата Христос Мулас (34) и копилотот, втор поручник Периклис Стефанидис (27). Овие херои, како што пишуваат грчките медиуми, рано утрово влегле во авионот и почнале да се борат со огнената стихија, која со денови ја има зафатено Грција. Додека гаснеле пожар кај селото Платанистос во Каристос, ...
Пратеникот Енес Ибрахим, кој е член на Партијата за движење на Турците, а која е дел од владејачката коалиција, е против уставните измени. Тој преку својот фејсбук профил објави дека втората уставна измена што ја предложи власта, а таа е измена во однос на составот на Комитетот за односи меѓу заедниците, е неуставна. „Предлог измена и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија односно Амандманот XII што се однесува на Комитетот за ...
Наќе Георгиев кој неодамна беше избран за член на Судскиот совет пред малку си поднесе оставка. Овој негов потег ја одложи свечената заклетва на новоизбраните членови на Судскиот совет. На денешната седница за прв пат требаше во салата да седнат Наќе Георгиев и Антоанета Димовска, а нивната прва задача да биде избор на судии од последната група академци-судии. Неофицијално, одложувањето е бидејќи на седницата за судија треба да биде избран синот ...
Собраниската Комисија за уставни прашања со десет гласови „за“ и седуммина против го проследија на натамошно разгледување предлогот за уставни измени. На денешната седница на Комисија предлогот го образложи премиерот Димитар Ковачевски, а зборуваа и своите ставови ги изнесоа претставнции на сите пратенички групи. Против уставните измени се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Собраниската седница за утврдување на потребата од уставни измени е закажана на ...
На дневниот ред на седницата на Комисијата за уставни прашања во Собранието ќе биде предлогот за пристапување кон измена на Уставот, со што почнува процедурата за уставните измени. Во салата присутни се премиерот Димитар Ковачевски, министерот за правда, Кренар Лога, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, како и пратениците од власта и од опозицијата. Според Деловникот, дебатата за уставните измени може да трае десет работни дена. ...
Препознатливата сина птица, која од 2006 година беше заштитен знак на Твитер, заминува во историјата. Култното лого со сина сина птица, кое беше инспирирано од името на платформата, а симболизираше слобода и комуникација, сега е заменета со ново лого. Новиот дизајн на логото за Твитер, бела буква „Икс“ (Х) на црна позадина, беше претставен од страна на извршниот директор на компанијата откако сопственикот на компанијата Илон Маск изјави дека ...
Портпаролката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева на социјалните мрежи објави фотографии од нејзиниот автомобил кој е искршен. „Понеделничкото утро на мене и мојата фамилија ни започна вака, го најдов моето возило искршено и демолирано. Очигледно се во паника и исплашени, па тргнаа да не заплашуваат и нас зошто знаат дека ќе има одговорност за сите криминали. Ако некој мисли дека пораката е примена, можам само да ви порачам дека ваквите ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека девет лица се повредени во сообраќајка која вчера се случила во валандовско во близина на село Рибарево. „Вчера во 04.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат во близина на с.Раброво, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од И.К.(61) од Струмица, патничко возило „цитроен“, управувано од Г.А.(35) од Струмица, двете со ...
Пламените јазици на грчкиот остров Родос дивеат, а опасноста од шумски пожари останува голема, предупредуваат противпожарните служби. Пожари во меѓувреме има и на островите Крф и Евија. По евакуацијата на илјадници туристи и домашно население, пожарите на југоистокот на Родос и натаму дивеат во познатите туристички места Киотари, Генади и Калатос. Според проценките на властите, може да бидат потребни денови за тие да се стават под контрола. ...
На израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рано утрово му беше вграден успешен пејсмејкер во медицинскиот центар Шеба во Рамат Ган во близина на Тел Авив, една недела откако беше хоспитализиран поради дехидрација. Нетанјаху беше итно пренесен во болница пред клучното гласање во израелскиот парламент (Кнесет) за контроверзните судски реформи на неговата влада. Од болницата рано утринава во 04:00 часот соопштија дека процедурата поминала без ...