
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Масовно пукање со голем број жртви и ранети се случило во Левистон, Мејн, околу 20 часот по локално време. Осомничен за масовното убиство на најмалку 22 лица и ранувањето на 50 лица е Роберт Кард, инструктор по стрелање, а според локалните медиуми станува збор за лице со психички проблеми. Според билтенот издаден од Центарот за информации и анализи на Мејн, се верува дека Кард е во армиските резерви стационирани во Сако, Мејн. Според нивните ...
Се појави видео од пукањето во Ист Гејт мол, на кое се гледа моментот на инцидентот. Снимено е движњето на две лица, кои се спуштаат по ескалаторот надолу кон гаражите, а непознато лице облечено во бел блузон, се доближува и од горе пука во нив. Во тој момент, до напаѓачот има и други лица кои одеднаш почнуваат да бегаат, кога ги слушнаа истрелите. По пукањето, напаѓачот бегајќи поминува под безбедносната камера. Тој е облечен во темни карго ...
Неделава почнува вакцинацијата против сезонски грип. Министерството за здравство набави 60 илјади дози четиритипни вакцини, наменети за бесплатна вакцинација. Граѓаните од ризичните групи кои се пријавиле за вакцинација преку интернет-страницата вакцинација.мк, во следните денови преку СМС порака ќе добијат известување за точниот датум, час и место за вакцинирање. Со бесплатната вакцинација ќе бидат опфатени лицата над 65 години, со хронични ...
Властите на Хамас утринава соопштија дека најмалку 140 лица загинале за време на уште една ноќ во израелските воздушни напади врз Појасот Газа. Палестинската исламска организација објави и дека „стотици луѓе се ранети“ и дека се „уништени десетици куќи“. Повеќе од 5.000 луѓе, меѓу кои и повеќе од 2.000 деца, се убиени во Газа од почетокот на војната на 7 октомври. Најмалку 1.400 луѓе беа убиени во Израел, главно во првичниот напад на „Хамас“, а ...
Израелската војска објави фотографии на кои се гледаат локациите каде Хамас поставува ракети за лансирање, а се во близина на цивилната инфраструктура во Појасот Газа, односно до училишта, градинки, џамии. Оваa зграда се наоѓа директно спроти местото за лансирање ракети на Хамас што се користи за тероризирање на израелските цивили. Хамас директно ги загрозува жителите на Газа, Израелците и меѓународната заедница – пишува во објавата на ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информациите од неговиот Сектор за операции и координација, информира дека пожари на отворен простор вчера имало вкупно 26. Од нив, активни се уште два: во Општина Македонси Брод, с.Белица под Солунска Глава (каде што гори ретка борова шума, сува трева и грмушки) и во Општина Чашка кај с.Крива Круша (каде што гори сува трева и папрат). Другите 24 изгаснати, од вкупно 26-те пожари во последното ...
Хорор се случи во Детроит каде претседателката на синагога, Саманта Вол утрово е пронајдена мртва со повеќе убодни рани. Била избодена до смрт пред нејзиниот дом во центарот на градот. Телото на Вол, наводно е откриено откако „трагите од крв“ довеле до нејзиниот дом. Полицијата го истражува случајот. Саманта Вол е претседателката на синагогата Исак Агре во центарот на Детроит од 2022 година и е позната по нејзината работа со неколку демократски ...
Грчката православна црква, Св. Порфириј, во Појасот Газа, во која имало засолнето стотици раселени Палестинци, ноќеска била цел на израелски воздушен напад, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извори од Православната патријаршија на Ерусалим и палестинските здравствени власти. Здравствените власти во Газа соопштија дека нападот врз црквата однел повеќе животи, а има и многу ранети. Израелската војска соопшти дека дел од црквата бил оштетен во ...
Веќе седумнаесетти ден вработените во јавните обвинителства штрајкуваат за покачување од 78 проценти на минималната плата и враќање на додатокот на плата од 35 отсто. На денешниот собир, на кој излегоа стотици вработени од судската служба, беше упатено предупредување до Владата дека ако работната група не седне на маса со штрајкувачите во текот на денот, од утре ќе се премине кон поригорозен штрајк. „Штрајкот нема да престане. Ако работната ...
Нема оправдување да се погоди болница полна со цивили во Газа во која беа сместени стотици ранети лица, нагласи денеска претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред европратениците, додавајќи дека „треба да се утврдат сите факти“ за трагедијата. Говорејќи пред Европскиот парламент во Стразбур, претседателката рече дека експлозијата, при што загинаа најмалку 200, ја претворила болницата „Ал Ахли“ во Газа во ...
Земјотрес со јачина од 3,3 степени по Рихтер утринава бил почувствуван во епицентралното подрачје Тетово – Гостивар. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот се случил во 10 часот и 24 минути, со епицентар кој се наоѓа 35 километри западно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Тетово – Гостивар. Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторијата, земјотресот ...
Судот донесе решение за запирање на кривичната постапка за случајот за “Таргет-Тврдина” за обвинетите Горан Груевски, Сашо Мијалков, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Маријан Шумуликоски и Васил Исаковски за делата злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување поради настапено застарување. Со ова застаруваат кривичните дела за нелегалното прислушување за предметот, а во судница остануваат обвинетите што се опфатени со ...
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека и е потребен итен пристап до Појасот Газа за да достави помош и лекови, предупредувајќи на потенцијална долготрајна хуманитарна криза во палестинската енклава. Од канцеларијата на регионалниот директор на СЗО за Источен Медитеран, Ричард Бренан, беше соопштено дека претставници на таа агенција на ОН денеска ќе се сретнат со „луѓето кои носат одлуки“ со цел што поскоро да се овозможи ...
Тунелите под Газа се најпознати премини кои се користат за криумчарење на стоки од Египет и за подготовка и почнување на нападите врз Израел. Но, постои и друга подземна мрежа која израелските одбранбени сили ја нарекуваат „Метрото на Газа“. Станува збор за огромен лавиринт на тунели, на неколку километри под земја, кои наводно се користат за превоз на луѓе и производи, за складирање на ракети и муниција и за сместување на командни и контолни ...
На почетоков на денов почна сериозен пожар на отворено меѓу Лозово и Велес, каде што гори претежно квалитетна борова шума, велат од ЦУК. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, при координацијата за гаснење на пожарот, даде насоки за упатување на еден хеликоптер од МВР за гаснење на таа локација, после ангажманот и дејството врз пожарот кај село Кондово, Скопско. Ангелов информираше дека истовремено при координацијата ...
На пратеникот Антонио Милишоски и уште 9 обвинети во предметот “Moќник” им застаре гонењето за делото злоупотреба на службената положба но тој ќе остане во судница со татко му Милош Милошоски и екс градоначалникот на Македoнски Брод, Милосим Војнески затоа што одговаат и за делото измама. -Заради интерес на медиумите кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 2616/20 од познат како „Моќник“, ја информираме јавноста дека на денешната ...
Еден брачен пар не може да излезе од Газа, и владата прави напори да ги извлече од ризично подрачје, информираше Министерството за надворешни работи. Како што објаснуваат од МНР, овие луѓе се обидувале да излезат од Газа, каде во моментов има силно гранатирање од безбедносните израелски сили. Тие сакале да го искористат граничниот премин со Египет, но кога успеале да стигнат границата се затворила поради безбедносната состојба. Сепак во моментов ...
Внукот на долгогодишниот уредник на музичката програма на Радио Нови Сад, а денес туристички водич во Светата земја, Душан Михалек, е пронајден мртов, јавува српски N1. „Нема повеќе од нашето море (1999). Војската и социјалните служби дојдоа да ни кажат дека неговото тело е пронајдено. Нема повеќе надеж“, напиша Душан Михалек на својот Фејсбук. Михалек во саботата објави дека неговиот внук исчезнал во близина на границата со Газа. „Нашиот ...
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска пред пратениците рече дека МВР ја следи работата на Онкологија уште пред десет години и дека не е точно дека не презеле никакви мерки. Тој нагласи дека уште во 2012 година МВР поднело кривична пријава против тогашниот директор на клиниката, но дека до денеска Јавното обвинителство не презело никакви мерки. „МВР првпат реагира на 31.05 2012 година во основа на оперативни сознанија кои ги има ...
Израел воспостави целосна контрола врз границата со појасот газа. Хамас се закани дека ќе ги убие заложниците. Војната на блискиот исток од ден во ден добива се поголеми размери. По неколкудневни битки со милитантите на хамас, израелската војска конечно ги ослободи териториите долж границата со појасот Газа а во борбите загинале најмалку 1500 милитанти на Хамас. На границата се распоредени 35 баталјони во исчекување на голема копнена операција ...
Денеска започнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи на страницата вакцинација.мк. во кои спаѓаат лицата над 65 години, лицата со хронични заболувања, здравствените работници, бремените жени, како и децата на возраст од 6 месеци до 5 години. Како што се наведува, вакцинацијата планирано е да започне да се спроведува во втората половина на овој месец, а за терминот граѓаните ќе бидат известени преку СМС ...
Жената чие тело членовите на Хамас го ставиле на камион и парадирале со него е идентификувана, пишува Дејли Мејл. Наводно, станува збор за германската манекенка и тату-уметник Шана Лаул (30). Нејзиното семејство ја препознало по тетоважите и фризурата. Хамас тврдеше дека телото е на израелски војник, но семејството изјави дека дефинитивно тоа е телото на нивната ќерка Шани, борец за мир која присуствувала на музички фестивал во Израел. За ...
46-годишен битолчанец смртно настрада во сообраќјна несреќа што се случила вчеравечер. Во сообраќајката тешко повреден е и малолетник. Како што информира полицијата, на 06.10.2023 во 21.05 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Крушево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(46) од Битола, и патничко моторно возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, ...
Деветгодишно е девојчето кое било сексуално злоставувано во скопската населба Кисела Вода од страна на 81-годишен сосед, објави Обвинителството. Од обвинителството информираа дека девојчето се обратило до пензионерот за услуга како негов сосед. Тој потоа, ја повикал во својот дом во Кисела Вода и таму ја допирал по телото. Обвинителството бара притвор, поради постоење на опасност од бегство и можност да се повтори делото. МВР вчера објави дека ...
Утрово десетици ракети беа истрелани од Појасот Газа кон Израел. Службите за итни случаи велат дека во нападот загинале најмалку 22 лица. Исламистичката група Хамас ја презеде одговорноста за нападот. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја е во војна. Се шири снимка од уништен израелски тенк. Оваа очигледно исклучителнодобро организирана и координирана операција на милитантите од Хамас, во исто време претставува ...
Нобеловата награда за мир за 2023 година ќе ѝ биде доделена на активистката Наргес Мохамади за нејзината борба против угнетувањето на жените во Иран, но и за нејзината борба за човекови права и еднакви слободи за сите. „Доколку иранските власти донесат правилна одлука, ќе ја пуштат да присуствува на церемонијата на 10 декември, на што искрено се надеваме“, соопшти норвешкиот комитет. Иранската активистка и новинарка Наргес Мохамади, која ја ...
Во предградието на хрватскиот град Осиек во текот на ноќта избувна пожар од големи размери во фабрика во која се преработува пластика. Неколку илјади квадратни метри пластика, која се чува на отворено, гори, се вели во првиот извештај на припадниците на локалната цивилна заштита. Пожарот се уште не е локализиран, а сите расположливи противпожарни единици се на терен. Жителите на Осиек изутринава добија СМС предупредување да не остануваат на ...
Поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радоичиќ, кој ја презеде одговорноста за нападот на косовската полиција во Бањска, денеска е уапсен. Одреден му е 48-часовен притвор. „Полициски службеници на Управата за криминалистичка полиција извршија претрес во станот и другите простории на Милан Радоичиќ, кому му е одреден притвор од 48 часа“,соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија. Минатата недела Радоичиќ одговори на ...
Предлог-законот за амнестија е испратен во собраниска процедура без европско знаменце и не е правен за личности, туку за дела од помал обем, со цел за релаксирање на пренатрупаните капацитети во затворот Идризово и во другите сместувачки објекти во рамките на Управата за извршување на санкции, изјави премиерот Димитар Ковачевски. „Законот беше изработуван неколку месеци од страна на Министерството за правда и откако беше изработен беше испратен ...
Македонски увозник се обидел меѓу пријавена стока за царинење да криумчари стока во вкупна вредност од 473.632 денари. Меѓу непријавената стока се четири употребувани мотоцикли со вредност од 392.285 денари, како и брусалка, бор машина, гуми за крос мотори, гуми со алуминиумски бандажи, метален сеф, пневматски пиштол, скара и котури гумени црева во вредност од 81.347 денари, информираат од Царина. Обидот за криумчарење е откриен од страна на ...