
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Чие е опожареното возило во скопски Чаир предизвика лавина од реакции во јавноста. Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби вели дека е на негов сосед, ама реагираше за истото на Фејсбук, а неговиот соопартиец од владејачката ДУИ, министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели дека е на Груби. Од владејачката СДСМ, исто како и Османи, го осудија инцидентот, а во рекцијата велат дека возилото ...
По силното невреме што ја зафати Србија во текот на ноќта, Републичкиот хидрометеоролошки завод издаде ново предупредување за денеска, пишува N1. Областа од Алпите, преку Западен Балкан и Србија до регионот на Карпатите и денеска ја очекува силна активност со грмотевици, објавено е на веб-страницата на РХМЗ. Развојот локално ќе биде многу силен и брз (ќе се движи од запад-северозапад кон исток) со понекогаш голем град, краткотрајни силни налети ...
Утрово бил запален приватниот автомобил на првиот вицепремиер Артан Груби. Од Министерството за внатрешни работи за ТВ21 велат дека пожарот настанал околу 03:30 часот. „Денеска (22.07.2023) во СВР Скопје е пријавено дека околу 03.30 часот на ул.”Струмичка” настанал пожар во патничко возило “ауди” со скопски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Б.Л.(35) од Скопје. Пожарот е изгаснат, повредени лица нема, а увид изврши увидна екипа на ...
Едно дете загина во петокот вечерта, на 21 јули, во невремето што го зафати Нови Сад, како и неколку други градови во Србија. Ова за Радио и телевизија на Србија (РТС) го потврди градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, додека новосадската полиција соопшти дека се работи за 12-годишно дете кое било пронајдено пред зграда на улицата Вука Мандушица. По Италија, Словенија и Хрватска, во петокот вечерта во Србија пристигна силен дожд пропратен со ...
Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат во дебатата на Комисијата за уставни измени закажана за идниот вторник, на која како единствена точка на предложениот дневен ред ќе се најде предлогот за пристапување кон измена на Уставот на земјава. Ова во изјава за МИА го потврдиле од ВМРО-ДПМНЕ, велејќи дека со учеството на комисиската дебата пратениците од редовите на оваа партија јасно ќе дадат до знаење зошто се против уставните ...
Министерството за внатрешни работи, по допрен глас го известило ОЈО за случајот со културната установа „Мал битолски Монмартар“ која изминатиот период во неколку наврати однела деца во посета на Бугарија, каде што имале средби со бугарски политичари. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски посочи дека „ниту еден родител, нити „Меѓаши“ или друга огранизација нема доставено кривична пријава“. -По доставувањето на известувањето веќе измаме ...
Наставничката по историја Татјана С.(52), која беше погодена од три куршуми кога 13-годишно момче, еден од нејзините најдобри ученици, смртно ја застрела неа и нејзините ученици во училницата по историја во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај, од Универзитетскиот клинички центар на Србија е префрлена во Заводот за рехабилитација во Сокобањска. Татјана е една од шестмината ранети и за среќа го преживеа страшниот масакр во Врачар, во ...
За прв пат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт. Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези. ...
Пет мртви и десетици повредени е билансот од незапамтеното невреме кое синоќа го зафати регионот. Невремето кое вчера ги зафати Словенија, Хрватска, БиХ и Србија зад себе остави пустош, но одзеде и човечки животи. Во невремето во Хрватска загинаа три лица. Двајца од нив, како што јавуваат медиумите, загинале кога врз нив паднало дрво, а по пад од дрво врз возило загинал и 40-годишен возач. Десетици други пак, се повредени од кои повеќето ...
Стотици демонстранти синоќа го зазедоа главниот влез на шведската амбасада во ирачката престолнина Багдад како одговор на полицијата во Стокхолм која даде дозвола за демонстрации на кои организаторите наводно планираат уште едно палење на муслиманската света книга Куранот, јави Си-ен-ен. На видеата објавени на социјалните мрежи се гледаат голем број демонстранти околу шведската амбасада, како и црн чад и оган што доаѓа од зградата. Протестот во ...
Стотици грчки пожарникари и волонтери веќе трет ден се борат со големите пожари во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и во поширокото подрачје на Лутраки на Пелопонез, а ново жариште се појави и на островот Родос. Грчките власти информираат дека сите сили на цивилната заштита продолжуваат да се борат со огнот во текот на денот во сите делови каде има пожари. Ситуацијата е особено тешка кај градот Мандра, на околу 40 ...
Владата денеска го усвои Предлогот за пристапување кон промена на Уставот, односно ги усвои предлог уставните амандмани со кои во Преамбулата ќе се додадат Бугарите, Хрватите, Црногорците, Словенците, Евреите и Египќаните. Како дел од предлогот е и образожението во кое се објаснува потребата од носење на овие уставни измени, односно дека Република Северна Македонија во согласност со својата стратешка определба за полноправно членство во ...
По сведочењето на момчето убиец Коста К., кое изврши масакр во српското училиште, адвокатката Ирина Боровиќ, која го застапува неговиот татко В. К., за медиумите откри дека момчето било детаљно испрашувано зошто го извршило масакрот, а како што тврди таа, изразило и каење. „Денеска беше сослушан малолетник, детаљно сослушан за сите околности кои може да бидат важни за откривање на причините поради кои сето ова го направил. Она што можам да го ...
Тринаесетгодишното момче кое на 3 мај во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ во населбата Врачар уби осум свои соученици и чуварот на училиштето откако пукаше во нив, во моментов е на распит во просториите на Вишото јавно обвинителство во Белград. Во масакрот во мај тој повреди и други свои соученици и наставничка, а едно од повредените девојчиња подоцна почина. Според извествањата од судскиот процес момчето сведочело дека имало ...
Продолжува потрагата по М. П. (29) од струмичкото село Дабиле, кој завчера исчезна во водите на браната кај селото Дрвош. Според портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова, по момчето трагаат нуркачи од МВР, на кои лошиот терен и заматената вода во браната им ја отежнуваат потрагата. Инаку, завчера во 13:30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13. 00 часот М. П. (29) од село Дабиле, струмичко, влегол во ...
Пожарите беснеат во неколку грчки приморски градови, а во моментов најтешко за пожарникарите се елементите кои „голтаат“ некои од омилените српски летувалишта – Саронида и Лутраки. Според грчките медиуми, пожарите на овие места избувнале во рок од неколку часа, а од синоќа стотина пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот, пишува Прототема. Проблемот е што во овој дел од државата дува силен ветер, што го отежнува гаснењето на пожарите. Во ...
Пронајдена е младата 32-годишна скопјанка која во бремена состојба и со нарушено здравје утрово излегла од нејзниот дом во скопско Волково и од тогаш нејзините блиски изгубиле секаков траг за неа. Нејзниот сопруг во разговор за „Макфакс“ потврди дека таа е најдена и се наоѓа на Клиниката за гинекологија. Тој рече дека младата жена има растројство. Инаку оригиналната објава е избришана од фејсбук. Семејството претходно денеска на социјалните ...
Момче влегло да се капе во водите на браната во близина на струмичкото село Дрвош и не излегло. Екипи трагаат по исчезнатото момче. „На 16.07.2023 во 13.30 часот во СВР Струмица, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13.00 часот М.П.(29) од с.Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол“ соопшти СВР Струмица. За настанот бил запознаен Центарот за управување со кризи и се преземаат ...
Македонија и во наредните денови ќе остане портокалова фаза, поради високите температири од над 40 степени, кои ќе траат во наредните десет дена, сè до 25 јули. Остануваат да важат препораките за најранливите категории. Бремените жени и лицата над 60 години се ослободени од работа, а децата во градинките не смеат да се надвор од 11 до 17 часот. Од денеска важи и забраната за движење низ шумите, односно низ националните заштитени подрачја Јасен, ...
Судот во Белград го одобри предлогот на членовите на семејствата на убиените деца во масакрот во О.У. “Владислав Рибникар” за префрлање на парите од сметката на таткото на Коста К., убиецот од Врачар, на депозит на јавен извршител. Ова означува дека парите ќе бидат депонирани кај јавниот извршител и ќе бидат задржани сè до завршување на кривичната постапка. Истовремено, судот нареди на Народната банка на Србија да ги префрли парите според ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави видео изјава од медицинскиот центар „Шеба“ во близина на Тел Авив каде што беше хоспитализиран поради дехидрација и рече дека се чувствува „многу добро“. „Вчера бев со сопругата на Галилејското Море, на сонце, без капа, без вода. Не беше добра идеја“, рече Нетанјаху и им се заблагодари на медицинските тимови кои се грижат за него. Долгогодишниот израелски лидер бил однесен во болница на 15 јули, ...
Двајца македонски државјани ноќеска биле застрелани во Ханиоти, Халкидики, јавуваат грчките медиуми. Убиен е Орхан Бајрами попознат под прекарот Оки, а повреден е Сеад Слезовиќ (1978), двајцата бизнисмени кои биле активни во Македонија со казина и фабрики за пијалоци, посочуваат грчките медиуми. Околу 3:30 часот биле застрелани две лица од Северна Македонија. Тие веднаш биле пренесени во Здравствениот дом Касандра. Еден од двајцата, 39-годишен ...
ТВ Клан Македонија објави фотографии од местото во тетовското село Шипковица каде што двајца работници го загубија животот како последица од уривање на потпорен ѕид. Како што објавува Тв Коха, двајцата работници работеле на санирање на ѕидот од свлечиштето што се случи пред неколку дена. На местото на настанот излезе и првиот човек на општина Тетово Билал Касами. Еден од вработените кој го загуби животот, како што е соопштено, е од селото Селца, ...
До ескалација на ситуацијата во Собранието на Косово дојде откако медиумите во Косово деновиве објавија серија прислушкувани разговори на шефицата на пратеничката група Движењето Самопределување, Мимоза Кусари-Лила со пратеникот од Српската Листа, Славко Симиќ и со потпретседателот на Српската Листа, Милан Радоичиќ кој е баран од косовските власти, а се наоѓа и на црната листа на САД поради вмешаност во меѓународен организиран криминал. ...
Вечерва во 21 часот почина родилката, која пред десетина дена се фрли од први спрат од скопската Клиника за Гинекологија, неофицијално дознава „Фокус“. Таа со тешки повреди беше хоспитализирана на КАРИЛ, каде повеќе од една недела се бореа за нејзиниот живот. Триесет и деветгодишната родилка после падот имаше тешки повреди на вратната кичма, градниот кош и главата. Директорката на скопската Клиника за гинекологија, Викторија Јовановска тогаш во ...
Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе ослободителна пресуда за поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, кој беше обвинет за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Покрај Деркоски, ослободени од обвинение беа и тројцата вработени во ДИК и еден управител на економски оператор кои се товареа дека извршиле „злоупотреба на службена положба и овластување“ при спроведување на две јавни набавки со што го ...
Во државата има мостови кои се во лоша состојба и претставуваат опасност по безбедноста на граѓаните, информира директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, на денешната конференција на тема „Состојбата со мостовите“. -Ние само ги посетуваме и разгледуваме мостовите, доколку има видливи оштетувања за кои што не треба да бидете експерт. Ако има пукнатини на столбовите, ако има паднат столб не треба да бидете експерт за да знаете дека тој мост не е ...
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против жителка на Гостивар со престојувалиште во Скопје за две кривични дела – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 и две кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Од април годинава, 34-годишната обвинета како родител, со грубо запоставување на својата должност за грижа ...
Цистерната што утрово се запали на патот Струмица – Радовиш превезувала 20 тони нафта. Според информациите од Центарот за управување со кризи, во пожарот бил зафатен задниот дел на камионот, кај гумата. До опожарувањето дошло на 1 километар од селото Владиевци на патниот правец Струмица – Радовиш, на терен излегле 6 пожарникари и 2 противпожарни возила, а четворица полицајци вршеле контрола на сообраќајот. Нафтата ќе биде префрлена во друга ...
Основниот кривичен суд Скопје во повтореното судење за случајот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал на Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ им изрече затворски казни од по три години и шест месеци Пресудата денеска ја изрече судечки совет на чело со судијката Марија Клетничка-Марковска, која им изрече исти казни како и во март 2020 година. Пресуда не е правосилна и странките имаат право на жалба до Апелација, потврдуваат од Основниот кривичен ...