На седница на Советот на Општина Маврово и Ростуше било одлучено, и до Владата била поднесена информација со барање за прогласување кризна состојба на целата територија на општина поради проблемот со зголемено присуство на кафеава мечка. „Во Маврови Анови, по иницијатива на ЈУНП ‘Маврово’, се одржа средба со претставниците на месните заедници од општина Маврово и Ростуше, претставници на МЗШВ, МЖСПП, градоначалникот и претставници на Советот на ...

Од затвор нема да излегуваат академци, но нема да биде амнестиран ниту еден избран и именуван функционер, вели министерот за правда, Кренар Лога откако законот за амнестија помина на владина седница и се очекува наредната недела да се најде на собраниска седница пред пратениците. Како што потенцираше Лога, останува во сила истиот закон од 2018 година кога сите политички партии, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ беа предлагачи. Тој очекува поддршка од ...

Најстрога казна за сторителот на убиството во Кочани, кое се случи пред два дена, кога маж со 40 убоди со нож ја уби својата поранешна партнерка, бара Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Оттаму, потсетуваат и на двојно убиство во Куманово, кога сопруг си ја убил својата сопруга и нејзината мајка, а потоа се самоуби, што заедно со случајот во Кочани, се три фемициди извршени во еден месец, на кои им претходело ...

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска ги демантираше тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека екс премиерот и бегалец Никола Груевски му дал УСБ и плико на него и на лидерот на ДУИ, Али Ахмети со документи, во кои наводно имало содржина за измени на Кривичниот законик. Според него, ова е нечија дневно политичка тема за да ја одбегне реалната состојба. „Кажав и повторно ќе кажам ова е нечија дневно политичка ...

Како што јави телевизијата Клан Косова, дронот ги снимил моментите кога напаѓачите бегале, и по конфликтот со полицијата во кој загина наредникот на косовската полиција. Автентичноста на видеото и што точно е снимено на него се уште не се потврдени. Да потсетиме, јавноста слушна од претставниците на Приштина и Белград дека Србите првично изградиле барикада, која припадниците на косовската полиција се обиделе да ја срушат. Потоа дошло до вооружен ...

Ден по вооружениот конфликт на Косово, во кој загинаа тројца напаѓачи и еден припадник на косовската полиција, сите приоди кон Бањска се уште се блокирани од силни полициски сили, а околу селото се распоредени голем број полицајци со оклопни возила. Безбедносната состојба и натаму е тензична, информираат од полицијата во Приштина. Претседателката на Косово, Вјоса Османи го прогласи денешниот ден за ден на жалост во државата, во чест на ...

Четириесет и шестгодишна жена е почината од убоди со нож пред куќата во која живеела во Кочани, потврдуваат од Секторот за внатрешни работи во Штип. Убиството се случило утрово во 6:15 часот, во моментот додека жената се подготвувала да оди на работа. „Утрово, во 06:15 часот на улицата ’Страшо Ербапче’ во Кочани, 59-годишниот У.Р. ја нападнал 46-годишната Т.М. при што со нож ѝ нанел повеќе убодни рани на телото, по што таа починала. Медицинската ...

Сообраќајот на пругата Скопје -Битола – Скопје е во прекин поради тоа што се уништени околу 1000 прагови на повеќе локации од пожарите во битолско-прилепскиот регион. Од Железници на Република Северна Македонија-Инфраструктура информираат дека интензивно се работи на отстранување на дефектот и оспособување на сообраќајот. – Поради овие причини, сообраќајот на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе биде во прекин од денеска па сè до оспособување на ...

Според првичните информации од Јавното обвинителство мотив за двојното убиство во Гевгелија се нарушени меѓусебни односи на двајцата браќа кои кулминирале заради банална расправија во врска со работи на заедничката куќа. Ова денеска го соопштија од Јавното обвинителство на РСМ, од каде информираа дека јавен обвинител од ОЈО Гевгелија извршил увид на местото на убиството, а обвинителот ја очекува кривичната пријава во текот на денот. Инаку, ...

Шеесет и деветгодишниот В.Г. од Гевгелија се сомничи дека вечерва ги убил брата си Л.Г. (71) и снаата Т.Г. (62). Веста за МИА ја потврдија од СВР Струмица од каде информираа дека вечерва околу 19 часот полициски службеници го лишиле од слобода В.Г. кој околу 18:50 часот пред влез од куќа во Гевгелија со пиштол пукал кон неговиот брат и снаа, кои починале на местото на настанот. Смртта кај сопружниците ја констатирал лекар од Итна медицинска ...

Припадници на американскиот КФОР и ЕУЛЕКС излегоа на терен откако рано изутрината еден припадник на полицијата на Косово беше убиен, а други двајца се здобија со повреди, но се надвор од животна опасност. Поради сериозноста на ситуацијата, блокирани се сите приоди кон селото Бањска и привремено се затворени граничните премини кои водат кон соседна Србија. Косовската полиција, претходно, ги објави првите информации за синоќешното убиство на ...

Во селото Бањска на северот на Косово биле нападнати припадници на косовската полиција, при што еден е убиен, а друг е повреден. Информацијата ја потврди косовскиот премиер Албин Курти по неофицијални информации од рано утрото. Косовската претседателка Вјоса Османи итно се враќа од Њујорк. И двајцата ја обвинија Србија, односно српските криминални банди, изразувајќи сочувство до семејството на загинатиот полицаец. Курти наведува дека нападот се ...

Обвинителството соопшти дека вчерашниот пожар во Хром бил подметнат од страна на некој кој сакал да го сокрие убиството на сопственикот на запалениот стан. Жртвата имала рани со нож, а истрагата продолжува. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место. Со обдукцијата извршена по наредба на јавниот обвинител, кај починатиот беа потврдени траги на насилство – убоди со остар предмет како причина за ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК), известува дека полета еден авион на ДЗС, а втор авион се подготвува, за дејствување на реактивираниот пожар на тешко пристапни места кај с.Милетино во Општина Брвеница, каде што пожарот зафати борова шума. Инаку, Регионалниот ЦУК Тетово информира дека врз пожарот на терен, од разденување, утрово интервенираат 15 лица вработени во ЈП „Македонски Шуми“ подружница „Лешница“, три пожарникари од Територијалната ...

Министерот за надворешни работи Бујар Османи упати порака до Македонците во Албанија на пописот којшто се спроведува во земјата слободно да ја изразат и да ја потврдат нивната етничка, јазична, религиска и идентитетска припадност. Во обраќањето до Македонците во Албанија, Османи вели дека тоа претставува основно природно право на секој поединец и со генерации наназад опстојува на овие простори. „Ви се обраќам затоа што сакам да бидете уверени ...

Пратениците во бугарскиот Парламент во прво читање гласаа за измените во Законот за бугарско државјанство со кои јавно ќе биде објавен регистарот на сите лица кои имаат бугарски пасош. Бугарскиот европарламентарец Андреј Ковачев, кој е познат по своите антимакедонски ставови, на својот фејсбук-профил веднаш ја поздрави оваа одлука на бугарските парламентарци. „Церемонијата за добивање бугарско државјанство ќе биде свечена и јавна. Регистарот на ...

Клиниката Жан Митрев останува со старата сопственичка структура. Завршните преговори за влегување на стратешкиот партнер Холандскиот фонд Balkan Alliance Healthcare не завршија со конечен договор. Остануваме посветени на нашата работа во Клиниката Жан Митрев и развивањето на стандардите во приватното здравството. Нашиот приоритет остануваат нашите пациенти и инвестициите во овој домен нема да се намалат. По 23 години успешно опстојување ја ...

Одложено е денешното судското рочиште од процесот што пред Основниот суд во Охрид се води во врска со нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид. Причина за неодржувањето е штрајкот на вработените во судската администрација, кои и денеска протестираат пред судската зграда. Инаку, во судницата беа присутни и оштетениот Пендиков и првообвинетиот во предметот Илија Спасески. Адвокатот Стефан Камишевски, ...

Поради бесправна сеча на дрва, во голема полициска акција на местото викано Рамно на планината Скопска Црна Гора, во вторникот се уапсени десет лица, информира МВР. Уапсените се на возраст од 22 до 51 година. Во акцијата се запленети околу 400 кубни метри исечено огревно дрво. На местото биле пронајдени и четири товарни возила натоварени со огревно дрво, едно патничко возило, три моторни пили и други предмети кои биле користени за сеча на ...

Најитната задача на Советот за безбедност е да биде проактивно ангажиран за ставање крај на војната во Украина. Единствениот начин да се постигне оваа цел е преку дипломатија и преговори, засновани на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници, порача претседателот Стево Пендаровски од Њујорк во обраќањето на отворената дебата за одржување на меѓународниот мир и безбедност на ...

Еден од најголемите поддржувачи на Украина од почетокот на руската инвазија, Полска, објави дека веќе нема да ѝ праќа оружје откако ескалираше дипломатскиот спор околу украинското жито. Премиерот Матеуш Моравјецки изјави дека место тоа, Полска ќе се фокусира на модернизирањето на сопствената армија. Ова следува откако пораснаа тензиите помеѓу двете земји. Полска вчера го повика украинскиот амбасадор поради изјавите на Володимир Зеленски во ...

Предметот во кој е оспорен Указот и Договорот од Преспа ќе се дискутира денеска на седница на Уставен суд. Од Уставниот суд информираат дека предметот е формиран од иницијативите поднесени од Тодор Петров, претседател на Светски Македонски Конгрес, Ивица Ефремов и Стив Ангеловски од Битола, Солза Грчева и Томе Тодоровски. „Со одредени наводи во иницијативите се тврди дека Указот за прогласување на Законот за ратификација на конечната спогодба не ...

Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг беше жртва на кибер напад минатата недела, соопшти Судот без да открие детали за големината на нападот и за каков тип станува збор. Како што пренесува Ројтерс, нападот бил извршен врз голем број доверливи документи, меѓу кои и имиња на заштитени сведоци и податоци за висок криминал. Судот во своето соопштение навел дека продолжува со „анализа и ублажување на влијанието на овој инцидент“ со помош на ...

Денешното рочиште од судскиот процес за главниот предмет за масовното прислушување – „Таргет-Тврдина“, во кој првообвинет е ексшефот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, се одложи поради поднесок од Јавното обвинителство. Случајот „Таргет-Тврдина, кој се суди по вторпат откако скопската Апелација ја укина првостепената пресуда, е еден од предметите кои се засегнати од неодамна донесените измени на Кривичниот ...

„После вчерашното интервју на Али Ахмети каде се мачеше да покаже дека знае македонски јазик, сакаме да го соопштиме следното: Mожеби е време за следната теза – ДУИ го пушта СДСМ низ вода и почнува кампања за да им се допадне на Левица и ВМРО-ДПМНЕ“ велат од Здружаната албанска опозиција во која се партиите Алтернатива и Демократско движење, како и Движењето БЕСА. „Дали заштитата на нелегално стекнатиот имот на првенците на ДУИ им е помил од ...

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага за 33 годишник од Арачиново за обид за убиство и за предизвикување општа опасност. Инцидентот се случил на 11 септември кога осомничениот со својот автомобил „Ленд ровер“ возел со голема брзина по плочникот на трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром. Двајца случајни минувачи вербално протестирале поради таквото негово однесување. Во моментот кога му укажале дека предизвикува опасност тој го ...

Вчера вечерта околу 21.40 часот на патниот правец А3 Битола-граничен премин „Меџитлија“ во близина на крстосница со пат за с.Породин кон Меџитлија, патничко моторно возило „рено клио“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.С.(42) од с.Кравари, битолско, излетало надвор од коловозот, информираа од министерството за внатрешни работи. Од здобиените повреди на лице место починал возачот И.С. Смртта била констатирана од лекар од итна ...

Сценариото за спас на експремиерот Груевски се дискутирало во политичките кругови потврди претседателот Стево Пендаровски. Во интервју за „Трилинг“ открива дека бил консултиран да го амнестира избеганиот Груевски, но не и од кого. Уверува дека не би го сторил тоа. „На едно неформално ниво од пред седум, осум месеци некои актери од политичката сцена ме консултираа околу таа можност, што мислам околу таа можност. Им реков децидно дека тоа не би го ...

Полициски службеници вршат пребарување по теренот во атарот на селото Лазарополе за пронаоѓање на повозрасен маж. Неговото исчезнување било пријавено попладнево околу 17:30 часот преку Е-112, број за итни повици. Од ЦУК ја потврдија информацијата која, како наведуваат, е дојдена од Регионалниот центар Тетово. Според првичните информации, се работи за Д.П., на возраст од 74 години, кој има дијагноза деменција и последен пат бил виден околу 13:30 ...

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) извести дека на нивниот телефонски број 112 е добена пријава за пожар во поранешната фабрика „ОХИС“. Според информациите на ЦУК опожарен бил оџак и дрвна маса во еден од објектите, а гасењето на пожарот од страна на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје бил во завршна фаза. -Нема информации за горење на какви било опасни материи. Вeднаш откако ќе биде изгаснат ќе имаме повеќе информации о колу ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
4.12
29%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
3.6
42%
1015
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
39%
1015
weather icon

Софија

28ᴼ / 26ᴼ
4.12
29%
1017
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
4.17
27%
1017
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 24ᴼ
1.03
73%
1016
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
6.17
45%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
45%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
1.54
24%
1012
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
3.09
37%
1019
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
2.06
35%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
9.26
65%
1017
Currency

61.54

Currency

52.5547

Currency

71.3135

Currency

34.3787

Currency

38.1702

Currency

65.2959

Currency

7.32516

Currency

0.66559

Currency

0.35881

Currency

0.52799

Currency

1.30132

Currency

0.60505