
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Нема оправдување да се погоди болница полна со цивили во Газа во која беа сместени стотици ранети лица, нагласи денеска претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред европратениците, додавајќи дека „треба да се утврдат сите факти“ за трагедијата. Говорејќи пред Европскиот парламент во Стразбур, претседателката рече дека експлозијата, при што загинаа најмалку 200, ја претворила болницата „Ал Ахли“ во Газа во ...
Земјотрес со јачина од 3,3 степени по Рихтер утринава бил почувствуван во епицентралното подрачје Тетово – Гостивар. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот се случил во 10 часот и 24 минути, со епицентар кој се наоѓа 35 километри западно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Тетово – Гостивар. Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторијата, земјотресот ...
Судот донесе решение за запирање на кривичната постапка за случајот за “Таргет-Тврдина” за обвинетите Горан Груевски, Сашо Мијалков, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Маријан Шумуликоски и Васил Исаковски за делата злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување поради настапено застарување. Со ова застаруваат кривичните дела за нелегалното прислушување за предметот, а во судница остануваат обвинетите што се опфатени со ...
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека и е потребен итен пристап до Појасот Газа за да достави помош и лекови, предупредувајќи на потенцијална долготрајна хуманитарна криза во палестинската енклава. Од канцеларијата на регионалниот директор на СЗО за Источен Медитеран, Ричард Бренан, беше соопштено дека претставници на таа агенција на ОН денеска ќе се сретнат со „луѓето кои носат одлуки“ со цел што поскоро да се овозможи ...
Тунелите под Газа се најпознати премини кои се користат за криумчарење на стоки од Египет и за подготовка и почнување на нападите врз Израел. Но, постои и друга подземна мрежа која израелските одбранбени сили ја нарекуваат „Метрото на Газа“. Станува збор за огромен лавиринт на тунели, на неколку километри под земја, кои наводно се користат за превоз на луѓе и производи, за складирање на ракети и муниција и за сместување на командни и контолни ...
На почетоков на денов почна сериозен пожар на отворено меѓу Лозово и Велес, каде што гори претежно квалитетна борова шума, велат од ЦУК. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, при координацијата за гаснење на пожарот, даде насоки за упатување на еден хеликоптер од МВР за гаснење на таа локација, после ангажманот и дејството врз пожарот кај село Кондово, Скопско. Ангелов информираше дека истовремено при координацијата ...
На пратеникот Антонио Милишоски и уште 9 обвинети во предметот “Moќник” им застаре гонењето за делото злоупотреба на службената положба но тој ќе остане во судница со татко му Милош Милошоски и екс градоначалникот на Македoнски Брод, Милосим Војнески затоа што одговаат и за делото измама. -Заради интерес на медиумите кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 2616/20 од познат како „Моќник“, ја информираме јавноста дека на денешната ...
Еден брачен пар не може да излезе од Газа, и владата прави напори да ги извлече од ризично подрачје, информираше Министерството за надворешни работи. Како што објаснуваат од МНР, овие луѓе се обидувале да излезат од Газа, каде во моментов има силно гранатирање од безбедносните израелски сили. Тие сакале да го искористат граничниот премин со Египет, но кога успеале да стигнат границата се затворила поради безбедносната состојба. Сепак во моментов ...
Внукот на долгогодишниот уредник на музичката програма на Радио Нови Сад, а денес туристички водич во Светата земја, Душан Михалек, е пронајден мртов, јавува српски N1. „Нема повеќе од нашето море (1999). Војската и социјалните служби дојдоа да ни кажат дека неговото тело е пронајдено. Нема повеќе надеж“, напиша Душан Михалек на својот Фејсбук. Михалек во саботата објави дека неговиот внук исчезнал во близина на границата со Газа. „Нашиот ...
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска пред пратениците рече дека МВР ја следи работата на Онкологија уште пред десет години и дека не е точно дека не презеле никакви мерки. Тој нагласи дека уште во 2012 година МВР поднело кривична пријава против тогашниот директор на клиниката, но дека до денеска Јавното обвинителство не презело никакви мерки. „МВР првпат реагира на 31.05 2012 година во основа на оперативни сознанија кои ги има ...
Израел воспостави целосна контрола врз границата со појасот газа. Хамас се закани дека ќе ги убие заложниците. Војната на блискиот исток од ден во ден добива се поголеми размери. По неколкудневни битки со милитантите на хамас, израелската војска конечно ги ослободи териториите долж границата со појасот Газа а во борбите загинале најмалку 1500 милитанти на Хамас. На границата се распоредени 35 баталјони во исчекување на голема копнена операција ...
Денеска започнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи на страницата вакцинација.мк. во кои спаѓаат лицата над 65 години, лицата со хронични заболувања, здравствените работници, бремените жени, како и децата на возраст од 6 месеци до 5 години. Како што се наведува, вакцинацијата планирано е да започне да се спроведува во втората половина на овој месец, а за терминот граѓаните ќе бидат известени преку СМС ...
Жената чие тело членовите на Хамас го ставиле на камион и парадирале со него е идентификувана, пишува Дејли Мејл. Наводно, станува збор за германската манекенка и тату-уметник Шана Лаул (30). Нејзиното семејство ја препознало по тетоважите и фризурата. Хамас тврдеше дека телото е на израелски војник, но семејството изјави дека дефинитивно тоа е телото на нивната ќерка Шани, борец за мир која присуствувала на музички фестивал во Израел. За ...
46-годишен битолчанец смртно настрада во сообраќјна несреќа што се случила вчеравечер. Во сообраќајката тешко повреден е и малолетник. Како што информира полицијата, на 06.10.2023 во 21.05 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Крушево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(46) од Битола, и патничко моторно возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, ...
Деветгодишно е девојчето кое било сексуално злоставувано во скопската населба Кисела Вода од страна на 81-годишен сосед, објави Обвинителството. Од обвинителството информираа дека девојчето се обратило до пензионерот за услуга како негов сосед. Тој потоа, ја повикал во својот дом во Кисела Вода и таму ја допирал по телото. Обвинителството бара притвор, поради постоење на опасност од бегство и можност да се повтори делото. МВР вчера објави дека ...
Утрово десетици ракети беа истрелани од Појасот Газа кон Израел. Службите за итни случаи велат дека во нападот загинале најмалку 22 лица. Исламистичката група Хамас ја презеде одговорноста за нападот. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја е во војна. Се шири снимка од уништен израелски тенк. Оваа очигледно исклучителнодобро организирана и координирана операција на милитантите од Хамас, во исто време претставува ...
Нобеловата награда за мир за 2023 година ќе ѝ биде доделена на активистката Наргес Мохамади за нејзината борба против угнетувањето на жените во Иран, но и за нејзината борба за човекови права и еднакви слободи за сите. „Доколку иранските власти донесат правилна одлука, ќе ја пуштат да присуствува на церемонијата на 10 декември, на што искрено се надеваме“, соопшти норвешкиот комитет. Иранската активистка и новинарка Наргес Мохамади, која ја ...
Во предградието на хрватскиот град Осиек во текот на ноќта избувна пожар од големи размери во фабрика во која се преработува пластика. Неколку илјади квадратни метри пластика, која се чува на отворено, гори, се вели во првиот извештај на припадниците на локалната цивилна заштита. Пожарот се уште не е локализиран, а сите расположливи противпожарни единици се на терен. Жителите на Осиек изутринава добија СМС предупредување да не остануваат на ...
Поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радоичиќ, кој ја презеде одговорноста за нападот на косовската полиција во Бањска, денеска е уапсен. Одреден му е 48-часовен притвор. „Полициски службеници на Управата за криминалистичка полиција извршија претрес во станот и другите простории на Милан Радоичиќ, кому му е одреден притвор од 48 часа“,соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија. Минатата недела Радоичиќ одговори на ...
Предлог-законот за амнестија е испратен во собраниска процедура без европско знаменце и не е правен за личности, туку за дела од помал обем, со цел за релаксирање на пренатрупаните капацитети во затворот Идризово и во другите сместувачки објекти во рамките на Управата за извршување на санкции, изјави премиерот Димитар Ковачевски. „Законот беше изработуван неколку месеци од страна на Министерството за правда и откако беше изработен беше испратен ...
Македонски увозник се обидел меѓу пријавена стока за царинење да криумчари стока во вкупна вредност од 473.632 денари. Меѓу непријавената стока се четири употребувани мотоцикли со вредност од 392.285 денари, како и брусалка, бор машина, гуми за крос мотори, гуми со алуминиумски бандажи, метален сеф, пневматски пиштол, скара и котури гумени црева во вредност од 81.347 денари, информираат од Царина. Обидот за криумчарење е откриен од страна на ...
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири изјави дека од денеска почнала доставата на учебниците за шесто одделение. До крајот на неделата, како што посочи, очекува сите учебници да се достават, а доколку се јави потреба, ќе побара од економскиот оператор доставата да продолжи и за викенд. – Ме радува фактот што денеска во делот на училиштата има достава на учебници за шесто одделение, која ќе продолжи тековно утре и до крајот на неделата. ...
Европскиот суд за човекови права донесе пресуда Д.Х. и други против Северна Македонија бр. 44033/17 со која утврди дека државата ги изложила сексуалните работници на нехуман и понижувачки третман додека биле лишени од слобода во полициска станица, оставени цела ноќ без храна, вода и пристап до тоалет. Исто така, Судот утврди повреда на правото на приватност поради објавата на фотографии од жртвите на веб-страна на Министерството за внатрешни ...
Доколку добиете електронска порака во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски која изгледа како судска покана, не наседнувајте бидејќи станува збор за измама во меѓународни рамки. Од МВР информираат дека деновиве имале пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во која во вид на наводна покана за суд, примачот на пораката се известува дека е ...
Терористички напад се случи денеска во Анкара, кога бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа во близина на Министерството за внатрешни работи. Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја објави дека „еден терорист се разнел, а другиот е неутрализиран“ во терористичкиот напад врз седиштето на турската национална полиција во главниот град Анкара. Јерликаја во објава на социјалните мрежи изјави дека „терористите“ со лесно комерцијално возило ...
Денеска од страна на СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка, против А.Д.(39) од Скопје, поради сомнение за сторени две кривични дела и тоа “Убиство” по чл.123 и “Тешки дела против општата сигурност” по чл.292 в.в чл.288 од Кривичниот законик и против И.Ц.(58) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело “Тешки дела против општата ...
Министерот за внатрешни работи смета дека непотребно е донесувањето на законот за амнестија. Неговата примена, според Спасовски, нема да ја промени состојбата со пренатрупаноста во затворите, а како што вели, не е ниту момент за амнестија. „Прво, не е соодветно ниту времето, ниту моментот на носење на Закон за амнестија. Второ, опфатот кој што е барем соопштен дека ќе опфати прилично мал број на лица, исто така нема да помогне во многу.Нема да ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави одржување на вонредни парламентарни и локални избори за 79 дена. Како што наведе, владејачката коалиција сака да и излезе во пресрет на опозицијата и да го исполни нивното барање за одржување избори, но и да се оди на избори заради народот, бидејќи е потребен „чист и јасен мандат во иднина“. – Рековме дека сакаме да ги исполниме барањата на опозицијата за избори, тоа е важен демократски дострел, ...
Рекордно ниво на дожд го преплави канализациониот систем во Њујорк во петокот, што резултираше со наплив од поплави низ улиците и во подрумите на згради, училишта, метрото и возилата низ најнаселениот град во САД. Како што пренесуваат американските медиуми, нивото на водата се зголемувало брзо и бесно, што било причина за загрозување на безбедноста на Њујорчаните во петочниот утрински шпиц. Рекордното ниво на дожд во еден ден е најголемо ...
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, ќе раководи со Анкетната комисија која ја формира Собранието, која ќе го истражува скандалот на Клиниката за онкологија. Денеска тоа ќе биде утврдено на седницата на Собраниска комисија за финансирање и буџет која е закажана во 11:30 часот. Тоа било договорено на координацијата со пратеничките групи од власта и од опозицијата. Потоа предлогот ќе биде доставен до Собранието, и се очекува да ...