Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) вчера информираа дека се прават анализи за решавање на состојбата со напукнатиот бетонски столб на мостот кај Стоби. Поради ситуацијата, железничкиот товарен сообраќај меѓу станиците Кукуричани и Градско е во прекин од вторникот, а патничкиот се одвива со „премостување“ – со автобуски превоз Покрај експерти и професори од Градежниот факултет, ангажирани биле и нуркачи за и под вода да се утврди состојбата ...

Првата група деца кои ќе се лекуваат во Обединетите Арапски Емирати синоќа пристигна на преминот Рафа со палестински амбулантни возила. Генералниот секретар на египетската Црвена полумесечина во северен Синај, Раед Абдел-Насер, рече дека болните деца биле на пат кон меѓународниот аеродром Ел Ариш, од каде ќе отпатуваат за Обединетите Арапски Емирати. Според директивата на претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед, 1. ...

На 17.11.2023, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при МВР во координација и заедничка акција со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(33) од село Чучер Сандево, скопско. При претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу ...

Утрово најстудено со измерени -7 степени Целзиусови е на Попова Шапка, додека со 8 степени најтопло е во Гевгелија. УХМР информира дека измерени се -2 степени во Лазарополе и Крушево, 1 во Берово, 2 степени во Крива Паланка, Претор и Прилеп, 3 степени во Охрид, Тетово, Дебар, Штип и Куманово, 4 Битола, Велес, Кавадарци и Виница, 5 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица и Демир Капија и 6 степени во Дојран. За изминатите 24 часа до 07 часот ...

Крст висок околу 15 метра е поставен на зимскиот рекреативен центар Попова Шапка, а според информациите истиот нема дозвола за градба. По поставувањето следуваа и политички реакции. ДУИ сака да го свика општинскиот совет, додека пак Алијанса за Албанците го осудува поставувањето на крстот на туристичко место на прагот на сезоната, бидејќи тоа претставува сосема непотребна провокација и поларизација. На ова реагираше и директорот на Центарот за ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм профилот „будуќностсрбијеав“ објави видео од ресторан каде заедно со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ ја отпеаја песната „Дајте вина, хочу лом“. Ковачевски, по свеченото отворање на Вториот меѓународен саем за вино заедно со Вучиќ и Милатовиќ дојдоа на вечера во ресторан во Белград. Според објавеното видео, атмосферата била опуштена, а високите ...

По изборот на осуммина судии во Апелациониот суд, четворица за кривична и четворица за граѓанска материја, Кривичниот суд побара од Судскиот совет судијката Александра Ристеска, која беше избрана за судија во повисокиот суд да го досуди предметот за Ласкарци кој се влече со години и сега е на самиот крај. -Основниот кривичен суд Скопје денеска се обрати до Судскиот совет на РСМ со барање судијата Александра Ристеска која, меѓу другото, постапува ...

Казна затвор од две години и три месеци пресуди судијката Марија Клетничка за 21. годишниот Шукри Зеќири од Скопје, кој на 12 октомври годинава, на булеварот „Никола Карев“, на делот познат како „Пластичарска“ во Скопје удри десетгодишно дете кое почина на лице место, а тој веднаш избега. „Согласно законот, предвидена е казна затвор од 1 до 5 години, па судот одредува казна од 2 години. Сторил уште едно дело, „неукажување помош на лице повредено ...

Железничкиот сообраќај на линијата Гевгелија – Велес, поточно помеѓу железничките станици Кукуричани – Градско, во близина на Стоби, е во целосен прекин од вчера во 15:25 часот. Но, патничкиот сообраќај сепак се одвива со премостување со автобуски превоз, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК) од каде додаваат дека од Скопје возовите ќе сообраќаат до Градско, додека од Гевгелија ќе сообраќаат од Криволак. Од железничките станици ...

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) денеска изјави дека организацијата изгубила контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал Шифа во Газа, откако израелските сили започнале „целна операција“ внатре во установата. „Извештаите за воениот упад во болницата Ал Шифа се длабоко загрижувачки“, напиша на социјалните мрежи генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. „Повторно изгубивме контакт со медицинскиот персонал во ...

Гордана Јанкулоска – екс министерката за внатрешни работи на Фејсбук со став за својот екс колега, Миле Јанакиески откако денеска беше објавено дека Европскиот суд за човекови права утврдил дека тој незаконски бил држен во притвор. „На денешен ден на Миле Јанакиески за првпат му беше определен притвор. Токму денес, после цели 5 години Европскиот суд за човекови права објави одлука со која утврдил дека постои повреда на правото на слобода на Миле ...

Хамас објави видео на киднапирана израелска војничка која чита порака. Израел го идентификуваше девојчето како Ноа Марчиано. Откако Хамас го објави видеото, израелската војска (ИДФ) потврди дека се работи за 19-годишнaта Ноа Марчијано. Девојчето било киднапирано за време на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и одведено во заробеништво во Газа, пренесува Дневник.хр. „Нашето срце е со семејството Марчијано, чија ќерка Ноа беше брутално ...

Укината е мерката куќен притвор за Драги Рашковски од Скопје и прифатена е гаранцијата како мерка за обезбедување на негово присуство во рамки на кривичната постапка што се води против него поради основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст. 3 на Кривичниот законик и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл. 273 ст. 1 на Кривичниот законик, соопштија утрово од ...

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрехесус, вели дека најголемата болница во Газа, Ал-Шифа, повеќе не е функционална откако последните три дена е без струја, вода и со многу слаба интернет врска. Тој ситуацијата со болницата ја нарече „страшна и опасна“. „Светот не може да остане нем додека болници, кои треба да бидат безбедни зони, се трансформирани во сцени на смрт, уништување и очај“, напиша Гебрехесус на ...

Бебето е приемно на Детската клиника во Скопје во исклучително тешка состојба, вели проф. д-р Аспасија Софијанова во Утринска на Телма, одговарајќи на прашањето што се случило со бебето кое почина на Детската клиника од сепса, а беше донесено од прилепската болница пред 1 недела. Софијанова објаснува дека кога се раѓа бебето, и има жолта боја, докторите секогаш претпоставуваат дека станува збор за бебешка жолтица, но кожата на бебето може да е ...

Дваесетгодишен очув кој е осомничен дека претепал седуммесечно бебе, само ден пред апсењето објавил слики од бебето на социјалните мрежи на кои се гледаат модринки на лицето на детето, пишува српски Курир, кој објави и фотографија од монструмот. Според пишувањето на српскиот медиум тој го претепал бебето додека ја праќал сопругата во продавница. Страшната вистина е откриена откако бебето било примено во болница со страшни повреди: фрактура на ...

Ахмед ал-Мохалалати – хирург во болницата Ал Шифа во Газа, изјави за „Ројтерс“ дека здравствената установа била под континуирано бомбардирање повеќе од 24 часа. Тој рече дека повеќето од болничкиот персонал и луѓето кои се засолниле таму си заминале, но дека останале 500 пациенти. Болницата Ал Шифа е најголемата болница во Газа. „Тоа е целосна воена зона. Сосема застрашувачка е атмосферата овде во болницата“, рече тој. Коментарите на хирургот ...

Владата неколку пати ги менувала одлуките поврзани со изградбата на хидроцентралата „Чебрен“, со што создала сложена ситуација и потенцијално голем проблем во иднина, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на државните електрани, Христијан Мицкоски во интервју за „Република“. Според него, целиот процес изобилува со многу пропусти, поставен е на лоша основа и воден е погрешно, поради што понатаму ќе има се повеќе пропусти. Во ...

Машинскиот и извршен персонал при Железници на РСМ Транспорт вчера попладне во 16 часот стапи во бојкот со целосен прекин на железничкиот собраќај поради неисплатени патни трошоци за минатиот месец, вели Тони Димовски, претставник на машинскиот извршниот персонал и претседател на Синдикат на машиновозачи во железничкото претпријатие. Димовски најави дека нема да сообраќаат и патничките и товарните возови, а првиот воз што нема да биде во ...

Министерот за одбрана Марио Баножиќ утрово доживеа сообраќајна несреќа во која едно лице загина. Министерот го управувал своето возило кое се судрило со комбе. Загинал возачот на комбето. Како што потврдија од полицијата, несреќата се случила во 06:15 часот на излезот од Винковци во правец кон Жупања. Марио Баножиќ е пренесен во болница“, изјавил од полицијата Фабијан Капулар, кој не знаел детали за здравствената состојба на министерот Баножиќ и ...

Тим хирурзи во Њујорк ја изврши првата трансплантација на цело око во светот. Процедурата нашироко е поздравена како медицински напредок, иако сè уште е неизвесно дали човекот ќе прогледа преку донираното око. Револуционерната операција вклучуваше отстранување на дел од лицето и целото лево око, заедно со крвните садови и нервите и нивно пресадување во главата на еден работник од Арканзас кој преживеал електричен удар во јуни 2021 година. ...

Израелската армија во петокот објави дека пресретнала ракети истрелани на израелска територија и дека ја нападнала Сирија откако се урна беспилотно летало во јужното летувалиште Еилат. „Дрон падна врз училиште во Еилат во четвртокот, нема повредени, а како одговор израелската армија „ја погоди организацијата што го изврши нападот“ од Сирија“, соопштено е на мрежата Х, пренесува Франс прес. Името на организацијата не беше спомнато, ниту од каде е ...

Вчера, во 18.30 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода е лишена од слобода 17-годишна малолетничка, кај која при преглед во ученички ранец, извршен во двор на основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, пронајдена е и одземена марихуана, извести МВР. „Во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетничка деликвенција со неа е извршен службен разговор во полициска станица, во која таа го појаснила ...

Спасувачка акција и трагедија се случија во селото Требеништа дел од општина Дебрца, близу Охрид. Гореше куќа, во која имало три лица. Од противпожарната единица Охрид кажаа дека биле спасени две лица, а едно било пронајдено починато. „Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид во раните утрински часови интервенираше на опожарен индивидуален објект во распламтена фаза , во с.Требеништа – Општина Дебарца.При самата интервенција ...

генцијата за управување со одземен имот информира дека со објавата за продажба на четири недвижности, а со претходно донесена Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, продолжува враќањето на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Станува збор, како што истакнуваат надлежните, за три стана кои што се наоѓаат на ул. Славејко Арсов, еден од 78м2, два од 73м2 и ...

Загриженост во врска со политичката поларизација, посебно во делот на реформите, прекумерна, а некогаш и непотребна употреба на ЕУ знаменцето, не е забележан напредок во делот на владеење на правото. Ова се дел од забелешките што ги изнесе евроамбасадорот Дејвид Гир на денешната прес-конференција по вчерашното објавување на извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на македонските евроинтегративни процеси. „Има злоупотреба на ЕУ ...

Музејот кој викендов беше отворен во селото Сопот го одбележува убиството на 60-мина селани во 1944 година. Беше погрешно претставен како музеј на УЧК, истакна денеска министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ Бујар Османи. На новинарски прашања по прес-конференцијата со заменик-помошникот генерален секретар за политички прашања и безбедносна политика на НАТО Хавиер Коломина, тој одговори дека лидерот на партијата Али Ахмети бил како ...

Дивото месо го уништува здравството во Македонија. Тоа е канцер мафијата која на сметка на животите на најтешките пациенти, правела милионски бизниси на клиниката за Онкологија. Свесно бил допуштан башибозлук на оваа институција со цел некој да се богати, да се краде на ангро, а граѓаните да бидат оставани без својата терапија и без термини за лекување, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ. „Прво, КАТО системот кој бил набавен во 2016-та требало да ја следи ...

Денес православната македонска црква и верниците го слават големиот христијански празник Светиот великомаченик Димитриј, или познат како празникот Митровден. Денес именден слават сите оние кои го носат името Димитар, како и неговите изведени верзии Мите, Митре, Митко… Луѓето кои го носат ова име се верува дека се упорни, истрајни, но и малку тврдоглави. Со денешниот празник Митровден се поврзани многу обичаи и верувања. Oвој славен и чудотворен ...

Во Луганск е убиен член на Народниот совет на ЛНР, полковник Михаил Филипоненко. Тој бил убиен кога во неговиот автомобил била активирана експлозивна направа. Јуриј Јуров, заменик на Филипоненко, изјави дека експлозијата се случила нешто пред 10 часот по локално време. Јуров рече и дека некој се обидел да го убие неговиот колега минатата година. „Во февруари 2022 година веќе имаше обид за убиство на Филипоненко. Автомобил паркиран во близина на ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
6.17
26%
1020
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
0.89
42%
1022
weather icon

Загреб

26ᴼ / 23ᴼ
2.57
33%
1024
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
43%
1021
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.21
40%
1021
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
0.89
45%
1024
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
7.2
49%
1015
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
30%
1016
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
6.69
19%
1018
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
2.57
31%
1019
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
2.57
33%
1024
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
8.75
36%
1017
Currency

61.53

Currency

53.3801

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60