Реал Мадрид одигра две контрастни полувремиња во финалето во Севилја и успеа да го извлече најдоброто од себе во вториот дел, па мора да се напомене дека „кралевите“ беа блиску и до победа и трофеј во самата завршница од финалето. Килијан Мбапе и Орелијан Чуамени го свртија мечот во корист на Барселона и целосно го неутрализираа погодокот од Педри, но кога се чинеше дека Реал е тој кој ја контролира ситуацијата на теренот, следеше една добра ...

„Ел Класико“ финалето во Копа дел Реј донесе неверојатна драма и тензија до самата завршница, а откако немаше победник по 90 минути игра, како клучна се покажа грешната проценка на Брахим Дијаз, односно одличната реализација на Жил Кунде за конечни 3:2. Барселона доби уште една голема пресметка со својот најголем ривал оваа сезона и се закити со нов трофеј во Купот, но откако го постигна голот за 3:2, мораше со големи сили да се брани во својата ...

Париз на македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс испиша нова страница во својата клупска историја и тоа со освоениот трофеј во Купот на Франција. Избраниците на Сплитер одлично се снајдоа и во големото финале го совладаа тимот на Ле Ман со 91:80. Евролигашот беше подобар во три од четирите четвртини и сосема заслужно дојде до пехарот, титула број еден во ова натпреварување. Шортс беше скромен напаѓачки и уфрли само 7 поени на кои додаде 2 ...

Карлос Алкарас заедно со Јаник Синер се две имиња кои реално треба да го носат светскиот тенис во наредните 10-15 години, односно да помогнат заедно со уште некои асови да го задржат белиот спорт на високо ниво. Шпанецот тргна појако од Синер, но како што минува времето Италијанецот е се поконстантен, подобар и останува да се види како ќе се движи нивната битка и воедно кариера. Алкарас знае да покаже слабости, односно кога оди да лета, ама и ...

Последната минута од регуларното време во Копа дел Реј финалето меѓу Барселона и Реал Мадрид донесе голема драма, во која главниот судија поништи досуден пенал за Каталонците, па натпреварот продолжи со дополнителни триесет минути. Контроверзниот момент се случи на истекот на судиското надополнување и по стартот на Асенсио над Рафиња, по кој главниот судија покажа на белата точка. По долга ВАР проверка, судијата беше повикан да ја прегледа ...

Барселона ја доби големата драма во Куп финалето во Севилја, победувајќи го Реал Мадрид со 3:2, во натпревар на кој се играше продолжение од триесет минути. Возбудувањата во Севилја започнаа со доминација на Барселона, која имаше повеќе од играта, а во 28. минута поведе со голот на Педри. Шпанскиот репрезентативец погоди атрактивно и Куртоа не можеше да стори нешто повеќе за да спречи водство на противникот, а во продолжение Барса имаше уште ...

Манчестер Јунајтед утре му гостува на Борнмут во Премиер лигата, а менаџерот Рубен Аморим им потврдил на новинарите дека се соочува со уште еден проблем поврзан со повредите во тимот. Во сезоната во која „црвените ѓаволи“ имаат многу проблеми со принудни паузи на голем број ѕвезди, наредниот период недостапен за својот менаџер ќе биде Диого Далот. Далот беше еден од фудбалерите со најмногу настапи во текот на сезоната, но сега дефинитивно е аут ...

Барселона поведе против Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Куп, а тоа го направи на атрактивен начин со погодок на Педри. Акцијата на Каталонците заврши со точно додавање на Ламин Јамал кон Педри, кој со убав удар успеа атрактивно да го совлада Куртоа и да го остави без можност за реакција. Барса има поголем посед на топката и почесто се закануваше кон противничкиот гол, во финишот на првиот дел го погоди и дирекот, а Реал ќе добиеше пенал во ...

Кошаркарите на Кливленд испорачаа нова лекција за составот на Мајами (87:124), овојпат на гостински терен и веќе се на чекор до пласман во следната рунда на НБА плејофот. Гостите имаа плус 20 уште на полувреме, а во продолжението успеаја и да ја зголемат таа предност, за целосно да го „уништат“ Мајами, кој немаше никаков одговор за разиграниот противник. Ален со 22 и Хантер со 21 поен беа најефикасни во победничката екипа, во чии редови имаше ...

Астон Вила денеска го загуби полуфиналето во ФА купот и остана без можност да се бори за престижниот трофеј, но до крајот на сезоната има императив да обезбеди уште една сезона во Лигата на шампионите. Избраниците на Унај Емери денеска не се снајдоа најдобро против Кристал Палас и загубија со убедливи 3:0, со што нема да бидат дел од големото финале на „Вембли“, а шпанскиот стручњак по натпреварот им открил на новинарите уште една лоша вест за ...

Ракометарите на Вардар денеска остварија и втора победа на турнирот кој се играше во Битола и на тој начин го обезбедија првиот билет за место на Фајнал-фор завршницата на македонскиот ракометен Куп. По триумфот против Бутел, вечерва Вардар оствари победа и против домаќинот Еурофарм Пелистер 2 (28:25), па избори место на завршницата од оваа група чии натпревари се играа во Битола. Скопскиот тим уште на полувреме водеше со 18:9, па вториот тим на ...

Астон Вила ја имаше улогата на фаворит во денешното полуфинале на ФА купот, но Кристал Палас одигра со маестрален настап и донесе голема радост (3:0) за своите фанови на „Вембли“. Убедливата победа е заслужен епилог на натпреварот на кој Палас успеа да го неутрализира незгодниот ривал и да го исфрустрира Унај Емери, а триумфот беше најавен со голот на Езе во 31. минута. Матета не реализираше пенал во 54. минута, но само четири минути подоцна Сар ...

Ханси Флик очекувано не приреди некое поголемо изненадување со стартниот состав за големото дерби со Реал Мадрид во финалето на Копа дел Реј, а се потврдија и најавите кој ќе биде замена за повредениот Роберт Левандовски. Феран Торес и досега настапуваше како „деветка“ и се снајде добро на неколку натпревари, па таа улога ќе ја има и на вечерашното „Ел Класико“, при што во нападот друштво ќе му прават Јамал и Рафиња. Дани Олмо е стартер во ...

Македонскиот интернационалец Димитар Митровски уште еднаш беше клучен играч за Вараждин, овозможувајќи му пресврт на својот тим на важната пресметка со Локомотива. Гостите од Загреб имаа водство на средбата од хрватското фудбалско првенство, поведоа од пенал и имаа таква предност до 61. минута, но тогаш на сцена стапи Македонецот. Митровски погоди директно од слободен удар од поголема далечина и на тој начин го најави пресвртот, кој беше ...

Реал Мадрид и Барселона вечерва ќе се соочат во битката за трофејот во шпанскиот фудбалски Куп, а Карло Анчелоти ја продолжи традицијата да го објави составот многу порано од предвиденото. Италијанскиот стручњак ги објави стартните единаесет за „Ел Класико“ кое ќе се игра во Севилја, а главна вест е дека го нема Килијан Мбапе, кој очигледно се уште не е целосно подготвен, но ќе биде на клупата за резервни фудбалери. Куртоа очекувано е на голот, ...

Новак Ѓоковиќ претрпе нов тежок удар во обидот да се врати во посакувана и препознатлива форма, бидејќи претрпе трет пораз во низа од тенисер кој е далеку послабо рангиран од него. Србинот на трет голем Мастерс турнир оваа сезона претпре елиминација уште на првиот меч, а овојпат во улога на негов „џелат“ се покажа Матео Арналди кој го одигра најдобриот меч во својата кариера. Италијанецот кој е 44-ти на АТП листата режираше ново непријатно ...

Баерн Минхен без проблеми се справи со предизвикот наречен Мајнц и направи огромен исчекор кон титулата, иако остана без шанси да ја прославува истата уште ова попладне. Такво сценарио беше возможно ако Баер Леверкузен кикснеше на средбата против Аугзбург, но откако „фармацевтите“ победија со 2:0, стана јасно дека шампионското славје на баварците се одложува барем за една недела. Баерн во следното 32-ро коло ќе игра против Лајпциг на гостински ...

Екипата на Феникс 2000 очигледно е недорасната да се надигрува со актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје, кој сега е на добар пат експресно да ја заврши четвртфиналната серија во плејофот. По уверливата победа на првиот меч, МЗТ многу лесно го одбрани домашниот терен и денеска и оствари уште поубедлива победа, овојпат изразена со 32 поени разлика. Шампионот доминираше од почеток до крај и јасно стави до знаење дека планира да ја заврши оваа ...

Македонската експедиција ова утро замина за Варна каде нашите легенди утре ќе одиграат хуманитарен натпревар против тим составен од легендарни играчи на Бугарија, земја која се обврза да биде домаќин на еден настан чија цел е великодушна. Сите собрани средства од натпреварот ќе бидат наменети за тешко погодените семејства од големата трагедија во Кочани, а ова ќе биде втор ваков обид да се покаже фудбалската хуманост на дело, бидејќи претходно ...

Најновата 26-та рунда во Втората македонска фудбалска лига донесе помалку неочекувани резултати, бидејќи ниту еден од четирите тима кои се борат за влез во елитата не успеа да забележи победа и да освои три бода. Дербито во Штип меѓу Брегалница и Македонија Ѓорче Петров донесе претпазлив фудбал без преземање на голем ризик од страна на актерите на теренот, па на крајот конечните 0:0 се најреален исход од она што се случуваше на теренот. Тврдиот ...

Еди Хау се врати на клупата на Њукасл откако преживеа навистина непријатен период во изминатите две седмици, но откако успеа да излезе како победник во битката со тешката пневмонија, менаџерот на „страчките“ денеска беше топло пречекан на „Ст.Џејмс парк“. Хау беше поздравен од навивачите на Њукасл кои се израдуваа на неговото присуство, но што е уште поважно за него, фудбалерите се погрижија да има навистина мирно и пријатно попладне. Њукасл е ...

Вардар веќе некое време не размислува на борбата за опстанок и авторитативно заплови во „мирни води“, а со денешната победа остварена над Беса успеа да го мине и Шкупи на првенствената табела. „Црвено-црните“ значително се засилија во текот на зимскиот преоден рок и тоа донесе огромен резултат, па така сега тимот на Гоце Седлоско ќе се бори за титулата во Купот, но и ќе атакува на што е можно поголем број на бодови до крајот на сезоната. Вардар ...

Новак Ѓоковиќ дефинитивно не е во посакувана форма и не може да пронајде континуитет во својата игра, нешто што го покажа и во првиот свој настап на Мастерсот во Мадрид. По раните елиминации на Мастерсите од серијата 1000 во Индијан Велс и Монте Карло, Ноле ќе продолжи да го бара вистинскиот ритам и по Мастерсот во Мадрид, каде денеска беше елиминиран во воведната рунда. Србинот сигурно не памети кога последен пат бил елиминиран во воведното ...

Баерн Минхен си ја одработи задачата и оствари сигурна и убедлива победа на домашен терен над Мајнц, но триумфот кој го оствари и Баер Леверкузен значеше одложување на шампионското славје на „Алијанц арена“. Баварците имаа можност да станат нови национални шампиони уште ова попладне, но „фармацевтите“ успеаја да слават над Аугзбург со резултат 2:0 и со тоа ја оставија на почек титулата на главниот конкурент. На три кола пред крајот, Баерн ...

Селтик го декласираше Данди Јунајтед со 0:5 и математички ја обезбеди четвртата титула во низа во домашното првенство, или вкупно 55-та во своето постоење што всушност е израмнување на рекордот кој досега го држеше лутиот ривал Ренџерс. Великаниот од Глазгов веќе извесно време беше единствен вистински кандидат за трофејот во домашното првенство, но ова попладне стана јасно дека не може да биде загрозен и во некое најлудо сценарио. Високиот ...

Новак Ѓоковиќ дефинитивно не е во посакувана форма и не може да пронајде континуитет во својата игра, нешто што го покажа и во првиот свој настап на Мастерсот во Мадрид. По раните елиминации на Мастерсите од серијата 1000 во Индијан Велс и Монте Карло, Ноле ќе продолжи да го бара вистинскиот ритам и по Мастерсот во Мадрид, каде денеска беше елиминиран во воведната рунда. Србинот сигурно не памети кога последен пат бил елиминиран во воведното ...

Реал Мадрид изврши притисок врз судиите кои се делегирани за денешото финале во Копа дел Реј и се закани дека нема да излезе на терен доколку не бидат променети, а откако целиот заплет наиде на остра реакција од Ла Лига и Федерацијата, „кралевите“ попуштија и доцна во ноќта најавија дека сепак ќе играат против Барселона. Вчерашниот ден беше навистина тензичен и несекојдневен во Шпанија и го доведе во прашање еден од најважните натпревари оваа ...

Вардар остана во Битола по големата дерби победа која ја оствари над Еурофарм Пелистер, бидејќи неполни 48 часа подоцна, скопјани повторно излегоа на терен. Салата „Боро Чурлевски“ е домаќин на турнирот во групата 3 во Купот на Македонија, а возбудувањата стартуваа со натпреварот меѓу Вардар и Бутел. Фаворитот не беше свеж и се чувствуваше заморот од тешката победа извојувана над големиот ривал пред два дена, па мораше да прави напор за победа и ...

Џани Инфантино како претседател на ФИФА беше дел од церемонијата која се одржа во чест на Папата Франциск, духовниот лидер кој денеска беше погребан во Рим со сите почести и традиции спореди римокатоличката црква. Како голем фан на фудбалот, Папата Франциск остави голема трага и со своите гостувања на разни настани, а со цел да му се исполни желбата која ја имал при крајот на неговиот живот, сега Инфантино најави натпревар на големи фудбалски ...

По двете реми средби, Челси сега врза и две победи во низа во Премиер лигата, а со тоа јасно стави до знаење дека докрај планира да води битка за пласман во Лигата на шампиони. Тимот на Енцо Мареска имаше императив да освои три бода ова попладне на „Стемфорд Бриџ“, нешто што успеа да го направи благодарение на една пресечена топка на средината на теренот, која потоа дојде до Џексон кој погоди за 1:0. Напаѓачот на Челси одлично биеше по додавање ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
38%
1022
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
58%
1022
weather icon

Загреб

19ᴼ / 16ᴼ
0.0
64%
1022
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
63%
1024
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.09
49%
1022
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
1.03
63%
1023
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
6.17
38%
1018
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
0.0
49%
1019
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
5.14
29%
1020
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
3.09
52%
1020
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.34
47%
1021
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
7.72
46%
1020
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62