
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Кливленд е втората екипа која обезбеди пласман во следната рунда на НБА плејофот, погрижувајќи се за „метла“ третман во серијата со Мајами. Кавалирс утринава стигнаа до втора гостинска победа и тоа со резултат 83:138, прегазувајќи ги „жешките“ на Флорида и обезбедувајќи си неколку плејоф рекорди. Разликата од 55 поени е најголема која некоја екипа ја изборила во плејоф натпревар, а Кливленд постави рекорд и во однос на разликата на последните ...
Луис Енрике нема баш идиличен однос со француските новинари и постојано им наоѓа забелешки поради фактот што ги потенцираат само негативните работи, дури и во ситуација кога неговиот тим игра полуфинале во Лигата на шампиони. Поразот од 1:3 во дуелот со Ница беше лоша подготовка за мечот со Арсенал во Северен Лондон и Лучо доби критики за начинот на кој го постави тимот, но шпанскиот стручњак воопшто не е вознемирен од таквиот став на ...
Ливерпул во неделата ја прослави јубилејната 20-та титула во Премиер лигата и уште пред натпреварот се беше подготвено за шампионска фешта на „Енфилд Роуд“, но истовремено и надвор од стадионот со оглед на тоа што огромен број на фанови не успеаја да влезат на трибините. Избраниците на Арне Слот си ја завршија својата работа и со победа од 5:1 го заверија 20-от трофеј во англиската елита, па иако титулата донесе многу емоции и уникатна изведа на ...
Барселона дојде до вториот трофеј во оваа сезона и одново во битка против најголемиот ривал Реал Мадрид. Каталонците за разлика од Супер Купот каде што доминираа, овојпат имаа далеку постабилен ривал на другата страна, ривал кој во второто полувреме притисна и го сврте резултатот, но потоа избраниците на Флик стапија на сцена прво израмнувајќи преку Торес за да потоа во второто продолжение Кунде донесе радост и пехар за составот од „Камп Ноу“. ...
Ливерпул и официјално е нов англиски шампион, наследник на тронот на Манчестер Сити. Со победата над Тотенхем од 5-1, клубот од „Енфилд Роуд“ беше потврден како најдобра екипа во Премиер лигата за натпреварувачката 2024/2025. Ова за „црвените“ е 20 лигашки триумф со што сега се израмнети на врвот со лутиот ривал Манчестер Јунајтед. Овој успех дефинитивно многу им значи на луѓето кои го сакаат Ливерпул, а меѓу нив дефинитивно е Јирген Клоп кој со ...
Лацио со доста мака успеа да се спаси од пораз против Парма на вечерашниот меч на „Олимпико“, меч на кој ја имаше улогата на фаворит. Домаќинитеа беа двапати матирани од Ондрејка и губеа со 2-0 до 79 минута кога на сцеа стапи ветеранот Педро Родригез. Искусниот Шпанец влезе во игра во 57 минута и потврди дека се уште е класа иако летово ќе го прослави 38 роденден. Прво реализираше во 79 минута, а потоа и 84 со глава за конечни 2-2. Ова реми го ...
Карло Анчелоти ќе го заврши вториот мандат на кормилото на Реал Мадрид по крајот на оваа сезона, но трофејниот Италијанец нема да остане без работа и веќе е подготвен теренот за новиот негов ангажман. Имено останува дон Карло да го одработи првенствениот дел со „кралевите“ и да се обиде да направи пресврт во борбата за титула, ама и тоа да се случи тој ќе си замине од „Бернабеу“. Неговиот следен ангажман ќе биде како селектор и тоа како ...
Тимот на Струмица 47&72 издвојува победа над Штип УГД и во вториот меч во финалната серија во одбојкарскиот шампионат. Вистинска борба и драма донесе соочувањето во салата „Парк“, се играа пет сета во кои решеваа нијанси, грешки, моменти на инспирација кои беа на страната на актуелниот првак. Струмичани триумфираа со 25:11, 19:25, 25:22, 13:25, 15:13 и сега се на само еден чекор од одбрана на пехарот. Најефикасни играчи кај победникот беа ...
Македонската тенисерка, Магдалена Стоилковска не успеа да избори место во главниот дел на ИТФ фјучерсот во Грузија. Во финалето во квалификациите таа претрпе пораз од Дарја Сувирџонкова од Србија со 2-1 во сетови. Се водеше жестока борба која траеше два ипол часа и по која Дарја излезе како победник со 4-6 6-2 6-1. На овој турнир активна ќе биде Лина Ѓорческа која ја има улогата на четврта носителка и во првата рунда ќе игра против Зозија ...
Масимо Морати е дел од историјата на Интер, човек кој долго време беше прв човек на клубот, човек кој вложи огромни финансиски средства клубот да биде на врвот или први самиот врв како во Италија така и во Европа. Интер е клубот на неговиот живот и секако дека посакува истиот да биде успешен, да освојува титули, но останува да се види што ќе се случи до крајот на оваа тековна сезона. Клубот од Милано „до вчера“ беше во игра за тројната круна, ...
Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во младинската Лига на шампиони. Каталонците во завршниот меч во Нион му одржаа лекција на турскиот претставник Трабзонспор победувајќи го убедливо со 4-1. Шпанците беа фаворити на ова соочување и тоа го потврдија на теренот каде веќе по 18 минути водеа со 2-0 со головите на Диара и Куенка. До крајот на првиот дел им беше поништен уште еден гол за да во второто полувреме Алба и Диара со вториот ...
Ливерпул е најдобриот англиски тим во оваа сезона во која во неделата официјално беше крунисан во шампион со убедливиот триумф над Тотенхем од 5-1. Ова за „црвените“ е 20-лигашка титула со што се израмни со Манчестер Јунајтед на вечната листа. Арне Слот одлично се снајде во својата прва сезона во ПЛ и направи резултат со кој го испиша своето име во историјата на клубот, но Холанѓанецот сигурно нема да сака тука да застане и првата задача за ...
Поранешниот македонски репрезентативец, Илија Несторовски продолжува да стрела во првата хрватска лига, шампионат каде нова жртва беше составот на Истра. Истра во претходните две кола ги победи Хајдук и Ријека, два тима кои се борат за пехарот во ХНЛ, но денеска освои само бод против Славен Белупо. За тоа е „виновен“ Несторовски кој реализираше во 29 минута за 1-1, резултат кој на крајот се покажа како конечен на ова соочување. Прилепчанецот ...
Македонската сениорска ракометна репрезентација ја очекуваат двата завршни меча од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2026 година, натпревари против Литванија и Естонија кои ги играме во Скопје и Талин. Селекторот Кирил Лазаров денеска го објави поширокиот список на играчи, листа на која се најдоа дури 35 ракометари од кои најголемиот дел се од нашите домашни клубови. Имаме само петмина интернационалци и тоа Филип Талевски од ...
Новата рунда од Првата македонска фудбалска лига беше одбележана од потегот на Гостивар кој одлучи да не го доигра натпреварот со Работнички. Домаќините први го отворија резултатот, „романтичарите“ потоа направија пресврт и поведоа со 2-1 по што гостиварци се решија за еден непопуларен потег за кој сигурно ќе бидат санкционирани. Од клубот прстот го вперија кон судијата Игор Стојчевски, но нивните протести не неосновани и за тоа говори анализата ...
Ракометниот клуб Вардар 1961 сака на највисоко ниво да ја заврши тековнава сезона во двете конкуренции, но во исто време влече потези со кои јасно покажува дека размислува за иднината со формирање на ростерот за натпреварувачката 2025/2026. „Црвено-црните“ ги потврдија потписите на Махамаду Кеита, Марек Марцинијак, Милош Валах и Виктор Јанковски, а од денес на таа листа е и Кристијан Анастасовски. Анастасовски е кружен напаѓач, дете на Вардар ...
Ракометниот клуб Вардар 1961 сака на највисоко ниво да ја заврши тековнава сезона во двете конкуренции, но во исто време влече потези со кои јасно покажува дека размислува за иднината со формирање на ростерот за натпреварувачката 2025/2026. „Црвено-црните“ ги потврдија потписите на Махамаду Кеита, Марек Марцинијак, Милош Валах и Виктор Јанковски, а од денес на таа листа е и Кристијан Анастасовски. Анастасовски е кружен напаѓач, дете на Вардар ...
Интересно беше на новите натпревари во плејофот во НБА лигата каде до победи стигнаа екипите на Индијана Пејсерс, Минесота Тимбервулвс, Бостон Селтикс и Њујорк Никс. Сите овие екипи водат со 3-1 во нивните серии и се на чекор од пласман во полуфиналињата во источната и западната конференција. Десет моменти се најдоа во фокусот на НБА, но само еден е број еден и ја предводи најновата листа и тоа е потегот на центарот на Пејсерс, Тарнер кој имаше ...
Составот на Алкалоид успеа да излезе како победник од полуфиналниот двомеч со Рунар Сандефјорд и ќе игра во финалето на Европскиот Куп на ЕХФ. Македонскиот прволигаш успеа да ја добие драмата која кулминираше во Норвешка и во која Алкалоид преку пенали се избори за историја, испишување на нова страница во клупската историја. -Горд сум на тимот за тоа како ги одигра овие два натпревари со сериозно квалитетен противник. Во отсуство на нашите ...
Тимот на КМФ Форца ја доби битката со КМФ Осогово и го освои футсал Купот на Македонија. Во финалето кое се одигра во салата „25-ти мај” во Радовиш, екипата на Форца беше поуспешна во пресметката во која паднаа девет гола со 5:4. Стрелци за победникот беа Јасир Зекири, Тауљант Исмаили и Артан Јунузи, а двапати во листата на стрелци се запиша Зоран Левески. Со ова Форца ја потврди доминацијата во оваа сезона затоа што претходно убедливо го освои ...
Кенан Јилдиз прерасна во недопирлив стартер на Јувентус под водство на Игор Тудор, но во ситуација кога почна да прави разлика на теренот, младиот Турчин вчера режираше потег кој го стави во центарот на вниманието. При водство од 2:0 против Монца, Јилдиз реагираше со непотребна агресија и му удри лакт на Алесандро Бјанко, а откако сето тоа беше уловено од ВАР камерите, младиот Кенан заработи директен црвен картон. Поради прикажана агресија, ...
ФИДЕ мајсторите Љубиша Андоновски и Љубомир Илиќ се најдоа на врвот од табелата по одиграниот Велигденски шаховски турнир за ветерани, кој се играше со забрзано рапид темпо од 15 минути за играч плус 10 секунди за потег. Андоновски и Илиќ имаа по 5,5 поени од 7 партии, при што според пропозициите првото место му припадна на ФМ Љубиша Андоновски кој имаше подобар „тај брејк“ параметри, но истовремено беше подобар и во меѓусебниот дуел, кога во 4. ...
Европскиот младински олимписки фестивал кој ќе се одржи во Скопје и Куманово од 19-ти до 26-ти јули е навистина голем и комплексен спортски настан, па токму поради тоа, во целата организација се вклучени огромен број на луѓе. Предвидувањата се дека Скопје и Куманово ќе бидат домаќини на повеќе од 4000 илјади спортисти од речиси 50 европски земји, а за се да мине во најдобар ред, потребна е навистина д0бра подготовка, но и сложна работа од сите ...
Видеолотарија Казинос Австрија испрати соопштение до медиумите дека е доделена највредната добивка „Супер-Милионер“ џекпот, а истата ја освоил играч од Охрид. – На сигналот за СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот се радуваше ВЛТ играч од Охрид. Тој на 23.04.2025 го освои најпосакуваниот џекпот вреден фантастични 6.787.199 денари,-се наведува во соопштението. Добивката е освоена кај деловниот соработник на ВЛТ, компанијата „Моцарт“ која има своја филијала во ...
Антонио Ридигер е пред суспензија од шпанската Федерација поради моментот на помрачување кое го имаше за време на финалето во Копа дел Реј, испад и дивеење поради кое во најмала рака ќе добие казна од четири натпревари. Според протоколот во Шпанија, за такви испади се добиваат суспензии од 4 до 12 меча, но бидејќи станува збор за агресивен испад и директен напад на главниот судија, се очекува да бидат преземени најостри мерки. Ридигер се извини ...
Арне Слот стана првиот холандски тренер кој ја освои титулата во Премиер лигата, а за сатисфкацијата да биде уште поголема, тоа го направи во својот прв обид во Англија. Менаџерот на кој многумина му предвидуваа црно сценарио откако го наследи Јирген Клоп успеа да им ја затне устата на познати аналитичари и фудбалски експерти, но мора да се напомене дека истото важи и за голем број навивачи на Ливерпул. Слот немаше баш топло добредојде во ...
Лос Анџелес Лејкерс претрпе тежок пораз на гостувањето во Минеоста и сега губи во серијата со 3:1, и тоа во ситуација кога изгледаше дека „езерџиите“ се блиску до брејк и израмнување на 2:2. Гостите водеа со „+12“ на крајот на третата четвртина, на стартот на последната водеа со плус десет, но влегоа во криза во најлош период и резултатот се кршеше во последната минута. Минесота направи пресврт и поведе со 114:113, но во следните две акции, ...
Жоан Лапорта се израдува на уште една победа на Барселона во финале против Реал Мадрид, овојпат во финалето на Копа дел Реј кое во саботата се одигра во Севилја. Во еден драматичен и епски „Ел Класико“ дуел, каталонците излегоа како победници после дополнителни 30 минути игра, а победата од 3:2 посебно еуфорично се славеше и поради увертирата на финалето. Реал Мадрид како клуб ги бојкотираше сите случувања пред натпреварот и се закани дека нема ...
Топ 5 лигите во Европа полека добиваат своја разрешница и Ливерпул вчера стана вториот сигурен национален шампион после ПСЖ, но во меѓувреме, фановите со огромно нетрпение го чекаат и она што следи, односно полуфиналната разврска во Лигата на шампиони. Најелитниот европски фудбал продолжува оваа недела со првите полуфинални пресметки во Лондон и Барселона, а пред да дојдат на ред најавите од самите актери на двата натпревари, Опта ја стави во ...
Видеолотарија Казинос Австрија и оваа година го поддржува македонскиот возач Игор Стефановски – Иџе во новата кампања која предвидува настап во Европското првенство на ридски патеки, при што компанијата испрати соопштение до медиумите за освоено трето место во Австрија. – Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе изминатиов викенд во новиот ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), ја возеше втората трка во Австрија. Легендарната патеката ...