Алаксандар Зверев излезе како победник во интересниот дуел со Давидович Фокина и најде решение за Шпанецот па два одиграни тајбрејка, но пред да направи пресврт, Германецот доби и јавна опомена од главниот судија Лајани. Поради една сомнителна топка, Зверев бараше од главниот судија да се симне на теренот и да ја провери трагата од топчето, но бидејќи веќе некое време се користи „соколово око“ во замена за линиски судии, одлуката не може да се ...

Денеска, беше претставен комплетно реновираниот и опремен оддел за висцерална и абдоминална хирургија, на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, во вредност од околу 4 милиони денари – донација на компанијата „Спорт Лаиф обложувалници“. Проектот започна во 2024 година и опфати целосна обнова на внатрешноста и модернизација на електричните и санитарните инсталации на одделот. Оваа година, „Спорт Лаиф“ обезбеди ...

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“ продолжува со своите активности во Гевгелија. Утре, 29 април, со почеток од 18 часот во Народниот театар во градот, ќе се одржи работилница за родители кои ќе разговараат за проблемот со булингот. Освен граѓани од Гевгелија, на оваа едукативна средба можност за учество ќе имаат и заинтересираните од Валандово, Дојран и од Ново Село. Психологот Деспина ...

Скот МекТомини полека прераснува во вистински миленик меѓу тифозите на Наполи, а причина за тоа не е само неверојатното залагање на теренот, туку и се поголемото влијание кое го има во ситуацијата кога тимот на Конте се бори за титулата. Шкотланѓанецот вчера дојде до биланс од четири погодоци на последните три меча и прераснува во лидер на Наполи во битката за Скудетото, па сосема очекувано, Скот почна да добива разноразни прекари од страна на ...

Ливерпул го декласираше Тотенхем на домашен терен и со победата од 5:1 математички ја осигура титулата во Премиер лигата, што е јубилејна 20-та за великанот од „Енфилд Роуд“. Тимот предводен од Арне Слот извонредно се адаптираше на големата промена која настана на крајот на минатата сезона, а холандскиот стручњак се погрижи сите добри методи од Јирген Клоп да бидат продолжени, но истовремно да се надоградат одредени фудбалски елементи за развој ...

Серија А не покажа почит кон починатиот физиотерапевт на Лече и го принуди овој италијански тим да игра фудбал три дена по смртта на долгогодишниот работник во клубот, нешто што наиде на голем револт меѓу водечките структури, но и меѓу самите играчи. Натпреварот кој требаше да се одигра во петокот беше одложен поради ненадејната смрт на Грацијано Фиорита, а три дена подоцна, играчите на Лече беа принудени да излезат на теренот, иако видно не беа ...

Вест Хем математички обезбеди опстанок измиантиот викенд, а тоа автоматски активира една операција која ќе донесе и неочекуван финансиски прилив во касата на Барселона. Жан Клер Тодибо минатиот летен преоден рок направи трансфер во Вест Хем како позајмен фудбалер, но беше јасно дека трансферот ќе стане перманентен во моментот кога „чеканите“ ќе обезбедат опстанок во Премиер лигата. По остварувањето на единствениот услов, Вест Хем ќе исплати 42 ...

Горан Пандев го прими трофејот за победата која ја остварија македонските ветерани над историскиот тим на Бугарија од 1994-та година, но во ситуацијата кога резултатот во секоја смисла беше во втор план, капитенот на нашиот тим возврати со убави зборови за фантастичниот пречек и гостопримството од цела бугарска нација. Фудбалот ги обедини големите фудбалски легенди од двете земји и главна цел беше да се соберат што поголеми парични средства за ...

Јувентус се врати во победнички ритам по поразот од Парма и вчера на домашен терен ја победи Монца, но фановите во Торино не можеа целосно да се израдуваат на трите бода, пред се поради наивниот потег на Кенан Јилдиз. Фудбалерот кој прерасна во еден од најдобрите под водство на Игор Тудор направи глупост и се самоисклучи пред крајот на првиот дел, или поточно заработи директен црвен картон поради удирање со лакт. Поради покажаната агресија, ...

Реал Мадрид пропушти голема шанса да го освои првиот трофеј во актуелната натпреварувачка сезона, а поразот од Барселона во „Ел Класико“ финалето дефинитивно е најлошо можно сценарио за губење титула кога се во прашање играчите на „кралскиот клуб“. Дел од играчите на Карло Анчелоти доста тешко го поднесоа третиот пораз од каталонскиот великан оваа сезона, но Феде Валверде е сигурен дека истиот нема да биде и последен во догледна иднина. ...

Лос Анџелес Лејкерс се наоѓа пред елиминација во НБА плејофот, откако франшизата од Ел-Еј успеа да испушти голема предност на второто гостувањето во Минесоата. „Езерџиите“ предводени од Лука Дончиќ создадоа двоцифрена предност и со таква позитива влегоа во последната четвртина, но разликата од 10 поени брзо почна да се топи, а на крајот беше и целосно поништена од расположените домаќини. Тренерот Редик одлучи цело второ полувреме да го одигра со ...

Наполи максимално профитираше од новиот пораз на Интер во Серија А и го презема врвот на четири кола пред крајот на домашниот шампионат, па со три бодови предност пред главниот конкурент, сега „наполитанците“ се тие кои се претворија во главни фаворити за највисок пласман. Тимот кој претрпе доста удари со повредени играчи и кој остана без Квича Кварацхелија на средина на сезоната игра извонредна сезона во италијанскиот фудбал, но Конте веќе не ...

Јирген Клоп се погрижи за уникатна сцена на денот кога си заминуваше од Ливерпул, па во моменти кога сите тагуваа за крајот на една незаборавна етапа, Германецот пронајде сили да ги развесели фановите со песна за неговиот наследник. Германскиот стручњак го најави Арне Слот на уникатен начин на „Енфилд Роуд“, а една година подоцна, Холанѓанецот доби шанса да се реваншира со микрофонот во раце. Ливерпул вчера математички ја осигура титулата и Слот ...

Ињиго Мартинез се претвори во незаменлив стопер во ротацијата на Ханси Флик и има сезона од сонишата како лидер во одбраната на Барселона, а како играч кој беше клучен фактор за низа „офајсд замки“ против Реал во финалето во Севилја, искусниот стопер привлече внимание и со изјавата која ја даде после големата победа. Некогашниот играч на Атлетик Билбао очигледно не остана импресиониран од целата увертира која ја режираше Реал Мадрид како клуб ...

„Монументал“ стадионот беше обоен во „бело-црвено“ за големото Суперкласико дерби кое се одигра во Буенос Аирес, а речиси 85 илјади фанови на трибините беа сведоци на три погодоци, од кои еден беше ремек-дело. Франко Мастантуоно се погрижи за вистинска ерупција и експлозија од емоции на трибините по 26 минути игра на големото дерби, бидејќи прикажа неверојатна техника за изведување слободни удари. Фудбалерот на Ривер Плата изведе технички ...

Олимпик Марсеј освои три многу важни бода во пресметката со Брест, победа од 4-1 со која е чекор поблиску до обезбедување на место во Лигата на шампионите. Херој на домашниот тим беше Амин Гуири кој реализираше хет-трик, односно погоди во 8, 45 и 63 минута. Меѓутоа еден од овие беше специјален и дефинитивно ќе биде погодок на колото, а можеби и на сезоната во Лига 1. Се работи за вториот погодок при кој изведе страшна мајсторија по топката која ...

Пелистер доживеа убедлив пораз од Работнички од 79:50 во вториот натпревар од првата плејоф рунда во домашниот кошаркарски шампионат, пораз по кој управата на клубот одлучи да му врачи отказ на тренерот Ненад Трајковиќ. Српскиот стратег го презема тимот од Битола на крајот на месец јануари, меѓутоа не ги оправда очекувањата во ниту едно натпреварување, а двата порази од Работнички во разигрувањето за пехарот во Првата лига го запалија црвеното ...

Алкалоид ја издржа жестоката битка на реваншот со Рунар во полуфиналето на Европскиот куп на ЕХФ и се избори за место во големото финале и можност да стигне до престижен европски трофеј. Кире Лазаров и неговите ракометари мораа да шутираат и пенали за да го елиминираат норвешкиот претставник, а натпреварот во ваква завршница го испрати одличниот голман Иван Галевски. Македонскиот голман со фантастична шпага интервенција спречи гол на Рунар во ...

Њујорк успеа да дојде до гостинска победа против Детроит (93:94) и со овој важен брејк е на победа до следното коло во НБА плејофот. Сепак, натпреварот одигран вечерва заврши на контроверзен начин, бидејќи сите во таборот на Детроит се убедени дека судиите го оштетиле домашниот тим. Спорен е последниот шут за победа на Тим Хардавеј џуниор, обид во кој Хардавеј имаше контакт со Џош Харт, но судиите проценија дека немало лична грешка. Pistons vs ...

Скот МекТоминеј постигна два гола, а Наполи со тој ефект стигна до победа со резултат 2:0 во дуелот со Торино од вечерната програма во Серија А. Избраниците на Антонио Конте имаа императив за освојување три бода во дуелот со екипата на нашиот Елиф Елмас, а до предноста стигнаа уште во првиот дел, по што само умешно го финишираа натпреварот и ги освоија важните три бода. Со денешната победа, Наполи максимално профитираше од киксот на Интер и сега ...

Ливерпул денеска ја потврди новата премиерлигашка титула, а убедливата победа над Тотенхем беше надополнета со емотивното славје со фановите по крајот на средбата на „Енфилд“. На „црвените“ им беше потребен само бод за нова титула, но со своето маестрално издание дополнително ги израдува своите фанови кои со нетрпение очекуваа крај на средбата со лондонскиот ривал. Ливерпул го освои престижниот трофеј, а заедничката прослава со навивачите беше ...

Поранешниот македонски репрезентативец, Дарко Тасевски, денеска беше еден од помладите членови во составот на македонските фудбалски легенди, кои одиграа хуманитарен натпревар против легендарната генерација на Бугарија од СП 1994, комбинирана со неколку помлади колеги кои исто така го носеа националниот дрес на нашиот источен сосед. Натпреварот во Варна се одигра со цел да се соберат финансиски средства за семејствата на повредените во пожарот ...

Манчестер Сити денеска успеа да го добие дербито со Нотингем и се пласираше во финалето на ФА купот, но дефинитивно настан број еден на англиската фудбалска сцена е потврдената премиерлигашка титула на Ливерпул. „Црвените“ го прегазија Тотенхем за најава на големото славје кое ќе трае долго во ноќта, фактички преземајќи го премиерлигашкиот трон токму од Сити на Пеп Гвардиола. Шпанскиот стручњак и досега упатуваше многу комплименти на адреса на ...

Кошаркарите на Работнички стигнаа до убедлива победа во дуелот со Пелистер (79:50) и сега се на еден чекор до пласман во следната рунда од плејофот на македонската прва кошаркарска лига. Домашниот состав на полувреме имаше осум поени предност, но го прегази противникот во продолжението, дозволувајќи им на битолчани да уфрлат само 16 поени за 20 минути. Рош со 18 и Ѓуроски со 15 поени беа најефикасни во победничката екипа, додека на спротивната ...

Динамо Загреб го доби дербито со Ријека со минимални 1:0, но тоа е доволно за елиминирање на најголемиот дел од негативата зад денешниот ривал и Хајдук и враќање во трката за титулата во хрватското првенство. Актуелниот шампион успеа да слави со голот на Марко Пјаца, кој уште во 13. минута ја затресе мрежата на својот поранешен клуб и го најави освојувањето на трите бода. MARKO PJACAAAA!!!! DINAMO LEADS AGAINST RIJEKA! THEY’RE JUST ONE POINT OFF ...

Ракометарите на Алкалоид постигнаа резултат за паметење со пласманот во финалето на Европскиот куп на ЕХФ и стигнаа на еден чекор до освојување на прв европски трофеј во својата клупска историја. Драматичниот финиш и победата на пенали донесе голема радост за избраниците на Кире Лазаров, кои храбро се бореа на реваншот со Рунар во Норвешка, а во финалето за противник ќе ја имаат екипата на грчки АЕК. Честитки за големиот успех покрај од ...

Новиот пораз на Интер во Серија А му остави можност на ривалот Наполи да се издвои на првата позиција, а триумфот на Рома на теренот на шампионот е непосакуван проблем во пресрет на соочувањето со Барселона во Лигата на шампионите. Симоне Инѕаги ќе мора да најде решение за послабата игра на својот тим, а неговиот постар колега Паоло Ди Канио се сомнева дека има потребен капацитет за да ги мотивира своите фудбалери во клучните моменти. – Заморот ...

Фудбалската федерација на Македонија излезе со јасен став за потегот на ФК Гостивар, екипа која денеска го напушти теренот и не го доигра прволигашкиот натпревар со Работнички. ФФМ го осуди потегот на домаќинот на овој натпревар, кој реши да се повлече откако скопскиот ривал направи пресврт и поведе со 1:2, потенцирајќи дека на судиите однапред им било најавено дека ќе се случи вакво сценарио во случај Гостивар да нема позитивен резултат. – На ...

Кристал Палас вчера направи пријатно изненадување и ја декласираше Астон Вила во првото полуфинале во ФА Купот, но за разлика од вчера, денешниот натревар не донесе нова сензација на „Вембли“. Манчестер Сити уште од самиот старт најави дека е решен да ја спасува сезоната со трофеј во ФА Купот, па Рико Луис погоди за предност на „граѓаните“ уште во втората минута од натпреварот. Раното водство на фаворитот донесе потребен мир и сталоженост во ...

Јувентус брзо го заборави поразот од Парма и успеа да се рехабилитира со победа на домашен терен, и тоа доста рутинска во дуелот со најлошиот тим во лигата. Монца пристигна со заштитнички гард во Торино и имаше за цел да се брани на „Алијанц стадионот“, но „бункерот“ беше брзо пробиен, и тоа со два постигнати гола. Гонзалес и Коло Муани погодија за предност од 2:0 до 33-та минута од мечот, а во едно мирно и доминантно прво полувреме од домашниот ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
38%
1022
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
58%
1022
weather icon

Загреб

19ᴼ / 16ᴼ
0.0
64%
1022
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
63%
1024
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.09
49%
1022
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
1.03
63%
1023
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
6.17
38%
1018
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
0.0
49%
1019
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
5.14
29%
1020
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
3.09
52%
1020
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.34
47%
1021
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
7.72
46%
1020
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62