
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Марко Арнаутовиќ изминатиов викенд ги договори сите детали за трансфер во Црвена Звезда, па во моменти кога си го остварува детскиот сон, австрискиот репрезентативец сосема очекувано се претвори во ѕвезда број еден во српската престолнина. Арнаутовиќ ова попладне пристигнал на аеродромот „Никола Тесла“ и бил пречекан од најверните навивачи на Звезда, па така „Делиите“ се погрижиле и за спектакл во чест на извонредниот напаѓач. Досегашната ѕвезда ...
Во одлични услови и позитивна атмосфера машката сениорска репрезентација, мирно и фокусирано ги одработува подготовките за квалификациските натпревари со Грција (13 август) односно Грузија (17 август) за пласман на Европското првенство 2026. Селекторот Јошко Миленкоски и неговиот стручен штаб засега немаат (по)сериозни главоболки, а екипата дисциплинирано ги реализира задачите, по двапати дневно, со комбинација сала и вежбалница. Тренинг ...
Швајцарска Лозана е новиот противник на Вардар во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, натпревари кои се закажани за 24 и 31 јули. Ова ќе биде сериозна задача за избраниците на Седлоски, меѓутоа повеќе од јасно е дека ништо не може да се загуби во овој двомеч, односно може многу да се добие и да се дојде до наредната фаза. Ако вардарци бидат успешни тогаш ќе можат да се фокусираат на наредниот ривал, а тоа ќе биде подобриот од ...
Иксусниот Пјер-Емерик Обамејанг е во исчекување на новиот предизвик во кариерата по епизодата која ја имаше во Ал-Кадсија од Саудиска Арабија. Тој имаше добри издание во овој тим со 17 гола на 32 натпревари, меѓутоа е подготвен за нешто ново или поточно за враќање во добро позната средина во Франција во редовите на Олимпик Марсеј. Габонецот играше на „Велодром“ во натпреварувачката 2023/2024 и даде 30 гола на 51 натпревар, па ова одлично ...
Македонскиот фудбалски шампион Шкендија напорно се подготвува за соочувањето со ФЦСБ од Романија во квалификациите за Лигата на шампионите, но денеска воедно дозна и кој може да биде можниот пат во натпреварувањата на УЕФА. Ако „црвено-црните“ направат изненадување и ја минат Стеауа тогаш во третото квалификациско коло ќе излезат на мегдан со подобриот од пресметката меѓу Шелбурн од Ирска и Карабах од Азербејџан. Средбите од оваа фаза се ...
Манчестер Јунајтед се прикажа во очајно светло во натпреварувачката 2024/2025 пред се во Премиер лигата каде заврши дури на 15. позија на табелата. Англискиот великан не се прослави ниту во домашните купови, додека единствена светла точка беше финалето на Лига Европа, меѓутоа поразот од Тотенхем ги остави со празни раце и без место во Европа во престојнава кампања. Јунајтед ќе се обиде под водство на Аморим да се крене во новата година каде ...
Еден Азар одбележа една ера во таборот на Челси, седум години во кои тој одигра клучна улога во освојувањето на трофеи во Премиер лигата, ФА и Лига Купот и во Лига Европа. Сега има некоја нова генерација на „сините“, играчи кои се обидуваат да се наметна и испишат историја, а последните резултати, успеси на екипата покажуваат дека работите се движат во вистински правец. Прво беше освоена Конференциската лига, додека пред некое време и трофејот ...
Барселона нема по добро да ја памети натпреварувачката 2024/2025, разочарувачка сезона одбележана со повреди на клучни играчи, сезона одбележа со лоши резултати во сите натпреварувања. Клубот не се одлучи за смена на тренерот и Жоан Пенароја останува на жешкото столче да го води тимот кој ќе претрпе промени. Некои играчи си заминаа, меѓутоа пристигнуваат нови, а токму еден од нив денеска е официјализиран-Торнике Шенгелија. 𝐓𝐨𝐫𝐧𝐢𝐤𝐞 ...
Арсенал веќе договори четири играчи за престојната сезона, меѓутоа се уште се чека на вистинската „бомба“, засилување во напаѓачката линија, играч кој е чиста деветка. Изборот на „топчиите“ е Виктор Ѓокереш, Швеѓанецот според информаците веќе дал зелено светло, но Арсенал се уште не успева да го „скрши отпорот“ на Спортинг. Португалскиот тим не попушта и бара да го добие тоа што го посакува за се откаже од играчот кој се распука, направи ...
Алваро Мората скоро секоја сезона се сели во нова средина и како што стојат работите во натпреварувачката 2025/2026 ќе има нов клуб. Тој на почетокот на оваа година „избега“ од Милан, тимот во кој се пресели минатото лето. Шпанецот заврши на позајмица во Галатасарај каде на 16 натпревари забележа 7 гола со 3 асистенции. Таа позајмица се уште е активна, ама според новите информации истата ќе биде прекината со оглед на тоа што Галатасарај конечно ...
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и сегашен член на Монако, Пол Погба даде свој коментар за најавениот трансфер на Маркус Рашфорд во Барселона. Рашфорд во минатата година влезе во одреден конфликт со Рубен Аморим, па зимоска замина на позајмица во Астон Вила каде покажа дека се уште може да игра на високо ниво. Меѓутоа и покрај овие изданија Јунајтед одлучи да не му даде нова шанса на Англичанецот и тој беше решен да заврши во ...
Македонскиот тениски ас, Калин Ивановски забележа голем скок на најновата АТП ранг листа. Калин изминатиов период имаше добри настапи, дојде до 29 поени со што си овозможи напредок од дури 60 позиции и сега е 793 на светот. Од македонските тенисери ранкинг во поединечна конкуренција има само уште Горазд Србљак кој се лизна 96 места и сега е на 1442 на АТП. Во двојки пак Обрад Марковски е 1522, а Србљак со 2 поени е 2380 на планетава. На врвот ...
Хулк и понатаму е еден од најзначајните играчи на Атлетик Минеиро, тим за кој даде два погодоци на дерби соочувањето со Палмеирас. Ветеранот беше расположен за игра и постигна два гола од слободен удар, односно малку фалеше да дојде и до хет-трик од прекини во судиското продолжение кога голманот Вевертон со доста напор спречи топката одново да заврши во неговата мрежа. Бразилецот прво погоди во 42, а потоа и во 91 минута. Mais dois golaços de ...
Италијанскиот прволигаш Интер заокружи една ера со Симоне Инѕаги и сега прави напори и обиди да започне нова успешна приказна со легендата на клубот Кристијан Киву. Нема да му биде лесно на Киву да го задржи Интер на врвот во Италија и Европа, меѓутоа тоа е предизвикот и со поддршката од управата и играчите ќе се направи се за да се дојде до зацртаните цели. Веќе се прават некои промени во тимот, некои играчи пристигнаа, некои заминаа, а во ...
Предраг Мијатовиќ е човек за кого Реал Мадрид е посебен клуб и има посебно место во неговото срце со оглед на тоа што три години играше за истиот, а потоа беше и дел од структурите на шпанскиот великан. Популарниот Пеџа секогаш е расположен да говори за „кралевите“ без разлика дали се работи за „жешки“ теми или прашања тој секогаш се обидува да биде искрен и одговори најдобро што знае и умее. Реал и покрај доаѓањето на новиот тренер Чаби Алонсо ...
Екипите на Шкендија и Вардар остануваат да бидат активни на европската сцена со натпреварите во квалификациите за Лигата на шампионите и Конференциската лига на УЕФА. Тетовските „црвено-црни“ се соочуваат со ФЦБС, додека скопскиот тим ќе ги одмери силите со швајцарска Лозана. Меѓутоа денеска двата клуба ќе ги дознаат и наредните можни ривали со тоа што списокот е веќе скратен од страна на УЕФА. Шкендија ако ја мине Стеауа тогаш ќе игра со еден ...
Новак Ѓоковиќ веќе ја тера 39. година од животот, но без разлика на тоа засега не размислува за заминувања во тениска пензија. Тој не игра повеќе на сите турнири, меѓутоа секогаш е мотивиран кога се во прашање најголемите каде се обидува да додаде уште една „ѕвездичка“ и се зацврсти на врвот како рекордер. Секако станува се потешко и потешко поради пласманот на АТП листата и се пореално и пореално е сценариото да мора да се соочи со Јаник Синер ...
Англискиот вицешампион Арсенал комплетираше неколку трансфери во досегашниот преоден рок и тоа оние на Мартин Зубименди, Кепа Аризабалага, Нони Мадуеке и Кристијан Норгард. Меѓутоа „топчиите“ нема тука да застанат, се најавуваат или се блиску уште неколку имања меѓу кои и напаѓачот Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон. Швеѓанецот се „распука“ откако се пресели во Португалија, со своите изданија се наметна како еден од најдобрите голгетери на ...
Милан го назначи Масимилијано Алегри за нов тренер на екипата што секако е одличен потег со оглед на сите успеси кои стратегот ги има на италијанската сцена, но повеќе од јасно е дека тој не е магионичар и му се потребни играчи, засилувања за да можат да се остварат зацртаните цели. Од Милано си заминаа повеќе играчи меѓу кои Рајндерс и Ернандез и управата на тимот мора да реагира и донесе нови имиња на двете кои веќе се потврдени Лука Модриќ и ...
Ливерпул зад затворени врати го победи Стоук со 5-0 во меч во кој еден од погодоците беше дело на Федерико Киеза и токму поради тоа беше изненадување што офанзивецот не се најде на списокот на патници за турнејата на клубот во Азија. На листата од 29 играчи немаше место за Италијанецот што секако донесе реакции дека едноставно менаџерот Арне Слот не смета на него, поточно дека повремениот италијански репрезентативец може да го искористи овој ...
Андреј Ѓурчиновски (15) испиша историја со освојување на бронзен медал во категоријата „десетка“ на Европското првенство во билијард за играчи до 17 години, кое се одржува во Подчетртек, Словенија. Ова е четврт настап на Ѓурчиновски на големите континентални собири, при што тој минатите години остваруваше пласмани како делба на петтото место со пласман во четвртфинале. Согласно пропозициите, младинците играат во четири поединечни дисциплини, а ...
Пол Гаскоњ бил итно хоспитализиран во петокот вечерта во болница во Дорсет, откако легендарниот англиски фудбалер бил пронајден без свест од негов близок пријател. Гаскоњ колабирал во неразјаснети услови и бил без свест кога бил пронајден од Стив Фостер, по што неговиот пријател експресно реагирал и повикал брза помош. Славниот фудбалер бил префрлен на интензивно одделение и бил под постојан надзор од лекарите, а сега последната информација е ...
Маркус Рашфорд е на добар пат да стави крај на својата авантура во Манчестер Јунајтед, и тоа во операција со која ќе може да си обезбеди пераментен трансфер наредното лето. Барселона постави услов да го добие напаѓачот на заем и да има опција за откуп на крајот на сезоната, а откако Манчестер Јунајтед без многу противење ги прифати истите, зделката полека почнува да се реализира според програмираниот план. Англискиот фудбалер вчеравечер ...
Ламин Јамал од пред неколку дена е новата „десетка“ на Барселона, дрес кој го доби како награда за одличните изданија и новиот договор според кој треба да остане на „Камп Ноу“ најмалку до 2031 година. Тој веќе со екипата се подготвува за новата сезона во која ќе треба да биде еден од лидерите, клучните играчи затоа што едноставно без неговите асистенции, голови, дриблинзи ќе биде многу тешко да се остварат зацртаните цели на клубот. Додека се ...
Лионел Меси имаше уште едно супер издание во МЛС лигата и го преводеше Интер Мајами до победа над Њујорк Ред Бул од 5-1. Лидерот на клубот од Флорида беше автор на два погодоци и плус запиша две асистенции и сега со дабл-дабл учинок е на врвот на листата на стрелци во шампионатот. Ова беше шести пат на последните седум натпревари Лео да дава по два погодоци што е навистина импресивно, момент за историја и за уште едно воодушевување од асот кој е ...
Екипата на Кожув планира да игра значајна улога и во новата сезона во македонската кошарка, па активно влече потези во обидот да има што подобар и покомпетитивен состав за натпреварувачката 2025/2026. Клубот од Гевгелија за брзо време успеа да обезбеди три засилувања, Хусеин Бајрам кој досега беше дел од Вардар, потоа центарот Арсеније Вучковиќ за кого ова е враќање во мак-баскетот со оглед на тоа што претходно играше за Гостивар и американскиот ...
Турскиот шампион Галатсарај и во иднина ќе може да смета на услугите на Виктор Осимен и тоа откако конечно најде заеднички јазик со италијанскиот првак Наполи. Осимен имаше супер сезона во дресот на Галатасарај со 37 гола и 8 асистенции на 41 натпревар во сите конкуренции, па како клубот така и играчот сакаа оваа соработка да продолжи. Меѓутоа мораше да се исполни барањето на Наполи кој не сакаше да попушти во ниту еден момент и на крајот ќе ги ...
Антонио Конте доби гаранции од Аурелио Де Лаурентис дека Наполи соодветно ќе се засили по освоената шампионска титула во Серија А, ветување кое дефинитивно се остварува, реализира и најдобра потврда за тоа е петтото засилување за калчолигашот во овој летен преоден рок. По Кевин Де Брујне, Ноа Ланг, Лоренцо Лука и Лука Марианучи нов член на наполитанците стана дефанзивецот Сем Беукема. Тој доаѓа од редовите на Болоња и тоа за сума од околу 30 ...
Вечерва на свечена церемонија во Скопје беше отворен Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025. Оваа церемонија која се одржа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го означи почетокот на седумдневниот спортски и културен спектакл, настан на кој учествуваат 49 делегации, плус тимот на бегалци под покровителство на ЕОК. Македонската делегација брои 203 члена, од кои 181 спортист. ЕМОФ Скопје 2025 ќе вклучува натпревари во 15 ...
Македонскиот кардиолог со огромна пасија кон алпинизмот, Сашко Кедев оствари историски успех откако стана прв Македонец што ги искачил сите 14 врвови во светот, високи над 8.000 метри. Д-р Кедев најновиот подвиг го изведе на Пакистан каде го освои врвот Гашербрум (8.080 метри), заедно со Ванг Жонг од Кина и непалските помошници Дава Гјалје и Нгима Нуру. Овој резултат го сместува Сашко меѓу најелитните алпинисти во светот. 14-те осумилјадници ...