Хјустон Рокетс, Денвер Нагетс, Милвоки Бакс и Њу Орлеанс Пеликанс беа екипите кои остварија победи на средбите кои рано утрово се одиграа во НБА лигата. Од четирите натпревари ги имаме потезите на денот во најсилниот кошаркарски шампионат на светот, листа која ја предводат „пеликаните“ кои покажаа како совршено можат да функционираат на теренот и за неколку секунди направија вистинско шоу, прво со дефанзивна реакција под својот кош, а потоа и ...

Кошаркарската федерација на Македонија информира дека на 21. декември (недела), 2025 година. ќе ги организира All Star натпреварите, кои повторно стануваат дел од официјалниот календар како симбол на современа, отворена и атрактивна кошарка. Планирани се три натпревари: ● натпревар за македонските надежи (М20) – „Sвезди во подем“, ● женски сениорски All Star натпревар, ● машки сениорски All Star натпревар. Во двата сениорски натпревари ќе ...

Англиската Премиер лига во наредните три дена ни го носи 16. коло, рунда во која главното дерби е соочувањето на Сандерленд и Њукасл, два големи и жестоки ривали кои одамна немале меч во најсилната фудбалска конкуренција на островот. Лидерот Арсенал би требало да има најлесна задача затоа што ќе ги одмери силите со „фенерџијата“ Вулверхемптон, Манчестер Сити ќе има тежок испит против Кристал Палас на „Селхрст Парк“, а останува да се види во ...

Репрезентацијата на Македонија до 18 години во Струмица одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Црна Гора. На средби, селекцијата предводена од Димитар Капинковски залебележа победа со 2:1. Во рамките на првиот контролен натпревар, нашата селекција уште по првите 45. минути со два постигнати погодоци го реши прашањето на победникот. Двоен стрелец за Македонија беше Дитмир Хоџа. Фудбалерот на Работнички во 20. минута го ...

Комисијата за избор на нов селектор на македонската А репрезентација во состав Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ, Горан Пандев – директор на Национални репрезентации, Николче Новески – раководител на скаутинг службата на ФФМ, Агим Ибраими – член на У.О. на ФФМ и Марјан Стојковски – потпретседател на ФФМ (on-line присутен), денеска одржа работен состанок на кој се анализираше актуелната состојба во националниот тим, потребите за наредниот ...

Пред Карим Бензема е важна година, година во која ќе треба да донесе важна одлука пред се за неговата кариера и статусот во Ал-Итихад. Тој е 2023 година е дел од оваа екипа со која има договор до 20 јуни 2026 година и засега како што стојат работите сите опции, сценарија се отворени. Кога е фит, подготвен се уште што да понуди, па дури е и подготвен да одговори и на повикот на Дидие Дешамп за евентуален настап на Светското првенство кое во ...

Реал Мадрид игра нестабилно во досегашнот тек на оваа сезона и веќе се става под знак прашалник иднината на Чаби Алонсо во клубот од шпанската престолнина. Алонсо дојде во таборот на кралевите пред само неколку месеци и тоа по една успешна етапа во Баер Леверкузен, меѓутоа бундеслигашот е една, а Реал друга приказна и тоа стратегот го чувствува на своја кожа иако и самиот тој како играч беше дел од најтрофејниот европски клуб. Сега Алавес се ...

Македонскиот спорт и ракомет оваа година имаа настан за паметење. Ракометниот спектакл „Легендите на сцена“ го одбележа 20 годишниот јубилеј на Спортско радио 90.3 фм, а истиот беше организиран со голема поддршка на деловните партнери и пријатели на овој медиум. Меѓу нив беше и Клиничката болница „Жан Митрев“, која со својата несебична поддршка го помогна одржувањето на ракометниот спектакл кој ја наполни салата на СЦ „Јане Сандански“. ...

Маркус Рашфорд нема иднина во Манчестер Јунајтед, па и оваа сезона настапува надвор од „Олд Трафорд“ и тоа во шпанскиот шампион Барселона. Барса успеа да го донесе англискиот интернационалец на позајмица до крајот на кампањата по што ќе има опција да го откупи неговиот договор. Тој во изминативе месеци се покажа како добро засилување, постигна 6 гола и забележа 11 асистенции на 21 натпревар, учинок кој покажува дека му одговара преселбата во ...

Хулијан Алварез ја игра втората сезона во дресот на шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид во кого неочекувано се пресели од Манчестер Сити. Алварез имаше значајна улога во таборот на „граѓаните“, но сакаше нешто повеќе, проект во кој ќе биде главен и тоа го доби во таборот на Атлетико каде се обидува да му помогне да се натпреварува на највисоко ниво, да биде конкурентен на Барселона и Реал Мадрид во Шпанија, но и да проба да направи голем ...

Бетис ја прокнижи четвртата победа во Лига Европа и тоа на гостувањето во Загреб кај Динамо каде славеше со 3-1. Гостите од Севилја ги решија сите дилеми околу победникот по 38 минути, период во кој поведоа со 3-0 преку Домингез (автогол), Рикелме и Антони. Овој резултат доста долго остана активен на семафорот и тоа 89 минута кога Галешиќ стрелаше за 3-1. Во судиското продолжение шпанскиот прволигаш имаше идеална шанса да реализира уште ...

Ливерпул утре го очекува дуел со Брајтон во Премиер лигата, но сосема очекува во центарот на вниманието одново беше ситуацијата со Мохамед Салах. Салах имаше експлозивно обраќање по дуелот со Лидс по што беше изоставен за соочувањето со Интер во Лигата на шампионите и многумина помислија дека автоматски тоа ќе се случи и за натпреварот со Брајтон, но менаџерот Арне Слот не отфрли ниту едно сценарио. -Ќе разговарам со Мо малку подоцна. Исходот ...

Екипата на Вардар 1961 го дозна „возниот ред“ за вториот дел од Европската лига, поточно од главната фаза на натпреварувањето на ЕХФ. „Црвено-црните“ со учинок од 5 победи и 1 пораз ја одработија групата Ф, но сега ќе следи потежок предизвик и соочување со бундеслигашот Мелсунген и португалска Бенфика во групата 3. Вардар пренесе два бода и ќе мора да се прикаже во најдобро светло во четирите средби кои ќе се играат нареднатат година во ...

Вчера се одржа втората седница на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), на која членовите на одборот дискутираа за прашања и за планот на идни активности на федерацијата. На седницата беа разгледани повеќе теми поврзани со организацијата и координацијата на претстојните натпреварувачки обврски, програмите за развој и промоција на ракометот, како и активностите кои следуваат во наредниот период. Во рамки на ...

Лука Модриќ се одлучи да остане во Европа и својата кариера ја продолжи во Италија во редовите на Милан каде експресно се наметна како лидер на тимот кој засега одлично функционира и е на првото место во Серија А. Овие неколку месеци беа доволни за Хрватот да сфати некои работи, да донесе заклучоци како за лигата така и за животот на Апенините. -Се чувствувам добро, физички и ментално, и ми се допаѓа она што го правам. Сакам да продолжам вака ...

Шкендија одигра уште еден квалитетен меч на домашен терен во Конференциската лига на УЕФА, го победи Слован Братислава со 2-0 и на тој начин се стави во одлична позиција за пласман во нокаут фазата. „Црвено-црните“ освоија седум од вкупно девет бода на средбите во Скопје, а тие два без кои останаа ги загубија со Јагелонија во 100 минута. Овој учинок го става македонскиот првак да има огромни шанси за место во наредната фаза, сценарио кое ако ...

Манчестер Јунајтед е еден од тимовите кој може да биде активен во зимскиот преоден рок, а некогашната ѕвезда на оваа екипа Нани има еден интересен предлог за засилување. Некогашното крило ги советува „црвените ѓаволи“ да реагираат и да бидат побрзи од Манчестер Сити и Ливерпул во потписот за офанзивецот на Борнмут, Антоан Семењо. Семењо имаше извонредни изданија за Борнмут во оваа сезона и на 14 средби во Премиер лигата има учинок од 6 гола и ...

Арсенал е лидер по 15. одиграни кола во Премиер лигата и се очекува да остане таму и по новата рунда со оглед на тоа што игра со аутсајдерот Вулверхемптон на домашен терен, меч во кој е апсолутен фаворит за победата. Некогашниот член на „топчиите“ Пол Мерсон нема никакви дилеми дека Арсенал рутински ќе ја одработи задачата против „волчците“, но уште еднаш го предупреди Микел Артета за позицијата „девет“. Мерсон смета дека Артета мора да го ...

Некои работи не можат да се објаснат, а токму таква е онаа што ни доаѓа од Финска, непријатен настан во кој еден од најпопуларните и најценетите клубови во оваа земја Хака остана без една трибина откако тинејџери подметнале пожар. Хака е деветкратен шампион на оваа земја, има освоено дванаесет трофеи во Купот, па иако не минува низ најдобриот период во својата историја и нареднава сезона ќе игра во втората лига никој не очекуваше дека може ...

Никола Јокиќ имаше уште една доминантна партија во НБА лигата, а со истата му овозможи на Денвер Нагетс да запише уште една победа. Составот од Колорадо рано утрово славеше над Сакраменто Кингс со резултат 136:105. Јокиќ беше блиску до нов трипл-дабл и испорача 36 поени, 12 скока и 8 асистенции и со тоа го одведен Денвер до рекордна единаесетта победа во низа на гостински терен што е нов рекорд за франшизата. Најголема поддршка му беше ...

Реал Мадрид започна еден нов проект со Чаби Алонсо, но истиот може да заврши многу брзо и до тоа до крајот на годината или поточно шпанската легенда да си замине од „Бернабеу“. Алонсо веќе е под притисок и секој нов поголем кикс, непријатно изненадување почнувајќи од соочувањето со Алавес може да му донесе отказ. Играчите му дадоа максимална поддршка по поразот од Манчестер Сити во Лигата на шампионите, меѓутоа Реал е клуб каде резултатите ...

Арсенал го совлада Бриж со 3-0 во Лигата на шампионите во мечот во кој победата и трите бода не беа главна вест, односно тоа беше кам-бекот на терените на Габриел Жезус. Бразилциот доживеа тешка повреда на коленото во месец јануари и мораше да мине низ еден долг процес на рехабилитација и по скоро една година му се стави на располагање на тренерот Микел Артета и одигра половина час против белгискиот преставник, период во кој малку фалеше да ...

Бруно Фернандеш имаше комплетно издание против Вулверхемтон и ја имаше најдобрата претстава од стартот на сезоната во Премиер лигата, партија со која само потврди дека и натаму е најдобар и најконстантен фудбалер и во подновениот тим на Рубен Аморим. Португалецот се соочи со доста критики и доста притисоци околу капитенската лента низ годините, но полека и легендите се согласуваат дека тој е единствениот вистински лидер во овој тим на ...

Џан Пјеро Гасперини никако не може да биде задоволен од учинокот на неговите напаѓачи, но овие бројки за момент се променија на гостувањето во Глазгов, барем кога е во прашање Еван Фергусон. Младиот ирски напаѓач пристигна во Рома како позајмен играч од Брајтон, па иако „волчицата“ има право да го откупи неговиот договор, веќе на големо се појавија шпекулациите дека италијанскиот клуб планира да го врати порано од предвиденото. Медиумите ...

Почетокот на новата година ќе им донесе можност на клубовите да бидат активни на трансфер пазарот, а Вилијам Галас има идеално засилување за неговиот поранешен клуб Челси. Тој мина пет убави години на „Стемфорд Бриџ“, сезони заокружени со две премиерлигашки титули, пехари во Лига Купот и Комјунити Шилд, па како човек на кого овој клуб му значи се обидува да му помогне и тоа со трансфер совет за ангажман на репрезентативецот на Нигерија и ...

Ливерпул има турбулетна сезона и тоа во година која се очекуваше да биде нивна, да „експлодираат“ и ја надградат минатата кампања во која дојдоа до пехарот во Премиер лигата. Клубот од „Енфилд Роуд“ се отвори минатово лето и потроши огрома сума на пари како никогаш досега, но сите тие силни инвестиции наместо да дадат резултат донесоа сосема спротивен ефект и екипата се мачи во сите конкуренции. Се бараат виновници, се вперува прстот во ...

Шкендија запиша голема победа во Конференциската лига и со вториот триумф се најде на чекор од следната фаза во третото по ранг европско натпреварување, успех за кој ќе се брка потврда наредната недела на гостување кај АЕК. Македонскиот првак вечерва го надигра тимот на Слован Братислава и оствари заслужена победа од 2:0, по која горд на своите фудбалери остана тренерот Јетон Беќири. – Мислам дека имавме многу добар настап, направивме прцизна ...

Реал Мадрид имаше негативен учинок во Евролигата до пред само три недели и беше најголемо разочарување во Европа, но сега ситуацијата изгледа далеку подобро и „кралевите“ се вратија во топ 10 со четвртиот триумф во низа. Серхио Скариоло бараше потврда на добрата форма со победа во шпанското дерби, а Реал Мадрид го оствари тоа со контрола на случувањата во трите четвртини, но и мал пад во последната. Басконија бркаше резултат повеќе од 30 ...

Еван Фергусон долго се мачеше со формата и постигнување важни погодоци за Рома, а вечерва ги дочека најдобрите минути и постигна два гола во мрежата на Селтик. Рома го реши прашањето околу побендикот во Глазгов уште по 45 минути игра, период во кој Каспер Шмајхел дури три пати ја извади топката од својата мрежа. Двапати го правеше тоа по голови на Фергусон, а еднаш за Рома погоди и Пелегрини кој всушност го отвори резултатот во 6-та минута. ...

Шкендија продолжи да прикажува добри игри на „Тодор Проески“ и вечерва оствари втора голема победа во Конференциската лига, триумф со кој си загарантира одлична премија од УЕФА, но и со која потврди кандидатура за пласман во следната фаза на третото по ранг европско натпреварување. Тетовските „црвено-црни“ најдоа решение за Слован Братислава и целосно го надиграа словачкиот ривал во првиот дел, по кој заслужено имаа водство од 2:0, кое ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1005
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
82%
1006
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
81%
1006
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
3.09
86%
1006
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.1
92%
1006
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
96%
1007
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
2.24
73%
1007
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
63%
1009
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
1008
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
4.63
88%
1005
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
82%
1005
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
3.09
77%
1006
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Сребро

2460.50

Платина

67162.91

Кобалт

64.04

Бакар

11.69

Родиум

336779.07

Калај

46.91

Паладиум

546.56

Злато

159231.39

Алуминиум

3.03

Рутениум

45750.51

Цинк

3.25