Фудбалот е спорт кој секогаш обединува и носи насмевки на лицата на огромен број фанови ширум светот, па дури и во моменти на голема тага поради трагедијата која се случи во Кочани, легендите на Македонија и Бугарија (шампионскиот тим од СП во 1994. година) покажаа дека спортот знае да преовлада и за хуманитарни цели. Натпреварот кој беше од хуманитарен карактер се одигра ова попладне во Варна, а легендарните играчи на двете земји се погрижија ...

Ливерпул ја потврди доминацијата во Премиер лигата со ново уверливо издание на домашен терен, а победата од 5:1 над Тотенхем значи дека клубот од „Енфилд Роуд“ ја завери 20-та титула во домашното првенство. Шампионското расположение во градот Ливерпул беше евидентно уште пред стартот на натперварот со „петлите“, па иако гостите поведоа со голот на Соланки, многу брзо следеше брутален одговор од најдобриот тим во Англија. Дијаз, МекАлистер и ...

Орелијан Чуамени го постигна вториот гол за Реал Мадрид кој во тој момент донесе пресврт за „кралевите“ во финалето со Барселона, па иако во еден момент се чинеше дека ќе биде пресуден, сепак каталонците испадна дека го чуваат најдоброто за самиот крај. Тимот на Ханси Флик покажа карактер и се врати по негативата од 2:1, а потоа во дополнителните 30 минути постигна и гол за победа од 3:2. Играчите на Барселона посебно се радуваа на големата ...

По освоената титула во ракометниот Куп минатата година, Алкалоид како клуб ќе се бори и за својата прва титула во Европа, откако избраниците на Кирил Лазаров го преживеаја тешкото гостување во Норвешка и преку пенал драма се изборија за финале во Европскиот Куп на ЕХФ. По победата од 42:37 во Скопје, сите во таборот на Алкалоид беа свесни дека ќе ги чека пеколно тешка задача во Сандефјорд, а иако очекувањата се исполнија, трилерот заврши со ...

Интер влезе во непосакуван ритам во најлош можен период, а третиот пораз во седум дена навистина ќе влијае негативно на психолошки план пред тоа што следи. Поразот од Болоња пред една седмица изгледаше само како инцидент од кој играчите на Инѕаги брзо ќе се опорават, но наместо тоа, следеше елиминација од Милан во Купот, а денеска и нов пораз од Рома во Серија А. Интер веќе не зависи сам од себе во битката за титулата во домашното првенство и ќе ...

Воска Спорт заработи ригорозна казна за фудбалскиот преседан кој го направи на натпреварот против Вардар и беше казнет со одземање на девет бодови, па иако ФФМ покажа нулта толеранција за сите оние кои ќе се одлучат на сличен чекор, играчите на Гостивар ова попладне изведоа идентичен потег. Клубот од Охрид се откажа од понатамошно натпреварување во Првата лига откако не го доигра мечот со Вардар, а што ќе се случи со Гостивар дефинитивно ќе ...

Џуд Белингам беше еден од најнервозните и најбесните играчи на Реал Мадрид уште додека траеше натпреварот против Барселона, а тоа остана така и по последниот судиски свиреж. Англичанецот не го криеше разочарувањето и се истакна со негодувања и одмавнувања со глава, но медиумите посебно внимание посветија на два моменти, и тоа еден од полувремето и еден од церемонијата пред да бидат доделени медалите. Белингам најпрво беснееше на судијата ...

Интер влезе во најголема резултатска криза во круцијален и најлош период во сезоната, па откако загуби од Болоња и остана без сонот наречен „триплета“ во полуфиналето со Милан, својата лоша серија ја продолжи и ова попладне на „Џузепе Меаца“. Непоразенат Рома од средината на месец декември беше доволно голем предизвик за да се разбудат играчите на Симоне Инѕаги, но наместо тоа, гледавме еден бавен и летаргичен Интер кој немаше многу идеи, но и ...

Манчестер Јунајтед беше на прагот да претрпи нов пораз во Премиер лигата, но на крајот „ѓаволите“ добија заслужена награда за напорот кој го вложија и успеаја да израмнат во самата завршница. Борнмут рано постигна гол преку Семенјо после големата грешка која ја направи Доргу, но по моментот од 23-та минута, Јунајтед беше тимот кој повеќе посакуваше да го напаѓа противничкиот гол. Избраниците на Рубен Аморим добија и предност на теренот по ...

Александар Зверев мина многу тежок испит во Мадрид и се пласираше во осминафиналето, но во моментите додека правеше пресврт против Давидович Фокина, режираше и сцена која не е својствена за професионалниот тенис. Саша губеше со 1:0 во сетови и се обидуваше да израмни на 1:1, а пред да го направи тоа во тајбрејкот, имаше многу нејаснотии околу една сомнителна топка. Еден волеј на Шпанецот беше означен како „добра топка“ од страна на компјутерот, ...

Чави Ернандес ја предводеше Барселона до неколку убедливи победи над Реал Мадрид, но она што добро го сработи, сега е надоградено од неговиот наследник Ханси Флик. Легендарниот Чави му посака многу среќа на Германецот во периодот кога тимот почна да игра извонредно уште во првиот дел од сезоната, а сега во ситуација кога е потврден и вториот трофеј, некогашниот капитен се јави со порака на социјалните мрежи. По трофејот во Суперкупот, Барселона ...

Антонио Ридигер остави лоша слика за себе во поразот од Барселона на „Ел Класико“ финалето во Севилја, а поради дивеењето и односот кој го покажа кон судијата, сега го чека суспензија од 4 до 12 меча. Стоперот на Реал Мадрид целосно се исклучи и го гаѓаше Бенгочеа со мраз и со пластично шише, па иако во текот на денешниот ден се извини за своето неприфатливо однесување, Германецот е на сериозен удар во јавноста не само од фановите, туку и од ...

Денвер беше на работ да упропасти предност од 22 поени разлика и се доведе во ситуација да стравува за победата над Лос Анџелес Клиперс, но на крајот Нагетси успеаја да стигнат до израмнување на серијата на 2:2, и тоа во услови какви што не се гледаат често во НБА лигата. Еден обид за три поени на Никола Јокиќ заврши со забивање на Гордон со звукот на сирената, а бидејќи во дадената ситуација одлучуваа милисекунди и стотинки, судиите мораа да ја ...

Барселона и Реал Мадрид се погрижија за нова епска пресметка на највисока фудбалска сцена, а драмата кулминираше со дополнителни 30 минути игра и гол на Жил Кунде за победа на каталонците. Грешката на Модриќ и Брахим Дијаз ја искористи десниот бек на Барселона кој се претвори во јунак во финалето, во кое сосема очекувано, имаше и доста тензија, но и провокативни реакции на теренот. Иако пред церемонијата најголем дел од фудбалерите си честитаа и ...

Трката за Големата награда на Шпанија секогаш е обележана со црвена линија кога е во прашање Марк Маркез, од едноставна причина што осумкратниот светски шампион својата голгота со повредите ја стартуваше токму на патеката во Херез. Страшниот инцидент пред пет години го натера да направи неколку операции на десната рака, а дури и сега во ситуација кога има шампионски амбиции, остана претпазлив кога е во прашање трката во Херез. По победата на ...

Фудбалерите на Милан ја забележаа 15. сезонска победа во италијанската Серија А и тоа откако ја добија Венеција на нејзин терен со 2-0. „Росонерите“ беа исцрпени по тешкиот меч со Интер во полуфиналето на Купот, но сепак пронајдоа сила, ритам, погодија кога требаше и дојдоа до уште еден добар резултат за затварање на оваа седмица со два триумфи. Избраниците на Консеисао поведоа со 1-0 со голот на Пулишиќ во 5. минута. Домаќините одговорија и во ...

Денвер Нагетс, Голден Стејт Вориорс, Кливленд Кавалирс и Оклахома Сити Тандер беа екипите кои озбедија победи на натпреварите во плејфот во НБА лигата. Денвер израмни на 2-2 против Лос Анџелес Клиперс, Вориорс дојде до водство од 2-1 во соочувањето со Хјустон Рокетс, Кавалирс го нокаутираше Мајами Хит на негов терен сега има 3-0, додека Оклахома со нов триумф го „исчисти“ Мемфис Гризлис и обезбеди полуфинале на Западот. Десет потези го одбележаа ...

Барселона излезе како победник од исцрпувачката пресметка со Реал Мадрид во Купот на Шпанија, меч кој траеше скоро три часа, а на крајот завршниот резултат беше 3:2. Каталонците победија со гол во второто продолжение и на тиј начин го прославија вториот пехар во кампањата по оној во Супер Купот кој исто беше освоен со победа над лутиот ривал во Џеда. Талентираниот Ламин Јамал не се запиша во листата на стрелци, но забележа две асистенции за ...

Ариго Саки е едно доста познато и големо фудбалско име, ас кој остави најголема трага во италијанскиот фудбал, но работеши и во Италија и добро ги знае состојбите во овие земји. Во денешно време навистина е тенка линијата од тоа да бидеш херој, да бидеш возвишуван, фален за успесите, тактиката, ама и набрзо да бидеш критикуван. Таква е ситуацијата со Карло Анчелоти и Симоне Инѕаги, првиот направи неверојатни работи со Реал во претходниве години, ...

Денвер Нагетс дојде до втората плејоф победа над Лос Анџелес Клиперс во пресметката од првата рунда на западната конференција. Поранешниот шампион го возврати ударот и направи брејк во Калифорнија и тоа откако успеа да слави на неверојатен начин со 101:99. Гостите од Колорадо славеа со кош со звукот на сирената или поточно со атракцијата на Арон Гордон. Никола Јокиќ ја презема одговорноста при последниот напад, меѓутоа тој го промаши целиот кош ...

Реал Мадрид има тешка сезона, па вчерашниот пораз од Барселона во финалето на Копа Дел Реј беше уште еден удар за нив. Нервозата дефинитивно е пристуна и тоа јасно се забележа во самата завршница на второто продолжение во Севилја каде клупата експлодираше по еден очигледен фаул на Мбапе над Гарсија, а најбурната реакција ја имаше дефанзивецот Ридигер. Тој се „исклучи“ и мавна со мраз кон судијата Бенгочеа, потег за кој заработи црвен картон, ...

Селекторот на женската репрезентација, Стефан Пауновиќ го објави поширокиот список на одбојкарки на кои ќе смета за Сребрената Европска лига 2025 и квалификациските натпревари со Грција и Австрија за Европското првенство 2026. На списокот се најдоа 24 одбојкарки од кои само 6 настапуваат надвор од нашите граници. Најголемиот дел од играчите се дел од Работнички Скопје, Јанта Волеј КВ и Наковски Волеј. Оваа листа ќе биде скратена од страна на ...

Вардар 1961 има уште доста битки до крајот на оваа сезона како во плејофот во Суперлигата така и во Купот на Македонија, но клубот веќе некое време активно работи и на формирање на составот за наредната кампања. Неколку засилувања веќе се потврдени и тоа се Махамаду Кеита, Марек Марцинијак, Милош Валах и Виктор Јанковски, а последните најави се дека скопскиот тим е на добар пат да се засили и со среден бек од Словенија. Се работи за играчот кој ...

Остануваат само уште пет кола до крајот на оваа натпреварувачка сезона во Серија А, сезона која е супер возбудлива и дефинитивно ќе доживеа кулминација во завршницата каде ќе добиеме одговори на сите прашања како тоа кој ќе биде шампион, кој ќе обезбеди место во Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската Лига на УЕФА, но и кој ќе ја напушти елитната италијанска конкуренција. Иако е тешко да се издвои сепак најголемо внимание привлекува ...

Попладнево во Варна се игра специјален меч, хуманитарен натпревар во кој силите ќе ги одмерат македонските и бугарските фудбалски легенди, а целта е да се соберат што повеќе средства за да им се помогне на семејствата на насраданите во трагедијата што се случи во Кочани. Оваа средба се игра на иницијатива на „Национали 94“, фондација основана од легендарната бугарска генерација од 1994 година. Еден од тие предводници беше Христо Стоичков кој ...

Одбојкарките на Јанта Волеј Кисела Вода издвојуваа победа над Работнички Скопје од 3:2 во првиот натпревар од финалната серија од најсилниот домашен шампионат. Голема борба се водеше на овој натпревар, меч на кој решаваа нијанси, моменти на испирација, грешки, а избраничките на Никола Јаневиќ беа оние кои покажаа голема истрајност и дојдоа до славје иако постојано беа во позиција да бркаат резултат. Јанта Волеј на крајот триумфираше со 20:25, ...

Денвер Нагетс успеа да го добие трилер мечот со Лос Анџелес Клиперс и да израмни на 2-2 во плејоф серијата во западната конференција. Неверојатна драма донесе соочувањето во Калифорнија иако на крајот на третиот период изгледаше дека се е готови и дека победата сигурно оди кај гостите кои водеа со 20 разлика (85:65). Меѓутоа Нагетс лоши ја одиграа последната четвртина или поточно беа надиграни од домаќините кои не само што ја „избришаа“ ...

Барселона во еден драматичен и неизвесен меч кој траеше скоро три часа успеа да го добие Реал Мадрид со 3-2 во финалето на Купот на Шпанија кое се одржа на стадионот „Ла Картуха“ во Севилја. Откако во регуларниот дел немаше победник и двете екипи постигнаа по два гола се играа продолженија во кои каталонците како за нијасна да беа посвежи, поконретни, похрабри и тoa даде резултат во 116 минута кога дефанзивецот Кунде со одмерен, прецизен удар го ...

Жозе Мурињо е дел од Фенербахче во оваа сезона, но ако екипата остане со празни раце во истата прашање е дали ќе продолжи во клубот од Истанбул. Португалецот е почитуван од фудбалскиот свет, а најмногу се чини во Англија каде водеше неколку клуба, освојуваше титули и остави навистина трага. Тој во два мандати го предводеше Челси, потоа беше дел од Манчестер Јунајтед за на крајот биде на клупата на Тотенхем во периодот од 2019 до 2021. Џо Кол има ...

Вараждин вчера направи пресврт и ја победи екипата на Локомотива во интересен натпревар од хрватското фудбалско првенство, при што херој за домаќините беше нашиот Димитар Митровски. Македонскиот интернационалец уште еднаш се прикажа во фантастично светло, постигнувајќи два убави погодока на целосно различни начини. По мајсторската реализација од слободен удар изведен од триесетина метри, Митровски на крајот го реши победникот со убав ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
38%
1022
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
58%
1022
weather icon

Загреб

19ᴼ / 16ᴼ
0.0
64%
1022
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
63%
1024
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.09
49%
1022
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
1.03
63%
1023
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
6.17
38%
1018
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
0.0
49%
1019
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
5.14
29%
1020
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
3.09
52%
1020
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.34
47%
1021
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
7.72
46%
1020
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62