Шпанскиот прволигаш Барселона официјално објави детали за 60. издание на традиционалниот „Жоан Гампер Куп“. Каталонците посакуваат со овој меч да се вратат дома на новиот „Камп Ноу“. меѓутоа и покрај најавите тоа сценарио нема да се реализира затоа што не се исполнети сите услови, поточно клубот не доби дозвола од властите. Мечот ќе се игра 10 август од 21 часот на стадионот „Јохан Кројф“, а ривал на избраниците на Ханси Флик ќе биде ...

Манчестер Јунајтед доведе неколку имиња во досегашниот тек на преодниот рок, но повеќе од јасно е дека се потребни уште засилувања за да екипата биде во конкуренција да се бори за врвот, местата кои водат во европските купови. Една од позициите која дефинитивно е проблематична е голманската каде прв избор е Андре Онана, ас кој е доста критикуван од јавноста и навивачите. Тој поради повреда ќе го пропушти стартот на новата сезона во Премиер ...

Давор Шукер беше дел од Светското клупско првенство како важен претставник на УЕФА и имаше можност да се види со голем број пријатели од минатото, а по крајот на премиерниот клупски мундијал кој го организираше ФИФА, легендарниот Хрват има само позитивни зборови за целиот формат. Некогашниот голгетер верува дека со ваков тип на натпреварување се рекламира потенцијалот на сите најдобри тимови од различни континенти, но исто така верува дека ...

Американскиот претседател Доналд Трамп беше составен дел од финалето на Светското клупско првенство, но и задолжен човек за да ги додели најважните и најпрестижни трофеи на премиерното натпреварување на ФИФА. Во ситуација кога доби навистина одговорна задача, Трамп во свој стил реши да го украде шоуто и да стане дел од шампионската прослава на Челси, па така ѕвездите на лондонскиот тим го подигнаат трофејот додека до нив беше претседателот на ...

Поради повреда коректорот Мери Бошковска ја пропушти првата летна акција на женскиот национален тим, настапот во Европската Сребрена лига 2025, но сега таа се враќа во екипата во пресрет на европските квалификации. Бошковска се стави на располагање на селекторот Стефан Пауновиќ во Маврово и работи со полн интензитет. Санацијата на повредата е во финална фаза, а коректорот се надева дека ќе биде целосно подготвена да и помогне на репрезентацијата ...

Џиџи Бекали беше убеден дека ФЦСБ ќе има лесна мисија во Скопје, но откако тоа не се оствари и неговиот тим претрпе пораз, сопственикот на романскиот првак бил прилично остар во својата анализа. Контроверзниот романски газда останал шокиран од квалитетот кој го покажале двајца играчи кои влегле од клупа, па реши експресно да ги прецрта од европските натпреварувања со наредба која ќе биде активирана веќе утре. Овидиу Периану и Мариус Стефанеску ...

Наполи е тим кој е најактивен од великаните во Серија А, а потврда за тоа се петте обезбедени засилувања во овој летен преоден рок. Меѓутоа италијанскиот првак не планира тука да застане и веќе е во нова мисија, да се обезбеди уште едно крило покрај Ноа Ланг кој пристигна од ПСВ. Наполитанците некое време го посакуваат Дан Ндоје, ама никако не успеваат да пронајдат заеднички јазик со Болоња и според „Кориере Дело Спорт“ калчолигашот ќе го насочи ...

Анхел Фортуњо ќе води борба со Марко Дмитровиќ за првата голманска позиција во Еспањол, нешто што посебно се актуелизираше откако Жоан Гарсија и официјално го реализираше фамозниот трансфер во Барселона. Детето на Еспањол разочара голем број досегашни фанови со преминот на „Камп Ноу“, а неговата одлука очигледно не можат да ја сфатат ниту доскорешните соиграчи. Фортуњо му беше резерва цела сезона, а сега се стави во кожа на Гарсија и порача дека ...

Милан ќе има навистина доста поинаков излгед во новата натпреварувачка сезона, а една од круцијалните позиции кои мораат да се пополнат е онаа бековската на левата страна. Заминувањето на Тео Ернандес беше поставено како приоритет број еден од клубот кога се продажбите во прашање, па токму поради тоа, замената на левата бековска позиција мора да биде добро разгледана и анализирана. Угледни извори од Италија и Англија уверуваат дека Милан оваа ...

Марко Арнаутовиќ денеска попладне пристигна на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград и беше топло пречекан од „Делиите“, но набрзо после тоа се упати кон клупските простории за реализирање на трансферот. Откако успешно ги мина медицинските прегледи, Арнаутовиќ стави потпис на двегодишен договор според кој стана најплатен играч во историјата на Црвена Звезда (2,5 милиони евра по сезона), а притоа избра да носи специфичен дрес на својот грб во ...

Златан Ибрахимовиќ има голем број тетоважи на телото и секоја од нив има посебна приказна, но во оваа фаза од животот, легендарниот Швеѓанец реши да отстрани една од најпознатите и најфамозните. Ибра донел одлука ласерски да ја отстрани тетоважата која му беше направена во 2025-та година, а со која јасно алудираше на тоа дека поголем од него е само Бог. – Само Бог може да ми суди, – гласеше фамозната тетоважа на Ибрахимовиќ, која во иднина ...

Веста дека Брентфорд ја прифатил понудата на Манчестер Јунајтед вредна 71 милион фунти стана официјална три дена подоцна, откако клубот од „Олд Трафорд“ излезе со соопштение до јавноста за ангажманот на Брајан Мбеумо. Камерунскиот фудбалер е второ големо засилување за нападот на Рубен Аморим по Матеус Куња, а на овој начин се ставија крај на преговорите кои траеја речиси два месеци. Манчестер Јунајтед на секој начин се обидуваше да се „исценка“ ...

Ракометниот клуб Алкалоид ова попладне ги „запали моторите“ и ги отвори подготовките за новата натпреварувачка сезона, а по првиот собир и одработен тренинг пред очите на Живко Мукаетов, клубот излезе со две дополнителни соопштенија. Проектот на клубот од Автокоманда ќе биде уште поамбициозен во новата сезона и прв голем тест ќе биде баражот за пласман во групната фаза во Европската лига на ЕХФ, натпреварување кое е добро познато за најновото ...

Македонските кадетски репрезентации во ракомет денеска го имаа својот прв настап на Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје, но зажал, ниту ракометарките, ниту ракометарите не отворија со победа. Први на паркетот во „Јане Сандански“ истрчаа нашите надежи во женска категорија и претрпеа пораз од Исланд со резултат 29:22, додека два час подоцна, македонските кадети играа против Хрватска. Ракометарите парираа во првиот дел и се чинеше ...

Матео Ретеги експресно почна да „решета“ во Серија А откако пристигна од аргентинскиот фудбал, но после само една сезона во Аталанта, репрезентативниот напаѓач од денеска и официјално стана најскап италијански фудбалер на сите времиња. Ретеги постигна 25 погодоци на 36 одиграни натпревари во Серија А и се докажа како убедливо најдобар голгетер во италијанската елита, а тоа му овозможи да го направи трансферот на кариерата веќе ова лето. Иако ...

Крис Пол беше најбараниот ветеран во текот на летниот преоден рок во Америка, но од денеска, попиларниот „ЦП3“ има нов ангажман, и тоа во франшиза која многу добро ја познава. После осум години, Крис Пол се враќа во редвоите на Лос Анџелес Клиперс, и тоа најверојатно за да ја одигра последната сезона во својата блескава кариера. 12-кратниот Ол-стар играч беше еден од најбараните плејмејкери на трансфер пазарот и покрај тоа што има 40 години, а ...

Шкендија утре на домашен терен го пречекува тимот на ФЦСБ во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, но романскиот газда на порашена Стеау сега го привлече вниманието со изјавата која ја даде за третата рунда. Контроверзниот Џиџи Бекали со децении го води најпрестижниот клуб од Романија, а во ситуација кога ФЦСБ го дозна потенцијалниот противник за следната квалификациска фаза, тој воопшто не ја спомена Шкендија како можна пречка до ...

Ракометниот клуб Алкалоид прв ги запали моторите за новата натпреварувачка сезона, а во лето во кое ќе има и голем предизвик во бараж колото за Европската лига на ЕХФ, тимот од Автокоманда реши да го забрза процесот на загревање за тоа што следи. Победникот во Европскиот куп на ЕХФ во новата сезона ќе се натпреварува едно скалило погоре, но за да дојде до групната фаза, момците на Кирил Лазаров ќе мора да го минат бундеслигашот Хановер. Мисијата ...

Саул Нигез наиде на доста проблеми во Атлетико Мадрид во последните две-три сезони и имаше позајмици во Челси и Севилја, но по неуспешната авантура во Андалузија, искусниот офанзивен фудбалер се најде во ситуација да биде ослободен од „душкеџиите“. Атлетико му обезбеди таков статус со цел што полесно да си пронајде нов клуб, па иако вчера ги договори сите услови за трансфер во Трабзонспор, сега пристигна информација дека трансферот пропаднал во ...

Холгер Руне веќе некое време се мачи да оствари позначаен резултат против вистинската тениска елита, па во ситуација кога има проблеми со формата, привлече посебно внимание со соработникот кој го има во Вашингтон. Данскиот тенисер е деветти на АТП листата и има за цел значително да напредува до крајот на годината, а за да успее во тоа, за свој технички консултант го ангажирал легендарниот Андре Агаси. Руне верува дека ќе има огромни придобивки ...

Давид Де Хеа фудаблски воскресна во Фиорентина и си ја врати насмевката на своето лице со изданијата во Серија А, нешто што изгледаше незамисливо по кошмарниот период кој го имаше по заминувањето од Манчестер Јунајтед. Шпанецот остана без ангажман цела година и со доста сомнежи беше пречекан во Фиренца, но после само неколку месеци, фановите се уверија дека добија вистински џек-пот. Де Хеа импресионираше со своите изданија и брзо доби нов ...

Тони Крос доби орден за специјални заслуги во родната Германија и имаше можност да им се обрати на сите присутни за време на свечениот чин, при што најинтересен е делот како еден Германец успеа да триумфира во најтрофејниот клуб во светот. Иако ги имаше сите потребни ресурси за да прерасне во легенда на Баерн Минхен, Крос реши да се испроба далеку од дома и стана заштитен знак за Реал Мадрид, па една година по пензионирањето, се обиде да објасни ...

Италијанските медиуми со своите шпекулации за трансфер на Хакан Чалханоглу во Галатасарај предизвикаа „земјотрес“ во Интер за време на Светското клупско првенство, а целата ситуација ескалираше со дрска изјава на капитенот Лаутаро Мартинез. Аргентинскиот напаѓач му порача на соиграчот што побрзо да се спакува и да замине во Турција доколку веќе не се смета за дел од проектот на Интер, па оваа негова дрска изјава предизвика незадоволство и кај ...

Марко Арнаутовиќ изминатиов викенд ги договори сите детали за трансфер во Црвена Звезда, па во моменти кога си го остварува детскиот сон, австрискиот репрезентативец сосема очекувано се претвори во ѕвезда број еден во српската престолнина. Арнаутовиќ ова попладне пристигнал на аеродромот „Никола Тесла“ и бил пречекан од најверните навивачи на Звезда, па така „Делиите“ се погрижиле и за спектакл во чест на извонредниот напаѓач. Досегашната ѕвезда ...

Во одлични услови и позитивна атмосфера машката сениорска репрезентација, мирно и фокусирано ги одработува подготовките за квалификациските натпревари со Грција (13 август) односно Грузија (17 август) за пласман на Европското првенство 2026. Селекторот Јошко Миленкоски и неговиот стручен штаб засега немаат (по)сериозни главоболки, а екипата дисциплинирано ги реализира задачите, по двапати дневно, со комбинација сала и вежбалница. Тренинг ...

Швајцарска Лозана е новиот противник на Вардар во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, натпревари кои се закажани за 24 и 31 јули. Ова ќе биде сериозна задача за избраниците на Седлоски, меѓутоа повеќе од јасно е дека ништо не може да се загуби во овој двомеч, односно може многу да се добие и да се дојде до наредната фаза. Ако вардарци бидат успешни тогаш ќе можат да се фокусираат на наредниот ривал, а тоа ќе биде подобриот од ...

Иксусниот Пјер-Емерик Обамејанг е во исчекување на новиот предизвик во кариерата по епизодата која ја имаше во Ал-Кадсија од Саудиска Арабија. Тој имаше добри издание во овој тим со 17 гола на 32 натпревари, меѓутоа е подготвен за нешто ново или поточно за враќање во добро позната средина во Франција во редовите на Олимпик Марсеј. Габонецот играше на „Велодром“ во натпреварувачката 2023/2024 и даде 30 гола на 51 натпревар, па ова одлично ...

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија напорно се подготвува за соочувањето со ФЦСБ од Романија во квалификациите за Лигата на шампионите, но денеска воедно дозна и кој може да биде можниот пат во натпреварувањата на УЕФА. Ако „црвено-црните“ направат изненадување и ја минат Стеауа тогаш во третото квалификациско коло ќе излезат на мегдан со подобриот од пресметката меѓу Шелбурн од Ирска и Карабах од Азербејџан. Средбите од оваа фаза се ...

Манчестер Јунајтед се прикажа во очајно светло во натпреварувачката 2024/2025 пред се во Премиер лигата каде заврши дури на 15. позија на табелата. Англискиот великан не се прослави ниту во домашните купови, додека единствена светла точка беше финалето на Лига Европа, меѓутоа поразот од Тотенхем ги остави со празни раце и без место во Европа во престојнава кампања. Јунајтед ќе се обиде под водство на Аморим да се крене во новата година каде ...

Еден Азар одбележа една ера во таборот на Челси, седум години во кои тој одигра клучна улога во освојувањето на трофеи во Премиер лигата, ФА и Лига Купот и во Лига Европа. Сега има некоја нова генерација на „сините“, играчи кои се обидуваат да се наметна и испишат историја, а последните резултати, успеси на екипата покажуваат дека работите се движат во вистински правец. Прво беше освоена Конференциската лига, додека пред некое време и трофејот ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1025
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
2.06
47%
1025
weather icon

Загреб

27ᴼ / 23ᴼ
1.03
57%
1024
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
41%
1026
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.85
33%
1026
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 23ᴼ
0.62
56%
1025
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
7.6
42%
1022
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
28%
1022
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
42%
1024
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
47%
1026
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
1.54
54%
1025
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.17
43%
1024
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.59409