Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
Фудбалерот на Кристал Палас, Исмаила Сар го постигна најбрзиот гол во историјата на Конференциската Лига на УЕФА. Клубот од Лондон оваа вечер се соочува со Шахтјор Доњецк во Краков, а на Сенегалецот му беа потребни само 21 секунди за да ја смести топката во мрежата на домаќинките. ТУКА можете да го погледнете. Ismaïla Sarr gives Crystal Palace the lead against Shakhtar in just 21 seconds—the fastest goal in Conference League history ⚡ ...
Фудбалот во Јужна Америка секогаш ни носи специфични ситуации, моменти за паметење, а најновата ни доаѓа од Копа Судамерикана од дуелот меѓу Палестино и Гремио. Натпреварот од третото коло од групната фаза заврши без голови и за тоа најголем виновниот е гостинскиот фудбалер Карлос Винисиус. Поранешниот напаѓач на Тотенхем, Фулам, ПСВ, Галатасарај, Монако, Бенфика…одигра меч кој ќе го памети до крајот на животот и тоа поради една нереална ...
Фудбалската федерација на Македонија на чело со првиот човек Масар Омерагиќ е присутна на 76. конгрес на Светскоата фудбалска федерација (ФИФА) кој се одржува во Ванкувер. На Омерагиќ друштво му прават генералниот секретар, Леонид Јандреоски и Горан Пандев, поточно ФФМ активно учествува во носењето одлуки кои директно влијаат врз иднината на светскиот фудбал. -Во фокусот се финансиската стабилност и развојните политики, усвојување на ...
Составот на Работнички издвојува победа над Ангели од 99:84 во последниот меч за оваа сезона во Суперлигата. Ова за поранешниот македонски првак беше уште една турбулетна сезона во која на крајот играше во плејаут фазата и успеа некако да остане во најквалитетната домашна кошаркарска конкуренција. Што се однесува до денешниот меч, Работнички диктираше темпо од првата четвртина која ја доби со десет разлика, предност која дополнително ја ...
Реал Мадрид како што стојат работите втора година по ред ќе остане без ниту еден освоен трофеј и одново можат да се очекуваат значајни потези на „Бернабеу“. Станува се појасно дека Алваро Арбелоа е минато и клубот ќе побара нов тренер и веќе во јавноста се лицитира со имиња, а во изминатиов период најпоспоменувано е она на Жозе Мурињо. Португалецот е во својата татковина и работи во Бенфика, но ако дојде конкретен повик од Реал и Флорентино ...
Манчестер Јунајтед е на чекор од остварување на основата цел за оваа сезона, топ 4 пласман и место во Лигата на шампионите во наредната сезона. „Црвените ѓаволи“ не играа во Европа во тековнава кампања, но и покрај тоа не се прославија во лига и ФА Купот, меѓутоа резултатите се доби во првенството и екипата е на третата позиција зад Арсенал и Манчестер Сити. Настапите и победите под водство на Мајкл Карик донесоа поголема самодоверба, па ...
Босна и Херцеговина ќе учествува на Светското првенство кое ова лето ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, а една од последните проверки пред настапот ќе ги има против македонската репрезентација. Оваа средба треба да се одигра на 29 мај на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ во Сараево со тоа што дојде до промена на терминот или поточно сатницата. Имено првично беше најавено дека стартот на натпреварот ќе биде закажан ...
Тимот на Пик Сегед не успеа да направи изненадување и загуби од Магдербуг со 28:35 во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите. На унгарскиот клуб ќе му биде потребно чудо во реваншот за да избори пласман на Ф4, но ако е за утеха на соочувањето со бундеслигашот нивниот член Борут Мачковшек можеби го постигна голот на сезоната, годината. Словенецот изведе магија, се ослободи од чуварот и потоа уште поатрактивно го матираше ...
Босна и Херцеговина ќе учествува на Светското првенство кое ова лето ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, а една од последните проверки пред настапот ќе ги има против македонската репрезентација. Оваа средба треба да се одигра на 29 мај на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ во Сараево со тоа што дојде до промена на терминот или поточно сатницата. Имено првично беше најавено дека стартот на натпреварот ќе биде закажан ...
Барнли повторно се сели во понизок ранг и од наредната сезона одново ќе го гледаме во Чемпионшип лигата. Клубот од „Тур Мур“ беше извонреден во втората лига во минатата кампања, меѓутоа играњето во таа конкуренција е една приказна, а настапот во Премиер лигата друга приказна и најдобра потврда се само 20 освоени бодови на 34 натпревари. Имено по овие резултати клубот и менаџерот Скот Паркер седнаа на маса и одлучија ја завршат соработката, па ...
Зад нас е првата рунда од плејофот во Евролигата, а тоа значи дека веќе ја имаме и првата топ листа со најдобрите моменти од разигрувањето за пехарот. Домаќините славеа на три од четирите натпревари или поточно до „бреј“ стигна само екипата на Панатинаикос во соочувањето со шпанска Валенсија. На најновото одбројување кога се во прашање најдобрите потези, број десет е Ти-Џеј Шортс со циркускиот шут и погодок, додека на врвот е Тален ...
Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонијадонесе одлука во врска со натпреварот помеѓу ФК Скопје и ГФК Тиквеш 1930, одигран во рамки на 23. коло од Младинската Супер лига. Поради неправилен настап, односно настап со лажни податоци и користење лажни легитимации од страна на дел од играчите на ГФК Тиквеш 1930, клубот се казнува со парична казна во износ од 1.000 евра и одземање на три (-3) бода на младинската екипа. ...
Ипсвич брка промоција во Премиер лигата и тоа ќе може да го обезбеди со победа над КПР на домашен терен, но во пресрет на последниот натпревар во сезоната, пристигна и информација дека ова ќе биде последен меч и за еден легендарен фудбалер кој одбележа една ера во Премиер лигата. Ешли Јанг поради повреда на колкот беше во аут од 20-ти јануари, но сега се става на располагање во пресрет на последниот меч и најави дека истиот ќе биде добра ...
Диего Симеоне со многу емоции ги преживува сите драматични и тензични моменти на натпреварите, а често знае да изврши и притисок кога смета дека судиите носат погрешна одлука на штета на Атлетико. Аргентинскиот стручњак му се нафрли на Макели и неговиот помошник откако Арсенал доби втор пенал во второто полувреме, но откако стана јасно дека главниот арбитар ќе прегледува со ВАР, Чоло дополнително го зголеми и притисокот од трибината со ...
Игор Ангеловски последниот селекторски ангажман го имаше како предводник на националната репрезентација на Македонија, а откако оствари огромен успех со пласманот на историското Европско првенство, во следните неколку години беше активен на клупски план. Популарниот Мрме работеше во Горица, Каспиј и Етникос во изминатите четири години, но сега повторно ќе се испроба во улога на селектор, и тоа далеку од Европа. Искусниот 49-годишен стручњак ...
Мануел Угарте не го понуди она што се очекуваше од него на „Олд Трафорд“ и воопшто не ги оправда големите очекувања кои беа поставени при реализираниот трансфер, па две години подоцна, Уругваецот е подготвен да ги спакува куферите и да си оди од „Олд Трафорд“. Угарте почна да го губи своето место во тимот уште под водство на Рубен Аморим кој му беше тренер и во Спортинг, а во изминатите три месеци стана уште појасно дека не е во плановите на ...
Коби Мејну размислуваше за преселба од Манчестер Јунајтед и силно посакуваше да биде испратен на позајмица, но откако избегна такво нешто и дочека заминување на Рубен Аморим, кариерата на младиот играч за врска се врати на вистински пат. Мајкл Карик се погрижи да видиме најдобри изданија од Коби во изминатите три месеци и тоа беше доволно за клубот да го награди својот продукт од Академијата, кој денеска и официјално доби нов договор. ...
Тјери Анри беше еден од оние кои искажаа најмногу симпатии за атомскиот фудбал кој го понудија ПСЖ и Баерн во офанзивна смисла, но 24 часа подоцна, легендарниот француски напаѓач мораше да прави сосема поинакво резиме од тоа што го виде во Мадрид. Второто полуфинале меѓу Атлетико и Арсенал беше целосно дијаметрално поразлично од она што го гледавме на „Паркот на принцовите“, а ако судијата Макели не досудеше два пенали, најверојатно немаше да ...
Неделното дерби меѓу Милан и Јувентус ги разочара фудбалските фанови, но двата тима одиграа доволно за да останат во пол-позиција за местата кои водат во Лигата на шампиони. Натпреварот кој заврши со резултат 0:0 не донесе голема возбуда за неутралните фанови, меѓутоа и во такви услови, двајцата тренери имаа тактички забелешки за своите фудбалери и беа доста активни крај линијата. Лучијано Спалети во неколку наврати беше доста гласен и тоа ...
Баерн Минхен доби елитна „деветка“ со ангажманот на Хари Кејн, но реалноста е дека германскиот великан доби многу повеќе од врвен голгетер и играч кој чека топки од своите соиграчи. Во својата трета сезона како ѕвезда на Баерн, Кејн атакува на титулата во Лигата на шампиони и неговиот тим остана во игра по првиот меч во Париз, па покрај постигнатиот гол од пенал, Англичанецот имаше влијание врз резултатот и со многу добри реакции на теренот. ...
Лудата пресметка која ја режираа ПСЖ и Баерн Минхен на „Паркот на принцовите“ воглавно ја фрли во транс цела фудбалска и спортска јавност, но сепак има и такви кои гледаат и негативно на неверојатниот натпревар и даваат лоша критика за понуденото во вторникот. Кларенс Сидорф нагласи дека не е воопшто импресиониран од бројот на голови постигнат во едно полуфинале во Лигата на шампиони и посочи дека Арсенал е поголем фаворт за титулата поради ...
Селекторот Кирил Лазаров го објави поширокиот список од 35 ракометари кои се во игра за настап на престојниот двомеч со селекцијата на Словачка, натпревари на кои македонските репрезентативци ќе бркаат ново учество на Светско првенство. Целта да се продолжи континуитетот со настапи на големи натпреварувања е нешто за кое сите размислуваат во националниот тим, а селекторот Лазаров ќе треба да ги избере играчите кои се во најдобра форма и ...
Ал Наср го доби дербито со Ал Ахли и продолжи цврсто да чекори кон прва титула во домашниот шампионат во ерата на Кристијано Роналдо, трофеј кој се големо нетрпение се чека во Ријад од првиот ден на Португалецот во Саудиска Арабија. Вчерашната победа со резултат 2:0 значително го доближи Ал Наср до посакуваната цел, а креатор на триумфот беше токму Роналдо кој го постигна голот за 1:0. Криситјано ги натскока ривалите и погоди во свој ...
Стивен Џерард беше стручен аналитичар за „ТНТ Спортс“ во уште една вечер посветена на Лигата на шампиони, а по виденото на првите средби во Париз и Мадрид, легендата на Ливерпул уште поцврсто стои до својот став од претходно. Стиви Џи смета дека ПСЖ е главен и изразит фаворит за одбрана на трофејот во најелитното европско натпреварување, од едноставна причина што верува дека е подготвен да ја казни секоја грешка на Баерн и во Минхен, исто ...
Антоан Гризман го прекрши протоколот и заврте грб на официјалната телевизиска камера, се со цел за последен пат да ја доживее и почувстува атмосфера на „Метрополитано“ на еден домашен натпревар во Лигата на шампиони. Без оглед на тоа дали Атлетико ќе оди до крајот, Гризман вчера го одигра последниот натпревар на домашен терен во најважното европско натпреварување, па во таа ситуација, реши дополнително да ја збогати ситуацијата. Французинот ...
Трансферот на Квича Кварацхелија од Наполи во ПСЖ многумина го протолкуваа како нелогичен потег пред една година, но 15 месеци подоцна, сите зборуаваат за Грузиецот како за еден од најдобрите играчи на својата позиција. Луис Енрике доби џек-пот во јануарскиот преоден рок пред една година и Квича само неколку месеци подоцна ги освои сите можни титули, а сега е еден од лидерите и во обидот да се одбрани титулата во Лигата на шампиони. ...
Дани Макели се најде во центарот на вниманието со трите пенали кои ги досуди на „Метрополитано“, но на крајот еден од нив поништи, оној последниот направен над Езе. За време на првата полуфинална пресметка, се доби впечаток дека холандскиот судија многу брзо го става свирчето во уста кога треба да се досуди пенал, па иако од Арсенал се пожалија дека неговата одлука да го поништи пеналот на Езе е чист подарок за Атлетико, Симеоне не е убеден ...
Стивен Џерард беше стручен аналитичар за „ТНТ Спортс“ во уште една вечер посветена на Лигата на шампиони, а по виденото на првите средби во Париз и Мадрид, легендата на Ливерпул уште поцврсто стои до својот став од претходно. Стиви Џи смета дека ПСЖ е главен и изразит фаворит за одбрана на трофејот во најелитното европско натпреварување, од едноставна причина што верува дека е подготвен да ја казни секоја грешка на Баерн и во Минхен, исто ...
Детроит остана жив во серијата со Орландо и не дозволи елиминација по одиграниот петти натпревар, па сега ќе гледаме најмалку и шеста пресметка меѓу овие ривали, исто како што ќе биде случај и меѓу Лејкерс и Хјустон. Дуелот во Детроит беше одбележа од „револверашката“ пресметка меѓу Кенингем и Банкеро кои постигнаа по 45 поени во двата тима, но на крајот се радуваше играчот на домашниот тим поради победата од 116:109. Кенингем го диктираше ...
Микел Артета со неверица го дочека моментот кога судијата Макели го поништи вториот пенал за Арсенал уште на теренот, но менаџерот на гостинскиот тим беше уште побурен по последниот судиски свиреж, обвинувајќи дека луѓето од ВАР постапиле спротивно на правилата на фудбалската игра. Според протоколот, ВАР не треба да се активира ако нема голема и очигледна грешка, а Артета верува дека во вториот случај имало доволно елементи за да се покаже на ...