Македонскиот кошаркар, Ненад Димитријевиќ е на добар пат да го реши најважното прашање, статусот за натпреварувачката 2025/2026. Нено неочекувано беше „избришан“ од Еторе Месина во текот на минатата сезона и беше јасно дека неговата приказна со Олимпија Милано е завршена со оглед на тоа што Италијанецот останува да ги води „манекените“. Имаше различни информации, вести околу тоа каде плејмејкерот ќе ја продолжи кариерата, а најновата е дека се ...

Аталанта е отворена за преговори и не ја затвора вратата на ниту еден фудбалер кој веќе не се гледа како дел од проектот во Бергамо, па таков е случајот и со Адемола Лукман, играч кој веќе некое време преговара со Интер. По историската продажба на Матео Ретеги, Аталанта е подготвена да се раздели и со втората најголема ѕвезда во тимот, но сепак до тоа ќе дојде само ако бидат исполнети условите кои се побарани од Интер. Клубот од Бергамо бара ...

Ненад Димитријевиќ се најде на немилост кај тренерот Еторе Месина и не доби посакувана минутажа во вториот дел од сезоната, по што брзо стана јасно дека македонскиот репрезентативец ова лето ќе бара нов клуб. Нено раскина со Олимпија Милано и изминатиот период го посвети на разгледување на најдобрата понуда, а после низа шпекулации за неговата нова средина, денеска приситгна официјална информација дека се враќа во Русија. Димитријевиќ блескаше ...

Македонските пливачи го започнаа настапот на Европскиот младински олимписки фестивал со неколку индивидуални рекорди и еден рекорд во конкуренција на пливачи до 14 години. Дамјан Станковски постави државен рекорд до 14 години во дисциплината 200 метри градно и тоа со време 2.35:41 минути, соборувајќи го досегашниот најдобар национален резултат (2.37.90 минути). Лични рекорди на возраст до 15 години поставија Даниел Милошевски на 400 метри ...

Македонија има свои два претставници на ракометните турнири на ЕМОФ, но како што стојат работите, кадетите и кадетките во последното коло ќе се обидат да избегнат последно место во групите и разигрување за најниските позиции. Машката репрезентација претрпе пораз од фаворитот Шпанија во натпревар во кој изгледаше далеку подобро од мечот со Хрватска, но сепак тоа беше недоволно за сензација во Скопје. Шпанците победија со 31:26 и ја оправдаа ...

Вториот натпреварувачки ден на Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025 донесе нова доза спортски возбудувања и резултати, сјајни изданија на младите европски таленти. Финалните трки во атлетика, велосипедизам, стрелаштво и џудо ја зацврстија атмосферата на фестивалот како вистински празник на младинскиот спорт. И покрај високите температури и топлото време, спортистите на отворено покажаа извонредна подготвеност и борбеност, ...

Во вечерните часови на вториот натпреварувачки ден на Европскиот Младински Олимписки Фестивал – Скопје 2025, македонските кошаркарки ја забележаа првата победа на фестивалот, совладувајќи ја Литванија во Баскет 3х3 со 14:11. Останатите македонски репрезентации продолжија со борбени настапи во вториот ден, но повторно не успеаја да стигнат до победа. Женската ракометна репрезентација го запиша и вториот пораз, овојпат од селекцијата на ...

Андреј Ѓурчиновски беше на чекор до втор медал на Европското младинско првенство во билијард, но нијанси решаваа за неговиот пораз од четвртфиналниот ривал, кој подоцна стана и европски шампион во дисциплината „деветка“. Македонецот со само 15 години настапуваше на ЕП во Словенија во категоријата на играчи до 17 години, а по бронзениот медал во дисциплината „десетка“, денеска остана покус за една победа во обидот да потврди најмалку втора бронза ...

Горан Иванишевиќ прогнозираше дека само Новак Ѓоковиќ може да го сопре налетот на Јаник Синер и Карлос Алкарас на Вимблдон, но сепак крајот покажа дека гледавме ново финале меѓу двајцата лидери на новата генерација тенисери. Во реприза на нестварното финале на Ролан Гарос, овојпат Синер излезе како победник во финалето на Вимблдон, па тоа е доволно за Иванишевиќ да заклучи дека Италијанецот во моментот е подобар тенисер од Шпанецот. – Финалето ...

Рожер Федерер е во посета на Мајорка и го искористи слободното време за да ја посети Академијата на Рафа Надал, но сега самиот откри дека покрај тоа што зборувале за тенис, успеале да се релаксираат и играјќи голф. Двајцата беа забележани во текот на вчерашниот ден во познат голф-клуб на шпанскиот остров, а еден ден подоцна, Федерер испрати интересен предизвик до сите свои следбеници. Ривалството „Федал“ е еден од најдобрите и најголемите во ...

Новак Ѓоковиќ го користи летниот одмор за да се релаксира и полни батерии на Јадран, па откако претходно беше уловен во Црна Гора, сега веќе неколку дена пристигнуваат слики и видеа од Хрватска. Српскиот тенисер може да се забележи на едни од најпопуларните острови, а најновите фотографии кои пристигнаа од Корчула брзо станаа вирален хит. Големиот грен слем рекордер одмора во друштво на две фудбалски легенди, но дел од избраното друштво бил и ...

Венус секогаш ќе остане во сеќавање како постарата од легендарните сестри Вилијамс, но од денеска и како легендарна тенисерка која реши да му се врати на омилениот спорт во петтата деценија од животот. 45-годишната Американка доби вајлд-карта за турнирот во Вашингтон и истата ја прифати без размислување, но за да биде приказната уште подобра, славната грен слем шампионка оствари и победа против двојно помлада противничка. Пејтон Стернс 35-та ...

Тимот на Алкалоид ги започна подготовките за натпреварувачката 2025/2026, сезона во која одново улогата на лидер, капитен ќе ја има Игор Ѓоргиев. Големиот борец ќе биде значајно оружје на клубот од Автокоманда кој ќе биде активен и амбициозен на повеќе фронтови. -Не очекува подготвителен период, во кој првата недела ќе сме во Скопје, а потоа ќе заминеме во Маврово. Ќе гледаме да се спремиме најдобро на физички план, исто така и психички да се ...

Еурофарм Пелистер пред две недели му ја исполни желбата на Раул Алонсо и му дозволи да си замине од Битола, но македонскиот шампион денеска реши дека проектот одново ќе му биде доделен на шпански стручњак. Алонсо заврши одлична работа кај „зелено-белите“ и постави темели кои носат сигурност и за новиот тренер, а тоа е Рубен Гарабаја Аренас. Еурофарм Пелистер стартот на подготовките ги има закажано за утре, па така новиот стручњак ќе прозива еден ...

Шпанскиот репрезентативец и капитен на Барселона, Алехандро „Алекс“ Абринес Редондо одлучи да ја заврши својата кариера на 32 години. Тој за неколку дена (1 август) ќе дојде до бројката од 32 години, но пред роденденот објави дека оди во пензија. Ова за некого е изненадување, за некого не затоа што самиот Алекс пред некое време порача дека размислува за тоа, па на крајот пресече дека 2025 е негова последна активна во кошарката. Абринес ...

Јетон БЕќири цврсто стои на земја и по големта победа која ја оствари Шкендија над ФЦСБ, па на прес-конференцијата која ја одржа на „Тодор Проески“ порача дека фаворитската улога и натаму ја има романскиот првак. Шкендија победи со 1:0 и во завршницата можеше да стигне и до покомотна предност со две одлични шанси, но иако во Букурешт ќе патува со еден гол негатива, прикажаната игра дополнително ќе влијае врз самодовербата кај играчите на Беќири. ...

Манчестер Јунајтед одлучи да се ослободи најмалку од петмина играчи во овој преоден рок или поточно на „црната листа“ се Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо, Алехандро Гарначо, Антони и Тајрел Маласија. Рашфорд прв си заминува и тоа во редовите на Барселона каде ќе игра на позајмица со цел и амбиција да се докаже, покаже и шпанскиот клуб потоа го откупи договорот. Ова дефинитивно ќе биде интересен предизвик за Маркус, вистински тест дали се уште може ...

ФЦСБ допатува како фаворит за победа во Скопје и таков расплет очекуваа сите романски медиуми, кој по конечниот епилог на националната арена „Тодор Проески“, со голема загриженост ги пренесоа сите детали од мечот, но и изјавите на главните актери. Романскиот првак не успеа да се наметне против Шкендија и претрпе пораз од 1:0, а истиот можеше да биде и потежок на крајот ако избраниците на Беќири искористеа една од двете стопроцентни шанси. ...

Саул Нигез доби статус на слободен агент од Атлетико Мадрид со цел што побрзо да си пронајде нов клуб, па иако пред два дена беше се договорено за трансфер во Турција, шпанскиот фудбалер во последен момент ја стопираше операцијата. Иако имаше закажано и авионски лет кон Турција, Саул на крајот реши да го откачи Трабзонспор и да го поништи претходно дадениот збор, а сега испадна дека неговото образложение не држи доволно вода. Саул преку ...

Фудбалерите на Црвена Звезда ја оправдаа фаворитската улога и победија против Линколн во Гибралтар, па во ситуација кога не воодушевија со своето издание, мораа да се задоволат со минимални 0:1. Српските медиуми доста се занимаваа со бавното темпо и недоволната инспирација кај одредени фудбалери, меѓутоа убедливо најпопуларно е видеото од ситуацијата за голот. Црвена Звезда поведе со голот на Бруно Дуарте и тоа ја направи клучната разлика, но ...

Германските медиумите уште пред три месеци пренесоа дека љубовната романса меѓу Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ е завршена, а сега пристигна официјална информација дека познатата двојка ја комплетирале брачната парница и дошло до развод. Угледниот „Билд“ стапи во контакт со адвокатот на славната српска тенисерка и пристигна потврда за разводот, со кој воедно беше ставен крај на долга врска која траеше 11 години. Бастијан и Ана се запознаа ...

Баер Леверкузен загуби важни алки во својот прв тим уште во воведната фаза од летниот преоден рок, па сосема јасно е дека „фармацевтите“ ќе изгледаат сосема поинакво на теренот без Џонатан Та, Џереми Фримпонг и Флоријан Вирц. Трите столба во системот на Чаби Алонсо нема да му стојат на располагање на Ерик Тен Хаг, а за да спречи дополнителен егзодус во неговиот тим, Холанѓанецот сега блокира трнасфер кој е речиси договорен. Агентот на Гранит ...

Челси тргна максимално амбициозно на трансфер пазарот и веќе доведе неколку ѕвезди како Гитенс, Жоао Педро, Делап, Естевао, Есуго и Сар, но пред да се насочи кон нови операции за засилување на тимот, клубот од Лондон мора да се ослободи и од неколку прецртани фудбалери. Праксата покажа дека тим со повеќе од 25 фудбалери не функционира најоптимално и Енцо Мареска уште во првата сезона прецрта неколку важни имиња, а еден од нив беше и Жоао Феликс ...

Алехандро Гарначо е еден од играчите кој нема иднина во Манчестер Јунајтед или поточно е ставен на „црната листа“ на клубот како фудбалер кој треба да си замине во овој летен преоден рок. Аргентинецот е интересен за повеќе клубови од Премиер лигата како Челси, Тотенхем и Астон Вила што секако е добра вест за „црвените ѓаволи“, ама и и за самиот играч кој посакува да остане во Англија. Тимот од „Олд Трафорд“ на почетокот на оваа година бараше ...

Македонскиот кошаркарски прволигаш Работнички донесе уште едно ново име во своите редови, засилување на центарската позиција од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Џордан О’Нил кој може да ги покрие позициите 4 и 5. Тој во таборот на центарци доаѓа од Финска од редовите на Кипина каде имал импресивен учинок од 22,5 поени, 11,8 скока и 2,4 асистенции по натпревар. Тимот од „Градски Парк“ претходно ги доведе Брет Томпсон и ...

Манчестер Сити потроши голема сума на пари во овој летен преоден рок, сума која може дополнително да се зголеми до крајот на истиот затоа што клубот сака да донесе десен бек, а можеби и нов голман. Имено „граѓаните“ имаат двајца голмани кои имаат само уште една година од договорите Едерсон и Стефан Ортега. Ова дефинитивно го става во незгодна позиција составот од Манчестер, ама тешко дека премиерлигашот ќе се ослободи, откаже од двајцата без ...

Репрезентативецот на Литванија, Јонас Валанчиунас конечно ги разреши сите дилеми и откри во кој клуб ќе игра во нареднава сезона. Тој од Сакраменто Кингс заврши во Денвер Нагетс каде во него видоа идеална замена за Никола Јокиќ, меѓутоа Валанчиунас посакуваше да се врати во Европа каде имаше силен интерес од Панатинаикос. Грчкиот тим имаше подготвено договор за центарот, договор кој според информациите Јонас бил подготвен и да го потпише, ...

Повремениот македонски репрезентативец, Дарко Велковски е на добар пат да го реши клупското прашање и тоа со ангажман во Босна и Херцеговина. Велковски во оваа календарска година настапуваше за унгарска Њирегихаза со која не ја продолжи соработката и сега како слободен играч може да ја избере новата средина. Според информациите на SportSport.ba тоа ќе биде Железничар, еден од најголемите клубови во БиХ заедно со Сараево. Наводно остануваат само ...

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација доби уште две имиња на подготовките за претквалификациите за пласман на Светското првенство во 2027 година. Селекторот Марјан Илиевски донесе одлука дел од тимот да бидат двајца играчи кои беше најдобри играчи на младинското европско првенство (Б дивизија) кое претходниот период се играше во Ерменија-тоа се Марко Луканоски и Стефан Стојковиќ. Луканоски имаше просек од 14.4 поени, 9.4 скока ...

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас се врати во Германија и одново е дел од РБ Лајпциг со кого има договор до 2028 година. Меѓутоа Елиф нема иднина во таборот на „биковите“ и во овој преоден рок бара нов клуб, клуб во кој би направил перманентен трансфер. Италија делува како земја во која Елиф би ја продолжил кариерата, а најновата вест е дека тоа би можел да и се приклучи на Рома. Според Лего, бундеслигашот го понудил Елмас на „волчицата“ ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1025
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
2.06
47%
1025
weather icon

Загреб

27ᴼ / 23ᴼ
1.03
57%
1024
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
41%
1026
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.85
33%
1026
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 23ᴼ
0.62
56%
1025
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
7.6
42%
1022
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
28%
1022
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
42%
1024
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
47%
1026
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
1.54
54%
1025
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.17
43%
1024
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.59409