Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Македонскиот интернационалец, Ненад Димитријевиќ одигра уште една партија со двоцифрен учинок во дресот на Зенит од Санкт Петербург. Зенит го оправда статусот на фаворит и обезбеди триумф над Енисеј од 105:81 на денешниот натпревар во ВТБ лигата. Димитријевиќ за 22 минути на теренот постигна 11 поени на кои придодаде 6 асистенции со 2 скока. Најефикасен беше Рендолф со 16 кошеви, додека кај поразените Ташиќ уфрли 20 поени. Наредниот меч за ...
Легендата на шпанската кошарка, Пабло Ласо пронајде нов ангажман и во иднина одново ќе го гледаме во Евролигата. Некогашниот предводник на Реал Мадрид, Баерн Минхен и Басконија е назначен за тренер на Анодолу Ефес или поточно за наследник на Игор Кокошков кој заработи отказ поради лошите резултати. Ласо најголемите успеси како тренери го доживеа на кормилото на „кралевите“ каде се задржа 11 години, период во кој освои 22 титули меѓу кои и две ...
Репрезентацијата на Македонија до 18 години во изминативе неколку дена беше на мини подготовки во Струмица каде одигра два контролни натпревари со селекцијата на Црна Гора. Составот предводен од селекторот Димитар Капинковски на двата меча забележа победи од 2:1 и најави дека следната година можеме да очекуваме добри вести од квалификацискиот турнир за пласман на континенталниот шампионат. -Овие натпревари ги искористивме за воигрување на ...
Карло Анчелоти ја води бразилската репрезентација нецела половина година, но веќе си обезбедил нов договор со фудбалската федерација и гарантиран подолг престој на клупата на „селесао“. Анчелоти го водеше Бразил на осум натпревари, на кои тимот стигна до четири победи, но националниот тим обезбеди место на СП 2026, додека истовремено ги убедил челниците на федерацијата дека треба да му даде класичен договор на Италијанецот. Претходниот ...
Тиаго Силва реализирал интервју за „Лекип“ и таму биле опфатени многу интересни теми, а Бразилецот очекувано бил прашан и за периодот во кој го носеше дресот на ПСЖ. Актуелниот член на Флуминенсе зборувал и за односот меѓу Килијан Мбапе и Нејмар, двете големи фудбалски ѕвезди кои во ист момент го носеа дресот на францускиот клуб. – Приказната за играњето на Мбапе и Нејмар заедно во ПСЖ беше навистина убава, но нивниот однос подоцна се расипа. ...
Жорди Кројф гостувал во подкастот на Гери Невил и зборувал на многу интересни фудбалски теми, во кои сите присутни во студиото секако посветиле дел од времето и на неговиот славен татко Јохан. Кројф јуниор по завршувањето на фудбалската кариера, во стилот на својот татко се испроба и како тренер, а во еден период учествуваше во креирањето на трансфер политиката на Барселона. Во подкастот, Кројф помладиот открил дека Каталонците во еден момент ...
Евролигашкото дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда предизвика големо внимание меѓу кошаркарските фанови, а вчера на ВИП позиција во белградска „Арена“ се најде и Јоаким Ноа. Поранешниот НБА играч решил да си ја оствари желбата и во живо да ја проследи пресметката меѓу градските ривали, а пред медиумите открил дека една од причините да дојде во Белград е познатата изјава на Никола Јокиќ. На прес-конференција пред неколку години, српскиот центар ...
Лионел Меси пристигна во Индија во придружба на клупските колеги Луис Суарез и Родриго Де Паул, а на стадионот во Калкута го дочекаа илјадници индиски фанови кои платиле сериозна сума за билетите и желбата да го видат во живо својот фудбалски идол. Организаторот ги продал сите билети за настанот, Меси и останатите ѕвезди продефилираа на теренот, но фановите не го криеја незадоволството од целата организација. Меси бил опкружен од политичари и ...
Стеф Кари ги пропушти претходните пет натпревари на Голден Стејт, но утринава се врати со одличен индивидуален ефект во поразот од Минесота. Искусниот кошаркар одигра 32 минути и постигна 39 поени, но не беше награден за одличното издание со позитивен резултат на својата екипа, која не успеа да го задржи расположеното трио Рендл-Гобер-ДиВинченцо. НБА фановите во арената во Сан Франциско се воодушевија од Кари уште пред почетокот на средбата, ...
Милан има солидни резултати под водство на Макс Алегри и најавува дека ќе биде кандидат во битката за скудетото, но дел од фудбалерите не можат да бидат задоволни од минутажата која ја добиваат. Еден од нив е Рубен Лофтус-Чик, за кого медиумите тврдат дека веќе размислува за заминување од Милано во јануари и промена на средината со јасна цел. Лофтус-Чик сака да биде во комбинација за настап на СП 2026, но не може да се наметне кај Томас Тухел ...
Кол Палмер доби поштеда на гостувањето на Челси кај Аталанта во Лигата на шампионите, но менаџерот Енцо Мареска не може да биде сигурен дали ќе биде подготвен и каква минутажа ќе има на соочувањето со Евертон. Англискиот репрезентативец се рехабилитираше од проблемот со прстот на ногата кој настрада при несреќен удар во врата во неговиот дом, но се уште се мачи со проблемот со препоните кој се заканува да стане хроничен. Менаџерот Енцо ...
Џоел Ембид потсети на своите најдобри настапи во НБА лигата и беше одлучувачки фактор за Филаделфија да ја скроти незгодната Индијана пред своите фанови. Центарот го заврши натпреварот со 39 поени и 9 скокови и дополнително ги мотивираше и соиграчите, меѓу кои Пол Џорџ исто така го одигра најдобриот дуел сезонава и го заврши мечот со 23 поени. Донован Мичел отиде уште подалеку со 48 поени на гостувањето на Кливленд кај Вашингтон, а буквално ...
Ханси Флик чувствува симпатии кон Чаби Алонсо во ситуација кога тренерот на Реал Мадрид се соочува со огромен притисок, но од друга страна, германскиот стручњак не сака да дава никакви позначајни изјави за најавите кои пристигнуваат од шпанската престолнина. Алонсо многу брзо се доведе во ситуација да игра за својата иднина во Реал Мадрид, но Ханси како главен ривал не обрнува преголемо внимание на оваа тема, од едноставна причина што ...
Во англиската Премиер лига се игра 16. коло, коло распоредено во три дена, коло кое не носи некое дерби меѓу екипите кои се борат за врвот. Меѓутоа има занимливи пресметки како на пример Челси-Евертон, Кристал Палас-Манчестер Сити, Ливерпул-Брајтон и Сандерленд-Њукасл, битки кои си носат своја убавина и тежина. Алан Ширер како амбасадор на Бетфер повторно доби можност да типува и според неговата прогноза ќе имаме интересни резултати, а она ...
Раководството на Барселона треба да допрецизира уште одредени детали, пред да го официјализира пристигнувањето на Хамза Абделкарим во Шпанија. Се работи за голем египетски талент и фудбалер кој се истакнал со своите настапи на последното У-17 светско првенство, а првично ќе биде засилување за вториот тим на Барселона. Абделкарим е робустен напаѓач, а бидејќи на 1. јануари ќе наполни 18 години, ќе може да се докажува и да се наметнува и за ...
Легендарниот Луис Фиго ја искоментирал ждрепката за СП 2026 и ја издвоил Шпанија како главен фаворит за освојување на нов мундијалски трофеј. Португалецот има сериозни очекувања од „фуријата“, а издвоил уште три репрезентации како фаворити, при што не ги вклучил Англија и Германија. – Не знам дали ќе го освојат турнирот, но Шпанија е топ фаворит за титулата. – Покрај Шпанија, верувам и во шансите на Бразил, Аргентина и Португалија. Секоја од ...
Црвена Звезда диктираше темпо и имаше водство до последниот период на евролигашката пресметка со градскиот ривал Партизан, но „црно-белите“ направија голем пресврт и стигнаа до посакуваната победа (79:76). Избраниците на Саша Обрадовиќ подобро го отворија натпреварот, на полувреме имаа плус четири, но во третиот период стигнаа до предност од 16 поени (44:60). На осум и пол минути беше плус 14 за „црвено-белите“, но оттука започна фуриозниот ...
Ракометарите на Алкалоид беа сигурни на последниот домашен натпревар годинава и го совладаа Куманово со убедливи 42:25 во салата „Автокоманда“ во Скопје. Домаќините на полувреме водеа со 20:12 и го најавија епилогот, па без проблеми до крајот само ја зголемија позитивата и стигнаа до нова и очекувана суперлигашка победа. Борзаш, Петковски и Серафимов со по 6 голови беа најефикасни во победничкиот тим, додека кај Куманово 5 голови реализираше ...
Арсенал мора да размислува само за победа на дуелот со Волвс и да им се врати на позитивните резултати по поразот од Астон Вила, а менаџерот Микел Артета доби и важно засилување во нападот. На дуелот со Бриж во Лигата на шампионите шанса доби подзаборавениот Габриел Жезус, кој се врати на терените по долгата пауза поради повреда. Бразилецот не беше во комбинација од јануари, откако му беше направена операција на повреденото колено, па се ...
Навивачите на Јувентус не се задоволни од начинот на кој актуелното раководство менаџира со клубот последните неколку години, а од неодамна минорен акционер во клубот е крипто гигантот „Тетер“. Компанијата има сериозен капитал и е предводена од извршниот директор Паоло Ардоино, кој и самиот е голем фан на Јувентус, а со купените акции веќе доби свој претставник и во бордот на директори на Јувентус. Но, планот на „Тетер“ е многу поамбициозен, ...
Бојан Миовски вчера постигна атрактивен гол за Глазгов Ренџерс против Ференцварош во рамките на Лига Европа, но неговиот тим не импресионираше во дефанзивната фаза и прими два гола, дозволувајќи целосен пресврт на унгарскиот состав. Навивачите на шкотскиот великан го испратија голот на Македонецот со воодушевување, но противничкиот тренер Роби Кин смета дека погодокот е постигнат од сомнителна позиција. Судиите првично покажаа офсајд, но по ...
Вејн Руни направи вистински потег во кариерата со трансферот од Евертон во Манчестер Јунајтед, но во тие моменти доживеал и непријатна ситуација поради негативната реакција кај фановите на „карамелите“. Првата ѕвезда на тимот од Ливерпул реши да се пресели во премиерлигашкиот ривал во 2004 година, а дополнително ги налути фановите на Евертон бидејќи одби нов и финансиски поатрактивен договор од тогашниот клуб. Во своето шоу на „Би-Би-Си“, ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА) предизвика бес кај фудбалските фанови ширум светот со цените за билетите за СП 2026, а англиските навивачки асоцијации веќе почнаа со конкретни чекори во обид да се изнуди промена на последната одлука. ФИФА и организаторите САД, Канада и Мексико ги потврдија износите кои треба да се одвојат за натпреварите на претстојниот мундијал, при што билетите за групната фаза се три пати поскапи од тие во СП во ...
Барселона со солидна предност во однос на ривалите го дочекува соочувањето со Осасуна, а тренерот Ханси Флик денеска зборувал пред медиумите, најавувајќи го натпреварот предвиден за саботниот термин од 18:30 часот. Германецот потврдил дека Жоан Гарсија останува прв избор на голманската позиција, а му испратил јасна порака на искусниот Френки де Јонг, кој во моментов не е меѓу стартерите на Барса. – Во моментов, Ерик Гарсија игра на ...
Денешниот разговор на Арне Слот и Мохамед Салах резултирал со одлука за враќање на египетскиот фудбалер во составот на Ливерпул и тој ќе биде во комбинација за настап на дуелот со Брајтон. Англиските медиуми пренесуваат дека Слот донел ваква одлука пред се за да не му наштети на тимот во ситуација кога има повеќе повредени фудбалери, па му е потребен секој можен ресурс за позитивен резултат против Брајтон. Сепак, изјавата и ставот на Салах за ...
Поразот од Манчестер Сити го зголеми притисокот кон Чаби Алонсо, но и фудбалерите на Реал Мадрид, па гостувањето кај Алавес носи сериозен влог за шпанскиот великан. Тоа не значи дека Чаби ги нема проблемите со повредени играчи кои и досега му создаваа главоболки, а дека нема да располага со речиси цел тим говори и фактот што има дури тројца суспендирани фудбалери. Ендрик, Гарсија и Карерас ќе го пропуштат натпреварот поради црвените картони ...
Наполи мора да го остави разочарувањето во Лисабон зад себе и да се фокусира на Серија А, но фудбалската јавност во Италија и натаму го коментира поразот од Бенфика. Фабио Капело во изјава за медиумите истакнал дека вината за послабите резултати во Европа веројатно треба да се лоцира кај тренерот Антонио Конте, бидејќи Наполи покажува поинакво лице во Лигата на шампионите. – Можеби Конте не може да ја пренесе карактеристичната смиреност и ...
Судиските одлуки на фудбалските натпревари често отвораат дебата, во која најгласни се тренерите и членовите на екипата која е потенцијално оштетена. Луис Енрике и ПСЖ сигурно можат да издвојат ситуации во кои можат да разговараат јавно за одредени одлуки, а пример беше грубиот старт на фудбалер на Монако над голманот Шевалие во поразот на ова француско дерби. На денешната прес-конференција, шпанскиот стручњак бил прашан зошто никогаш јавно ...
Лучијано Спалети посакува одредени засилувања за Јувентус во зимскиот преоден рок, со кои ќе успее да доведе играчи кои смета дека му недостасуваат за стилот на игра кој го протежира, но и да ги пополни празнините во ростерот во кој често има многу повредени играчи. Прв фаворит на поранешниот италијански селектор е Давиде Фратези, фудбалер кој е на некој начин прецртан од Кристијан Киву и сака да го напушти Интер во јануари. Според ...
Манчестер Јунајтед ќе има сериозен испит на соочувањето со Борнмут, а менаџерот Рубен Аморим не штедел комплименти за противникот, додека истовремено потенцира дека неговиот тим влегува со императив за победа пред своите фанови. Дербито на „Олд Трафорд“ сепак носи и одредени проблеми во однос на составот играчите со кои ќе располага Португалецот, кој денеска потврдил неколку комплексни ситуации со дел од играчите. – Очекувам тежок натпревар, ...