
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Португалскиот шампион Спортинг остана без услугите на својот најдобар играч и напаѓач Виктор Ѓекереш кој го замени Лисабон со Лондон или поточно се пресели во редовите на Арсенал. Швеѓанецот стана вистинска гол машина во Португалија и нема воопшто да му биде лесно да наследникот да ги повтори неговите партии или барем да биде блиску до неговите. Спортинг веќе донесе замена и денеска официјално ја престави-тоа е Луис Суарез. Тој доаѓа од редовите ...
Екипата на Пелистер го претстави најновото засилување кое доаѓа од соседна Србија, а тоа е 27-годишниот Лука Булатовиќ. Булатовиќ е офанзивец, играч кој ги покрива крилните позиции, играч кој во Битола доаѓа од Горица од Словенија. Во минатата сезона одигра 29 натпревари и запиша седум гола и шест асистенции. Тој кариерата ја има започната во својата татковина во Раднички Сремска Митровица по што оди во Грција каде настапува за повеќе тимови ...
Њукасл лошо се снаоѓа во досегашниот тек на трансфер пазарот каде остане без повеќе посакувани фудбалери кои завршија на други дестинации. Меѓутоа премиерлигашот останува да биде активен и целта му е да доведе нов голман откако Манчестер Сити му го „украде“ Џејмс Трафорд. Сега тимот од „Сент Џејмс Парк“ го брка повремениот англиски репрезентативец и член на Саутемптон, Арон Рамздејл. Њукасл сака да го добие на позајмица со право на откуп, Арон ...
Вардар прикажа добра игра и заслужено ја совлада Лозана (2-1) на првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА, но сега следи потешкиот предизвик, соочувањето со швајцарскиот прволигаш на негов терен. Лозана и понатаму останува фаворит за пласман во следната фаза и најдобар потврда е коефицинетот кој го даваат обложувалниците, но „црвено-црните“ во Скопје јасно покажаа дека можат да се носат со противникот и ...
Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години го загуби и третиот меч од групната фаза на Европското првенство во Белград. Вечерва подобри од избраниците на Адреевски беа српските кошаркарки кои триумфираа со 89:59. Одигравме лошо пред се во првиот период во кој дадовме само 8 коша за 10 минути (24-8), односно му дозволивме на домаќинот да земе залет, се стекне со предност која потоа само ја зголемуваше. Најдобри бевме во третата ...
Македонскиот судија Стефан Цубалевски се најде во центарот на вниманието на финалниот меч во категорија до 75 килограми на Европско младинско првенство во бокс, а причината за тоа е нападот кој врз него беше извршен од страна на тренерот на натпреварувачот од Азербајџан. Тренерот на азербејџанскиот борец прво вербално го нападна македонскиот судија, а потоа тргна да го дави и да дели тупаници. Скандал во Србија: Македонски судија давен и физички ...
Интер е во потрага по нови имиња на пазарот, фудбалери кои би го кренале квалитетот и во исто време би донеле нова енергија, амбиција што и тоа е како потребна за да се остварат зацртаните цели. Калчолигашот во моментов е фокусиран на еден фудбалер и тоа е Адемола Лукман, нешто што воопшто не се крие од „нероаѕурите“ кои очекуваат позитивни преговори со Аталанта за напаѓачот од Нигерија. -Со тренерот ги споделивме тактичките карактеристики што ...
Јувентус долго време доминираше во Серија А и италијанскиот фудбал, меѓутоа во последниве сезони се потешко го напаѓа самиот врв на табелата што јасно покажува дека клубот се мачи да дојде до формулата која носеше одлични резултати во минатото. „Старата дама“ влече некои потези, меѓутоа прашање е колку тие се оние вистинските, потези за освојување на титули. Легенданриот Лука Тони кој во кариера кратко настапуваше за Јувентус смета дека клубот ...
Калчолигашот Наполи досега имаше доста успеси на пазарот во овој преоден рок, меѓутоа сега загуби една битка и тоа за ѕвездата на Болоња која се сели во Премиер лигата. Наполитанците долго време го „меркаа“ Дан Ндоје, се обидуваа да пронајдат заеднички јазик со Болоња, но тоа не се случи и 24-годишниот офанзивец оди во Англија во редовите на Нотингем Форест. „Шумарите“ за него ќе издвојат 40 милиони евра плус бонуси, а Швајцарецот ќе потпише ...
Пеп Гвардиола е вистинска легенда на Барселона, човек кој прво како играч остави силен печат минувајќи ги сите категории и потоа настапувајќи за првиот тим единаесет години за да потоа се врати со поинква улога како тренер, приказна која беше исто успешна прво со втората екипа за да потоа направи вистинска револуција со првиот состав. Од тогаш е мината повеќе од една деценија и често знае да се спомене неговото име како можен предводник на ...
Најдобрата македонска фудбалска судијка, Ивана Пројковска во изминатиов период е активна на Копа Америка што се игра во Еквадор, натпреварување за фудбалерки кое влегува во самата завршница, завршница во која инволвирана ќе биде и 39-годишната скопјанка. Пројковски досега беше главна на три меча на Копа Америка и тоа Перу-Еквадор, Венецуела-Боливија и Чиле-Уругвај, но сега ќе го има најголемиот предизвик затоа што ќе ја дели правдата на ...
По комплетирање на првиот микро-циклус од подготовките во Маврово за квалификациските натпревари со Грција и Грузија за пласман на Европското првенство 2026, машката сениорска репрезентација утринава отпатува за Софија каде ќе одигра пријателски натпревари со селекцијата на Бугарија. Натпреварите се играат во салата „Левски“ во Софија. Првиот натпревар е закажан за 29 јули во 17 часот, додека втората контрола на 30 јули се игра на пладне, а по ...
По една седмица мината во Маврово женската сениорска репрезентација на Македонија од денеска е во Скопје, каде ќе ги продолжи подготовките за евро-квалификациските дуели со Грција и Австрија на почетокот на следниот месец. Оптимизмот, како и желбата за работа и докажување со која влегоа во оваа репрезентативна акција дамите и натаму е на високо ниво. Најважното е дека се сите на број, се тренира без проблеми и се темпира формата со која ќе се ...
Браќата Атанасиј и Архангел Трсунови се нови имиња во таборот на македонскиот ракометен прволигаш Бутел. Близнаците доаѓаат од таборот на Еурофарм Пелистер, тим со кој во претходнава сезона имаат дури и настапи во младинската Лига на шампиони против Барса, ГОГ Гудме, Киелце и Динамо Букурешт. Атанасиј настапува на голманската позиција, додека Архангел игра на сите бековски позиции. Двајцата потпишаа договори со Бутел Скопје на три сезони и ќе ...
Македонската репрезентација се врати со две победи од Негорски Бањи на двата теста против Швајцарија, но и со јасна идеја што треба да направи и поправи во завршните подготовки за мечот со Романија кој следи. Селекторот Марјан Илиевски е задоволен од сработеното на тренинзите и на двата пријателски натпревари во Гевгелија, а посебно го радува енергијата и хемијата која преовладува во подмладената кошаркарска репрезентација. – Јас секогаш ќе се ...
Сандерленд поторши повеќе од 100 милиони евра на пет фудбалери од стартот на летниот преоден рок, а сега оваа сума ќе достигне и 130 милиони евра со најновот летно засилување. Повратникот во Премиер лигата наиде на препреки во преговорите со Гранит Џака и швајцарскиот фудбалер во прв момент не доби зелено светло за реализирање на трансферот, па иако на оваа зделка целосно се противеше Ерик Тен Хаг, Холанѓанецот сега ќе остане со празни раце. По ...
Александер Зверев замина на Мајорка со цел да го убеди Тони Надал да му биде тренер во преостанатиот дел од сезоната, па иако се појавија шпекулации дека искусниот стручњак ќе го прифати повикот, сепак најновата информација за веродостојноста на таа вест ја даде самиот Саша. Германскиот тенисер се врати од Мајорка без да ја оствари целта, но не исклучува можност во иднина повторно да соработува со Тони, но и со Рафа Надал. – Се задржав повеќе ...
Атлетико Мадрид договори шест летни засилувњата во краток временски интервал и полека се подготвува за новата натпреварувачка сезона, а денеска во просториите на клубот беше претставено најзвучнот и најскапото досега. Алекс Баена за сума од 42 милиони евра го замени Вилјареал со Атлетико Мадрид, па денеска шпанскиот репрезентативец доби и посебна чест, бидејќи во престолнината ќе го носи дресот со број „десет“. Бројката која со години беше во ...
Шкендија Арачиново избори промоција и во новата сезона ќе биде дел од Втората македонска фудаблска лига, па поради тоа, на својата клупа реши да именува искусно име. Клубот објави дека нов шеф на стручниот штаб е легендарниот Љупчо Марковски, а ова сценарио беше возможно откако популарниот Калц го заврши престојот во Скопје. Александар Таневски во текот на вчерашниот ден беше најавен како наслендик на Калц, па сега стана јасно каде Марковски ја ...
Луис Диаз беше еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул неколку сезони наназад, но тоа не беше праведно наплатено е договорот во прашање, па токму поради тоа Колумбиецот направи се што е во негова моќ за да си замине од „Енфилд Роуд“. Поранешниот фудбалер на Порто заработуваше нешто над 3 милиони евра по сезона во Ливерпул и беше една од најслабо платените ѕвезди во првиот тим на Арне Слот, статус кој дефинитивно ќе се промени во Баерн Минхен. ...
Манчестер Сити денеска ќе ги стартува подготовките за новата сезона, а покрај новиот имиџ, Пеп Гвардиола се најде во центарот на вниманието и поради едно интервју кое го даде за домашен медиум. Во разговорот за шпанското издание на „Џи-Кју Хајп“, менаџерот на Манчестер Сити е цврсто уверен за неговиот следен чекор по Манчестер Сити, а во дадениот случај не станува збор за репрезентација, туку за подолг одмор од фудбалот. Иако има самиот ...
Игли Таре се обиде да направи медиумски притисок врз Клуб Бриж и нагласи дека Милан испратил последна понуда за Ардон Јашари, а сето ова резултираше со негативен одговор кој сега ја комплицира целата операција која и онака трае предолго. Спортскиот директор на Милан вчера најави дека „росонерите“ нема да отидат над сумата која вчера официјално ја доставија како последна понуда, но и тоа не беше доволно за да се задоволат апетитите и барањата на ...
Најмладиот македонски шаховски Интернационален мајстор, Емил Ристески, победи на турнирот „Обербанк Челенџер Опен“ што минатата седмица се играше во Линц, Австрија. Македонскиот репрезентативец и член на ШК Алкалоид со триумфален биланс од шест победи и три реми изби сам на првото место на табелата од овој меѓународен турнир, освојувајќи 7,5 поени од 9 партии. Вреди да се нагласи дека Ристески оствари две победи против директните конкуренти за ...
Арсенал оствари победа од 3:2 и на вториот натпревар кој го одигра во Сингапур, а по триумфот над Њукасл со резултат 3:2, интересна изјава даде фудбалерот чија иднина е неизвесна во Северен Лондон. Вилијам Салиба не е недопирлив како претходно и веќе подолго време преговара за нов договор, па бидејќи во меѓувреме сериозно почна да се поврзува и со Реал Мадрид, сега Французинот самиот истакна која е неговата единствена желба во оваа фаза од ...
Габри Веига доби голем број критики кога реши да ја напушти Селта Виго за трансфер во Саудиска Арабија на само 21 година, но две сезони подоцна, самиот сфати дека очајно му недостасува фудбалот во Европа. Шпанскиот фудбалер се врати на стариот континент и потпиша договор со Порто, а во ситуација кога треба да биде една од најголемите ѕвезди на португалскиот великан, веќе голем дел од играта зависи од неговите потези. Веига остави добар впечаток ...
Виктор Ѓекереш му се приклучи на Арсенал во Сингапур и сега е во исчекување на првите тренинзи со новиот клуб, а во пресрет на аклиматизацијата која треба да ја има во тимот на Микел Артета, Швеѓанецот доби низа пораки од своите нови соиграчи. Досегашната ѕвезда на Спортинг Лисабон ја заврши минатата сезона како најдобар голгетер во Европа, па за да се повтори нешто слично, Ѓекереш ќе мора да ја пронајде истата синтонија со новите фудбалери. ...
Европското првенство во бокс за млади натпреварувачи донесе несекојдневни сцени на Златибор, а за жал жртва во целиот немил настан бил македонски судија. Стефан Цубалевски бил уличарски нападнат за време на финалниот меч во категорија до 75 килограими, и тоа не од некој од борците, туку од азербејџанскиот тренер. Финалето меѓу Јусиф Афакишијев и Виктор Мајсторовиќ ќе остане запаметено по скандалот во спортскиот центар „Чајтена“, а само брзата ...
Тимоти Веа е на „црната листа“ на Игор Тудор и не е во плановите за новата сезона, нешто што можеше да се заклучи уште со списокот на повикани фудбалери за Светското клупско првенство. Младиот oфанзивен фудбалер кој може да игра и како десен бек е на излезни врати од Торино и нема иднина во Јуве, па иако веќе има пронајдено клуб кој сака да го ангажира, Веа засега не може да го комплетира трансферот во Марсеј. Роберто Де Ѕерби го повика Веа во ...
После долги преговори кои започнаа уште во месец јануари, Самуеле Ричи стана играч на Милан ова лето, и тоа за сума од 25 милиони евра. Играчот за врска пристигна како директна замена за Тијани Рајндерс од редовите на Торино и веќе се аклиматизира на новата средина, а првите натпревари покажуваат дека ќе биде незаменлив во системот на Масимилијано Алегри. Ричи покажува нависитна добри знаци на стартот во Милан, а вели дека многу му помагаат и ...
Алехандро Давидович Фокина остана на еден поен од прва АТП титула во својата кариера, но судбината за жал имаше режирано најлошо можно сценарио за Шпанецот, кој рано утрово не искористи предност од 5:2 во третиот сет и дури три меч топки. Алекс Де Минор беше на работ од бездната, но Австралиецот уште еднаш демонстрираше неверојатна упорност и ја доби најголемата драма во едно финале оваа сезона. Популарниот „Демон“ не се откажа и покрај тоа што ...