Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Атлетико Мадрид остана без можност да се бори за трофејот во Лигата на шампионите, а елиминацијата од Арсенал беше потврда и дека „пехарот со големи уши“ и дефинитивно нема да патува во Шпанија. Градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида, кој инаку е и голем фан на Атлетико смета дека избраниците на Чоло Симеоне биле предодредени на елиминација од страна на Европската фудбалска федерација, која направила се за да го испрати Арсенал ...
Екипите на Шкендија и Силекс остварија победи на реваншите од полуфиналето на македонскиот фудбалски Куп и на тој начин ги елиминираа своите второлигашки ривали. Силекс не реализираше пенал во 25. минута, но за помалку од десет минути доби уште еден удар од белата точка, а Додев не погреши и донесе водство на дуелот со Охрид. Кратовци ја задржаа предноста до крајот и минималната позитива беше доволна за ново финале на Силекс во престижното ...
Комитетот за итност на ФФМ донесе одлука, финалето на Купот на Македонија во женска конкуренција да се одигра на 14. мај, на стадионот на Македонија ЃП со почеток во 15 часот. Во решавачкиот натпревар за трофејот во ова натпреварување ќе се сретнат ЖФК Тиверија Брера и ЖФК Каменица Саса. Согласно пропозициите за финалето на Купот во женска конкуренција оваа година ќе одигра со примена на ВАР технологијата. За фудбалерките на Тиверија Брера ...
Дисциплинската комисија на ФФМ на денешната седница одреди соодветни санкции за дел од фудбалерите и официјалните лица против кои беше поведена постапка, а најави и дополнителни казни за членови на Шкендија и прволигашот Тиквеш. Против тренерот на Шкендија, Јетон Беќири и фудбалерот на оваа екипа, Имран Фетаи официјално е започната дисциплинска постапка, а причина е нивното несоодветно однесување на гостувањето на тетовци во Кратово. Постапка ...
Женската репрезентација до 16 години триумфално го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица. Избраничките на селекторката Катерина Милеска ја совладаа репрезентацијата на Сан Марино со 5:0. Серијата погодоци на мечот што се одигра на теренот на Тренинг центарот Горан Панев ја отвори Христина Јорданова во 30. минута. Четири минути подоцна Јорданова повторно се запиша меѓу стрелците и зголеми на 2:0, а во ...
Германската јавност создава позитивна атмосфера во пресрет на реванш полуфиналето во Лигата на шампиони, битка од која ќе го дознаеме вториот патник за Будимпешта. По вчерашниот пласман на Арсенал на завршниот меч, денеска вториот ќе го дознаеме од дуелот меѓу Баерн Минхен и ПСЖ, а во моменти кога сите очекуваат спектакуларна пресметка како онаа пред осум дена, Карл Хајнц Румениге нагласи дека тимот на Венсан Компани како домаќин ќе мора да ...
Македонската репрезентација месецов ќе одигра пријателски натпревар со селекцијата на Босна и Херцеговина, што за нашиот ривал ќе биде една од проверките во пресрет на настапот на СП 2026. Во пресрет на овој натпревар и како потврда за пријателските односи меѓу двете земји и фудбалски федерации, денеска специјален гостин на Фудбалската федерација на Македонија беше Драган Јаќимовиќ, Амбасадор на БиХ во Македонија. – На средбата со ...
Шпанија остана без својот последен претставник во Лигата на шампиони, откако Атлетико Мадрид вчера доживеа елиминација од Арсенал во полуфиналната рунда. Атлетико остана на дофат на трето финале во ерата на Чоло Симеоне и ќе мора да побара нова шанса за такво нешто, но покрај навивачите на Арсенал, на ваквиот исход се израдуваа и фановите на Барселона. „Колчонеросите“ беа оние кои ја елиминираа Барса во претходната четвртфинална рунда и имаше ...
Марсел Десаи е поранешен светски шампион кој беше дел од стартниот тим на Франција кој ја донесе првата историска титула на Светските првенства, па сега како жива легенда на националниот тим, има големи очекувања од мундијалот кој следи. Франција е најконстантната репрезентација на последните големи собири, па откако играше во големите финалиња на последните два турнири, Десаи верува дека тимот на Дешамп е главен фаворит за трофејот и во САД, ...
Џејми Карагер испрати честитки до Арсенал и Микел Артета за пласманот во големото финале во Лигата на шампиони, но легендата на Ливерпул смета дека голем удел за таквиот успех има и Атлетико Мадрид. Карагер нагласи дека Арсенал одиграл храброт и со поголем интензитет од противникот, меѓутоа посебно го нагласи разочарувањето од пристапот на шпанскиот предизвикувач на „Емирејтс“. – Никогаш не мислев дека ќе дојде ден кога ќе му честитам на ...
Маурисио Покетино се задржа 18 месеци во Париз и не успеа да изгради посакувана хемија во тимот на ПСЖ, а сега самиот вели дека тоа било невозоможна мисија со толку големи ѕвезди во ростерот. Покетино ја водеше генерацијата на ПСЖ од која дел беа Нејмар, Меси и Мбапе, но во анализата која ја прави за „Оверлап“, аргентинскиот стручњак посебно се задржува на последните двајца. Покетино вели дека Меси и Мбапе не можеле да играат во ист тим еден ...
Венсан Компани и неговиот Баерн Минхен планираат силно да нагазат на педалот за гас уште од првата минута вечерва на „Алијанц арена“, а белгискиот стручњак е убеден дека истиот пристап ќе го има и ПСЖ, тим кој според него ретко игра на резултат. Тренерот на Баерн Минхен очекува спектакл со многу голови како пред осум дена во Париз, при што нагласи дека би дошло до поинакво сценарио само ако еден тим се одлучи да игра попретпазливо и ...
Јан Облак се врати на голот на Атлетико Мадрид за полуфиналињата во Лигата на шампиони, но во двомечот со Арсенал, искусниот чувар на мрежата не успеа да помогне доволно за да се избори ново финале во најелитното натпреварување. Атлетико загуби на „Емирејтс“ со 1:0 и со вкупни 2:1 се прости од сонот наречен Будимпешта, но и во такви услови, Облак покажа класа и понуди говор кој треба да биде пример за многу други ѕвезди во фудбалот. Наместо ...
Сантош ремизираше со Реколета во Копа Судамерикана и одигра 1:1 на гостувањето, а единствениот гол за бразилскиот тим го постигна Нејмар. Главната ѕвезда на Сантош ја искористи оваа прилика за да го прегрне Робињо Жуниор и да ги расчисти недоразбирањата кои ги имаше со него, но по натпреварот реши и јавно да му се извини на синот на Робињо. Нејмар стана топ тема во Бразил поради инцидентот на тренингот во кој решил да го истепа тинејџерот, но ...
Венсан Компани и неговиот Баерн Минхен планираат силно да нагазат на педалот за гас уште од првата минута вечерва на „Алијанц арена“, а белгискиот стручњак е убеден дека истиот пристап ќе го има и ПСЖ, тим кој според него ретко игра на резултат. Тренерот на Баерн Минхен очекува спектакл со многу голови како пред осум дена во Париз, при што нагласи дека би дошло до поинакво сценарио само ако еден тим се одлучи да игра попретпазливо и ...
Тјери Анри не го криеше воодушевувањето од успехот на Арсенал и фактот што неговиот омилен тим ќе игра финале во Лигата на шампиони после 20 години, но искрено се надева дека овој тим на Микел Артета ќе доживее поинаква судбина од оној неговиот. Токму Тити беше капитен на тимот кој загуби од Барселона во големото финале во 2006-та година, а бидејќи за Арсенал ова ќе биде само второ финале во најелитното натпреварување, Французинот сфаќа пред ...
Фудбалската легенда Златан Ибрахимовиќ ќе биде дел од стручното коментаторско друштво на „Фокс Спортс“ за време на Светското првенство, а сега најавата за големиот настан ни донесе и сензационална сцена. Угледната телевизија направи промотивен материјал со кој го најави големото фудаблско случување во САД, Канада и Мексико, а во прв план се најдоа Златан и големата НФЛ легенда, Том Брејди. Двајцата ќе работат за „Фокс Спортс“ за време на ...
Иван Чупиќ велеше дека невозможното може да стане возможно во „Јане Сандански“ и веруваше во сензационален пресврт против Монпелје, па иако Вардар стигна до „плус 7“ и се доби впечаток дека е блиску до такво нешто, сепак следеше серија на гостите која ги згасна надежите за огромен ракометен подвиг. Вардар на крајот победи со три голови разлика и ја поправи лошата слика од минатонеделното гостување во Франција, но сепак тоа не беше доволно за ...
Атлетико Мадрид не создаде премногу колосални шанси за да се врати во игра против Арсенал, но сепак во три ситуации бараше најстроги казни, но ниту еднаш не доби такво нешто од главниот судија Даниел Зиберт. Падот на Џулијано Симеоне по контактот од Габриел не беше окарактеризиран како доволен да се досуди пенал, но според Чоло Симеоне, далеку поочигледен бил оној над Гризман од Калафиори. Прекршокот од Италијанецот беше јасен, но пред да ...
Атлетико Мадрид остана покус за еден гол во двомечот со Арсенал и мораше да се помири со елиминација во полуфиналето, а додека играчите на противничкиот тим се радуваа и скокаа по последниот судиски свиреж, еден член на гостинскиот тим посебно го намерачи Виктор Ѓокереш. Марк Пубиљ не беше импресиониран од прославата на шведскиот напаѓач и тргна да се пресметува со него, но во тој момент налета на дури пет играчи на Арсенал. Десниот бек на ...
Рожерио Мораеш своите најдобри играчки денови во ракометот му ги посвети на Вардар и освои две титули во Лигата на шампиони, а сега во поодминати ракометни години, се врати во Скопје за да биде ривал на „црвено-црните“. Мораеш втора година по ред е незаменлив во тимот на Монпелје и вчера беше еден од играчите кои водеше жестока битка со ракометарите на Вардар во „Јане Сандански“, но откако повторно го искуси „вулканот“ кој е добро ...
Баерн Минхен и ПСЖ денеска ќе понудат втора епизода на пресметката која ја фрли во транс цела европска јавност, а во пресрет на реваншот кој се игра во Германија, тимот од Париз допатува со предност од еден гол. Актуелниот европски шампион славеше со 5:4 во мега пресметката на „Паркот на принцовите“ и планот на Луис Енрике е неговиот тим да повтори сличен спектакл, но со оглед на големиот влог кој го има овој втор натпревар, очекува од своите ...
Оклахома продолжува со својата перфектна игра во НБА плејофот, па така откако ја збриша екипата на Феникс со „метла“, сега почна фуриозно и во конференциското полуфинале со ЛА Лејкерс. Актуелниот НБА шампион е сериозен во намерата да ја одбрани титулата и има доволно ресурси за да размислува за такво нешто, а особено бидејќи лесно победува и на натпревари на кои Шеј Гилџус Александер не е на највисоко ниво. Шеј не беше во препознатлив ритам и ...
За разлика од спектаклот кој го понудија ПСЖ и Баерн во првото полуфинале во Лигата на шампиони, Арсенал и Атлетико Мадрид прикажаа сосема поразличен фудбал, а во двомеч во кој преовладуваше тактиката и претпазливата игра, на крајот како поуспешен испадна англискиот тим. Арсенал по вторпат во својата историја ќе биде дел од едно финале во Лигата на шампиони, а по првиот меч во Мадрид кој заврши 1:1, вчера како решавачки се покажа голот на ...
Алваро Карерас беше најдобро засилување на Реал Мадрид во првиот дел од шампионатот во Шпанија, но како што одминуваше сезоната, левиот бек почна да ја губи својата улога на сигурен старер. Карерас исчезна од стартниот тим на Арбелоа во последно време и доби доста критики од јавноста за своето непрофесионално однесување на клупата за резерви, но сега реши самиот да се огласи во јавноста за сликата која ја прикажа, но и да признае дека имал ...
Арсенал по вторпат во својата историја ќе биде дел од едно големо финале во Лигата на шампиони, или прво по историското кое го играше пред точно 20 години. Иако беше критикуван и доста оспоруван од јавноста, Микел Артета оствари да направи нешто што го има направено само Арсен Венгер, па јасно е дека во наредниот период ќе ужива далеку поголема почит од англиската, но и светската јавност. Покрај пласманот во финалето во Лигата на шампиони, ...
Тјери Анри е големо фудбалско име, еден од најголемите играчи во историјата на Франција, ас кој остави неизбршлива трага на клупската и репрезентативната сцена. Кога една таква величина има високо мислење за вас тоа значи дека навистина добро си ја вршите работата, а кога човек како Анри е воодушeвен тогаш значи дека имате нешто посебно во вас. Имено популарниот Тити е импресиониран од интелегенцијата на Ламин Јамал кој иако се уште е ...
Диего Симеоне со голема страст и многу емоции го водеше Атлетико Мадрид во уште едно полуфинале во Лигата на шампиони, но овојпат остана на чекор од најважното скалило и не стигна до финалето. Атлетико Мадрид загуби на „Емирејтс“ со 1:0 во еден тврд и исклучително тежок натпревар, кој на крајот кулминираше и со нервоза на двете страни. Енергичниот Симеоне во текот на целиот меч им даваше инструкции на своите фудбалери, а додека од Атлетико ...
Во англиската Премиер лигата беше одиграно 35. коло, коло во кое највпечатлив е резултатот од мечот Евертон-Манчестер Сити, ремито од 3-3 со кое „граѓаните“ повеќе не се во позиција да зависат само од себе кога е во прашање трката за титулата. Сега Сити ќе мора да чека кикс на Арсенал, а во исто време да ги добива своите мечеви и да прави гол разлика затоа што тоа на крајот исто може да биде клучно. Брзо ќе дојдат новите возбудувања, но ...
Екипата на Олимпијакос прва обезбеди пласман на завршниот турнир во Евролигата и тоа откако вечерва забележа уште една победа во серијата со Монако. Овојпат грчкиот клуб славеше на гостински терен со 105:82 и со чисти 3-0 оди на завршниот турнир што ќе се одржи во Атина. Фурние со 22 и Питерс со 18 кошеви беа најпрецизни играчи, кај домаќините двоецот Блосомгејм-Стразел искомбинира 40 кошеви. Хапоел Тел Авив пак намали на 2-1 во серијата со ...