Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Касемиро најави заминување од Манчестер Јунајтед уште пред неколку месеци и јасно стави до знаење дека нема да го продолжи договорот, но во ситуација кога игра брилијантно цела сезона, почнаа да се прават јавни анкети и иницијативи за негово останување. Голем број фанови и неколку легенди на Јунајтед јавно побараа од Касемиро да остане барем уште една сезона на „Олд Трафорд“, меѓутоа искусниот Бразилец е цврсто решен да стои до својата одлука ...
ПСЖ втора година по ред ќе игра во финалето во Лигата на шампиони, а главен архитект на таквиот успех е Луис Енрике. Шпанскиот стручњак создаде фудаблска машинерија од тимот со кој многумина се потсмеваа низ годините во Европа, па по освоената прва историска титула во најелитното натпреварување, тој и неговите играчи ќе имаат шанса да се борат за одбрана на трофејот на 30-ти мај. Противник на ПСЖ ќе биде Арсенал, но пред да дојде време да ...
Македонија се приклучи кон меѓународната платформа „Спорски игри за млади“ и со тоа отвори едно ново поглавје во развојот на младинскиот спорт, а денеска на официјална прес-конференција беше претставен планот за манифестацијата која започна во месец април, но која ќе се одржува во нашата земја и во наредните два месеци. Утре на плоштад ќе биде отворено натпреварувањето „Плазма спортски игри за млади”, а Федерацијата за училишен спорт како ...
Арсенал се доведе во ситуација да биде во игра за двата најважни трофеи во месец мај, па иако зависи сам од себе и има добра прилика да испише историја, има такви кои сметаат дека овој тим на Арсенал не заслужува пофалби какви што добива од англиската јавност во изминатите 48 часа. Пласманот во големото финале во Будимпешта го стави Арсенал во ситуација да се бори за најважниот трофеј во Европа, но од друга страна, „топчиите“ зависат сами од ...
Изразот на Хари Кејн по полследниот судиски свиреж во Минхен отсликуваше јасна фрустрација и разочарување од елиминацијата во полуфиналето, а напаѓачот на Баерн не го криеше таквото чувство и во обраќањето пред новинарите. Најдобриот голгетер на баварците постигна гол во самата завршница, но тоа беше само за да се ублажи поразот во двомечот со актуелниот европски шампион, кој на 30-ти мај ќе игра ново финале во најелитното натпреварување. – ...
Оливер Кан беше стручен коментатор на „Скај“ за време на реванш полуфиналето меѓу Баерн Минхен и ПСЖ, па тој од самиот терен на „Алијанц арена“ имаше можност да даде свое мислење за сето она што се случи во пресметката на двата европски великани. Баерн Минхен остана покус во намерата да стигне до ново финале во Лигата на шампиони и покрај иницијативата која ја имаше цел меч, но според Кан, само еден човек треба да се обвинува за фактот што ...
Насер Ал Келаифи дочека моменти на слава во Европа после многу тешки удари во Лигата на шампиони, па по историската титула која беше освоена минатата година, неговиот тим сега вторпат во низа ќе биде дел од големото финале. ПСЖ вчера го елиминираше Баерн Минхен на „Алијанц арена“ и закажа финална пресметка со Арсенал во Будимпешта, а по остварениот голем успех, Ал Келаифи одново не штедеше комплименти за својата најдобар аквицизија како прв ...
Македонскиот ракометен гигант РК Вардар 1961 вечерва е пред нов историски момент – освојување на шампионската титула и враќање на тронот во домашниот шампионат. Во СЦ Јане Сандански следува натпревар со огромен влог, дуел против вечниот ривал Пелистер, во најголемото македонско ракометно дерби. Како партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија верува во победничкиот дух на тимот и типува на нов триумф и ...
Реал Мадрид ќе ја заврши сезоната без освоен трофеј и тоа ќе се случи втора година по ред, факт кој носи голема нервоза, но и тензии во клуб со големина како оној од шпанската престолнина. Во изминативе неколку дена, Реал се подготвува за големото „Ел Класико“ дерби на кое Барселона може да ја завери шампионската титула во Ла Лига, а увертирата за овој дерби натпревар не е воопшто добар со оглед на информациите кои излегуваат од ...
Венсан Компани не успеа да го одведе Баерн Минхен во финалето во Лигата на шампиони и тоа го доживеа како големо разочарување, исто како што е случај и со фановите на клубот кои се надеваа на импресивна триплета. Баерн одигра 1:1 против ПСЖ на натпревар на кој имаше и неколку спорни ситуации, а посебно во фокусот се најдоа две играња со рака, кои сепак не беа сигнализирани од главниот судија на натпреварот. Жоао Пинеиро не досуди пенал поради ...
Името на Жоао Пинеиро нема да остане во добро сеќавање меѓу навивачите на Баерн, но со исклкучително критички коментари се јавуваат и угледни имиња во фудбалската сфера, особено поради фактот што беше делегиран недокажан судија за еден од најважните натпревари оваа сезона. УЕФА направи големо изненадување со селекцијата на Пинеиро за големото дерби во Минхен, па се чини дека на крајот направи голема грешка со оглед на конфузијата која ја ...
Минесота му фрли ракавица на Сан Антонио и сериозно го предизвика по изненадувачката победа на првиот меч, а направениот брејк на „волците“ ги мотивираше Спарси до таа мера, што рано утрово целосно го разбија гостинскиот тим. Виктор Вембањама доби голема поддршка од соиграчите и Сан Антонио со едно тимско издание ја декласираше Минесота, која на крајот загуби со 38 разлика во Тексас. Сан Антонио ја научи лекцијата од првиот меч и уште во ...
Никлас Зуле до пред некоја сезона беше елитен дефанзивец кој беше стартер во Баерн Минхен и германската фудбалска репрезентација, но откако направи трансфер во Борусија Дортмунд, неговата кариера тргна во погрешен правец. Тешките повреди и честите проблеми со тежината направија да биде потиснат од стартниот тим на Борусија, а сега на 30-годишна возраст самиот донесе одлука дека е време за рано пензионирање. Стоперот ја шокираше јавноста во ...
Усман Дембеле не игра сезона како онаа минатата во која беше избран за најдобар играч во светот, па бидејќи во таква ситуација доби и многу критичари, актуелната „Златна топка“ се најде во период да биде гледан „под лупа“ од француската јавност. Сепак, кога најмногу му беше потребно на тимот, Дембеле одигра два извонредни натпревари против Баерн Минхен, а неговиот гол вчера на „Алијанц арена“ се покажа како пресуден во супер интересниот ...
Конрад Лајмер одигра агресивно во свој препознатлив стил и беше активен во два правци за Баерн Минхен, а токму една негова акција од 29-та минута е една од најкоментираните по полуфиналето со ПСЖ. Фановите и ескпертите посебно се објаснуваат за недосудениот пенал по очигледното играње со рака од Невеш, но Лајмер вели дека ПСЖ требал да остане со играч помалку уште во раната фаза на мечот. Нуно Мендеш кој имаше јавна опомена, пресече контра ...
Влегуваме во завршната фаза на Премиер лигата, остануваат да се одиграат уште три кола со тоа што мора да се каже дека Манчестер Сити и Кристал Палас имаат заостанат натпревар, па нив ги очекуваат уште четири битки до крајот на натпреварувачката 2025/2026. „Граѓаните“ во понеделникот направија голем кикс и се спасуваат од пораз од Евертон на „Хил Дикинсон“ и веќе не зависат од себе, поточно Арсенал е сега е тој што одлучува и ако до крајот ги ...
ПСЖ втора година по ред ќе игра во финалето во Лигата на шампиони, што значи дека до последен ден ќе има шанса да ја брани титулата во најелитното европско натпреварување. Тимот на Луис Енрике одигра тактички перфектен натпревар во Минхен и не му дозволи на Баерн да се разгоропади како што обично прави на домашен терен, а иако во финишот прими гол, веќе беше предоцна за германскиот шампион кој остана за гол покус во овој двомеч. ПСЖ со вкупни ...
Арсенал по пауза од две децении повторно ќе се бори за трофејот во Лигата на шампионите, односно до историја ги дели уште една победа и тоа против актуелниот првак Пари Сен Жермен. „Топчиите“ излегоа како победници од тешката битка со Атлетико Мадрид, прво останаа непоразени на „Метрополитано“, а потоа на „Емирејтс“ славеа со 1-0 со голот на Сака што беше доволно да се дојде до мечот за титула во елитното натпреварувањеа. Клубот од Лондон не ...
Екипите на Жалгирис и Валенсија стигнаа до први победи во сериите со Фенербахче и Панатинаикос и го продолжија својот настап во четвртфиналето на плејофот на кошакарската Евролига. Жалгирис со голем пресврт во вториот дел успеа да го победи турскиот ривал (81:78) и намали на 2:1 во серијата, во која Фенербахче останува на победа до пласман на фајнл-фор турнирот. Тубелис со 26 и Вилијамс-Гос со 18 поени ги предводеа реализаторите кај ...
Баерн Минхен не успеа да обезбеди финале во Лигата на шампионите, а Мануел Нојер повторно беше еден од најдобрите поединци во редовите на германскиот тим. Искусниот голман не дозволи зголемување на предноста на ПСЖ во текот на средбата, а по нејзиното завршување истакнал што му недостасувало на Баерн за да игра во финалето во Будимпешта. – Ни недостасуваше тој убиствен инстинкт во нападот. – Тоа беше клучен елемент во играта на кој не можевме ...
Баерн Минхен постигна гол на истекот на судиското надополнување и успеа само да израмни на дуелот со ПСЖ, што не беше доволно за пласман во финалето на Лигата на шампионите. По спектаклот во Париз и деветте погодоци кои беа постигнати на тој прв натпревар, двете екипи вечерва беа повнимателни, а на гостите им помогна и фактот што поведоа уште во 3. минута. Одличниот пробив на Кварацхелија заврши со погодок на Дембеле, а таа предност гостите ...
Натпреварот меѓу Баерн Минхен и ПСЖ донесе погодок уште во 3. минута, но и неколку спорни ситуации во продолжение од првото полувреме. Во краток период, домаќините протестираа кај главниот судија од Португалија, сметајќи дека се оштетени. Во првата ситуација, Баерн бараше втор жолт картон за Нуно Мендеш поради играње со рака, но судијата со помош на асистентот одлучи дека претходно Конрад Лајмер направил прекршок, па му ја додели топката на ...
Европската титула на Црвена Звезда остана најголем успех на еден фудбалски клуб во овој регион и постигнување со кое се гордеат фановите на белградскиот клуб, а дел од таа легендарна генерација беа и нашите Дарко Панчев и Илија Најдоски. Шампионскиот тим од 1991 година беше составен од голем број квалитетни играчи и фудбалери, но исто така имаше одлично раководство предводено од претседателот Драган Џајиќ. Негов најблизок соработник и според ...
ПСЖ уште во третата минута поведе на гостувањето кај Баерн Минхен и ја зголеми предноста во овој полуфинален двомеч од Лигата на шампионите. Домаќините беа шокирани уште на стартот, откако Квича Кварацхелија проби по левата страна и го проигра осамениот Усман Дембеле, а Французинот не ја пропушти шансата да го совлада Мануел Нојер. Покрај фактот што францускиот состав има два гола предност на полувреме, треба да се истакне и ефектот на ...
Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје поведе во полуфиналната серија против Пелистер, откако победи (80:75) на првиот дуел со битолскиот ривал, одигран денеска. МЗТ подобро го отвори натпреварот и по првиот период имаше плус десет, но Пелистер стопи дел од негативата на полувреме и остана во игра за позитивен резултат. Пелистер одигра одлично во добар дел од третиот период, направи пресврт, па и стигна до предност седум поени, но ...
Жозе Мурињо засега демантира дека планира да се врати во Реал Мадрид, но шпанските медиуми се почесто го споменуваат како повратник на клупата на „кралскиот клуб“ и замена за Алваро Арбелоа. Денеска најинтересна е информацијата според која Португалецот вчера имал видео состанок со претставници на Реал, на кој било разговарано за евентуалната соработка од јуни. Мурињо на состанокот ги претставил своите услови, односно неколку работи кои ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА) го прифатила барањето на УЕФА за проширување на суспензијата на Џанлука Престијани и тој нема да биде во комбинација за првите натпревари на СП 2026. Фудбалерот на Бенфика е казнет поради хомофобичниот испад во дуелот со Винисиус за време на натпревар од Лигата на шампионите, за што доби шест натпревари суспензија, од кои половина се во вид на условна казна. Дефанзивецот веќе одработи еден натпревар ...
Фудбалските фанови со нетрпение го очекуваат полуфиналниот реванш меѓу Баерн и ПСЖ во Лигата на шампионите, а тренерите на двете екипи направија по една промена во однос на стартните состави. Промените се очекувани, посебно таа во редовите на гостинската екипа, каде Ашраф Хакими не е во комбинација за настап поради заработената повреда на првиот дуел. Заир-Емери ќе ја преземе неговата позиција на десната страна, додека Фабијан Руиз ќе ...
Реал Мадрид ќе ја заврши сезоната без трофеј, а резултатите под вообичаените стандарди за клубот донесоа и одредени конфликти меѓу фудбалерите во составот на Алваро Арбелоа. „Марка“ денеска објави дека на денешниот тренинг дошло до жесток дуел меѓу Феде Валверде и Орелијан Чуамени, двајцата играчи тргнале физички да се пресметаат и морале да реагираат соиграчите. Валверде и Чуамени биле разделени и не бил дозволен поголем инцидент, но нивното ...
Жерард Пике заработил суспензија од дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација, а причина е неговото однесување со судиите по крајот на дуелот меѓу Андора и Албасете, кој неговиот тим го загубил со минимални 0:1 на домашен терен. Шансите на Андора да се бори за пласман во повисок ранг сега се минимални, а Пике му се заканувал и внесувал во лице на главниот судија, паралелно со навредите кои ги испорачал за арбитерот. Пике сега ...