Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Пари Сен Жермен втора година по ред ќе игра во финалето на Лигата на шампионите што значи дека е на чекор од историски резултат да стане една од ретките екипи кои го одбранила трофејот во ова натпреварување. За ова огромна заслуга има тренерот Луис Енрике кој по доаѓањето на „Паркот на принцовите“ направи големи промени, се откажа од сериозни имиња, ама изгради состав, тим кој може да одговори на неговите барања, а резултатите се фантастични. ...
Оклахома Сити Тандер и Детроит Пистонс го одбранија домашниот терен и поведоа со 2-0 во пресметките со Лос Анџелес Лејкерс и Кливленд Кавалирс во полуфиналните битки во западната и источната конференција во НБА лигата. Актуелниот првак беше подобар од „езерџиите“ со 125:107 и тоа во средба во која направија пресврт во вториот дел и ја оправдаа улогата на фаворити. Победникот имаше тројца играчи со 20+ поени и тоа Мичел, Холмгрен и ...
Екипата на Еурофарм Пелистер не е повеќе на тронот на македонскиот ракомет, поточно од вчера тоа место му припаѓа на составот на Вардар 1961. Вардар го „оддува“ Пелистер и се врати на тронот во македонскиот ракомет „Црвено-црните“ со убедливиот триумф над Пелистер во СЦ „Јане Сандански“ ја официјализираа титулата во кампањата во која издоминираа на домашната сцена затоа што претходно го освоија Купот, а во Лига Европа стигнаа до ...
Роберт Левандовски е на излезна врата од Барселона или барем тоа го тврдар најголемиот дел од медиумите што и не е изненадување ако се земе предвид дека договорот му истекува наредниот месец. Засега немаме официјална потврда на оваа информација, но во наредните денови се треба да биде појасно особено откако Барса официјално ќе ја потврди титулата во Шпанија. Напаѓачот се поврзува со преселба во Италија, се споменуваат Јувентус, Милан, земја ...
Златан Ибрахимовиќ важеше за голем фудбалски професионалец и токму таквиот пристап го однесе до најголемите спортски височини, но Езекиел Лавеци открива дека и Шваѓанецот знаел да ужива во ноќни излегувања и да претера со некоја чаша алкохол. Легендарниот аргентински напаѓач ја стекна својата слава во Наполи и потоа направи голем трансфер во ПСЖ, а токму во Париз можел да ужива во една незаборавна ноќ со Ибракадабра. Иако има повеќе анегдоти ...
Феде Валверде и Орелијан Чуамени предизвикаа вистински фудбалски земјотрес во Реал Мадрид, и тоа на неколку дена пред големото Ел Класико дерби на „Камп Ноу“. Подготовката за големата пресметка тргна во погрешен правец уште во средата кога имаше прва пресметка меѓу Валверде и Чуамени, но ако во првата рунда останало на вербални препукувања, втората донесе и последици врз еден од капитените на „кралскиот клуб“. Инцидентот од вчерашниот тренинг ...
Се ближи крајот на оваа сезона, а се уште не е познато каков потег ќе повлече Манчестер Јунајтед кога е во прашање тренерската позиција. Мајкл Карик беше доведен како привремено решение и легендата си ја заврши својата задача, ја оствари целта и му донесе пласман на клубот во Лигата на шампионите. Меѓутоа и покрај добрата атмосфера, резултатите, поддршката од самите играчи се уште не се знае каква е иднината на Карик на „Олд Трафорд“ што ...
Заврши полуфиналната рунда во Лигата на шампионите и ги имаме двете екипи кои на крајот на овој месец ќе се борат за трофејот-тоа се Пари Сен Жермен и Арсенал. Арсенал беше подобар од Атлетико Мадрид, ПСЖ го доби соочувањето со Баерн Минхен, па сега англискиот и францускиот клуб во директна битка во Будимпешта ќе одлучат која екипа ќе биде на тронот до 2027 година. Фор-фор-тунс знае на свој начин да ги одбележи најзначајните натпревари, па ...
Премиерлигашот Астон Вила и бундеслигашот Фрајбург ќе ги одмерат силите во големото финале на Лига Европа закажано за 20 мај во Истанбул. Ова е резултатот по комплетираните полуфинални битки во кои Астон Вила и Фрајбург забележаа убедлив домашни победи и ги избришаа негативите од првите соочувања. Избраниците на Емери беа подобри од Нотингем Форест со 4-0 со головите на Воткинс, Буендија и капитенот МекГин (2). Фрајбург ја доби Брага со 3-1 ...
Шпанско-англиска пресметка не очекува за пехарот во третото по ранг клупско натпреварување на УЕФА-Конференциската лига. Кристал Палас и Рајо Валјекано ја оправдааа фаворитската улога и со дупли победи во полуфиналната рунда закажаа соочување во Лајциг, финале закажано за 27 мај. Премиерлигашот одново беше подобар од Шахтјор Доњецк, овојпат со 2-1 и со вкупни 5-2 доминатно дојде до посакуваната цел. Клубот од Ла Лига пак оваа вечер славеше во ...
Тимот на Ал Наср славеше над Ал Шабаб со 4-2 и направи нов исчекор кон освојување на пехарот во првенството на Саудиска Арабија. Португалците Кристијано Роналдо и Жоао Феликс беа во центарот на вниманието, ветеранот беше автор на еден погодок, додека Феликс испорача хет-трик. ⚽️ 𝗕𝗨𝗨𝗨𝗨𝗨𝗧𝗧𝗧 ! Cristiano Ronaldo 🐐 ONE CHANCE, BANG. ☝️ BUT NUMÉRO 971 POUR LE GOAT ⚽️ 75’ | Al Shabab 1 – 3 Al Nassr pic.twitter.com/wa9MMxi7Ds — SPL 🇸🇦 ...
Кошаркарите на Реал Мадрид изборија пласман на завршниот турнир во Евролигата и тоа откако со 3-1 ја затворија плејоф серијата против Хапоел Тел Авив. „Кралевите“ триумфираа со 87:81 во Ботевград и на тој начин ја затворија оваа рунда и се изборија за место во Атина каде ќе се обидат да донесат уште еден трофеј. Избраниците на Скариоло разликата ја направија во првите 20 минути кои им припаднаа со 46:36, третиот период беше изедначен, а оној ...
Кошаркарите на ТФТ доживеаа убедлив пораз од Борац Чачак во првиот меч од борбата за пласман во АБА-лигата. Домаќините лесно го одбранија својот терен и запишаа триумф од 97:61 и се чекор поблиску до задржување на статусот на абалигаш. Клубот од Чачак беше подобар во сите четири четвртини во кои ТФТ не успеа ниту еднаш да постигна преку 16 поени. Јошило и Николиќ со по 20 поени беше први стрелци кај Борац, единствен играч кој заслужи ...
Шпанскиот вицешампион Реал Мадрид конечно се огласи во јавноста по инцидентот кој денеска се случи Валдебебас, а во кој главни актери беа Федерико Валверде и Орелијан Чуамени. Уругваецот и Французинот имаат втора рунда од кавгата која донесе и последици затоа што Чуамени го нокаутираше соиграчот кој потоа според информации удрил со главата во маса и се онесвестил, поточно со инвалидска количка бил изнесен од тренинг центарот. Чуамени го ...
Составот на Вардар 1961 издвојува висока победа над големиот ривал Еурофарм Пелистер и на тој начин успеа да ја освои титулата во Суперлигата. „Црвено-црните“ го надиграа клубот од Битола и само потврдија дека се најдобрата екипа во македонскиот ракомет за оваа сезона со оглед на тоа што претходно славеа и во Купот. Еден од најзаслужните за овие резултати дефинитивно е Јака Малус кој верува дека наредната кампања ќе биде уште подобра за ...
Македонскиот кошаркарски интернационалец, Ненад Димитријевиќ со одлично издание го предводеше Баерн Минхен до нова победа во првата лига на Германија. Клубот од Минхен триумфираше на гостувањето кај Лудвигзбург со 86:78 и уште еднаш го потврди првото место пред разигрувањето за титулата. Баерн имаше фуриозен старт, ги доби првите десет минути со 14 разлика (34:20) и потоа имаше асполутна контрола на играта и резултатот. Лидер беше нашиот ...
Екипата на Вардар 1961 е нов ракометен шампион на Македонија и тоа откако вечерва го суредија досегашниот првак Еурофарм Пелистер во дерби натпреварот од 7. коло од плејофот во Суперлигата. Избраниците на Чупиќ пред два дена одиграа исцрпувачки меч против Монпелје во Европската лига, но тоа воопшто не беше пречка да го прикажат најдоброто во соочувањето со „зелено-белите“ од Битола. „Црвено-црните“ славеа со 34-19 и математички ја обезбедија ...
Реал Мадрид треба да се подготвува за дербито со Барселона во Ла Лига, но тоа сега е во втор план по сериозниот инцидент кој се случи во Валдебебас. Во фокусот беа Федерико Валверде и Орелијан Чуамени, двајца играчи кои и вчера се закачија, а тоа денеска доби продолжение кое ќе донесе последици и за двајцата. Имено „АС“ донесе детали за тепачката, поточно сподели информации за тоа што се случило. Валверде бил иницијаторот затоа што од ...
Пари Сен Жермен-Арсенал! Тоа е битката со која ќе биде заокружена оваа сезона во Лигата на шампионите, битка во која „светците“ ќе го бркаат вториот трофеј во низа, додека „топчиите“ првата титула во елитната конкуренција. Францускиот тим на хартија ќе ја има улогата на благ фаворит, ситуација која за премиерлигашот е идеална или поточно тоа го тврди легендарниот Стивен Џерард кој знае како да освојува пехарот во ЛШ. -Знам повеќе од кој било ...
Во одлични услови и мирна работна атмосфера стартуваа подготовките на машкиот сениорски национален тим во Крушево во пресрет на учеството во Европската лига 2026. Комбинираниот тим кој селекторот Јошко Миленкоски и неговиот стручен штаб го имаат на располагање полека влегува во тренажниот процес според планот, кој е поделен на претпладневни и попладневни тренинг сесии, со дозиран интензитет и од различен карактер. Еден од најискусните ...
Во кошаркарската Евролига се одиграа третите натпревари од плејофот и веќе го имаме првиот патник на завршниот турнир-тоа е составот на Олимпијакос кој го суреди Монако. Сега следат четвртите средби во три серии, а пред тие возбудувања ги имаме десетте најдобри потези на „колото“. МВП признанието заврши кај Азуолакис Тубелис од редовите на Жалгирис, но и играч на клубот од клубот од Каунас го има најатрактивниот момент, истиот е дело на ...
Предводникот на машката репрезентација до 20 години, Наум Танески го објави списокот на играчи на кои ќе смета за престојната ЕХФ недела. Танески се одлучи за 18 ракометари за пријателските средби во Србија. Собирот ќе се оддржи во 11:00 часот на 11 мај 2026 година (понеделник) во СС “Антон Димитров”, Скопје. Предводникот на машката репрезентација до 20 години, Наум Танески го објави списокот на играчи на кои ќе смета за престојната ЕХФ ...
Апелацискиот суд на ЕХФ се огласи и донесе одлука за случајот Славе Николов и Ѓорѓи Начевски кои претходно беа санкционирани од ракометниот суд на ЕХФ со суспензија од две години и парична казна од по 5000 евра. Донесена е одлука: ЕХФ ги санкционираше Николов и Начевски Имено Николов и Начевски беа обвинети сомнежи за манипулација со видео снимки од т.н. „Multistage Fitness Test“. Aпелацискиот суд одличи казната да остане, па сега нашите ...
Реал Мадрид втора сезона по ред останува без освоен пехар, а атмосферата во соблекувалната и меѓу соиграчите е далеку од идеална и постојат проблеми кои клубот мора да ги реши. Се појавија информации дека има кланови во екипата, дека дел од играчите му се лути на тренерот Алваро Арбелоа и не разговараат со него, се потврдија вестите дека некои фудбалери биле во директен конфликт, а последното кое доаѓа од Мадрид е дека Федерико Валверде и ...
Сан Антонио Спарс и Њујорк Никс се екипите кои забележаа победи на средбите кон рано утрово се одиграа во плејфот во НБА лигата со тоа што првите израмнија на 1-1 во серијата со Минесота Тимбервулвс, а вторите дојдоа до второ славје против Филаделфија Севентисиксерс и имаат предност од 2-0. Од соочувањата во Нујорк и Сан Антонио избрани се најдобрите моменти, акции и на врвот е фантастичниот Виктор Вембањама со забивањето по промашениот шут ...
Репрезентацијата на Македонија до 16 години следната недела ќе биде дел од меѓународниот меморијален турнир “Миљан Миљаниќ” што ќе се одржи на терените на Спортскиот центар на Фудбалскиот сојуз на Србија во Стара Пазова. Покрај домаќинот Србија и репрезентацијата на Македонија на турнирот ќе партиципираат националните тимови на Босна и Херцеговина и Црна Гора. Во полуфиналето Македонија на 12 мај се среќава со Црна Гора, а почетокот на ...
Фудбалската федерација на Македонија со особена гордост информира дека нашиот национален кондиционен тренер на фудбалските судии, Сашо Даневски, од страна на УЕФА официјално е назначен за главен фитнес тренер на елитните судии во Европа. Со ова назначување, Даневски на 1. јули ќе ја преземе одговорноста за физичката подготовка, мониторингот и развојот на елитните судии на УЕФА, како и лидерска улога во координацијата на кондиционите тренери ...
Рафиња се опоравува од повредата која ја заработи во месец март и се уште неизвесно е дали ќе настапи на „Ел Класико“, но во пресрет на големото дерби кое следи во Ла Лига, капитенот на Барса изрази желба да го искаже незадоволството за третманот кој го добива во јавноста. Медиумите изнесоа шпекулации според кој Рафиња притискал да добие нов и побогат договор од Барселона како награда за двете сезони кои ги остави зад себе, но сега Бразилецот ...
Мануел Нојер и Џошуа Кимих го оправдаа епитетот на вистински капитени на Баерн Минхен, бидејќи за разлика од други актери кои го обвинија судијата за елиминацијата од ПСЖ, тие обрнаа посебно внимание на спортските ситуации во кои не беа доволно добри. Нојер како прв капитен на тимот нагласи дека неговите соиграчи не биле доволно луцидни и убиствени пред противничкиот гол и тоа ја направило главната разлика на теренот, додека Кимих одби да ...
Давид Алаба пристигна во Мадрид како слободен агент и со цел да го замени Серхио Рамос, па иако тоа извонредно го заврши во првата сезона, наредните неколку години донесоа доста разочаруавања за австрискиот капитен. Алаба е во последните два месеци од договорот со Реал Мадрид и јасно е дека истиот нема да биде продолжен, а угледниот „АС“ денеска му посвети вест и нагласи дека Давид реши да си „замине мирно и без многу врева“ од саканиот клуб. ...