Фенербахче е третиот тим кој обезбеди место на фајнл-фор турнирот во Атина и ќе може да ја брани титулата во актуелната сезона на Евролигата, додека Панатинаикос и Валенсија ќе мора да играат мајсторка. Актуелниот европски шампион играше продолжение на гостувањето кај Жалгирис и на крајот успеа да победи со 90:94, па екипата предводена од Шарунас Јасикевичиус успеа да ја затвори серијата по четири натпревари. Бирч и Хортон-Такер со по 21 поен ...

Орелиан Чуамени заработи парична казна од 500.000 евра поради физичката пресметка со Феде Валверде, а денеска излезе и со официјално соопштение за конфликтот кој донесе неочекуван потрес во редовите на Реал Мадрид. Чуамени и Валверде заедно ќе му заштедат на Реал 1 милион евра, а во изјавата самокритично ја прифатил одговорноста за инцидентот. – Она што се случи оваа недела на тренинг е неприфатливо. Го кажувам ова размислувајќи за примерот ...

Ракометната федерација на Македонија денеска ја почна продажбата на билетите за натпреварот меѓу нашата машка ракометна репрезентација и Словачка. Натпреварот е дел од бараж двомечот за пласман на СП 2027, а Македонија со помош на секогаш полната сала и овојпат ќе се обиде да потврди пласман на уште едно големо натпреварување. Избраниците на Кире Лазаров ќе ја пречекаат Словачка на 17. мај, во салата во СЦ „Борис Трајковски“, а билетите може ...

Во вториот настап на УЕФА развојниот турнир за фудбалерки до 16 години, репрезентацијата на Македонија загуби од Андора и тоа по подобро изведување на удари од белата точка. По 90 минути натпреварот заврши нерешено 2:2 и според правилата победникот се решаваше не пенали. Гостинките поведоа во 14. минута со погодокот на Бос, а во 79-тата Андора дојде до предност од 2:0. Во завршните десет минути избраничките на селекторката Катерина Милеска ...

ФИФА и УЕФА и досега покажуваа дека не толерираат неисполнети обврски кон фудбалерите кои имаат професионални договори, а нов доказ за тоа е потегот на Светската фудбалска федерација, која реши да му изрече забрана на македонскиот прволигаш ГФК Тиквеш. Составот од Кавадарци има неисполнети обврски кон Филип Михаљевиќ, кој правдата ја барал пред одговорните тела во ФИФА, па Тиквеш нема да може да прави трансфери во следниот преоден рок. – ...

Душан Влаховиќ го постигна единствениот гол за Јувентус во разочарувачкото реми со Верона, а тоа може да му помогне да се врати меѓу стартерите уште утре на дуелот со Лече. Тренерот Лучијано Спалети на денешната прес-конференција потврдил дека размислува за оваа опција, иако не сакал конкретно да му гарантира ваков статус на српскиот напаѓач на незгодното гостување. – Има време до утре, но фер е да се каже дека тоа е реална и логична опција. ...

Тони Крос во своето подкаст гостување зборувал за последните случувања на фудбалската сцена, а го искористил примерот со Усман Дембеле за да објасни зошто ПСЖ е актуелен европски шампион кој обезбеди уште едно финале во Лигата на шампионите. Германецот зборувал за ПСЖ, но многумина протолкуваа дека индиректно испратил порака и до својот поранешен клуб Реал Мадрид, каде пак деновиве најактуелна тема е физичката пресметка на Валверде и Чуамени. ...

Новак Ѓоковиќ експресно го заврши настапот на Мастерсот во Рим, бидејќи денеска ја загуби балканската пресметка со Дино Прижмиќ. Талентираниот Хрват успеа да направи целосен пресврт на теренот во италијанската престолнина и му ги расипа плановите на Ѓоковиќ, на кого настапот во Рим требаше да му биде генералка пред Ролан Гарос. Поискусниот противник го доби првиот сет со убедливи 6:2, но 20-годишниот Хрват не само што не се предаде, туку во ...

Вејн Руни признал дека е шокиран од одлуката на Томас Тухел да не повика еден фудбалер на последниот собир на англиската репрезентација, кој може да биде и најава за плановите на Германецот во пресрет на светското првенство. Поранешниот член на „трите лава“ зборувал за Трент Александер-Арнолд, кој по санирањето на повредата добива соодветна минутажа во Реал Мадрид, но очигледно не е во прв план кај англискиот селектор. И покрај повредата на ...

Сезоната во Премиер лигата ќе кулминира со последните неколку кола, а Бруно Фернандеш уште пред нејзиното завршување доби престижно признание. Манчестер Јунајтед и сезонава е далеку од битката за титулата, но будењето под водство на Мајкл Карик го инспирираше Португалецот да биде главен креатор на позитивните резултати, поради што е прогласен за Играч на годината во изборот на специјализираните новинари. Признанието со долга традиција му ...

Англискиот клуб Борнмут денеска ја информираше јавноста дека членот на сениорскиот тим, Алекс Хименез е привремено суспендиран и нема да биде во комбинација за следниот настап на екипата. Реакцијата на премиерлигашот доаѓа откако на социјалните мрежи се прошири неприкладна комуникација на шпанскиот фудбалер со 15-годишна девојка, што му донесе и лавина критики од јавноста. 21-годишниот Хименез минатото лето дојде од Милан и ја игра првата ...

Конфликтот на Феде Валверде и Орелиен Чуамени предизвика голем потрес во редовите на Реал Мадрид, посебно што сезонава шпанскиот великан остана без можност да освои трофеј, а викендов треба да игра „Ел Класико“ дерби со Барселона. По многу изјави, коментари и шпекулации, клубот денеска реши со официјално соопштение да стави крај на ситуацијата и да се обиде да го префрли фокусот на наредните предизвици. Она што го привлече вниманието е фактот ...

Иднината на Макс Алегри и Игли Таре во Милан е повеќе од неизвесна и тие може да го напуштат клубот без разлика на епилогот во битката за Топ 4 пласман. Според италијанските медиуми, раководството на „росонерите“ не е задоволно од многу аспекти поврзани со екипата, а тренерот Алегри имал и недоразбирања со извршниот директор Џорџо Фурлани. Искусниот тренер и претставникот на сопствениците на италијанскиот клуб имаат различни ставови за ...

Најодговорните актери на Формула 1 сцената денеска постигнале договор за промена на погонските единици од 2027 година, при што главна цел е да му се врати приоритетното место на моторот со внатрешно согорување. Годинава има многу забелешки поради дизајнот на погоните во кои класичниот и електричниот мотор учествуваат со по 50 проценти од енергијата за болидите, а денешната одлука била моторот со внатрешно согорување да испорачува 50 kW повеќе ...

Оклахома Сити Тандер и Детроит Пистонс се екипите кои рано утрово остварија победи во НБА лигата, две екипи кои сега имаат водство од 2-0 во плејоф сериите против Лос Анџелес Лејкерс и Кливленд Кавалирс. И овојпат стандардно имаме избор на најдобрите моменти на денот и во фокусот се пет потези кои се најдоа на најновата топ листа. Шампион е Херис со потегот како Џордан со кој надмудри двајца играчи на Кавс, вицешампиони се Ривс и Џемс со ...

Од утре па до понеделник ја имаме 36. рунда во англиската Премиер лига, коло кое е значајно за трката за титулата, излез во Европа и она последно место кое обезбедува опстанок во најсилната фудбалска конкуренција на островот. Алан Ширер како амбасадор на „Бетфер“ и овојпат имаше можност да го сподели своето размислување и да даде свои типови на сите натпревари. Најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата не очекува изненадувачки ...

Хулијан Алварес ја игра втората сезона во Атлетико Мадрид, а она што веќе е јасно и дека и во оваа втора година нема да освои ниту еден пехар во клубот. Атлетико беше блиску до трофеите во Копа Дел Реј и во Лигата на шампионите, меѓутоа залудни беа елиминациите на Барселона кога во шпанскиот Куп загуби од Реал Сосиедад во финалето, додека во полуфиналето на ЛШ беше запрен од Арсенал со вкупни 2-1. Ова како и интересот за Аргентинецот прави да ...

Јувентус се бори за пласман во Лигата на шампионите и ако се оствари таа цел клубот од Торино би можел да доживее значајна трансформација престојново лето. Се најавуваат сериозни засилувања, освежувања за екипата, играчи со квалитет, а една од желбите е Бернардо Силва од редовите на Манчестер Сити. Португалецот ќе биде слободен фудбалер по тековнава сезона и Јуве сака тоа да го искористи иако има и други клубови кои се во трката. Анџело Ди ...

Касемиро ќе го напушти Манчестер Јунајтед по крајот на оваа сезона, сезона која е негова најдобра во клубот од „Олд Трафорд“. Неговото заминување ќе остави „дупка“ на средината на теренот и останува да се види кој ќе пристигне како соодветна замена, но освен засилувања кои дефинитивно се потребни, премиерлигашот мора да затвори уште едно важно прашање-менаџерската позиција. Мајкл Карик дојде во Јунајтед како човек кој треба да „гаси пожар“, ...

Реал Мадрид го очекува дербито со Барселона во Примера, но во пресрет на Ел Класико се случи голем инцидент во кој учесници беа Федерико Валверде и Орелијан Чуамени. Уругваецот и Французинот два дена „водеа војна“, постоеше тензија која на крајот кулминираше со пожесток конфликт при кој Валверде заврши во болница по ударот со глава во маса. Иако информациите беа дека Чуамени го нокаутирал соиграчот, капитенот тоа го негираше посочувајќи дека ...

Арсенал полека како да ја враќа енергијата, сигурноста која во определен период како да исчезна, ја загуби, се направија неколку киксови и почна да се чувствува притисокот по елиминацијата од двата англиски Купа, плус поразот од Манчестер Сити во првенството. Меѓутоа потоа „топчиите“ го добија Арсенал со минимални 1-0 и од тука екипата како полека да се крева, ремизираше со Атлетико во Мадрид, супериорно за едно полувреме го реши Фулам во ПЛ, ...

Лаутаро Мартинез веќе долго време е дел од калчолигашот Интер, тим во кој дополнително напредуваше како играч и денеска е лидер на екипата која е на добар пат да освои двојна круна во натпреварувачката 2025/2026. Аргентинецот кога е во форма, ритам важи за една од најдобрите „деветки“ на светот и можеби е изненадување што некоја поголема, побогата екипа не притиска да го добие неговиот потпис. Тој во последниот период е поврзуван со ПСЖ, ...

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров го објави списокот на играчи на кои ќе смета за баражот со Словачка за пласман на Светското првенство. На првиот список на Лазаров имаше 35 повикани ракометари, а на денешниот имаме 20 играчи кои ќе се обидат да ја однесат Македонија на уште едно големо натпреварување. Од она што е највпечатливо го нема кружниот напаѓач Жарко Пешевски, Васил Гогов добива шанса пред Марко Кизиќ ...

Јап Стам не мина премногу време во Манчестер Јунајтед, но трите години на „Олд Трафорд“ оставија трага кај него да го цени и почитува клубот до крајот на животот. Холанѓанецот сака да го види Јунајтед на врвот, да биде успешен, да се бори за најважните титули, но да се реализира тоа сценарио дефинитивно ќе мора да се решат некои проблеми, а и соодветно да се засили екипата. Премиерлигашот сигурно ќе ја освежува средината на теренот и според ...

Екипата на Еурофарм Пелистер официјално од вчера повеќе не е шампион на Македонија и сега тој статус на најдобар клуб во државата го има Вардар. Клубот од Битола вчера доживеа убедлив пораз од „црвено-црните“ на соочувањето во СЦ Јане Сандански во Скопје, пораз кој ја налути навивачката група Чкембари која одлучи да им се обрати на сопствениците, стручниот штаб и ракометарите. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост: -Со што Битола и Чкембари ...

Астон Вила го здрби Нотингем Форест (4-0) на реваншот на „Вила Парк“ и успеа да избори пласман во големото финале на Лига Европа каде за ривал ќе го има составот на Фрајбург. Ова за клубот од Бирмингем е прво големо европско финале по пауза од 44 години, резултат за кој огроми заслуги има менаџерот Унаи Емери кој е експерт за ова натпреварување во кое има освоено четири титули со Севилја и Вилјареал, а со Арсенал играше меч за титула кој го ...

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ веќе некое време не го гледаме на терените, ситуација која треба да се промени оваа седмица каде ќе се појави на Мастерсот во Рим. Ноле е без официјален меч од 12 март кога беше елиминиран од Дрејпер на Индијан Велс, односно може да се каже дека нема соодветна подготовка за тоа што за брзо време следува, вториот грен слем-Ролан Гарос. Има многу прашања, дилеми околу формата на Ѓоковиќ, но некогашниот ...

Тимот на Вардар 1961 е нов шампион на Македонија, титула која официјално ја потврди со триумф над големиот ривал и состав кој досега беше на тронот-Еурофарм Пелистер. Скопскиот клуб издоминира на соочувањето во СЦ „Јане Сандански“, славеше со 34-19 и го обезбеди првото место на три кола до крајот. Искусниот Гоце Георгиевски кој долго време е во клубот призна дека постоел притисок по минатата сезона кога титулата беше испуштена на домашен ...

Кристијан Киву од оваа сезона го предводи калчолигашот Интер, сезона која клубот може да ја заврши со двојна круна и да потврди дека е најдобар тим во Серија А. Интер веќе го освои Скудетото, а ќе игра и финалето на Купот каде ќе ја има улогата на фаворит во соочувањето со Лацио. Водечките луѓе на клубот се задоволни од работата на Романецот и последните вести кои доаѓаа од Италија се дека стратегот ќе добие нов, подобрен договор. ...

Екипата на Еурофарм Пелистер не е повеќе на тронот на македонскиот ракомет, поточно од вчера тоа место му припаѓа на составот на Вардар 1961. Вардар го „оддува“ Пелистер и се врати на тронот во македонскиот ракомет „Црвено-црните“ со убедливиот триумф над Пелистер во СЦ „Јане Сандански“ ја официјализираа титулата во кампањата во која издоминираа на домашната сцена затоа што претходно го освоија Купот, а во Лига Европа стигнаа до ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
2.7
29%
1019
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
3.13
50%
1019
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
2.27
44%
1019
weather icon

Софија

32ᴼ / 26ᴼ
4.8
34%
1021
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
4.18
37%
1021
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 31ᴼ
0.89
56%
1020
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
7.6
36%
1016
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
2.83
33%
1017
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
2.14
30%
1017
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 31ᴼ
2.68
35%
1021
weather icon

Будимпешта

38ᴼ / 36ᴼ
3.13
32%
1019
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 25ᴼ
8.39
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Рутениум

49029.89

Родиум

249168.29

Паладиум

38195.09

Алуминиум

3.20

Бакар

12.33

Платина

51923.46

Сребро

1902.84

Калај

50.56

Иридиум

233896.68

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Злато

131072.82