
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Хамас ослободи тројца израелски заложници, по неколкудневните стравувања за прекинот на огнот во Газа. Заложниците се вратија во Израел, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа. Ослободените заложници се израелско-рускиот Александар Труфанов, израелско-аргентинецот Јаир Хорн и израелско-американецот Сагуи Декел-Чен. Тие беа ослободени во Кан Јунис, јужна Газа, околу 10 часот по локално време (03:00 часот по средноевропско време). Тие беа видени ...
Напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 15 февруари предизвика пожар во индустриски капацитет во руската област Калуга, , соопшти гувернерот на регионот Калуга, Владислав Шапша на Телеграм, пренесува Укринформ. „Беспилотно летало (UAV) се урна на територијата на индустриско претпријатие во областа Џержински, предизвикувајќи пожар во една од зградите. На местото на настанот пристигнаа пожарникарски и спасувачки екипи, заедно со ...
Се огласи Амбасадата на Велика Британија во Босна и Херцеговина по повод прославата во Бања Лука на која присуствуваа официјални лица од Босна и Херцеговина, субјекти како и високи српски функционери. Како што пренесува Кликс.ба, во соопштението за медиумите Амбасадата на Велика Британија наведува дека Уставот на Босна и Херцеговина е недвосмислен. „Уставот на Босна и Херцеговина е недвосмислен: БиХ е единствена, суверена држава која се состои ...
Потпретседателот на САД Џеј Ди Ванс се сретна со Алис Вајдел, лидерка на германската екстремнодесничарска партија „Алтернатива за Германија“ (АфД), јави ДПА. Средбата се одржа во хотел во Минхен, каде што Ванс учествува на годишната Минхенска безбедносна конференција. Претходно, во своето обраќање на конференцијата, Ванс ја критикуваше стратегијата на германските партии кои се обидуваат да ја изолираат АфД и упати остри забелешки за ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕУ мора да развие „менталитет на итност“ кога станува збор за безбедноста и најави олеснување на строгите правила за задолжување за да им се овозможи на европските држави да ги зголемат инвестициите во одбраната. – Ова ќе им овозможи на членките значително да ги зголемат буџетите за одбрана, изјави Фон дер Лајен на Минхенската безбедносна конференција. Според постојните ...
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Каја Калас изјави дека говорот на американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс на Минхенската безбедносна конференција изгледал како обид за „предизвикување кавга“ со Европа. – Слушајќи го неговиот говор, впечатокот е дека САД сакаат кавга со нас, но ние не сакаме расправија со нашите пријатели, изјави Калас. Поранешната естонска премиерка нагласи дека сојузниците треба да се фокусираат на ...
Белоруската влада извршила „обемни прекршувања“ на човековите права врз своето население, од кои некои претставуваат злосторства против човештвото, се наведува во денеска објавениот извештај на експертите на Обединетите нации (ОН). „Овие прекршувања се широко распространети, системски и насочени кон граѓани кои ја критикуваат владата“, стои во соопштението на експертите. Тие сметаат дека постојат „основани причини да се верува“ дека некои од ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека имал „добар разговор“ со американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс, но додаде дека е неопходна дополнителна работа на планот за завршување на војната во Украина. Двајцата лидери се сретнаа на маргините на Минхенската безбедносна конференција, каде што одржаа краток билатерален состанок. По разговорот, Ванс изјави дека имале „неколку продуктивни дискусии“ и дека остануваат прашања што треба да ...
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изрази сериозни резерви за предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја врати Русија во Групата седум (Г7) водечки економии, јави ДПА. – Како партнери во Г7, во последните три години постојано порачувавме дека не може да има нормална соработка со оваа Русија, со Русија на (претседателот Владимир) Путин, по оваа брутална, целосна инвазија“, изјави денеска Бербок на маргините ...
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека нема намера да се занимава со никакви други активности по напуштањето на политиката, со што јасно стави до знаење дека нема да го следи примерот на поранешниот канцелар Герхард Шредер, кој по заминувањето од функцијата прифати водечки позиции во разни компании, пренесува ДПА. Шолц, сепак, додаде дека има за цел да продолжи како канцелар по претстојните сојузни избори, но додаде: Според мене тоа нема да ...
Централната изборна комисија на Косово повторно појасни зошто не се прикажани првичните резултати од 100 отсто од избирачките места. Необработени останаа само податоците од 7 избирачки места. Тоа ќе се направи откако ќе се отворат на пребројување кутиите во кои се објавени формуларите за резултати на политичките субјекти“, велат од ЦИК на Косово, пренесуваат косовските медиуми. Во Албанија денеска се одржуваат протести за поддршка на ...
ЏАБИР ДЕРАЛА Се восхитувам од математичката прецизност и брзината со која се спроведуваат најважните реформи во Нашата земја. Погодувате, се работи за „кошничката“ на работничката класа. За оние што треба да знаат колку можат да јадат и да пијат, за да можат да работат и да дадат некаков придонес кон општеството. Значи, не може тоа туку така – да се пиело нескафе или да се јаде хамбургер еднаш месечно или почесто. Не можете да си дозволите ...
Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата на РСМ одржана на 11 февруари годинава презеде активности и подготви мислење за предлог разрешување на државниот јавен обвинител кое го достави до Владата за натамошно процесуирање согласно Законот за Јавното обвинителство и Уставот на Република Северна Македонија. -Во изминатиот период бевме сведоци на низа скандали, нарушена функционалност на Јавното ...
Наместо да се бара рефундација, антикоагулансот „клексан“ ќе може да се подигне на рецепт во аптеките, најави директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски на денешната заедничка прес-конференција со директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов. Како што посочи Клековски, побарани се две измени во правилникот, односно да се овозможи преместување на лекови од болничката на аптекарската позитивна листа, како и ...
Тајланд прими 260 жртви на трговија со луѓе, повеќе од половина од нив Етиопјани, од Мјанмар, соопшти тајландската армија во четвртокот, во масовна репатријација што доаѓа во време на се посилни мерки против центрите за измама кои работат долж порозната граница, објави Си-ен-ен, пренесува ЦИВИЛ Медиа. Според Обединетите нации, криминалните банди тргувале со стотици илјади луѓе и ги принудиле да работат во нелегални онлајн операции кои генерираат ...
Кинескиот гигант за пребарување на интернет Baidu ќе ги направи своите напредни услуги за разговор со вештачка интелигенција бесплатни, бидејќи конкуренцијата се загрева меѓу глобалните програмери по зголемената популарност на моделите на стартапот DeepSeek, објави Си-ен-ен, пренесува ЦИВИЛ Медиа. Ерни Бот, чет-бот за вештачка интелигенција на компанијата со седиште во Пекинг со премиум карактеристики како сликање со вештачка интелигенција, ќе ...
На повик на платформата „Ало инспекторе“, денеска во Хрватска се одржува еднодневен бојкот на продавниците, што овојпат на повик на средношколците опфаќа и бојкот на пекарите и сите пекарски производи на сите продажни места, јави Хина. „Бојкотот продолжува, потрошувачите сакаат да го бојкотираат откупот и да ги намалат трошоците и праќаат порака до сите што работат на зголемување на цените“, рече синоќа Јосип Келемен, советник на платформата Ало ...
Владата вчера не ја донесе одлуката за 10-процентно ограничување на маржите во трговијата на мало и големо што требаше да важи до 30 април и да опфати над 100 групи производи откако Стопанската комора на трговци на големо и мало вчера побара итна средба во врска со одлуката за ограничување на маржите. Предлог-одлуката подготвена од Министерството за економија, според најавите, требаше вчера да биде разгледана на итна седница. По порастот на ...
Мисијата на СПАК (Специјално обвинителство за справување со корупција и организиран криминал) за борба против корупцијата и неказнивоста во Албанија, ужива широка јавна поддршка. Албанците долго време копнееја за правда, а кога личности од висок профил, кои долго време се сметаа за недопирливи, почнаа да се соочуваат со истраги, се појави чувство на одамна задоцнета одговорност. Меѓутоа, со текот на времето, заедно со добрите вести, почна да се ...
Руско нападно беспилотно летало го погоди заштитното засолниште (саркофгот) на уништената 4-та енергетска единица во нуклеарната централа во Чорнобил, објави претседателот Володимир Зеленски на 14 февруари. Според претседателот, ударот го оштетил засолништето, но пожарот бил изгаснат, а нивото на радијација останало стабилно. Напорите за следење продолжуваат да ги проценуваат сите потенцијални ризици, пренесува Кијив индипендент. „Ова е ...
Европската комисија оцени дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување „реципрочни царини“ претставува чекор во погрешна насока. – ЕУ останува посветена на отворен и предвидлив глобален трговски систем од кој корист имаат сите партнери. ЕУ ги има едни од најниските царини во светот и не гледа причини за зголемување на американски царини за нејзиниот извоз, се наведува во реакцијата на ЕК на одлуката на Трамп. Во ...
Американскиот рапер Канје „Је“ Вест беше исфрлен од неговата агенција за таленти и платформа за малопродажба Shopify по серијата хомофобични и антисемитски објави на социјалните мрежи во текот на викендот. 47-годишниот рапер во последно време непрекинато е на насловните страници поради неговите контроверзни испади, почнувајќи од перципираното „контролирачко однесување“ кон неговата сопруга Бјанка Ценсори, до продажба на маици со свастика на ...
Под слоганот „Соборност и гордост“ во Бања Лука вчеравечер во 18 часот започна одбележувањето на Сретење, Денот на српската државност, кој од оваа година се слави и како заеднички празник со РС. Централната манифестација се одржува во салата „Борик“ во Бања Лука, каде се организира свечена академија, а на која покрај раководството на субјектот предводено од Милорад Додик, присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ и бројни ...
Актуелниот в.д. градоначалник на Гостивар Валбон Лимани веројатно ќе биде кандидат за градоначалник на претстојните локални избори, рече денеска министерот за здравство од коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари. Според Таравари, анкетите покажале дека Лимани има огромна поддршка од граѓаните. -Актулениот в.д. градоначалник на Гостивар, според анектите што ги правиме, има огромна поддршка од граѓаните. Се надевам дека е потенцијален кандидат за ...
ВЕСТ НА ДЕНОТ Трамп ја најави првата средба со Путин во Саудиска Арабија Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека очекува да го види својот руски колега Владимир Путин во Саудиска Арабија на нивната прва средба откако републиканецот ја презеде функцијата, објави ПОЛИТИКО, пренесува ЦИВИЛ Медиа. Трамп ги даде забелешките по речиси 90-минутниот телефонски разговор со Путин во кој двајцата лидери разговарале за ставање крај на ...
Ова е моментот кога Балтичката земја Латвија го почна историското исклучувањето од Москва, снабдувањето со електрична енергија беше последната алка со Русија но во сабота наутро Латвија заедно со Литванија и Естонија се исклучија пред планираното за да се поврзат на европската електродистрибутивна мрежа во Недела. Иако промената се планира со декади, доби во брзина кога Руската Федерација го анектираа Крим во 2014 година. „Се работи за ...
Амбасадорот на ЕУ во земјава, Михалис Рокас смета дека соработката меѓу Северна Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било. Тој денеска учествуваше на конференцијата што се одржа во прес-центарот на Бугарската телеграфска агенција (БТА) во Скопје, а на која се разговараше за проектот на БТА, насловен „Европа на Балканот: Заедно преку знаења“, поддржан од Европската комисија. Рокас во своето обраќање посочи дека токму овој настан ...
Подготвени сме да разговараме за се, за пакет мерки со кои ќе ги решиме сите заостанати прашања од минатото, рече денеска министерот за здравство, од Коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање во врска со промената на државниот грб. Како што изјави Таравари, Македонија е една од ретките постсоцијалистички држави чиј грб не е сменет. -ВРЕДИ е подготвен да разговара за се. За жал, во минатиот период повеќе осетливи теми ...
Првиот од двата брода со 1.000 тони хемикалија произведена во Кина, која може да биде клучна компонента во горивото за иранската воена ракетна програма, се закотви пред иранското пристаниште Бандар Абас во четвртокот, покажуваат податоците за следење на бродот. Тоа би можело да биде сигнал дека иранското ракетно производство се враќа како и обично по разорните и поразителни напади на Израел врз клучните фабрики минатата година, објави Си-ен-ен, ...
Федерален судија и нареди на администрацијата на Трамп на 13 февруари привремено да го укине своето замрзнување на финансирањето на американските програми за странска помош, вклучително и развојната програма ширум светот, објави Асошиетед прес, пренесува ЦИВИЛ Медиа. Пресудата претставува значителен неуспех за напорите на администрацијата да ја разбие Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), која претседателот Доналд Трамп и ...