
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



На денешната седница Уставниот суд не донесе одлука за предметот У.бр.186/2026 во кој се оспорени членовите 17 и 18 од Изборниот законик, поради тоа што предлогот за поведување на постапка и оценување на уставноста на оспорените одредби не го доби потребното мнозинство на гласови. „Согласно спротивставените размислувања на судиите, кои беа изнесени и во текот на седницата, но и при гласањето дојде до изедначување на гласовите, имајќи во предвид ...
Компанијата-ќерка на белгиската медиумска групација „Медијахаус“ во Ирска, „Медијахаус Ајрланд“ поднесе тужба против социјалната мрежа Икс за измами со кои одредени информации се дизајнираат на тој начин што на корисниците им се прикажуваат како вистински новинарски написи, со што, според тужителот, се руши угледот и се кршат авторските права на издавачите. Според тужбата покрената пред суд во Ирска, реклами објавени на Икс содржеле линкови до ...
За првпат од 2001 година, ниту една раководна позиција – директор, заменик-директор или помошник-директор – во трите клучни безбедносни агенции во државата, вклучително Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Военото разузнавање, не е во рацете на Албанците, велат од ДУИ. „Со длабока загриженост и целосна одговорност за стабилноста на државата и регионалната безбедност, јавно го осудуваме невиденото етничко исклучување ...
Секој договор за Украина што би го компромитирал суверенитетот и територијалниот интегритет на Киев ќе охрабри сецесионистички и иредентистички сили на Балканот, Босна и Херцеговина и Косово ќе се најдат под ризик, а Северна Македонија нема да биде подготвена да ги прифати бугарските барања без гаранции, изјави за МИА експертот за Балканот Даниел Сервер. Сервер, поранешен американски претставник за Босна и Херцеговина во улога на медијатор меѓу ...
Покрај неколкуте лажни тврдења кои ги изнесе Трамп во неговиот говор во Флорида, по разговорите помеѓу руските и американските претставници во Саудиска Арабија, како што е изјавата дека Украина ја започнала војната, е и тврдењето дека рејтингот на Зеленски меѓу украинците паднал на 4% . „Мразам да го кажам тоа, но тој е намален со 4% одобрување“, изјави Трамп. Не е јасно според извор Трамп го изведе овој процент, бидејќи не даде докази. ...
Вчера, во Саудиска Арабија, на преговарачка маса седнаа претставниците на САД и Русија, да договорат крај на војната во Украина, која започна пред речиси 3 години, со целосна воена инвазија на Русија врз Украина. На преговорите не беа повикани Украина и ЕУ. ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за преговорите помеѓу САД и Русија без учество на Украина и ЕУ? Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но ...
Највисоката федерална обвинителка поднесе оставка откако одби да започне, како што ја нарече, политички водена истрага за климатските трошоци од времето на Бајден, откривајќи ги продлабочувачките несогласувања во главната американска агенција за спроведување на законот. Дениз Чеунг, шефица на кривичното обвинителство во Вашингтон, поднесе оставка во вторникот, откако назначените од Трамп побараа таа да отвори истрага за големата порота за ...
• АфД постави рекорд на национално ниво • На анкетите е на второ место со 21%, зад опозициските конзервативци • Поттикнати од глобалниот антимиграциски бран, добија поддршката од Маск и Џеј Ди Венс • Другите партии ја исклучуваат можноста да владеат со неа • Како силна опозиција, АфД може да ја поткопа идната влада „Alice fuer Deutschland“ (Алиса за Германија) извикуваа поддржувачи додека лидерката на екстремната десница Алиса Вајдел се обрати ...
Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е обвинет од главниот обвинител на земјата за обид за државен удар откако беше поразен на претседателските избори во 2022 година. Како што пренесува Би-би-си, на Болсонаро му беа поднесени пет обвиненија поради наводната обид да се спречи неговиот наследник, претседателот Луис Инасио Лула да Силва, да ја преземе функцијата по жестоката изборна трка. Обвиненијата вклучуваат наводи дека тој планирал ...
Русија не покажува „никакви знаци дека е подготвена на значајни отстапки во врска со Украина“, објави денеска американскиот Институт за проучување на војната (ISW). Овој тинк-тенк истакнува дека, иако руски и американски претставници се сретнаа во Саудиска Арабија за да разговараат за војната во Украина, целите на рускиот претседател Владимир Путин остануваат непроменети. Според извештајот на Ен-Би-Си, на кој се повикува ISW, западните ...
Претставници на Полското претседателство со Советот на ЕУ и на Европскиот парламент рано изутринава постигнаа договор за ревизија на европската Рамковна директива за отпад, со која се предвидуваат мерки за намалување на отпадот од храна во Унијата до 2030 година и за обезбедување поодржлив текстилен сектор што ќе создава помалку отпад. Дополнително се предвидува и намалување на отпадот на храна од малопродажбата, рестораните, прехранбените ...
Специјалното обвинителство на Косово побара од судот во Приштина да го повика премиерот Албин Курти како сведок во случајот со злоупотреба на државните резерви. Курти претходно бил повикан, но не се појавил, нудејќи да даде исказ од неговата канцеларија.Главниот обвинител Блерим Исуфај го демантираше неговото тврдење дека владини функционери дале исказ во Владата. Како резултат на тоа, косовскиот премиер Албин Курти го нарече Исуфај режисер на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на денешната прес-конференција изјави дека неговата земја се надева на „сојузничка позиција во Европа, ЕУ и САД“ во, како што ја нарече, „неправедната војна“ против Украина, јави Би-Би-Си. – Не е лесно, но Кијив работи на тоа, изјави Зеленски, додавајќи дека Украина се обидува да организира средби, без да открие детали за учесниците. Зеленски, исто така, нагласи дека нема да дозволи никој да го замени ...
„Патувањето“ на новиот гасовод Грција – Северна Македонија започна, со оглед на тоа дека „Терна“ ги стартуваше моторите, започнувајќи ги прелиминарните работи за грчкиот дел од проектот, пишува грчкиот енергетски портал „Енерџи маг“ во однос на интерконекторот за природен гас меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина. Компанијата „Терна“ пред четири месеци беше избрана за изведувач на грчкиот дел на интерконекторот, при што го презеде ...
ДРАГАН МИШЕВ Минхенска безбедносна конференција заврши, но остана горчината во устата кај поголемиот дел од шефовите на држави и други високи лидери на европските сојузници. Вознемиреноста што владееше во салата каде што требаше да зборува американскиот потпретседателот Џеј Ди Венс, само се зголеми по неговиот говор во кој го најави новиот светски поредок, онаков како што го замислува Доналд Трамп, и во кој, судејќи според петте клучни поенти од ...
Владата на вчерашната седница, го разгледала мислењето од Министерство за правда и го задолжила ресорното Министерство да достави предлог за разрешување на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски пред истекот на неговиот мандат, кој потоа ќе биде доставен до Советот на јавните обвинители. Од СДСМ претходно истанаа дека промената на еден обвинител и замена со нов не е решение, туку е партизација. Јавната обвинителка Наташа Крстевска Цалева ...
Претседателот на Комитетот за вооружени служби на Сенатот на САД, Роџер Викер, во изјава за Си-ен-ен вели: „Путин е воен злосторник. Тој треба да биде во затвор до крајот на својот живот, ако не биде погубен“. Сенаторот Роџер Викер од Мисисипи е ден од двајцата истакнати републикански сенатори, заедно со сенаторот Џон Кенеди од Луизијана, кои го критикуваа рускиот претседател Владимир Путин и се чини дека се спротивставија со претседателот ...
ЏАБИР ДЕРАЛА Историјата не им простува на оние кои се поклонуваат пред тиранијата. Ако Америка застане на страната на Путин, ќе биде запаметена не како суперсила, туку како понижена земја. Дали ова навистина се случува!? Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој дома си ја турка авторитарната агенда, практично, се здружи со диктаторот и воен злосторник Путин – и ја обвини Украина дека ја започнала војната! Ова мора да расчисти веднаш и да се ...
Европската унија денеска се согласи да воведе нова рунда санкции против Русија. Договорот меѓу амбасадорите е намерно темпиран да биде во пресрет на третата годишнина од инвазијата. Тоа е 16-тиот пакет ограничувања од февруари 2022 година. Новите санкции воведуваат забрана за увоз на руски примарен алуминиум, идеја за која се дискутираше во минатото, но никогаш не беше одобрена поради воздржаноста на некои земји-членки кои се загрижени за ...
Пукна тиквата кај владините коалициски партнери поради промената на државниот грб. Најголемиот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на Максим Димитриевски имаат различни позиции по ова прашање. Додека ВМРО-ДПМНЕ е за промена, па дури и има идеја како ќе изгледа новиот државен грб, ЗНАМ на Максим Димитриевски е против. Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, смета дека Македонија не треба да остане меѓу ретките држави кои сè уште ...
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека дебатата за можно испраќање на европски мировни сили во Украина е „преуранета“. – Ниту еден војник нема да биде испратен во овој жесток конфликт, изјави Бербок за германскиот јавен сервис ЗДФ, пренесува агенцијата ДПА. Во европските земји се отвори дебата по едностраното соопштение на американскиот претседател Доналд Трамп за мировни преговори за војната во Украина. Трамп и ...
Според прицените на Обединети нации, Европска Унија и Светска Банка потребни се повеќе од 50 милијарди долари за обнова на Појасот Газа, разурнатата енклава во 15 месечната војна помеѓу Израел и Хамас. Според привремената брза процена на штета ио потреби (ИРДНА) за обнова и реконструкција на Појасот Газа потребни се 53,2 милијарди долари во следните десет години, додека во првите три години ќе треба да се обезбедат 20 милијарди долари. Според ...
Зоран Милановиќ денеска свечено положи заклетва за втор мандат претседател на Хрватска пред претседателот на Уставниот суд, Мирослав Шепаровиќ, ветувајќи лојалност кон Уставот и оти ќе ја извршува должност за доброто на хрватскиот народ и хрватските граѓани. На инаугурацијата присуствуваа поранешни претседатели, претставници на институциите, на армијата, на верските заедници, лидери на партии, но немаше претставници од Владата на Хрватска. ...
Дебатите ширум Европа за можно испраќање мировни сили во Украина преставуваат ризик да се западне во „руската замка“, бидејќи дискусиите за мировна мисија се преуранети во услови кога „Русите не сакаат мир и нема мир“, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. – Ако зборуваме за мировници, тогаш запаѓаме во руската замка, затоа што тие не сакаат мир, и нема мир. Ако ги прочитате коментарите на ...
ДРАГАН МИШЕВ Откако лажно ја обвини Украина за започнување на војната со Русија, ставајќи се директно на страната на воениот злосторник Путин, американскиот претседател ги повтори повеќето од барањата на Кремљ во преговорите, тврдејќи дека по разговорите со Русија во Саудиска Арабија, во кои Кијив не беше вклучен, тој сега е поуверен дека може да се постигне мировен договор со Украина. Тој сугерираше дека Кијив е виновен за војната што започна ...
Во ексклузивно интервју за ЦивилМедиа, амбасадорката на Украина, Лариса Дир, зборува за најновите предизвици со кои се соочува нејзината земја, за клучната улога на меѓународната поддршка и за тоа како Украина продолжува да се спротивставува на руската агресија. Во овој разговор, амбасадорката Дир сподели ставови и информации за крајно алармантните руски закани за нуклеарната безбедност на Украина, но и на целиот свет, геополитичките контексти ...
ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ Власта, ничим изазвана си отвори тема за промена на државниот грб. И додека сите нормални си поставуваат прашање – од каде излезе сега ова со грбот?, Мицкоски & компанија, си ја тераат приказната како што им одговара. Велат постојниот државен грб бил симбол од социјализмот и нe ја отслукувал реалноста. Си отвораат теми безболни за властелините каде ќе верглаат и прават шашми за лавови, орли, рисови и животински царства. Тие да ...
ТЕМА НА ДЕНОТ РАЗГОВОРИ САД – РУСИЈА ЗА УКРАИНА Разговори САД – Русија за војната во Украина: Путин е подготвен да разговара со Зеленски ако е потребно САД и Русија водат разговори во Саудиска Арабија за војната во Украина, што е оценето како најзначајниот состанок на високо ниво од целосната инвазија на Москва пред три години… Завршија разговорите САД – Русија во Ријад, според руската делегација разговорите биле „позитивни“ Американскиот Стејт ...
Договорот за ставање крај на војната во Украина мора да биде прифатлив за сите страни, вклучувајќи ги Украина, Русија и Европа, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио по разговорите меѓу делегациите на САД и Русија во Ријад, во кои учествуваше и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој прецизираше дека никој нема да биде игнориран, а Европската унија ќе биде вклучена во преговорите во некоја фаза. „Сите кои се ...
Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски изјави дека ќе се произнесе по предлогот за негово разрешување откако Владата ќе го достави до Советот на јавни обвинители. Во однос на барањето на премиерот Христијан Мицкоски да ја напушти функцијата, Коцевски рече дека ќе одговори откако ќе ги види основите предвидени во Законот за јавно обвинителство. Доколку се утврди дека навистина има тешка дисциплинска повреда, тој рече дека сам ќе се повлече од ...