Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Во среда наутро во Јапонија се одржа тивка молитва по повод 80-годишнината од фрлањето на атомската бомба врз градот Хирошима од страна на САД. Како што пренесува Би-би-си, на церемонијата присуствуваше јапонскиот премиер Шигеру Ишиба заедно со официјални лица од целиот свет. „Јапонија е единствената нација што претрпела атомско бомбардирање во војна“, рече градоначалникот на Хирошима, Казуми Мацуи, во Меморијалниот парк за мир во градот. ...
Висок претставник на ОН предупредува на „катастрофални последици“ ако Израел ги прошири своите воени операции во Газа, пренесува Би-би-си. Ова следи по извештаите во израелските медиуми дека премиерот Бенјамин Нетанјаху се залага за целосна реокупација на Појасот Многу од сојузниците на Израел би биле против таков потег додека се залагаат за крај на војната, но, кога беше прашан, американскиот претседател Доналд Трамп им рече на новинарите ...
Авионот што го користи Виткоф слета на московскиот аеродром Внуково, објави руската државна новинска агенција РИА Новости, откако Кремљ побара средба со него во последен обид да ги избегне новите казнени санкции што Трамп се закани дека ќе ги воведе оваа недела. Според Кијив Индипендент, се очекува Виткоф да се сретне со руски претставници – потенцијално вклучувајќи го и претседателот Владимир Путин – додека војната на Русија во Украина ...
Хрватска денес ја слави 30-годишнината од воено-полициската операција „Бура“, а централната манифестација годинава се одржува во Книн, во присуство на државниот врв и со целодневна програма, пишуваат регионалните медиуми. Хрватска ја одбележува годишнината од операцијата „Бура“ како Ден на победата и татковинската благодарност и Ден на хрватските ветерани, во спомен на 5 август 1995 година, кога хрватските сили влегоа во речиси празниот Книн ...
Министерството за внатрешни работи информираше дека ноќеска по тепачка меѓу две лица во Психијатриската болница Бардовци, едно од нив починало во болница, по повреди здобиени од убоди од стаклено шише. „На 05.08.2025 во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци, во соба на судскиот оддел, настанала физичка пресметка помеѓу осудениците Д.С.(35) од ...
Ова прашање што го постави ЦИВИЛ на својата Фејсбук страница предизвика бура од реакции, гнев и разочараност кај граѓаните – без разлика на нивната етничка припадност или политичка определба. „Кога скандираат ‘Чиста, чиста Македонија’ мислев дека се еколошки друштва. Тие да ти биле ВМРОвци!“, вели еден граѓанин, иронично коментирајќи за скандирањата што се слушнаа на натпреварот меѓу Македонија и Романија, при што се пееја антиалбански и ...
Кошаркарските репрезентации на Северна Македонија и Романија играа во Куманово на 2 август, во втората рунда на европските претквалификации за Светското првенство во кошарка 2027 година. За време на натпреварот се пееше: „Нека разберат клетите Шиптари, македонско име нема да загине“ и се извикуваа паролите „Гасни комори за Шиптари“, „Добар Шиптар, мртов Шиптар“, „Чиста, чиста Македонија“ и други. ЦИВИЛ – Центар за слобода, како граѓанска ...
Неспортски е да се злоупотребува спортскиот терен за „вежбање“ говор на омраза, навредување и сатанизација со отровни убиствени зборови – проектили. Ова е дел од реакцијата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на навредливите скандирања на натпреварот Македонија-Романија одржан во саботата во Куманово. „По толку изгубени човечки битки на спортските терени, мора да кажаме јасно и гласно – никогаш повеќе, каде и да сме, со кого и да се ...
Неколку стотици цивили и студенти се собраа во Нови Сад вчера за да ја одбележат 30-годишнината од операцијата „Олуја “ ( Бура), и да им оддадат почит на жртвите од таа хрватска воено-полициска акција, пишува РСЕ на српски јазик. Студентите што ги блокираа факултетите во тој град повикаа на прошетка и собирање на една од најпрометните раскрсници во градот, а беа поддржани од граѓани собрани на неформални собири. „Не ги забораваме ...
ДРАГАН МИШЕВ По два дена молк, без реакција на скандалозното националистичко скандирање и говор на омраза на дел од навивачите на кошаркарскиот натпревар во Куманово, на кој и тој самиот беше присутен, премиерот Мицкоски „ја искористи приликата“ по новинарско прашање да се приклучи кон осудата на скандирањето и ксенофобичните испади на, според него, неколкумина во кумановската сала. Искрен да бидам додека бев таму, воопшто и не го забележав ...
Украински беспилотни летала ја нападнаа железничката станица Тацинскаја во руската Ростовска област во текот на ноќта на 5 август, објавија локалните медиуми, пренесува Кијив Индипендент. Железничката станица служи како логистички центар за блиската нафтена инфраструктура и се користи за транспорт на жито. Цените на рускиот бензин достигнаа рекордно високо ниво, а цената на бензинот Аи-95 достигна рекордно ниво на Меѓународната берза за стоки ...
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека денеска почна обуката на кандидатите кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари. По тој повод денеска во 14:00 часот во салата за седници на општина Кисела Вода прес-конференција ќе одржи директорот на ДЗС и раководител на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче Ангелов. Ангелов ќе информира за почетокот на обуката и за следните чекори со кандидатите, како и за ...
Договорот за враќање на мигранти меѓу Велика Британија и Франција, кој беше потпишан за време на државната посета на францускиот претседател Емануел Макрон на Велика Британија минатиот месец, стапи на сила денеска. Според договорот, мигрантите кои го преминуваат Ламанш ќе бидат вратени во Франција, додека барателите на азил со врски со Велика Британија, т.е. оние со семејни, работни или други врски со земјата, ќе бидат прифатени во Велика ...
Холандија вчера изјави дека ќе стане првата земја-членка на НАТО што ќе купи системи за воздушна одбрана од Соединетите Американски Држави за да ги испорача на Украина. -На Украина сега ѝ се потребни повеќе воздушна одбрана и муниција, изјави холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс во објава на „X“. „Како прв сојузник на НАТО, Холандија ќе испорача пакет американски системи за оружје во вредност од 500 милиони евра (578 милиони ...
Украински беспилотни летала успешно погодија складиште за гориво на аеродромот во рускиот туристички град Сочи на 3 август, соопшти Генералштабот на Украина, пренесува Кијив Индипендент. „Силен пожар избувна на територијата на објектот. Познато е дека воената авијација на руските окупатори била стационирана и на аеродромот“, се вели во соопштението на 4 август. Извештаите за нападот првпат се појавија во раните утрински часови на 3 август, а ...
ТЕМА НА ДЕНОТ „Гасни комори“ и смрт за Албанците – повици на етничка омраза и национализам на спортски натревар, надлежните со задоцнета реакција Кумановската полиција презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот во врска со кошаркарскиот натпревар кој се одржа на 2 август во спортската сала. Од полицијата информираат дека се повикани лица со кои бил извршен службен разговор, а во координација со обвинителството ќе бидат ...
Врховниот суд на Бразил нареди поранешниот десничарски претседател Жаир Болсонаро да биде ставен во куќен притвор. Тој е на судење поради обвинувања дека планирал државен удар, што тој ги негира, пренесува Би-би-си. Судијата задолжен за истрагата против Болсонаро, Александар де Мораес, рече дека одлуката е донесена затоа што Болсонаро не ги почитувал наредбите за забрана на движење издадени минатиот месец. Како одговор на наредбата, правниот ...
Во пресрет на локалните избори, а со оглед на состојбата во која се наоѓа ДКСК со претседателка која даде оставка, под обвинение за одавање службена тајна, Антикорупциска се соочува со избор на нов претседател, чиј оглас ќе биде објавен утре и ќе трае 10 дена. Локалните избори ќе се распишат по изборот на претседател на ДКСК и на јавен обвинител. Краен рок за расшишување на изборите е во првата половина на август, а како можен датум беше ...
По објавувањето на нацрт законот за Кривичниот законик во Албанија, за кој реагираа правни експерти, со своја реакција излезе и мисијата на ОБСЕ во земјата, укажувајќи дека од нив не било побарана експертиза, но дека се спремни да понудат препораки, пишуваат албанските медиуми. По вчерашните скандалозни антиалбански скандирања на навивачите на кошаркарскиот натпревар помеѓу Македонија и Романија во Куманово, претседателката на албанското ...
Во земјава нема активни пожари на отворен простор. Сите, вкупно 11 што биле регистрирани во текот на ноќта, се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). До 07:00 часот билансот на изгаснати пожари е: Општина Долнени – с. Стровија, зад местото викано Гајдарец-Клепало (нискостеблеста шума), Општина Липково – с. Слупчане (ниска вегетација), Општина Чашка – с. Богомила (мешана шума), Општина Македонски Брод – с. Грешница ...
Преговорите за договор за заложници и прекин на огнот во Газа се чини дека се во ќорсокак, при што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се наклонува кон проширување на воените операции, а Хамас бара да се реши хуманитарната ситуација пред да се врати на разговорите. Како што пренесува Си-ен-ен, Нетанјаху ќе побара состанок на безбедносниот кабинет во вторник за да се поддржи целосното „освојување на Појасот“, според извештаите во ...
Пожарот што синожа избувна во фабриката за прехранбени производи „Мирана“ во Велес, е изгаснат, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите добиени од СВР Велес и ТППЕ Велес, пожарот во фабриката за прехранбени производи ДПТУ „Мирана“ ДООЕЛ во Велес, кој бил пријавен во ТППЕ Велес во 22:00 часот, а во СВР Велес во 22:20 часот на 04.08.2025 година, е локализиран во 04:00 часот на 05.08.2025 година. ЦУК информира ...
Најмалку 68 мигранти загинаа откако брод со околу 157 лица потона покрај брегот на Јемен поради лошит временски услови. Бродот се преврте кај јужната јеменска покраина Абјан во неделата, изјави за Би-Би-Си шефот на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) за Јемен. Тој рече дека 12 лица се спасени, но десетици се водат како исчезнати. Се верува дека повеќето од жртвите се етиопски државјани, соопшти ИОМ. Јемен е главна рута за мигрантите ...
Кумановската полиција презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот во врска со кошаркарскиот натпревар кој се одржа на 2 август во спортската сала, соопшти денеска СВР Куманово. Од полицијата информираат дека се повикани лица со кои бил извршен службен разговор, а во координација со обвинителството ќе бидат преземани конкретни чекори. – СВР Куманово ја информира јавноста во врска со кошаркарскиот натпревар што се одржа на 2 ...
Кошаркарските репрезентации на Северна Македонија и Романија играа во Куманово на 2 август, во втората рунда на европските претквалификации за Светското првенство во кошарка 2027 година. За време на натпреварот се пееше: „Нека разберат клетите Шиптари, македонско име нема да загине“ и се извикуваа паролите „Гасни комори за Шиптари“, „Добар Шиптар, мртов Шиптар“, „Чиста, чиста Македонија“ и други. На натпреварот беа присутни и посведочија на ...
ДИЈАНА ТАХИРИ Вчерашниот кошаркарски натпревар во Куманово повторно ја оголи грдата страна на македонското општество – нетрпеливоста и омразата кон Албанците. Група навивачи извикуваа „Гасна комора за Шиптари“, „Смрт за Шиптари“ и други заканувачки и расистички слогани. Иако ваквите сцени не се новост, институциите уште еднаш задоцнија со реакција, а премиерот се огласи со декларативна осуда дури откако виде дека снимките се шират по ...
Националниот совет за електронски масовни медиуми на Латвија (NEPLP) блокираше десет веб-страници што се користат за ширење руска пропаганда, објави латвискиот јавен радиодифузен сервис LSM на 4 август, пренесува Кијив Индипендент. Латвија блокира веб-страници со руска пропагандна содржина од почетокот на целосната инвазија на Русија во 2022 година. Во моментов се отстранети 414 веб-страници. NEPLP ги следи таквите ресурси преку поплаки од ...
Основното јавно обвинителство Струга донело наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривични дела – обид за убиство и за насилство, а вториот осомничен му помогнал да го изврши обидот за убиство. Државното Јавно обвинителство информира дека на 2 август, поради претходно нарушени меѓусебни односи, првиот осомничен се обидел да лиши од живот едно лице. Вториот осомничен најпрво со својот ...
Руските сили намерно ги таргетираат цивилите, како и спасувачите и медицинските лица кои реагираат на напади, користејќи беспилотни летала со FPV, објави претседателот Володимир Зеленски на социјалните мрежи, споделувајќи видео снимки од градовите на фронтот, пренесува Укринформ. „Сметаме на силни одлуки од Соединетите Американски Држави, Европа и светот во врска со секундарните санкции врз руската трговија со енергија и банкарскиот сектор ...
Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, преку Фејсбук објава реагира на антиалбанските скандирања и говорот на омраза што се случија на 2 август на кошаркарски натпревар во Куманово. Таравари ги осуди навредите упатени кон Албанците во присуство на високи државни личности, апелира на смиреност, но подвлекува дека молчењето кон говорот на омраза не е решение и дека институциите мора решително да реагираат за да се зачува ...