Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Народната банка остварува континуиран напредок во областа на статистиката, со висока усогласеност со меѓународните стандарди и засилена транспарентност. Ова беше истакнато на средбата на гувернерот д-р Трајко Славески и делегацијата на Народната банка со претставници на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд, одржана на маргините на Пролетните средби на ММФ и Светската банка. На средбата беше нагласено дека Народната банка ...
Администрацијата на Трамп во вторникот го продолжи за еден месец **исклучокот од забраната за набавка на санкционирана руска нафта и нафтени деривати** натоварени на бродски превозници, во обид да се **ограничи скокот на глобалните цени на енергијата**, кои достигнаа рекордни нивоа за време на американско-израелската операција против Иран, според информациите од британските медиуми. Американското Министерство за финансии **издаде дозвола за ...
Партијата на Власите од Македонија денеска ќе го одржи својот Шести редовен Конгрес, на кој ќе биде избрано новото раководство на партијата. Како што информираат од партијата, одржувањето на редовниот конгрес претставува потврда за статутарното, континуирано и институционално функционирање на Партијата на Власите од Македонија, во согласност со демократските принципи. На Конгресот се очекува учество на делегати од целата држава, кои ќе ...
Под енергично раководство и непоколеблива посветеност на заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи-Шаќири, инвестициите во Општина Теарце добиваат на интензитет, трансформирајќи се во конкретни проекти што ги допира и чувствува секој граѓанин. Заедно со градоначалникот на Теарце, Даут Мемиши, и заменик-директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Тахир Таири, беше извршена теренска посета за одблизу да се види почетокот ...
Meta подготвува нова рунда отпуштања која ќе погоди илјадници вработени, како дел од поширока стратегија за трансформација на компанијата и засилен фокус на вештачка интелигенција. Според најавите, на 20 мај се очекува да започне процесот на намалување на работната сила, при што околу 10% од вработените – или приближно 8.000 луѓе – ќе ги загубат своите работни места. Информациите, пренесени од Reuters, укажуваат дека ова можеби нема да биде ...
Настан од меѓународен карактер, посветен на темата „Женско лидерство – Европската интеграција на Западен Балкан во услови на безбедносни и технолошки предизвици во Европа“, денес ќе се одржи во Скопје. Организатори на настанот се Фондацијата Конрад Аденауер, во партнерство со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и Европската народна партија – жени. По официјалното отворање, пред присутните ќе се обратат Жаклина Пешевска, пратеничка и претседателка ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека може да го прекине примирјето со Иран доколку до среда не се постигне долгорочен договор за прекин на војната. „Можеби нема да го продолжам, но блокадата (на иранските пристаништа) ќе остане“, им рече Трамп на новинарите на авионот „Ер Форс Уан“ на враќање кон Вашингтон од Феникс, Аризона. „Значи, имате блокада и за жал ќе мора повторно да почнеме да фрламе бомби“, рече тој. Извор: ...
Ова лето сè повеќе млади од земјава ја менуваат традиционалната одлука за сезонска работа на Јадранот со избор да останат и да работат во домашниот туристички сектор. Според универзитетскиот професор Климент Наумов, се забележува забавување на трендот на заминување во странство, што укажува на постепена промена во пресметките на работниците. По години недостиг на кадар, домашните угостители и хотелиери почнаа да нудат подобри услови и ...
Иран предупреди дека повторно ќе ја затвори Ормуската Теснина доколку продолжи американската блокада на иранските пристаништа, пренесе ДПА. „Со продолжувањето на блокадата, Ормуската Теснина нема да остане отворена“, напиша рано утринава претседателот на иранскиот Оарламент, Мохамед-Багер Галибаф, на Икс. Тој додаде дека транзитот низ водниот пат, што е од витално значење за глобалниот пазар на нафта и гас, ќе се одвива по „одредена рута“ и ...
Во рамки на стратешката заложба за поддршка на образованието и локалната заедница, рудникот за бакар Бучим ја поддржа реализацијата на младинскиот едукативен формат „Late Night ECO / Ecologically Speaking“. Овој проект е посветен на продлабочување на знаењата за екологијата, одржливоста и заштитата на животната средина меѓу младата популација. Проектот се фокусира на едукација на ученици и студенти преку дигитални платформи и има за цел да ...
Од кога е во сила Законот за високо образование од 2018 година, нашите универзитети изостануваат од меѓународните рангирања. Академскиот кадар бара и очекува повисоки плати, но за возврат не објавуваат ниту еден научен труд годишно. Вака повеќе не може да се продолжи, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања, тој изјави дека „импровизираат и манипулираат сите оние политички шпекуланти кои тврдат дека со ...
– Украина веќе доби околу 45 милијарди долари, односно 90 отсто од очекуваното финансирање од приходите остварени од замрзнатиот руски имот, изјави денеска украинскиот министер за финансии Сергиј Марченко, повикувајќи на понатамошни акции преку директна мобилизација на овој имот. За време на пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, украинската делегација водеше бројни разговори со меѓународните партнери, ...
Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека државата не се соочува со никакви проблеми во ланецот на снабдување со нафта и нафтени деривати, нагласувајќи дека Македонија располага со најпристапните цени на горивата во регионот. Тој додаде дека покрај граѓаните од соседните земји кои купуваат гориво на нашите бензински пумпи во пограничните региони, керозин од Македонија се испорачува и до неколку аеродроми во околината. Во случај на појава на ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска вечерва изјави дека е задоволна од законското решение за високо образование, кое, како што потенцира, не ја нарушува автономијата на универзитетите. Јаневска посочи на последните измени што се направени во однос на барањата на академската заедница за новиот закон за високо образование. – Во однос на автономијата не се согласуваме дека овој закон ја нарушува автономијата, рече Јаневска во ...
– Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува конечниот договор за завршување на војната со Иран да биде постигнат „за ден или два“. Трамп за „Аксиос“ изјави дека американските и иранските преговарачи веројатно ќе се состанат овој викенд. – Иранците сакаат да се состанат. Сакаат да постигнат договор. Мислам дека состанокот веројатно ќе се одржи во текот на викендот. Мислам дека ќе постигнеме договор во наредните ден ...
– Американскиот технолошки гигант Гугл денеска претстави серија нови функции во рамките на својот систем за вештачка интелигенција, дизајнирани на корисниците да им го олеснат купувањето и планирањето на летувањата. Новата функција им овозможува на корисниците едноставно да опишат што бараат од стока, по што вештачката интелигенција може да ги контактира локалните продавници и да прибере информации за достапноста на производите, а потоа да ...
Светските енергетски пазари денес реагираа со нагло намалување на цените на нафтата, откако суровата нафта „Брент“ падна на околу 88 долари за барел. Станува збор за дневен пад од приближно 12%, што претставува едно од посилните поместувања во последниот период. Причина за ваквата промена е најавата од Иран дека Ормускиот теснец е повторно отворен за нормален комерцијален поморски сообраќај. Теснецот, кој во претходните денови беше под ...
Европа се соочува со зголемена загриженост околу стабилноста на снабдувањето со горива, особено во делот на дизелот и авио-горивото (керозин), кои се клучни за транспортниот и туристичкиот сектор, како и за карго испораките на индустриски стоки. Во фокусот на актуелните предупредувања е керозинот, гориво кое има клучна улога во авио сообраќајот, но и во глобалните логистички синџири. Дополнителна неизвесност предизвикуваат сигналите за можни ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД му забраниле на Израел понатамошно бомбардирање на Либан, користејќи некарактеристично суров тон кон долгогодишниот сојузник на САД. „Израел нема повторно да го бомбардира Либан. СЕГА ИМ Е ЗАБРАНЕТО. Што е премногу, премногу е!!!“, објави Трамп на социјалните мрежи. Тој изјави дека секој договор што САД ќе го постигнат со Иран „во никој случај“ не се однесува на Либан, но дека ...
Шведска е уште поблиску до целта да биде првата европска земја целосно без чад, откако уделот на дневни пушачи се намали на само 3,7 отсто, покажува најновиот извештај на Шведскиот совет за информирање за алкохол и други дроги (CAN). Клучот на успехот, според шведските експерти, е во комбинацијата на ограничувања и достапноста на помалку штетни алтернативи. Според извештајот на CAN, стапката на пушење во Шведска е преполовена од 2013 ...
Аеродромите во главните градови на поранешна Југославија овој месец забележаа намалување на летовите и на капацитетот по серијата ревизии на мрежата од страна на авиокомпаниите поради тековниот конфликт на Блискиот Исток, зголемувањето на цените на горивата и потенцијалните ограничувања на снабдувањето. Во споредба со првично поднесените распореди и нивоа на капацитет за април објавени од EX-YU Aviation News кон крајот на март, ситуацијата ...
На синоќешната свечена манифестација „Работодавач на годината“, организирана од водечкиот портал за посредување при вработување Vrabotuvanje.com.mk, компанијата Кромберг & Шуберт Македонија по втор пат ја потврди својата доминација на македонскиот пазар на труд, освојувајќи го престижното признание „Најпосакуван работодавач за 2026 година“. Оваа награда е резултат на најголемото независно истражување спроведено на национално ниво од ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) соопшти дека е заокружена клучна фаза во јакнење на енергетската безбедност на државава откако успешно се одржала јавна расправа за Проценката на ризик во снабдувањето со гас, во соработка со Заедничкиот истражувачки центар (JRC) на Европската комисија и претставници на домашната гасна индустрија. Со ова, како што информира денеска МЕРМС, Македонија практично го финализира ...
Кога една добра идеја ќе добие вистинска поддршка, нејзиното влијание може да биде многу поголемо од првичната замисла. Токму затоа dm drogerie markt преку платформата „Иднина која инспирира“ отвора простор за организации, здруженија и институции кои веќе вложуваат труд, грижа и посветеност во заедницата, да го направат следниот важен чекор кон реализација на своите проекти. За многу иницијативи, најголемиот предизвик не е идејата, туку ...
Компанијата dm drogerie markt е добитник на признанието „Работодавач на годината 2025“ во категоријата трговија на мало, кое го доделува порталот Vrabotuvanje.com, во рамки на настанот „Најпосакуван работодавач“. Станува збор за годишен избор што се спроведува врз основа на јавно мислење и анкета. Гласањето е јавно и транспарентно, а интересот оваа година резултираше со над 27.000 гласови од повеќе од 9.000 гласачи. Ова признание претставува ...
Технологиите и иновациите што ја обликуваат иднината на современата стоматологија деновиве се претставуваат во Истанбул, на IDEX Istanbul International Dental Exhibition and Conference, еден од најголемите и најзначајни дентални саеми во регионот. Меѓу професионалците кои одблиску ги следат светските трендови и новитети се и доктори од стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, кои имаат можност да се запознаат со нови генерации материјали, ...
Премиерот Христијан Мицкоски, во однос на можна владина реакција по анализата на цените на прехранбените производи што ја подготви Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и поскапувањата предизвикани од конфликтот на Блискиот исток, истакна дека мерки може да бидат воведени за одредени сезонски производи, а конкретната реакција ќе зависи од динамиката на движење на нивните цени. Како одговор на новинарско прашање, Мицкоски денеска нагласи дека ...
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека порастот на прометот во индустријата е значаен и дека ниту една земја во регионот не бележи слична експанзија. Тој посочи дека постојат предизвици во индустрискиот сектор, особено во смисла на намалената активност во некои од рудниците. Сепак, Мицкоски увери дека актуелната влада ќе преземе мерки за поттикнување на постојните рудници и отворање нови. Во таа насока, како што потенцира, нема да дозволат ...
„Алкалоид“ АД Скопје повторно ја доби довербата на јавноста и беше прогласен за најпосакуван работодавач за 2025 година четврти пат по ред, според анкетата на веб порталот „Вработување.ком“. Наградата, која беше врачена во рамките на манифестацијата организирана од „Вработување.ком“, се базира на национално истражување за перцепцијата и за искуствата поврзани со работодавачите во земјава. Континуитетот на ова признание за нас има особено ...
„Во главата не ми се вртат бројки, пари или профит. Многу почесто ми се вртат луѓето, бидејќи сметам дека секоја компанија ја создаваат луѓето кои работат во неа. Се разбира дека во секој бизнис мора да имаме таргети и конкретни цели, но во текот на денот не размислувам на нив, туку на нашите вработени и на тоа дали се тие задоволни, како можеме да привлечеме повеќе луѓе, како да поминеме повеќе време со нив и да споделиме повеќе искуства“, ...