Цените на суровата нафта денеска ја надминаа границата од 100 долари за барел, за првпат од мај, поради зголемените тензии на Блискиот Исток и растечките стравувања дека конфликтот може да го загрози глобалното снабдување со енергенси. Цената на северноморската нафта брент забележа раст од повеќе од пет проценти, продолжувајќи го трендот на поскапување во последните денови. Инвеститорите реагираат на новата ескалација меѓу САД и Иран, како и ...

Цените на гасот во Европа денеска го достигнаа највисокото ниво за 3,5 години, во екот на летната сезона на полнење на складиштата во ЕУ за претстојната зимска сезона на греење и ескалацијата на конфликтот на Блиски Исток. На берзата во Холандија (ТТФ) мегават-час гас за испорака во август кратко време се тргуваше за 63,94 евра, што е за 2,2 отсто повеќе од вчера. Околу пладне цената се стабилизира на 62,09 евра што е највисоко ниво од ...

Во Битола се одржа регионална работилница за Пелагонискиот плански регион со која Министерството за култура и туризам го продолжува процесот на изработка на Стратегија за развој на туризмот на Македонија за период 2027 – 2032 година. На работилницата учествуваа претставници на општините од овој регион, како и претставници од јавниот, невладиниот и приватниот сектор. -Како град со големо културно и историско наследство, Битола има капацитет ...

Општина Делчево го објави јавниот повик за учество на првиот натпревар во косење трева со рачна коса, кој ќе се одржи на 4 август во Делчево, на локација што дополнително ќе биде соопштена. Како што информираат од Општината, целта на настанот е да се избере највештиот косач на трева, но и да се зачува и промовира традиционалниот начин на косење, да се негуваат старите занаети и да се поттикнат дружењето и натпреварувачкиот дух. Право на ...

Вклучување на сите засегнати страни во дијалогот и пронаоѓање оптимален баланс меѓу потребата да се намали бирократијата и потребата да засилат контролите на местата каде има ризик од можни злоупотреби на боледувањата и примена на искуства од други земји, е целта на работилницата „Зајакнување на управувањето со боледувањата“, што се одржува денеска во Владата, а која ја организираат Министерството за здравство и Фондот за здравствено ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер. На средбата се разговараше за унапредување на билатералните односи во земјоделството и руралниот развој, фитосанитарната политика и безбедноста на храната. -Австрија е значаен партнер од кој можеме да добиеме вредни искуства во развојот на модерно, одржливо и конкурентно земјоделство. Целта ни ...

Министерството за здравство на Хрватска со цел да го заштити јавното здравје донесе одлука сите граѓаните на земјите на кои им е потребна виза за влез во Хрватска, односно во Шенген зоната мораат да извршат лекарски прегледи за откривање на акутни и хронично заразни болести и за утврдување на нивниот статус на вакцинација. Меѓу нив се државјани на Индија, Непал, Бангладеш, Пакистан, Филипини и Египет на кои им е одобрен привремен престој во ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавите на опозицијата дека нема резултати во земјоделството и што покажуваат бројките, изјави: „Видете, јас ги слушам од опозицијата најчесто, посебно од коалицијата СДСМ, Демократска унија за интеграција и Левица. Овие претходниве беа во Влада 7 години, ќе ве потсетам како да заборавивме каква катаклизма се ...

Кафулињата, пицериите, пекарниците, слаткарниците и други оператори со храна во Гостиварско ја почитуваат забраната за употреба на водата, покажаа вонредните надзори на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) спроведени во вторникот. Извршени беа 70 вонредни надзори кои беа опфатени кафе барови, пицерии, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производство и пакување на овошје и зеленчук, промет и други оператори со храна. ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе интервенира со дополнителни мерки по продолжувањето на растот на цената на горивата. Се анализира дали мерките ќе бидат таргетирани или генерални како претходно. Една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата. За преземање на овие чекори, како што изјави денеска Мицкоски, има правни механизми по прогласената кризна состојба. – Ја следиме состојбата, како Влада веќе донесовме ...

Европската Унија му изрече казни во вредност од 890 милиони евра на американската технолошка компанија „Гугл“ (Google) за кршење на дигиталните правила на ЕУ. Како што соопшти Европска комисија, казната е изречена за давање предност на сопствената услуга на „Гугл срч“ (Google Search) и за ограничување на изборот на потрошувачите на „Гугл плеј“ (Google Play). – Откривме дека „Гугл“ им штети на бизнисите што нудат слични услуги, како што се ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница според член 133 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на неделава водата во Гостивар технички да биде исправна, а кон крајот на следната недела и безбедна за пиење, доколку сите активности се реализираат според предвидената динамика. Одговарајќи на новинарско прашање при пуштањето во употреба на реконструираниот градски базен во Кавадарци, Мицкоски изјави дека во решавањето на проблемот се вклучени екипи од ЈП „Водовод и канализација“ од Скопје и ...

Пратениците денеска го изгласаа дневниот ред со четирите закони од областа на образованието и научно – истражувачката дејност на 116. седница на Собранието. По гласањето претседателот на Собранието Африм Гаши ја прекина седницата, а за нејзино продолжување најави дополнително известување. На дневен ред на седницата се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка и Предлог-законите за ...

Општина Бутел денеска распиша јавен повик за доделување финансиски средства од буџетот на општината во износ од 4.000.000 денари, информираат од локалната самоуправа. Како што прецизираат, средствата се наменети за финансирање на програмските активности на спортските клубови кои функционираат на територија на општина Бутел. -Спортските клубови кои ќе изразат интерес за доделување на финансиски средства треба да ги исполнат критериумите ...

Македонските дебатери, претставници на Младинскиот образовен форум (МОФ), постигнаа историски успех на Prague Debate Spring 2026, освојувајќи го првото место во почетничката категорија и остварувајќи уште еден врвен резултат во отворената конкуренција на еден од најпрестижните меѓународни турнири во компетитивна дебата. Турнирот се одржа од 10 до 13 јули во Прага, како дел од IDEA Youth Forum, меѓународен младински форум организиран од ...

EOS Group ја заврши деловната 2025/26 година со силни финансиски резултати, рекордно ниво на инвестиции и значајни достигнувања во областа на одржливоста, потврдувајќи ја својата позиција како еден од водечките европски инвеститори во професионалното управување со побарувања. Компанијата во текот на годината инвестираше една милијарда евра во портфолија на побарувања, го зголеми оперативниот профит и доби златен медал од EcoVadis за своите ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против едно физичко лице – сопственик и управител на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело даночно затајување од член 279 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Како што УФП соопшти денеска, првопријавениот С. З., во својство на сопственик и управител на ...

Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h), соопшти УХМР. За време на викендот времето ќе биде стабилно. Нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност ќе има во понеделник, а од вторник повторно ...

Недостатоците во законската регулатива, недоволните човечки ресурси и слабиот фискален напор значително го ограничуваат фискалниот капацитет на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС), покажува ревизијата на успешност што ја спроведе Државниот завод за ревизија (ДЗР) за периодот 2020–2024 година. Ревизијата, изработена во рамки на Годишната програма за работа за 2025 година, ја анализирала ефикасноста на мерките и политиките за ...

Законот за студентски стандард предложен од ДПМНЕ е уште еден набрзина скроен производ на власта кој под благородни фрази протнува правна конфузија, прекумерна репресија и речиси неограничено самоволие на управите и министерот, с евели во соопштението од ПП Левица, што МИА го пренесува интегрално. Наместо да понуди решенија за вистинските проблеми со кои секојдневно се соочуваат студентите, како партизацијата при распределбата на местата во ...

Прелиминарните работи на огромен хотелски проект поврзан со семејството Трамп веќе предизвикаа непоправлива штета на некогаш недопрениот дел од брегот на Албанија, велат научници и активисти, за агенцијата АФП. Сателитските снимки покажуваат дека во текот на 25-дневниот период во мај, бил расчистен пат, цела зона била обезшумена и изграден мост што ќе го премине каналот што ја поврзува лагуната Нарта со морето. “Булдожерите на плажите веќе ...

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска се очекува да не направи промени на основните каматни стапки, но вниманието на инвеститорите ќе биде насочено кон пораките што ќе ги испрати за идните чекори во монетарната политика. Според проценките на аналитичарите, Банката ќе задржи претпазлив пристап, имајќи предвид дека инфлацијата постепено се намалува, но новото поскапување на енергенсите повторно ги зголемува ризиците за ценовната стабилност. ...

Арбен Таравари е во спротивност со своите изјави. Додека еднаш се појави пред граѓаните на Гостивар и ја обвини тогашната влада дека ги „труе“ граѓаните со негрижа и неактивност, за време на неговиот мандат излезе и рече дека го решава проблемот со водата во Гостивар „за следните 100 години“!, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. Денес, кога одговорноста паѓа на администрацијата што ја водеше, Таравари не ...

Жителите на Валандово од денеска не треба да ја користат водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна, откако лабораториските анализи покажаа зголемена концентрација на арсен. Според резултатите, во водата се измерени 14 микрограми арсен на литар, што е над законски дозволената граница од 10 микрограми на литар. Од Јавното претпријатие „Комунален сервис“ соопштија дека водата до понатамошно известување може да се користи само ...

Американската војска соопшти дека започнала нови напади врз воени цели во Иран, 12-та ноќ по ред. Нападите започнале во раните утрински по иранско време (23:30 часот по средноевропско време во среда), соопшти Американската централна команда (CENTCOM) на платформата „Икс“. „Мисијата ќе продолжи дополнително да ја намалува способноста на Иран да им се заканува на цивилните морнари и трговските бродови кои минуваат низ регионалните води“, ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата – информира АМСМ. Препорачува прилагодена брзина на ...

Силните невремиња што ја зафатија Македонија повторно го отворија прашањето – кој е најсилниот ветер некогаш официјално измерен во земјава? Иако последното невреме донесе оркански удари на ветер кои на неколку мерни станици достигнаа и до 134 километри на час, тоа не е највисоката вредност забележана во историјата на македонската метеорологија. Според податоците на метеоролозите, најголемата официјално измерена брзина на ветер во Македонија ...

Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, кој Владата вчера го усвои по комисиската расправа во Собранието можеби изгледа како вообичаена финансиска операција со која се коригираат приходите и расходите на државата. Но, подеталниот поглед покажува дека зад бројките се крие многу поширока политичка и економска стратегија. Од министерството за финансии денеска го соопштија начинот на кој се распределуваат дополнителните средства кои ...

Тековните реформски процеси во правосудството и напредокот на државата во евроинтегративниот процес биле во фокусот на средбата помеѓу министерот за правда Јетон Шасивари и заменик на министерот за правда Ален Деребан со амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас. Како што соопштуваат од Министерството за правда, министерот Шасивари ја истакнал посветеноста на Министерството за правда кон спроведувањето ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.24
29%
1015
weather icon

Белград

35ᴼ / 33ᴼ
2.68
41%
1015
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
1.08
33%
1015
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.52
34%
1015
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
0.94
31%
1015
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 27ᴼ
0.45
68%
1015
weather icon

Атина

32ᴼ / 31ᴼ
5.81
38%
1011
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
2.09
26%
1013
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
1.35
30%
1014
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 31ᴼ
1.34
43%
1015
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 33ᴼ
0.89
29%
1015
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
3.69
65%
1013
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.7618

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Сребро

1994.05

Калај

56.46

Паладиум

43499.96

Цинк

0.00

Алуминиум

3.25

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Бакар

13.51

Платина

56135.20

Рутениум

53852.50

Родиум

274085.11

Злато

136962.18