Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Цените на суровата нафта продолжија нагло да растат, при што северноморската нафта „брент“ повторно ја надмина границата од 95 долари за барел. Само во текот на овој месец цената е зголемена за речиси 30 проценти, поттикната од зголемените геополитички тензии и стравувањата за нарушување на глобалното снабдување. Главна причина за растот е влошувањето на односите меѓу САД и Иран. Иранските власти соопштија дека во моментов нема простор за ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на координативен состанок со скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје, на кој беа разгледани штетите и последиците од силното невреме што вчера го зафати главниот град. „На состанокот со колегите од другите општини ја разгледавме состојбата на теренот и последиците од невремето. Штабот за заштита и спасување на Општина Центар денеска веќе даде насоки за ...
Скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријават штетите предизвикани од невремето. Во координација со Град Скопје, ќе се врши стручна процена на пријавените штети, по што, согласно законската регулатива и расположливите можности, ќе започне постапка за поддршка на граѓаните при санацијата на оштетувањата на објектите за домување, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски по Координативниот состанок со ...
Целосно новата Galaxy Z серија отвора ново поглавје во светот на преклопливите уреди со три различни искуства дизајнирани за ултра-продуктивност, импресивно откривање и самоизразување Лондон / Скопје, 22 јули 2026 година – Компанијата “Самсунг“ (“Samsung“) денес ја претстави новата Galaxy Z серија, својата досега најцелосна понуда, дизајнирана да ги донесе преклопните уреди до поширока публика. Понудата го воведува Galaxy Z Fold8, нов и ...
Во Владата денеска се одржал состанок посветен на Реформската агенда. Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави дека на состанокот биле разгледани досегашниот напредок и следните активности во однос на реформите. -Денеска се одржа состанок посветен на Реформската агенда, на кој беа разгледани досегашниот напредок, тековните активности и следните чекори за навремено исполнување на предвидените обврски, напиша Мицкоски. Тој ...
Советот на Европската Унија денеска донесе одлука Велика Британија да се приклучи кон финансискиот механизам за заем од 90 милијарди евра наменет за поддршка на Украина. Со оваа одлука, Киев добива пошироки можности за набавка на воена опрема и избор на добавувачи, бидејќи во финансирањето ќе учествува и Обединетото Кралство. Од вкупниот пакет, 60 милијарди евра се предвидени за оваа и следната година, а средствата ќе бидат насочени кон ...
Министерството за локална самоуправа обезбеди итна помош за жителите на Гостивар кои се соочуваат со проблеми во водоснабдувањето. Во рамки на координираните активности со надлежните институции, доставена е донација од 50.000 литри вода за пиење наменета за потребите на населението. Првата количина вода денеска пристигна во Гостивар со еден од двата предвидени транспортни камиони. Испораката има за цел да обезбеди поддршка за граѓаните во ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесуваше 49.544 денари, а во однос на мај лани е повисока за 8,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11,9 проценти, ...
Сиљановска-Давкова и Мурму присуствуваа на церемонијата на откривање на бистата на Махатма Ганди и ја посетија Спомен-куќата на Мајка Тереза Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, присуствуваа на церемонијата на откривање на бистата на Махатма Ганди во Музејот на Град Скопје, подарок од пријателска Индија и ја посетија Спомен-куќата на Мајка Тереза. Сиљановска-Давкова оцени дека ...
Министерот за здравство, Сашо Клековски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ја посетија Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” во Скопје, по повод пуштање во употреба на комплетно реновираното одделение за трауматологија. – Посебно ми е драго што сме тука, бидејќи додека траат разговорите за нови клинички болници не смееме да заборавиме на постојните. Оваа зграда на хируршката клиника ...
Вчерашното невреме кое зафати повеќе градови во државата сериозно ја погоди и електродистрибутивната инфраструктура, како на среден така и на низок напон. Поради оштетувања и неколку стотици паднати столбови, без напон останаа 2.308 трафостаници на Електродистрибуција, информираат од ЕВН Македонија. Нагласуваат дека засилени екипи на компанијата работеа без престан во исклучително тешки услови и успеаја да санираат дури 90 отсто од ...
Професионалната јавна администрација не се гради само со закони. Таа се гради со јасни правила, објективни критериуми и алатки што секојдневно ќе се применуваат во институциите. Токму во таа насока, Министерството за јавна администрација, во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денес ја промовираше новата рамка за вработување заснована на заслуги, интегритет и компетенции, значаен чекор кон воспоставување модерен и професионален систем ...
Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан по вчерашната рација во опозициската партија Фидес и одземање на серверите, ја обвини новата влада дека воспоставува „нелегитимен“ политички систем и ги повика неговите приврзаници да се спротивстават на „тиранијата“. – Во Унгарија повторно почна ерата на тиранијата … Унгарија не е веќе демократска држава. Новиот политички систем создаден на овој начин е нелегитимен. Фидес ќе ги искористи сите мирни ...
Брисел, јули 2026 година – Повеќе од 82.000 одговори од 138 земји беа доставени во јавната консултација на Европската комисија за ревизија на Директивата за тутунски производи, што ја потврдува чувствителноста и значењето на ова прашање за граѓаните, експертите, бизнис-заедницата и организациите кои работат во областа на јавното здравје и регулативата. Според анализата објавена од независната експертска мрежа „Ние сме иновација“, над 90 ...
Денес, во просториите на Општина Кисела Вода се одржа конститутивната седница на новоформираниот Совет на стопанственици на Кисела Вода, на која присуствуваше и заменикот-министер за економија, Марјан Ристески и заменик директорката на Агенцијата за вработување Весна Пешова. Пред претставниците на локалната деловна заедница беа презентирани најновите мерки од Оперативниот план за вработување, креирани од Владата, со особен фокус на поддршката ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на летото да биде заокружен процесот за избор на локација за новиот клинички центар, по што ќе може да започне подготовката за реализација на капиталната здравствена инвестиција. Одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на реконструираното Одделение за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, Мицкоски изјави дека се водат ...
Исклучително високи вредности на удари на ветер, приближни до историските рекордни вредности регистрираше Управата за хидрометеоролшки работи (УХМР) во текот на вчерашното невреме, врз основа на податоците од Националната мрежа на автоматски метеоролошки станици. На повеќе локации во државата, според податоците на УХМР, беа регистрирани оркански удари на ветер со брзина од над 130 километри на час, што претставува редок и разорувачки ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на Бизнис-форумот меѓу Македонија и Индија, каде што го претстави предлог-проектот за унапредување на Централниот регистар на население, за чија реализација е предложена поддршка од Фондот за развојно партнерство Индија–Обединети нации (India-UN Development Partnership Fund). Во присуство на претседателката на Република Индија и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, ...
Франција направи значаен чекор во регулирањето на користењето на социјалните мрежи од страна на малолетниците, откако парламентот го усвои законот со кој на децата помлади од 15 години ќе им биде забрането да отвораат профили на платформи како TikTok, Instagram и Snapchat. Со ова, Франција станува првата земја-членка на Европската Унија што воведува толку сеопфатно ограничување. Предлог-законот, кој има силна поддршка од претседателот ...
Шпанската влада направи важен чекор кон дополнително ограничување на употребата на тутун и никотински производи, откако го одобри предлог-законот со кој значително се прошируваат зоните во кои пушењето ќе биде забрането. Доколку добие поддршка во парламентот, новото законско решение ќе донесе едни од најстрогите правила против пушењето во Европа. Со реформата, пушењето на класични цигари, како и употребата на електронски цигари и други ...
Обезбедувањето критични минерали станува еден од главните приоритети на Европската Унија и Соединетите Американски Држави. Во најновата анализа на Европскиот парламент се оценува дека пристапот до овие суровини ќе биде одлучувачки фактор за идната конкурентност на индустријата, развојот на новите технологии и економската безбедност. Во Македонија, институциите сè уште работат на подготовка на национална листа на критични минерални суровини. ...
Светските финансиски пазари ја започнаа неделата со претпазливо тргување, додека инвеститорите ги проценуваат можните последици од најавените трговски мерки на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и актуелните геополитички случувања. Вниманието на пазарите е насочено кон можноста за воведување нови царини и дополнителни ограничувања во меѓународната трговија, што повторно ги отвори прашањата за идниот економски раст и ...
Разорното невреме што вчера го зафати Скопје остави зад себе голема материјална штета во речиси сите делови од градот. Силниот ветер и обилниот дожд урнаа дрвја, бандери и семафори, оштетија голем број возила, покриви, прозорци, станбени објекти и предизвикаа прекини и отежнато одвивање на сообраќајот на повеќе локации. Веднаш по стабилизирањето на временските услови, градоначалниците на скопските општини ги активираа општинските кризни ...
Цените на суровата нафта денеска забележаа значителен раст на светските пазари, достигнувајќи највисоко ниво во изминатиот месец. Причина за новиот скок се засилените геополитички тензии на Блискиот Исток и стравувањата дека конфликтите би можеле сериозно да го нарушат глобалното снабдување со нафта. Според најновите пазарни податоци, северноморската сурова нафта Брент се тргува по цена од околу 91,2 долари за барел, додека американската ...
Владата на седница го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, во кој се имплементирани усвоените амандмани, со кои се обезбедени дополнителни средства за жените коишто вршат земјоделска дејност, средства за воспоставување национална СОС линија за поддршка на жртвите на родово и семејно насилство, како и средства за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство, соопшти ...
САД извршија нов бран воздушни напади врз цели во Иран, додека Вашингтон порача дека е подготвен за дијалог и преговори со Техеран, но и дека ќе преземе мерки за заштита на своите интереси и интересите на сојузниците. Централната команда на вооружените сили на САД (СЕНТКОМ) соопшти дека операцијата против Иран завршила во 00:15 часот по Гринич, односно во 03:15 часот по локално време. Според соопштението, во текот на ноќта биле погодени ...
Без вода денеска од 9 часот до санирање на дефектот ќе бидат корисниците од улицата „Маца Карбева“ и населбата Трета зона Припор во општина Кисела Вода, а од 10 часот до завршување на работите дел од корисниците на улицата „Златко Шнајдер“ во општина Центар. Од Центарот за управување со кризи на Град Скопје информираат дека прекините во водоснабдувањето се поради уличен дефект на улицата „Маца Карбева“ и изведување водоводен приклучок на ...
Силното невреме што вчера зафати делови од Балканот предизвика повеќе штети во Босна и Херцеговина и Хрватска, откако гром усмрти околу 30 овци во БиХ, а предизвика и шумски пожар во близина на Макарска. Според босанската национална телевизија, гром синоќа удрил во стадо овци на планината Хрбина во Босна и Херцеговина, при што угинале околу 30 животни. Подрачјето на општина Бугојно беше зафатено од силно невреме, при што за еден час наврнале ...
Украина извршила нови напади врз логистички центри на „Вајлдберис“, најголемата руска компанија за онлајн-трговија, при што се повредени неколку лица, пренесуваат светските агенции повикувајќи се на соопштение на директорката и коосновачка на компанијата, Татјана Ким. Според Ким, погодени биле магацини на компанијата во Краснодар и Невиномиск, во Краснодарскиот и Ставрополскиот крај. Таа преку „Телеграм“ соопшти дека компанијата, во ...
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а ...