Цените на суровата нафта продолжија да растат и на почетокот на новата трговска недела, поттикнати од зголемените геополитички тензии на Блискиот Исток и стравувањата дека би можело да дојде до нарушување на глобалното снабдување со енергенси. Нафтата од типот Брент се искачи на околу 90,8 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI достигна приближно 84,9 долари за барел. Со ова, цените бележат значителен раст во однос на ...

Во Мултикултурниот центар во Кочани денеска се одржа информативен ден за активните мерки од Оперативниот план за вработување за 2026 година и јавниот повик од мерката „Вработување и раст на правни субјекти“. Пред претставници на бизнис секторот од Кочани и регионот, заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески ги презентираше позитивните ефекти кои произлегуваат од оваа мерка. – Со мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ е ...

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, престојуваше во Брунен, Швајцарија, каде што учествуваше на работната средба посветена на подготовката на две значајни меѓународни бизнис-иницијативи што ќе се реализираат во текот на ноември годинава. На средбата се разговараше за организацијата на конференцијата „Business Club West and South East Europe“, која ќе се одржи од 6 до 8 ноември во Брунен, Швајцарија, а ...

Газа, 21 јули 2026 – Шестмина членови на исто семејство, меѓу кои и четири малолетни лица, го загубија животот денеска во израелски воздушен удар врз станбен објект во градот Газа, информираа палестинските здравствени институции. Според информациите од локалните медицински извори, во нападот врз населбата „Сабра“, лоцирана во централното градско подрачје на Газа, загинале Фирас ал Масри, неговата сопруга Салсабел, како и нивните три ќерки и ...

Пченицата и јачменот кои деновиве интензивно се жнеат во битолскиот дел на Пелагонија се со подобар квалитет од лани, информираа од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ). Од АПРЗ со седиште во Битола нагласуваат дека годинава освен подобар квалитет има и поголеми приноси на пелагониската житница. – Жетвата во Пелагонија е во полн ек. Јачменот е ожнеан со над 90 проценти од вкупните површини и има приноси од над пет ...

Иран соопшти дека извршил напади врз американски воени цели во Јордан, Бахреин и Кувајт, гаѓајќи радарски системи, воени бази, воени авиони и други објекти. Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) тврди дека при ракетен напад врз американската база во Јордан уништен е радарски систем за ракетна одбрана и борбен авион Ф-15, што бил во хангар. Според ИРГЦ, целта на операцијата била да се ослабне радарската покриеност на регионот и понатамошни ...

Семос Едукација стана официјален партнер на Anthropic и се приклучи на Claude Partner Network (CPN), глобалната партнерска мрежа на компанијата што стои зад Claude, една од најнапредните платформи за вештачка интелигенција во светот. Ова партнерство претставува значајна пресвртница за Семос Едукација и потврда за нејзината долгогодишна посветеност на развојот на дигиталните вештини, AI едукацијата и имплементацијата на најсовремените ...

На 50-годишна возраст ненадејно почина италијанскиот новинар Даниеле Компатанџело, долгогодишен дописник од Вашингтон за повеќе италијански медиуми. Компатанџело починал во својот дом во Њујорк, а според информациите, причина за смртта бил срцев удар. Тој стана познат во јавноста во јуни годинава, по телефонското интервју со Доналд Трамп што привлече големо внимание поради изјавите на американскиот претседател за италијанската премиерка ...

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) беше домаќин на претставници на Институтот на сметководители и ревизори на Косово (SCAAK), при што се одржа заедничка средба на двете професионални организации. Средбата беше посветена на размена на искуства и добри практики, презентација на тековните активности на двата института, како и разгледување на можностите за развој на заеднички иницијативи во областа на едукацијата, ...

Дивиот приклучок поставен на гостиварскиот водоснабдителен систем не се наоѓал во заштитните санитарни зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата што ја имал Комуналец – Гостивар. За овој приклучок што е предмет на истрагата за загадувањето на водата во Гостивар, не е доставено барање до Министерството за животна средина и прострона планирање (МЖСПП). -Овој див приклучок воопшто не е во рамки на дозволата ...

Ако го прашате кој било менаџер, претприемач или деловен професионалец како му поминал денот, одговорот најчесто ќе биде само еден збор: зафатено. Живееме во ера на хипер-продуктивност каде што деловното секојдневие се претвори во бескрајна трка со времето. Денот ни започнува со прегледување на десетици нотификации на пат кон канцеларија, продолжува со состаноци кои „можеа да бидат мејл“, итни повици додека сме во движење и завршува со ...

Скопје, 21 јули 2026 – Државниот завод за ревизија (ДЗР) идентификувал низа пропусти и нерегуларности во функционирањето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви, во рамките на контролата на финансиските извештаи за 2024 година, како и проверката за усогласеноста со законските прописи. Во ревизорскиот извештај е наведено дека е изразено мислење без резерва по однос на веродостојноста и објективноста на финансиските извештаи, меѓутоа е ...

Манила, 21 јули 2026 (МИА) – Шефовите на дипломатиите на земјите од Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН), кои се собраа на Самит во Манила, упатија предупредување во врска со влошувањето на кризата на Блискиот Исток. Дипломатските претставници на 11-те земји-членки на организацијата, придружувани од делегати на партнерските нации, се состанаа во филипинската метропола во период на интензивирана нестабилност, предизвикана од ...

Њу Делхи, 21 јули 2026 – Деветмина работници ги загубија своите животи, додека постои стравување дека најмалку 15 други лица се заробени внатре во тунел во индиската држава Сиким, по детонација предизвикана од протекување на течен гас. Трагедијата се случи вчера на градилиште на јавното електроенергетско претпријатие, лоцирано на реката Тиста во селото Самарданг. Окружниот функционер, Субаш Гимиреј, кој го потврди настанот, посочи дека ...

Скопје, 21 јули 2026 (МИА) – Ревизијата на буџетската рамка за 2026 година не произлегува од проблеми во државната каса, туку претставува развоен концепт со кој се проектираат дополнителни вложувања во капитални проекти, помош за граѓаните и поттикнување на економскиот напредок, и покрај евидентната неизвесност на глобалните пазари, геополитичките тензии и инфлаторните притисоци, истакнува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. ...

21 јули 2026 Наместо поевтини горива, како што ветуваше Мицкоски, граѓаните се соочуваат со нов ценовен шок. Горивата повторно значително поскапеа. Со последните две поскапувања, дизелот е поскап за над 11 денари и сега чини 94 денари за литар, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Истовремено, изостануваат мерките за заштита на стандардот на населението. Секоја негова најава за намалување доведува до нов раст на ...

Скопје, 21 јули 2026 (МИА) – Рестрикцијата за употреба на водата од гостиварскиот водовод, наменета за пиење и за подготовка на храна, останува во сила сè додека со лабораториски анализи не се потврди нејзината исправност. „Продолжуваме будно да ја следиме состојбата и да преземаме соодветни законски мерки за целосно расчистување на случајот и за отстранување на причините кои довеле до оваа состојба и го загрозиле здравјето на граѓаните“, ...

Ханој, 21 јули 2026 (МИА) – Најмалку седум лица загубија живот откако автобус се опожари рано утринава во јужните делови на Виетнам, информираат виетнамските безбедносни сили. Автобусот се движел на линија од покраината Лам Донг кон блискиот економски центар Хо Ши Мин, кога од причини кои досега остануваат неразјаснети, настанал огнената стихија. Огнот брзо ја зафатил кабината на превозното средство со 24 места, при што дел од лицата кои ...

Институциите функционираат врз основа на факти и докази, а не според емоционалните импулси на СДС и Филипче. Ова стои во одговорот на ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ, кое МИА го пренесува во целост. Всушност, фактите укажуваат на притворање на тројца лица поради труењето со вода, детална анализа за начинот и обемот на загадувањето, како и целосна ангажираност на државните органи. А кога емоциите на Филипче профитираа, 14 лица загинаа во ...

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието на Република Северна Македонија, Жаклина Пешевска и пратеничката и членка на Комисијата Лидија Петкоска, на покана на претседателката на Одборот за рамноправност на Парламентот на Црна Гора, Јеленка Андриќ, учествувале на деветнаесеттата седница на Женскиот парламент, што се одржа во Подгорица по повод одбележувањето на 25-годишнината од основањето на Одборот ...

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари средба со директорот на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), Алберт Хани, на која беше потврдена заедничката определба за продлабочување на соработката во борбата против корупцијата и унапредување на реформските процеси. На средбата беше истакната важноста од активното учество на Република Северна Македонија во работата на РАИ, како и потребата од понатамошно јакнење на ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Велес најави дека со ребалансот на Буџетот ќе бидат обезбедени средства за изградба на цевководот што треба да го поврзе хидросистемот „Лисиче“ со езерото „Младост“. Со ова, според него, ќе се решава еден од долгогодишните проблеми поврзани со водоснабдувањето и управувањето со водните ресурси во овој регион. Мицкоски посочи дека веќе се направени напори преку пренамена на средства од Министерството за ...

По повеќегодишен застој предизвикан од нерешени имотно-правни односи, изградбата на клучката „Момин Поток“ денес се одвива со засилена динамика. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека веднаш по преземањето на функцијата биле преземени конкретни чекори за надминување на долгогодишните пречки и за продолжување на реализацијата на овој исклучително значаен инфраструктурен проект. „Уште од првиот ден силно се заложивме да ги ...

Европската комисија денеска соопшти дека ја казнила кинеската компанија за е-трговија „Али експрес“ со 550 милиони евра поради тоа што не успеала да го намали ризикот од продажба на нелегални, небезбедни и фалсификувани производи. Во соопштението на ЕК се наведува дека „Али експрес“ е казнет за прекршување на одредбите од Законот за дигитални услуги (ДСА) бидејќи компанијата не успеала соодветно да процени дали има доволно персонал за ...

Со 88 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“, Собранието денеска ја донесе Одлуката за продолжување кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври. Владата на седницата одржана на 17 јули ја донесе одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Северна Македонија. Со ...

– По седум години, културата и туризмот повторно се во фокусот на Владата, со јасна цел повторно да бидат препознатливо обележје и двигател на развојот на Македонија. Особено значајно во оваа насока е зголемувањето на средствата за Годишната програма во културата, па така од доделени 768 милиони денари во 2023 година се зголеми на 1 милијарда и 71 милион денари во 2026 година, што претставува раст од речиси 40 проценти – рече Велика Стојкова ...

Синдикалната минимална кошница во јули изнесува 68. 498 денари и е намалена за 156 денари во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија. Со изнајмен стан од 60 метри квартатни, вредноста на синдикалната минимална кошница изнесува 83 873,00 денари. Најголем дел од трошоците одат за храна и пијалоци – 25.012 денари. Синдикалната минимална кошница во јули изнесува 68. 498 денари и е намалена за ...

ТИТАН Усје продолжува да инвестира во развојот на идните инженерски кадри преку активности што го поврзуваат академското образование со практичната примена на знаењето. Во рамки на оваа заложба, 28 студенти и професори од Градежниот факултет реализираа стручна студиска посета во Солун, Грција. Делегацијата беше предводена од главниот извршен директор на ТИТАН Усје Константинос Николаoу, заедно со претставници од тимовите за готов бетон, ...

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип го објави Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии за академската 2026/2027 година. Првиот уписен рок ќе се реализира на 19, 20 и 21 август, а системот за електронско пријавувње веќе е отворен, каде идните студенти ќе можат електронски да ги поднесат своите пријави за запишување. Во писменото соопштение на УГД се вели дека според конкурсот, годинава на Универзитетот се предвидени 3.341 ...

Постапката што Европската комисија ја покрена против Португалија поради неисполнување на целите за рециклирање е уште еден сигнал дека Европската Унија сè построго ќе го следи спроведувањето на еколошките политики. Истовремено, ова е и јасна опомена за земјите кандидати, меѓу кои е и Македонија, дека развојот на ефикасен и транспарентен систем за управување со отпадот повеќе не е избор, туку неопходност. Брисел испрати образложено мислење до ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.76
28%
1014
weather icon

Белград

36ᴼ / 34ᴼ
2.24
41%
1014
weather icon

Загреб

36ᴼ / 36ᴼ
1.37
29%
1014
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
3.64
27%
1014
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
1.98
29%
1014
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 32ᴼ
1.14
46%
1015
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
6.26
36%
1011
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
3.09
21%
1013
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
2.46
26%
1013
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
3.58
42%
1014
weather icon

Будимпешта

38ᴼ / 36ᴼ
1.34
24%
1014
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
3.99
40%
1013
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.7618

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Сребро

1994.05

Алуминиум

3.25

Паладиум

43499.96

Злато

136962.18

Калај

56.46

Бакар

13.51

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Родиум

274085.11

Платина

56135.20

Кобалт

56.29