Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Девизни резерви на крајот на април годинава изнесувале 5.207 милиони евра. Податоците на Народната банка покажуваат дека најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (70,8 проценти), по што следуваат монетарното злато (16,8%) и валутите и депозитите (12,3%). На крајот на декември 2025 година официјалните девизни резерви изнесуваа 4.925,3 милиони евра.лв/са/ фото: принтскрин НБ/ Извор: МИА Девизни резерви на крајот на ...
Од денеска, 1 јуни 2026 година, започнува глобалната транзиција кон е-АТА CARNET, целосно електронски систем за обезбедување документација за извоз на стоки, за кој Стопанската комора има јавни овластувања и ги издава овие документи во интерес на компаниите. Во време кога дигитализацијата станува предуслов за поефикасни административни процеси и поконкурентна економија, модернизацијата на инструментите што ја олеснуваат меѓународната трговија ...
Во македонското Собрание денеска ќе се одржи 14. пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир на тема „Унапредување на толеранцијата и мирот: стратешката улога на парламентите во обликувањето и донесувањето политики за иднината“. Предвидени се поздравни обараќања на претседателот на Собранието Африм Гаши, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како и на претседателите на Глобалниот совет за ...
Цените на нафтата пораснаа утрово поради неизвесноста околу изгледите за наоѓање решение за конфликтот на Блискиот Исток, при што суровата нафта Брент се искачи на 93,01 долари за барел. Фјучерсите за сурова нафта Брент за испорака во август на лондонската берза ICE Futures се тргуваа по 93,01 долари за барел, што е за 1,89 долари повеќе од претходното затворање. Фјучерсите за сурова нафта WTI во јули на електронската трговска сесија на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Словачка. Сиљановска-Давкова утре во Братислава ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини. Предвидено е Сиљановска-Давкова и Пелегрини да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словачката делегација. Македонската претседателка ќе ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика на брз договор меѓу Вашингтон и Техеран, велејќи дека „ништо не ја оправдува актуелната ескалација во јужен Либан“. Макрон напиша на Икс дека имал телефонски разговори со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, султанот на Оман, Хајтам бин Тарик, претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед и египетскиот претседател, Абдел Фатах ел-Сиси, за ситуацијата на ...
Возачите денеска ја очекуваат новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, која треба да ги утврди малопродажните цени на горивата за наредниот период. Во пресрет на одлуката, Владата соопшти дека мерката за намалена акциза на горивата ќе остане во сила до 15 јуни. Дополнително, најавен е и попуст од два денари по литар како резултат на договорот со рафинеријата ОКТА. Според владините проценки, дизел горивото би можело да поевтини ...
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе одбележи 80 години од раѓањето на академик Глигор Јовановски. Предвидена е промоција на Собрани трудови IV (2015 – 2025) од академик Јовановски и на капиталното дело – монографијата „Македонски природни богатства“, приредена од академик Јовановски. Пригодно обраќање ќе има претседателот на МАНУ, Живко Попов, за Собраните трудови ќе зборува академик Глигор Јованоски, додека за ...
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, разговарал со либанскиот претседател, Жозеф Аун, и израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, за дипломатските преговори меѓу Израел и Либан при што предложил план за „постепена деескалација“ на конфликтот. Неименуван американски претставник соопштил дека предлогот на САД како прв чекор предвидува прекин на сите напади на проиранското движење Хезболах врз Израел, а за возврат израелските сили да се ...
Повеќето од водечките криптовалути бележат пад на вредноста во последните 24 часа, при што инвеститорите се соочуваат со нов бран на продажби на дигиталните средства. Најголемата криптовалута во светот, Bitcoin, се тргуваше по цена од 73.490 долари, што претставува пад од 0,77 проценти. И покрај намалувањето, Bitcoin и натаму останува убедливо највредната криптовалута на пазарот. Ethereum, вториот најголем дигитален токен според пазарната ...
Мнозинството Германци не веруваат дека конзервативците на канцеларот Фридрих Мерц би постигнале подобри резултати во анкетите на јавното мислење доколку тој биде заменет со друг лидер од неговата партија, покажа денеска објавената анкета на агенцијата „Форса“ за потребите на радиодифузерот РТЛ и списанието „Штерн“. Анкетата, пренесува ДПА, покажа дека 53 отсто од испитаниците не мислат дека конзервативниот блок, составен од Христијанските ...
Во периодот јануари – март годинава во државава запишани се 2 472 хипотеки врз недвижностите со вкупна вредност од 246.365.356 евра и 5.923.616.828 денари. Податоците на Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека во јануари се запишани 619 хипотеки, во февруари 849, а во март 1004. Во Центарот за катастар на недвижности Скопје во првиот квартал годинава се запишани 1318 хипотеки во вредност од 125 707 841 евра и 3 217 079 946 ...
Третиот ден од свеченото отворање на МЕГА Шопинг Парк вчеравечер во Гевгелија донесе рекордна посетеност и незапаметен интерес во целиот регион. Повеќе од 25.000 граѓани од земјава и соседството го преплавија новиот трговски комплекс, потврдувајќи го неговиот статус на водечка регионална дестинација, а главна атракција на вечерта беше долгоочекуваниот концерт на поп-ѕвездата Северина. Вечерната програма започна со одлична енергија и настап ...
Во Одделението за управни работи – Скопје, одобрение за патување во странство за малолетни лица, покрај во работни денови ќе може да се извади и во стабота. Како и во изминатите години МВР очекува зголемениот обем на барања во наредниот период. – Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните особено родителите дека како и минатата година, така и оваа 2026 година поради зголемениот обем на барања кои се очекуваат во наредниот ...
Индустриска зона со нови фабрики, реконструкција и изградба на улици и дополнителни капитални проекти, се дел од инвестицискиот циклус вреден околу 1,2 милиони евра што се реализира во Општина Новаци. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на општината, нагласувајќи дека проектите претставуваат значајна поддршка за локалниот развој и отворање нови работни места. – ...
Меѓуградскиот воз помеѓу Прилеп и Битола ќе почне да сообраќа на крајот на јуни или почетокот на јули, а наскоро се очекува да стартува и карго железничкиот сообраќај кон двата града. Ова денеска, одговарајќи на новинарско прашање, го најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. При посетата на Општина Могила, Николоски истакна дека железницата повторно ќе добие значајна улога и во превозот на ...
Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15.06. Истовремено, како резултат на разговорите што Владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од утре, понеделник, први јуни. Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се ...
Д-р Огнен Ивановски, хирург-уролог на Универзитетската клиника за урологија и научен советник на Медицинскиот факултет во Скопје, апелира за подигнување на свесноста за значењето на органодарителството. Видео-обраќањето на д-р Ивановски е во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“. Сакам да апелирам до целата македонска јавност, до сите етнички заедници, во ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во следните два дена ќе престојува во официјална посета на Париз, Франција, каде што ќе учествува на Парискиот сајбер самит (Paris Cyber Summit 2026), еден од најзначајните меѓународни форуми посветени на сајбер безбедноста, вештачката интелигенција и дигиталната трансформација, информираат од Министерството. Програмата на самитот е фокусирана на стратешки дискусии за актуелните ...
Деведесет и една мостра од млеко и млечни производи и од сувомесни производи, од домашно производство и од увоз, земаа официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на вонредните контроли кои имаа за цел утврдување, дали реално производите по својот квалитет соодветствуваат со означеното на декларациите. Засега комплетирани се резултатите од тестираните примероци млеко и млечни производи земени од поголемите ...
Властите подготвуваат измени на Законот за нефер трговски практики со кои значително ќе се заострат санкциите за компаниите што не ги почитуваат правилата на пазарот. Според најавите, максималните казни би можеле да се зголемат десеткратно и да достигнат до 200.000 евра. Од Министерството за економија и труд оценуваат дека досегашната примена на законот открила слабости кои овозможуваат дел од учесниците на пазарот да ги заобиколуваат ...
Граѓаните наскоро би можеле да плаќаат значително пониска цена за дизел горивото, откако Владата најави нови мерки кои треба да придонесат за намалување на трошоците за транспорт и заштита на животниот стандард. Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека врз основа на движењата на светските пазари и актуелните анализи, се очекува дизелот да поевтини за околу шест до шест и пол денари по литар. Според проценките, бензините би можеле да останат ...
Техеран, 30 мај 2026 (МИА) – Врховната оперативна команда на иранските вооружени сили денеска потврди дека Техеран има целосна надмоќ над Ормушката Теснина. Тие упатија сериозно предупредување до трговските и воените пловила, нагласувајќи дека мора да ги почитуваат правилата што го управуваат транзитот низ овој клучен воден пат, во спротивно ќе се соочат со непријатни последици. „Оперативното раководење со Ормушката Теснина се одвива под ...
Со еуфорична атмосфера и музички спектакл на светски познатиот Кирил Џајковски, вчеравечер кулминираше вториот ден од големото отворање на МЕГА Шопинг Парк во Гевгелија. По официјалниот протокол со државниот врв, комплексот привлече рекордна бројка од над 15.000 посетители, потврдувајќи го статусот на нова елитна дестинација во регионот. Целодневната програма понуди содржини за сите генерации, започнувајќи со забавни активности за ...
Локалната иницијатива „И Здравје и Работа“ смета дека Македонија се наоѓа пред важен избор – дали ќе продолжи да стои во место додека соседните држави забрзано инвестираат во економски развој, или конечно ќе почне да ги користи сопствените потенцијали за отворање нови работни места и подобар животен стандард за своите граѓани. Во период кога Грција и Бугарија отвораат нови рудници, инвестираат во критични минерали и привлекуваат стотици ...
Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој од 2018 година живее во Унгарија, веќе неколку години има сопствена консултантска компанија преку која остварува приходи од деловни услуги, објави унгарскиот портал „444“. Според податоците од компанијата, Груевски во 2021 година ја основал фирмата „I.C.I.C Kft“, регистрирана за консултантски активности. Иако станува збор за мала компанија без вработени, таа континуирано работи и бележи ...
Во Скопје повторно ќе се гради саем, објави 4NEWS.mk, откако по уривањето на објектите на Скопскиот саем на таа локација беше изграден трговски центар, со што градот остана без ваков комплекс. Директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата, Ивица Томовски, во гостување во „Ноќно студио“ на 4ТВ информираше дека веќе е пронајдена нова локација за изградба на саемски објекти и дека проектот ќе се реализира преку јавно-приватно ...
По големите гужви и повеќечасовните чекања на граничниот премин „Евзони“, грчките власти најавија итни активности за подобрување на протокот на патници и возила во пресрет на летната туристичка сезона. На состанок одржан во Солун, на кој присуствувале претставници на полицијата, царинските служби, локалната самоуправа и државните институции, било договорено преземање на конкретни чекори за намалување на застојот на границите кон Македонија и ...
Работниците во Македонија и натаму поминуваат значително повеќе време на работа во споредба со просечниот работник во Европската Унија, покажуваат најновите податоци на Евростат. Според европската статистичка служба, во 2025 година просечното реално работно време на вработените со полно и скратено работно време во земјите-членки на ЕУ изнесувало 35,9 часа неделно. Тоа е за еден час помалку во споредба со 2015 година, што укажува на постепен ...
Најголемиот ритејл комплекс во регионот започна со работа во присуство на државниот врв, привлекувајќи над 10.000 посетители во првите 24 часа Гевгелија, 29 мај 2026 година – Во присуство на државниот врв, претставници на локалната самоуправа, бизнис заедницата и бројни гости, денес официјално беше отворен МЕГА Шопинг Парк во Гевгелија. Со површина од над 20.000 квадратни метри и повеќе од 50 светски и домашни брендови, овој комплекс ...