Украина извршила нови напади врз логистички центри на „Вајлдберис“, најголемата руска компанија за онлајн-трговија, при што се повредени неколку лица, пренесуваат светските агенции повикувајќи се на соопштение на директорката и коосновачка на компанијата, Татјана Ким. Според Ким, погодени биле магацини на компанијата во Краснодар и Невиномиск, во Краснодарскиот и Ставрополскиот крај. Таа преку „Телеграм“ соопшти дека компанијата, во ...

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а ...

Клучните аспекти на процесот на европска интеграција се на дневен ред на денешната седница на собранискиот Национален совет за евроинтеграции. Според најавата, на седницата ќе се обрати амбасадорот на Европската унија и шеф на Делегацијата на ЕУ во државава Михалис Рокас. Поканети се и членовите на Комисијата за европски прашања, Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија како и Мешовитиот парламентарен комитет РСМ-ЕУ.лв/бк/ ...

Полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите надлежни институции, информира Министерството за внатрешни работи. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции. Според МВР, најголеми последици од невремето се регистрирани на подрачјето на СВР ...

Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје ќе иницира свикување вонредна седница со единствена точка на дневен ред – формирање фонд за обештетување на граѓаните за штетите предизвикани од невремето на територијата на Град Скопје, се наведува во соопштението на Левица кое МИА го пренесува интегрално. Невремето што го погоди Скопје предизвика значителни материјални штети врз домови, возила и друг имот на граѓаните. Во вакви ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави „воопшто не завршиле“ со Иран и предупреди дека следна цел може да биде тајниот подземен нуклеарен комплекс познат како „Пикакс маунтин“ (Pickaxe Mountain). – Веројатно многу наскоро ќе ја нападнеме таа зона. И тие ништо не можат да направат по тоа прашање – изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. Според американските медиуми, меѓу кои „Вашингтон пост“ и ...

Скопје, 21 јули 2026 (МИА) – Првиот човек на Царинската управа, Бобан Николовски, денеска преку социјалните платформи информираше дека во текот на оваа година се разоткриени 12 обиди за криумчарење на повеќе од 27.000 парчиња фармацевтски производи и медицинска опрема. – Ова покажува дека улогата на Царината не е само собирање приходи, туку и директна заштита на здравјето и безбедноста на македонските граѓани – напиша тој. Николовски ...

Историски момент за македонскиот спорт. Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, направи голем и значаен чекор за афирмација на нашата земја на меѓународната спортска сцена. Со гордост ве известуваме дека Македонија за првпат доби свој претставник во Извршниот одбор (највисокиот орган на управување) на Светската федерација на училишен спорт (ISF), што претставува големо признание за досегашната ...

Полициските и останатите надлежни служби и вечерва се на терен по силното невреме што погоди голем дел од државата, при што се работи на расчистување на последиците, обезбедување на безбедноста на граѓаните и нормализирање на сообраќајот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, најголем број пријави се евидентирани на подрачјето на Скопје. Заклучно со 22 часот, регистрирани се 189 паднати дрвја, 117 оштетени патнички ...

Силното невреме проследено со пороен дожд, силен ветер и град што попладнево го погоди Скопје предизвика повреди кај најмалку 15 лица, голема материјална штета и илјадници повици до службите за итна помош. Според информациите од здравствените установи, девет повредени биле згрижени на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување (ТОАРИЛУЦ), додека уште шест лица побарале ...

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, изрази благодарност до амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој, и до одбранбеното аташе, полковникот Реџаи Јилмаз, за нивната стручност, предаденост и значаен личен придонес во зајакнувањето на партнерството и пријателството меѓу нашите две земји, со што успешно го завршија својот мандат. „Во изминатиот период заеднички работевме на продлабочување на билатералната одбранбена соработка, ...

Владата на денешната 195 седница, на предлог на Управувачки комитет во состав на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов, како и надворешните членови министерот за животна ...

Во најновиот извештај на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) се наведува дека земјоделските субвенции на Европската Унија придонеле за раст на цените на овошјето и зеленчукот, поради што на луѓето им е потешко здраво да се хранат. Во период од 2021 до 2025 година цените на здравата храна во Европа се зголемени за 36 проценти, се наведува во извештајот на агенцијата на Обединети нации – „„Состојбата на безбедноста на храната и ...

НЛБ Банка го доби признанието „Најдобра банка за физички лица во Македонија“ од Euromoney Awards for Excellence 2026, едно од најпрестижните признанија во глобалната банкарска индустрија. Ова признание претставува потврда за континуираните резултати на Банката во сегментот на банкарството за физички лица, нејзината водечка пазарна позиција и посветеноста на иновации, дигитална трансформација и супериорно клиентско искуство. Како лидер во ...

Генералното собрание на Central European Fair Alliance (CEFA) успешно се одржа во Клагенфурт, Австрија, во просториите на Kärntner Messen, на 25ти и 26ти јуни оваа година. На состанокот беа присутни членките на CEFA – Централно-европската саемска асоцијација со цел отворена размена на мислења за актуелната состојба во саемската индустрија, нејзините предизвици, можности и идни перспективи. Во текот на Генералното собрание, членките ги ...

Платформата им помага на компаниите и институциите полесно да ги пронајдат вистинските извори на финансирање и да проверат дали ги исполнуваат условите за аплицирање Добрите идеи премногу често остануваат нереализирани, не поради недостиг од потенцијал, туку затоа што компаниите и институциите не знаат каде да ги пронајдат потребните финансиски средства, ниту како навреме да стигнат до вистинската програма. Funding.mk е создадена токму како ...

Будимпешта, 21 јули 2026 – Унгарската шаховска легенда Јудит Полгар денеска соопшти дека нема да се кандидира за претседателската функција. Преку објава на социјалната мрежа Фејсбук, таа упати благодарност за укажаната доверба, но истовремено потврди дека ја отфрла номинацијата. „Не чувствувам дека имам доволно сила во себе да ја преземам историската одговорност за обединување на поделена нација, поради што не сум во можност да го прифатам ...

Авиокомпанијата „Визер“ ја прошири својата база на Меѓународниот Аеродром Скопје со седми авион, што според Владата и ТАВ Македонија претставува значаен чекор за натамошен развој на воздушниот сообраќај, зголемување на поврзаноста на земјата и раст на бројот на патници. – Визер ја проширува својата база во Скопје. Седми авион ќе биде дел од базата на Виз ер во Скопје. Ова е големо достигнување и нешто со што многу национални авиокомпании не ...

Директорот на Цариснката управа, Бобан Николовски денеска преку социјалните мрежи соопшти дека само годинава, откриени се 12 случаи на шверц со над 27.000 парчиња лекови и медицинска опрема. -Ова покажува дека улогата на Царината не е само собирање приходи, туку и директна заштита на здравјето и безбедноста на македонските граѓани – напиша тој. Николовски посочува дека запленетите лекови не се само спречен шверц, туку и заштита на здравјето ...

Скопје, 21 јули 2026 (МИА) – Авиокомпанијата „Визер“ го зголеми капацитетот на својата база на Меѓународниот Аеродром Скопје со додавање на седми авион. Според владините претставници и раководството на ТАВ Македонија, овој потег е клучен чекор кон понатамошно унапредување на воздушниот сообраќај, подобрување на меѓународната поврзаност на државата и интензивирање на бројот на патници. – Визер ја проширува својата база во Скопје Седми авион ...

Њу Делхи, 21 јули 2026 (МИА) – Младинското движење „Партија на лебарките“ соопшти дека нема да ги прекине протестите со кои се инсистира на оставка од ресорниот министер за образование. Демонстрантите денес организираа собир во средиштето на Њу Делхи, додека припадници на паравоените единици го надгледуваа градот, а поставените барикади предизвикаа сообраќаен метеж. Бранот на незадоволство продолжува по вчерашните немири во главниот град. ...

СДС повторно се обидува да предизвика вознемиреност таму каде што не постои никаков проблем. За економските прашања не се дискутира со измислици и политички конструирани тези, туку со аргументи и прецизни бројки. Вистината е недвосмислена – министерката за финансии во ниту еден момент не изјавила дека нема обезбедено средства за исплата на плати, пензии или социјални трансфери. „Ова е уште една груба манипулација и свесно извртување на ...

„Има ли срам Валбон Лимани градоначалникот на Гостивар кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност за скандалот со водата?“, праша денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, за време на прес-конференцијата што ја пренесе МИА. Валбон Лимани, кој е кандидат на Филипче, Ахмети и Таравари, вчера изјави дека не чувствува никаква морална одговорност за инцидентот со водата, кој директно го погоди целото гостиварско ...

Скопје, 21 јули 2026 „Приоритет на Владата уште од самиот почеток на мандатот е унапредувањето на системот за социјална заштита. Иако беше наследен системски проблем во начинот на функционирање на системот за социјална заштита, истиот е целосно реформиран преку воведување ново софтверско решение за интегрирано администрирање на паричните права, социјалните услуги и јавните овластувања“, посочи Драгана Арсова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на ...

Скопје, 21 јули 2026 (МИА) – Како полноправна членка на Алијансата, чија примарна стратегиска цел е интегрирање во Европската Унија, нашата геополитичка позиција ни дава можност да спроведуваме мултидимензионална надворешна политика. Ние сме насочени кон интензивирање на постојните пријателства, но и кон воспоставување нови релации со држави кои ја делат нашата визија за мир, напредок и глобална соработка. Во овој контекст, Индија зазема ...

Царинската управа во наредниот период ќе спроведува засилени теренски контроли на пловните објекти кои се користат на Охридското Езеро, со цел проверка на нивниот царински статус и исполнувањето на законските обврски. Контролите ќе ги спроведува Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, а ќе бидат насочени кон утврдување дали за пловилата се спроведени соодветните царински постапки согласно важечките прописи. Од ...

На еден месец до почетокот на XX Медитерански игри – Таранто 2026, подготовките на македонската делегација се во полн ек. Од 21 август до 3 септември, македонските спортисти ќе бидат дел од едно од најзначајните мултиспортски натпреварувања во регионот, каде ќе ги одмерат силите со најдобрите спортисти од медитеранските земји. Македонија годинава ќе настапи со досега најбројната делегација на Медитеранските игри, составена од околу 130 ...

Во Општата болница во Гостивар во изминатото деноноќие биле прегледани вкупно 198 пациенти, а еден пациент поради здравствената состојба бил упатен на лекување на Инфективната клиника во Скопје, информира директорот на Општата болница во Гостивар Емри Бајрами. Според Бајрами, на Инфективното одделение биле прегледани 111 пациенти, на Одделението за педијатрија 75, а во Ургентниот центар 12 пациенти. Бајрами изјави дека нема промени во ...

До петок, под влијание на серија влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно со повремени поројни дождови и грмежи. На повеќе места се очекува нестабилност, а локално процесите ќе прераснат во краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, до петок ќе има пообилни врнежи од дожд, а поради продор на постудена воздушна маса од ...

Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за автокампови, поднесен од група пратеници, со скратена постапка, оди на натамошна постапка во Собранието. Предлог законот денеска беше на дневен ред на 64 седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. Претресот по единствената точка на дневниот ред, беше затворен, откако никој од присутните не побара збор на седницата. ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.76
28%
1014
weather icon

Белград

36ᴼ / 34ᴼ
2.24
41%
1014
weather icon

Загреб

36ᴼ / 36ᴼ
1.37
29%
1014
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
3.64
27%
1014
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
1.98
29%
1014
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 32ᴼ
1.14
46%
1015
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
6.26
36%
1011
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
3.09
21%
1013
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
2.46
26%
1013
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
3.58
42%
1014
weather icon

Будимпешта

38ᴼ / 36ᴼ
1.34
24%
1014
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
3.99
40%
1013
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.7618

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Алуминиум

3.25

Калај

56.46

Бакар

13.51

Паладиум

43499.96

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Злато

136962.18

Рутениум

53852.50

Сребро

1994.05

Родиум

274085.11

Иридиум

252383.36

Платина

56135.20