По значајниот исчекор што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го направи со воспоставувањето институционална заштита на македонскиот рубин како автентично минерално богатство на Македонија, започнува нова фаза – негова промоција, заедно со целокупното геолошко наследство на државата. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на Здружението за промоција на природните ...

Валандово, 24 јули 2026 (МИА) – Жителите на Валандово од денес можат повторно целосно да ја користат водата од градскиот водовод. Оваа одлука е донесена врз основа на документ издаден од надлежната Агенција за храна и ветеринарство, со кој е укината претходната забрана за консумирање на водата. Информацијата беше споделена на денешна прес-конференција од страна на градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев. Првичното известување за проблемот ...

Собранието денеска со 67 гласа „за“ и 13 „против“ го избра за министер без ресор во Владата Зулфикар Зејнула, претседател на Демократската партија на Турците, со која владејачката ВМРО-ДПМНЕ неодамна потпиша коалициски договор. Коалицијата предводена од СДСМ не го подржа предлогот за избор на Зејнула за министер без ресор, како што рече пратеникот Оливер Спаосвски, не затоа што е против кандидатот туку заради што сметаат дека нема да се ...

Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, денес во Собранието на Република Македонија одржа прес-конференција на која најави изготвување на нов Предлог-закон за критична инфраструктура. Со предложеното законско решение, Левица бара обезбедувањето на стратешките објекти и критичната инфраструктура од највисоко национално значење да го врши Армијата на Република Македонија, во координација со другите надлежни институции, се посочува во соопштението ...

Европската канцеларија на Светска здравствена организација (СЗО) соопшти дека вирусот Западен Нил се шири во Европа односно регистрирани се 25 подрачја погодени од вирусот во шест европски држави. Според СЗО, до 22 јули регистрирани се 46 заболени луѓе во Италија, 21 во Грција, во Северна Македонија и Романија по пет случаи, во Шпанија три и во Франција еден. – Во Италија најголем број заразени со вирусот Западен Нил се регистрирани во ...

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски смета дека секоја дивоградба, не само оние во Охрид, треба да бидат законски и соодветно отстранети. Тој е уверен, како што истакна денеска на прес-конференција, дека ваквиот став за дивоградбите го делат и останатите членови на Владата. – Тука има конкретни предмети што треба еден по еден да се решаваат и тоа се прашања што се надлежност споделена до некоја мера и помеѓу централната и помеѓу ...

Собранието денеска ја почна расправата за избор на министер без ресор во Владата за која функција е предложен Зулфикар Зејнула, претседател на Демократската партија на Турците, со која партија ВМРО-ДПМНЕ неодамна потпиша коалициски договор. Премиерот Христијан Мицкоски пред пратениците истакна дека зрелоста на Владата се гледа во отвореноста на институциите за сите кои имаат знаење, капацитет и искрена намера да придонесат и да не прашува, ...

Општина Ѓорче Петров и оваа година продолжува со мерките за поддршка на семејствата и вложувањето во образованието, обезбедувајќи сеопфатен пакет за секое прваче кое ќе ја започне новата учебна година, најави на својот фејсбук профил градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. Секое прваче, како што вели во објавата, ќе добие бесплатен училишен ранец со училишен прибор, финансиска поддршка во износ од 3.000 денари, како и ...

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на годишната Сесија што се одржува во јужнокорејскиот град Бусан донесе одлука да го одложи впишувањето на Охридскиот Регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност. На државата и е даден дополнителен рок од пет години за да ги спроведе препораките поврзани со заштитата на природното и културното наследство. Со одлуката се дава можност државава да ги реализира мерките што ...

Членови на Управниот одбор (УО) на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“ денеска ќе имат средба со претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во врска со болеста сипаници кај малите преживари. Средбата е закажана за 13 часот, по што, во 14.15, е предвидена изјава на претседателот на Сојузот, Насер Џемаили пред АХВ. Како што информира членот на УО на Сојузот, Моме Младеновски за МИА, состојбата со сипаниците кај овците ...

Американските финансиски пазари забележаа остар пад на тргувањето, откако геополитичките тензии на Блискиот Исток и силниот раст на цените на нафтата ја зголемија неизвесноста кај инвеститорите. Дополнително негативно влијание имаа и послабите квартални резултати на дел од најголемите технолошки компании. Индексот Dow Jones изгуби повеќе од 500 поени, односно 0,97 проценти, затворајќи на 51.711,65 поени. S&P 500 се намали за 1,21 процент ...

Побарувачката за бакар расте, а понудата сè потешко ја следи. Последниот извештај на Меѓународната агенција за енергетика предупредува дека светот се соочува со недостиг на нови наоѓалишта и пад на квалитетот на бакарната руда. Според анализата, во последните десет години се откриени само 5 проценти од сите нови наоѓалишта регистрирани во последните 35 години. Покрај тоа, развојот на нов рудник трае во просек 17 години, што дополнително ја ...

Собранието денеска треба да се изјасни за изборот на нов министер без ресор во Владата, откако премиерот Христијан Мицкоски го предложи лидерот на Демократската партија на Турците, Зулфикар Зејнула, за член на владиниот кабинет. Неговата кандидатура доаѓа по коалицискиот договор што неодамна го склучија ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците, со што оваа партија станува дел од владејачкото мнозинство. Во актуелниот парламентарен ...

Европската централна банка (ЕЦБ) ги претстави десетте финални предлози за новата генерација евро банкноти и отвори јавна анкета преку која граѓаните ќе можат да го кажат своето мислење за нивниот иден изглед. Консултацијата ќе трае до 21 септември, а конечниот избор на дизајнот се очекува до крајот на годината. Новите предлози се поделени во две тематски целини – „Европска култура“ и „Реки и птици“, кои нудат сосема различен визуелен ...

Бавниот економски раст, жестоката конкуренција и вештачката интелигенција им отежнуваат на младите луѓе да ја добијат својата прва работа. Овој проблем првпат беше забележан во Кина, додека во Европа, младите луѓе во Германија и Австрија се моментално најпогодени. Младите луѓе низ целиот свет се соочуваат со сè поголема конкуренција по завршувањето на училиштето. Бројот на академски дипломирани студенти се зголемува, вработеноста се ...

По периодот на високи температури, денеска следува значителна промена на временските услови. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде посвежо и променливо облачно, со повремени врнежи од дожд низ поголем дел од земјата. На одделни подрачја се очекуваат поинтензивни врнежи, при што количината на дожд може да надмине 15 литри на квадратен метар. Во попладневните часови локално ќе се создаваат нестабилни ...

Во современото општество, деловниот успех сè помалку се мери според часовите преминати зад канцелариското биро, а сè повеќе според способноста да се одржи квалитетен животен биланс. За современите професионалци, изборот на технологијата што ја носат со себе не е само прашање на хардверски перформанси, туку рефлексија на нивната лична естетика, нивните вредности и нивниот однос кон сопственото време. Новата Galaxy Z серија на Samsung ...

Неколку амандмани за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, кој се носи по скратена постапка се на дневен ред денеска на 32. седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. Станува збор за шест амандмани, поднесени од пратеничката група на ДУИ, а амандманите се и на дневен ред на денешната седница на Законодавно-правната комисија. Собраниската комисија за образование, наука и спорт на ...

Американските вооружени сили соопштија дека синоќа ја спровеле 13-тата последователна ноќ на напади врз Иран, во услови на ескалација на конфликтот околу поморските трговски патишта на Блискиот Исток. Иранските медиуми изутринава објавија дека се регистрирани неколку експлозии низ државата. Според информации на властите во Иран, погодени биле цели во областите во близина на градовите Ахваз, Андимешк и Омидије во југозападната провинција ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денеска оцени дека намерата на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ги искористи замрзнатите ирански средства за покривање на штетите на бродови погодени во напади на иранските сили во Персискиот Залив претставува „опасен преседан“. „Запленувањето средства на друга држава за подмирување идни побарувања…претставува опасен преседан“, напиша Арагчи на социјалната мрежа „Икс“. ...

Цените на нафтата остануваат на високо ниво, додека инвеститорите внимателно ги следат случувањата на Блискиот Исток и можните последици врз глобалното снабдување со енергенси. Во утринското тргување, северноморската сурова нафта Брент достигна цена од 94,4 долари за барел, а подоцна се стабилизира околу 94 долари. Американската сурова нафта WTI накратко се искачи до 88,6 долари, пред да се врати на приближно 86,5 долари за барел. Главен ...

По неколку месеци континуиран раст, цените на бензинот и дизелот во Европската Унија во јуни забележаа прво позначајно месечно намалување. Сепак, и покрај ова олеснување, горивата остануваат значително поскапи отколку во истиот период минатата година. Според најновите податоци на Евростат, цените на горивата и мазивата за личен транспорт во јуни биле во просек 13,7 проценти повисоки во споредба со јуни 2025 година. Тоа е понизок годишен раст ...

Соединетите Американски Држави денеска воведоа нова глобална политика на визни ограничувања насочена кон лицата одговорни за интернет-измами, кибер-криминал и сексуални уцени преку интернет, оценувајќи дека овие активности претставуваат „закана без преседан“ за американските граѓани. Американскиот државен секретар Марко Рубио во соопштение наведе дека новата политика е насочена кон лицата кои се одговорни или се соучесници во кибер-криминал ...

Министерот за здравство Сашо Клековски ги повика лекарите кои не се специјалисти по епидемиологија и инфектологија да се воздржат од јавни коментари за состојбата со загадената вода во Гостивар, оценувајќи дека во вакви ситуации граѓаните треба да се потпираат исклучиво на официјалните информации од надлежните институции. „Би замолил да нема слободни јавачи на епидемијата. Гледам доктори кои не се епидемиолози и инфектолози како даваат ...

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска оствари работна средба со новоизбраниот министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ. На работната средба беа разменети мислења и идеи за повеќе значајни теми поврзани со состојбите на општините, локалниот економски развој, поддршката за домашните компании и значењето на инфраструктурните инвестиции на општиот економски развој на Република Македонија. Заменик-министерот ...

Проектот за обновување на јавниот превоз влегува во завршна фаза, откако беше избран најповолниот понудувач за набавка на 150 електрични автобуси наменети за градскиот превоз во Македонија. Најголемиот дел од новите возила – 100 електрични автобуси – ќе бидат испорачани на ЈСП „Скопје“, додека останатите 50 ќе бидат распределени во други општини и градови во земјата. За реализација на проектот е избрана понудата на унгарската компанија ...

Емилија Јанеска која е дел од лабораториско – експертски тим и доаѓа од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје на прес-конференцијата на кризниот штаб во Гостивар даде стручно појаснување за текот на испитувањата на водата од гостиварскиот водовод. Таа посочи дека пред два дена биле земени 9 примероци, од кои 3 примероци биле земени од самите каптажи за да се види квалитетот на водата. Јанеска рече кажа дека шесте примероци земени од повеќе ...

Општина Виница ги повикува сите граѓани кои имаат поднесено барање за легализација на бесправно изградени објекти до надлежните служби, а чија постапка е во прекин, да ја искористат законската можност за комплетирање на документацијата и завршување на постапката. -Иако рокот за постапување согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти е продолжен за уште 5 години, односно заклучно до 3 март 2031 година, сите засегнати лица ...

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и оваа година ја обнови лиценцата на Пакомак за постапување со отпад, откако уште еднаш, 15-та година по ред го одобри годишниот извештај на компанијата. Министерството позитивно ја оцени работата на Пакомак во изминатата година и потврди дека компанијата ги остварила, па дури и ги надминала поставените национални цели. Позитивната оцена за годишниот извештај на Пакомак за 2025 ...

Жителите на Крушево добија препорака до понатамошно известување да не ја користат водата од градскиот водовод за пиење, откако анализите покажале дека таа не ги исполнува бактериолошките стандарди за безбедна употреба. Од јавното комунално претпријатие „Комуна“ информираа дека најбезбедна опција во моментов е користење пакувана вода за пиење, додека за подготовка на храна, лична хигиена, миење садови и перење, водата може да се употребува ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.24
29%
1015
weather icon

Белград

35ᴼ / 33ᴼ
2.68
41%
1015
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
1.08
33%
1015
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.52
34%
1015
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
0.94
31%
1015
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 27ᴼ
0.45
68%
1015
weather icon

Атина

32ᴼ / 31ᴼ
5.81
38%
1011
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
2.09
26%
1013
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
1.35
30%
1014
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 31ᴼ
1.34
43%
1015
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 33ᴼ
0.89
29%
1015
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
3.69
65%
1013
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.7618

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Кобалт

56.29

Бакар

13.51

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Родиум

274085.11

Злато

136962.18

Калај

56.46

Сребро

1994.05

Алуминиум

3.25

Паладиум

43499.96

Иридиум

252383.36

Платина

56135.20