Канта.мк некогаш беше најавуван како одговор на прашањето: Како да им обезбедиме на граѓаните начин на кој може да придонесат кон подигнување на степенот на чистота во град Скопје?“ Денес сајтот не работи, апликацијата не постои, што стана со проектот? На сајтот на Скопјелаб, пишува „Апликацијата е развиена од страна на СмартАп – Лабораторија за социјални иновации Скопје, организацијата која го координира СкопјеЛаб – Центарот за иновации на ...

За да се намали загадувањето на воздухот потребни се три чекори: намалување на загадувањето од домаќинствата, сообраќајот и индустријата, но како да се направи тоа? 1) Намалување на загадувањето од домаќинствата: Според студиите старите печки на дрва кои најмногу се користат кај нас се голем извор на загадување, поради неефикасно согорување на дрвата. Потребно е тие да се заменат (со субвенциите се обезбедува истото, но не се враќа голем дел од ...

Пластиката која ја селектирате (е можно да) ви се враќа како загаден воздух кој го дишете! Но, пред да преминеме на објаснувањето зошто тоа е (или може да биде) така, кликнете на видеово: Добредојдовте во чудесниот свет на рециклирањето пластика! Во видеото, на кратко раскажано, се зборува за ова: 1) Во 1960-тите (американските) компании биле обвинети за големите количини отпад 2) Во 1970-ти (американските) компании го замислиле рециклирањето ...

Александар Македонски во литературата е опишан со „виткана, темно руса коса, истакнато чело, кратка брада, црвеникава кожа, интензивен поглед и ниска, набиена и цврста фигура.“ На повеќе места се среќава описот дека “имал едно темно кафеаво и едно сино око“! Се разбира, и покрај различните скулптури, мозаици и пари со неговиот лик, не можеме да знаеме со сигурност како изгледал. Во минатото се направени разни обиди со помош на технологијата ...

Македонија не може да тргне напред затоа што погледот ни е насочен в’земи, надолу или во најдобар случај околу нас – што прави комшијата или кој политичар е виновен за секојдневието… Време е да го насочиме погледот напред и нагоре – кон тајните на вселената! Факт – Македонија нема астрономска опсерваторија. Ама за волја на вистината немаат ни Албанија, Косово, Црна Гора, ни Босна и Херцеговина, какво весело друштво! Кој одел во Скопското ...

Мегалитската опсерваторија Кокино не се наоѓа на листата на Светско наследство на УНЕСКО бидејќи „бројот на можните точки за набљудување и маркерите може да укаже на случајно астрономско порамнување.“ Од друга страна, НАСА во 2005 го потврди статусот на Кокино како античка мегалитска опсерваторија. Се проблематизира ставот на УНЕСКО особено поради фаворизирање на одредени локации во Европа и „спорните одлуки за избор на локациите и негативното ...

По неколку дена од отворањето на групата Астрономска опсерваторија во Македонија, дознавме неколку интересни нешта за кои вреди да се продискутира, па ни се чини дека допрва ќе пишуваме за оваа тема. За овие (нови за нас лаиците, можеби познати за експертите) сознанија пред се е заслужен Александар Шулевски, истражувач поврзан со радио интерферометарот за ниски фреквенции LOFAR и постдокторант при институтот за астрономија на Универзитетот во ...

Погледнете една одлично раскажана приказната за Југо, низ историските превирања, лошото менаџирање и тешките времиња. За тоа како Југо успеа да стане прв нов автомобил на една цела генерација граѓани на Југославија (па и на САД) и како неславно заврши. Фабриката на Застава води потекло од 1853 година, беше бомбардирана од НАТО во 1999 година, а банкротираше во 2008 година, откако произведе речиси милион автомобили Југо, од кои 250.000 беа ...

Ова е т.н. „Алиекспрес“ станица за мерење на загадениот воздух. Во Македонија има поделени мислења кој колку загадува, но едно е сигурно – очајно ни требаат повеќе нискобуџетни мерни станици! Ако не знаеме кој каде загадува – нема да знаеме кои мерки треба да се преземат. Реално, како индивидуа, една од најдобрите работи кои можете да ги направите во борбата против загадениот воздух е да направите сами станица за мерење на аерозагадувањето. Што ...

Во февруари годинава нè очекуваат следниве лансирања: 2 февруари: Ракетата Falcon 9 на SpaceX ќе лансира серија сателити за широкопојасен интернет Starlink од Pad 39A во вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Флорида, во 16:51 часот. EST (2141 GMT). 2 февруари: SpaceX ќе користи ракета Falcon 9 за лансирање на мисијата NROL-87 за американската Национална канцеларија за извидување. Ќе се крене од вселенската база Ванденберг во Калифорнија, за време ...

Science.mk е прв (и сè уште единствен) агрегатор за вести од науката и технологијата во Македонија кој постои од 2020 година и е создаден од Бранко Прља и Владимир Карер. Агрегаторот ги опфаќа домашните сајтови за наука и технологија како arno.mk, usb.mk, fakulteti.mk, emiter.com.mk, astronomija.mk, intelmacedonia и други. Во импресумот се наведени и други домашни сајтови кои имаат „тагови“ за наука или технологија, како и неколку странски ...

По сите контроверзии во врска со Твитер, критиките од Илон Маск дека овој медиум ја забранува демократијата и правото на говор, и шпекулациите дека основачот на Тесла ќе направи негова сопствена медиумска компанија, Илон Маск понуди да го купи Твитер. Во ова интервју Илон зборува подетално за неговите планови. На прашањето дали има план Б, ако купувањето не успее, тој изјави дека има – но не откри што е. Илон Маск е чудак во најмала смисла на ...

Вселенскиот телескоп Хабл ја сними најоддалечената ѕвезда до сега, според студијата објавена на 30 март во списанието Nature. Астрономите ја идентификуваа ѕвездата – која речиси сигурно го завршила својот животен век пред скоро 13 милијарди години – со помош на феноменот познат како гравитациска леќа. „Се случи прекрасна космичка коинциденција“, рече астрономот Мишел Талер од Центарот за вселенски летови Годард на НАСА. „Сè беше наредено ...

Џаред Исакмен (Jared Isaacman) не е само уште еден од листата милијардери кои патуваат во вселената. За разлика од летот на Безос (Blue Origin) и Брансон (Virgin Galactic), Исакмен ќе лета со Inspiration4, летало на SpaceX. Но, по што овој лет се разликува драстично од претходните два? Да видиме. На 11 јули, Ричард Бренсон со неговата посада се искачил на 80 км до суборбиталната надморска височина и се вратил безбедно на Земјата. На 20 јули, Џеф ...

Со анализа на 26 студии истражувачите откриле дека придобивките од музиката врз менталното здравје се слични на оние од вежбањето или намалувањето телесна тежина. Новата анализа емпириски потврди нешто што звучи вистинито за многу љубители на музиката – дека пеењето, свирењето или слушањето музика може да ја подобри благосостојбата и квалитетот на животот. Анализата на 26 студии во неколку земји, објавена во списанието Journal of the American ...

Научно-фантастичните приказни најчесто се случуваат во далечна иднина. Времињата опишани во некои од нив, како „2001: Вселенска одисеја“ или „Враќање во иднината“, каде главниот лик Марти (Мајкл Џи Фокс) оди во 2015 година се веќе минато, но други дела одат многу подалеку. Ова е нашата листа (инспирирана од дискусијата на истото прашање на Редит) во врска со тоа која приказна се случува најдалеку во иднината. Забелешка: Во изборот се вклучени ...

Веќе 25 години, биологот Роберт Дадли од Беркли, Универзитет во Калифорнија, е заинтригиран од „љубовта“ на луѓето кон алкохолот. Во 2014 година, тој напиша книга во која предлага дека нашата привлечност кон алкохолот се појавила пред милиони години, кога нашите предци мајмуни откриле дека мирисот на алкохол ги водел до зрело, ферментирано и хранливо овошје. Една нова студија објавена во Royal Society Publishing на 16 март 2022, сега ја ...

Ако сте љубители на теориите на заговор и на филмовите за катастрофи во кои умираат милијарди луѓе, но главните ликови се спасуваат, тогаш Moonfall (Паѓање на Месечината) е филм за вас. Ако не сте љубители на овие нешта, тогаш критикава е за вас и не плашете се од т.н. “spoilers”, нема што да ви расипеме. Научната-фантастика е интересен жанр. Таа честопати ги испитува границите на човечката фантазија и креативност, но истовремено се занимава со ...

Еве што се случува со вашето тело кога трчате по еден километар секој ден За разлика од другите здрави навики, трчањето не се практикува доволно често. Многу тркачи секојдневно трчаат и ги искористуваат многуте придобивки на честите кардио вежби, како што се промовирање на здрав проток на крв во мозокот (што го намалува ризикот од мозочен удар), подобрување на контролата на шеќерот во крвта и, се разбира, подобрување на работата на белите ...

„Метрополис“ не е само филм, тој е театарско и сценско, речиси религиозно искуство во кое уметноста станува поголема од животот! Apple TV+ ќе продуцира серија инспирирана од култниот и речиси 100 години стар филм „Метрополис“ (1927). Ова не е нужно добра вест, со оглед на тоа дека е многу тешко да се долови историското значење на еден ваков филм, но надеж дава тоа што проектот ќе го води и режира Сем Есмаил (Mr. Robot). Влијание на уметноста ...

Нуспроизводите од цревната флора (микробиота, поточно бактериите кои живеат во цревата) циркулираат во крвотокот, регулирајќи ги физиолошките процеси на домаќинот вклучувајќи го имунитетот, метаболизмот и функциите на мозокот. Цревата се најголемиот резервоар на бактерии во телото. Сè поголем број докази го откриваат степенот на меѓусебна зависност помеѓу индивидуата и нејзината цревна микробиота и ја нагласуваат важноста на врската црева-мозок. ...

Во 2020 година, јаглерод диоксидот беше најголемиот извор на емисии на стакленички гасови во САД, околу 80%. Останатите 20% беа од други стакленички гасови како што се метан и азотен оксид. Голем дел од намалувањето се должеше на пандемијата и помалку користење возила за транспорт. Во САД, најголемиот извор на испуштање јаглерод диоксид беше од транспортот. Транспортниот сектор вклучува движење на луѓе или стоки со возила како што се патнички ...

Власите како народ се познати по една работа, каде и да живеат успешно се асимилираат со нацијата која е доминантна во таа средина и како такви своите придонеси никогаш не ги припишуваат на своето потекло, туку на државата во којашто се родиле и израснале. Тоше Проески, нашиот најпознат пејач, етнички Влав, секогаш истакнувал колку ја сака Македонија, се идентификувал како Македонец и ја претставувал својата држава Македонија во светот. Освен ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1011
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
3.09
86%
1008
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
0.51
91%
1011
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
87%
1011
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
0.95
91%
1009
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
1.03
97%
1010
weather icon

Атина

21ᴼ / 17ᴼ
1.79
59%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
77%
1011
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
94%
1012
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
5.81
81%
1011
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 11ᴼ
2.68
86%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 14ᴼ
1.54
68%
1011
Currency

61.525

Currency

54.3622

Currency

72.2744

Currency

35.1607

Currency

39.3966

Currency

66.1032

Currency

7.49888

Currency

0.67731

Currency

0.37874

Currency

0.52579

Currency

1.4138

Currency

0.64659