
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Во време кога се бориме за нашиот идентитет, време е да се потсетиме и на дигиталниот идентитет на нашата земја и на нејзините великани. Разочарувачки е тоа кога сакате да создадете нов креативен материјал (статија, презентација, книгичка, видео…) за ликот и делото на некој наш деец и не можете да најдете ништо повеќе од официјалните фотографии! Со историските ликови е уште пострашно, се менуваат неколку прастари илустрации и тоа е тоа. Обидете ...
Новата алатка и мапа на Ал Гор (поранешниот потпретседател на САД), Climate TRACE, служи за процена колку CO2 произведуваат загадувачите низ цел свет. На неа можете да погледнете и податоци за Македонија. За нашата цементарница „Усје“ алатката споделува информација дека произведува 520.81 KT (килотони) јаглерод диоксид годишно! Тоа е повеќе од рафинеријата Окта, двата аеродроми и рудникот Суводол заедно! Во апликацијата не се вклучени други ...
За прв пат, научниците смислиле метод кој користи функционални снимки на мозокот со магнетна резонанца за да го реконструира континуираниот јазик. Во студија објавена на 29 септември на bioRxiv, тим од Универзитетот во Тексас во Остин, објави детали за „декодер“ или алгоритам, кој може да ги „чита“ зборовите кои субјектите ги слушале или размислувале за време на магнетна резонанца со скенирање на мозокот. Познато е дека претходно се направени ...
По објавувањето на книгата „Еднаш Курт Кобејн тропал со лажици по куфери…“ од Бранко Прља во која се искористени илустрации направени со помош на Стејбл Дифјужн (Stable Diffusion), се очекува се поголема употреба на вештачката интелигенција во креативните сфери во Македонија. AI се развива многу брзо и го гледаме тоа во „real-time“ Во светот нештата се многу понапред. Иако се работи за технологија која е во широка употреба само неколку месеци, ...
Пандемијата (можеби) замина, но едно е сигурно – загадувањето нема! Почетокот на ноември во Скопје и Македонија секогаш значи едно. Со доаѓањето на студот и горењето дрва за огрев загадувањето се враќа. Постои едно решение за проблемот – носете маски! Овој пат, за разлика од пандемијата, маските наместо внатре треба да се носат надвор. Друго решение, за жал, нема! Мерките, како субвенции за употреба на пелети за огрев, со поскапувањето на ...
Оваа година на 25 ноември групата „Дај, не фрлај!“ слави 6 години. Во групата е упатен јавен повик кон сите да покануваат нови членови со цел групата да ја достигне бројката од 60.000 членови за 6-от роденден! Групата „Дај, не фрлај!“ е отворена на 25 ноември 2016 година со идеја спротивставување на консумеризмот и беспотребното купување. Членовите подаруваат работи кои се користени, но сочувани, со што им даваат втор живот. Така тие учествуваат ...
Во книгата „Еднаш Курт Кобејн тропал со лажици по куфери…“ од Бранко Прља се користени илустрации направени со помош на вештачка интелигенција наречена Стејбл Дифјужн (Stable Diffusion). Се работи за прва таква соработка помеѓу човекот и вештачката интелигенција во историјата на македонската уметност, графички дизајн, литература и издаваштво! Сликите добиени со текстуален „инпут“ се потоа обработени во типичен стил на Бранко Прља и едицијата ...
Можеби знаете за професор Протон, омилениот лик на Шелдон Купер, лик од популарната серија Теорија на големата експлозија. Ако мислите дека неговиот лик е збунувачки, тогаш почекајте да дознаете повеќе за вистинскиот протон. Почетоците на приказната за протонот Ернест Радерфорд го поставил класичниот модел на атомот составен од атомско јадро и електрони околу него. Во тој модел јадрото е составено од протони и неутрони. Од тогаш е поминат еден ...
Столбовите на создавањето се збир на гигантски меѓуѕвездени столбови со гас и прашина во маглината Орел, на околу 6.500-7.000 светлосни години од Земјата. Тие беа фотографирани од вселенскиот телескоп Хабл во 1995 година. Неодамна објавената фотографија направена со телескопот „Џејмс Веб“ открива нови детали кои ве тераат да размислите дали „Столбовите на создавањето“ е вистинското име. Ние гледаме три змејови, а вие?… Ако човечкото око лаже, ...
Реди рециклажа е Start-up социјално претпријатие кое има за цел да организира и вработува неформални собирачи, истовремено воспоставувајќи систем за примарна селекција на отпадот во домаќинствата и компаниите. Заради тоа Реди рециклажа има потенцијал да реши неколку значајни прашања кои никогаш не биле решени во нашата држава: правилно селектирање и собирање на отпадот, како и обезбедувајќи им го заслуженото место во општеството на неформалните ...
Групата „Барам мајстор“ е создадена со цел подобрување на мајсторските услуги во Македонија и решавање на овој навидум небитен, а сепак реален и чест проблем. Ако барате мајстор, а не можете да најдете. Нудите услуги, а не наоѓате клиенти, приклучете се. Барате мајстор за плочки, оџаци, бојлер, паркет, фасада, кров, олуци, апарати како фрижидер, клима, шпорет, мајстори за купатило, врати, прозорци… ова е вистинското место за вас. Македонија ...
Што е „Квантен скок“? Квантен скок (Quantum Leap, 1989–1993) е американска научно-фантастична серија. Во серијата д-р Сем Бекет (Скот Бакула), физичар кој скока низ простор-времето за време на експериментите во патувањето низ времето, привремено заземајќи го местото на другите луѓе за да поправи некои „историски грешки“. Неговиот сопатник е Ал Калавичи (Дин Стоквел), кој се појавува како холограм и му помага на Сем во неговите авантури. Квантен ...
Групата Ристо бомбата и Кучешка тенија е формирана во 1993 година во состав Борче Шабаноски – гитара, Кристијан Габроски – вокал и Валентино Лауцоски – бас. Но, дали знаевте дека тие се и ликови од стрип? Ристо и компанија беа навистина успешен бенд, со куса кариера, а за нив се велeше дека биле единствениот домашен бенд кој, по „Леб и сол“, успеале да ја преполнат салата во скопско „Кале“. Нивните касети биле продадени во повеќе од 50.000 ...
Сезоната за правење ајвар е при крај. Дождовите почнаа, убавото време заминува со залихите пиперки и тоа што не чека е долга, студена, темна зима. Но, не очајувајте! Ајвар NFT е тука за вас, специјално на Арно.мк! Не пропуштајте, за прв пат во Македонија, автентична македонска NFT колекција! Што е NFT? NFT значи „Non-fungible token“ или „незаменлив токен“. Според Википедија: Незаменлив токен (NFT) е уникатен дигитален идентификатор што не може ...
Димитар Самарџиев е дипломиран албанолог, писател и дипломиран пермакултурен дизајнер, основач на „Иградина“, член на „Зелената Арка“ и „Бостание“, првата општествена градина. Бранко Прља е писател, новинар, графички дизајнер и еко-активист, основач на „Електролит“, „Дај, не фрлај,“ и уредник на неколку портали за уметноста и науката. Нивните патишта прв пат се имаат вкрстено пред 20 години. Како што ни раскажаа, се имаат запознаено на заедничка ...
Пред неколку години излезе т.н. Силурска хипотеза, според која ако постоела цивилизација пред неколку стотици милиони години, денес не би останале никакви физички докази за неа. Единственото нешто што евентуелано би можело да „преживее“ е пластиката и траги од радијација. Сите други материи би се дезинтегрирале и не би оставиле никаков доказ. Но, што е со блиските планети, или Месечината? Ако таа цивилизација постигнала некој стадиум на развој ...
На Редит постои една интересна дискусија која, како r/place е место на постојано дополнување и идеи. Темата на дискусијата е „Како би изгледала една населба во Шведска кога би се наоѓала во Источна Европа“. Сликата која е споделена е доволна сама за себе. Што гледаме на сликата што не сме го виделе во Македонија? Бандери и жици за струја (која се краде) насекаде. Контејнерите се сред пат, натрупани со се и сешто, а во нив „копа“ една бабичка. ...
Вештачката интелигенција во последната година направи огромен напредок. Веќе зборувавме за освојувањето на креативните полиња од страна на проектите како DALL-E, GPT-3, MidJourney и други. Се поставува прашањето колку вештачката интелигенција создава нешто ново или едноставно прави „ремикс“ од постоечките бази на слики и креативни творби од разни автори. Луѓето од Corridor Crew се обидуваат да одговорат на тоа прашање со внесување на слики од ...
„За бесконечноста“ (About Endlessness) е необичен шведски филм во режија на Рој Андерсен. Се состои од 30-тина фрагменти или вињети, кои се поврзани преку нишките на бесконечноста во една визуелна поезија за едно време, премрежја и секојдневни нешта кои живот значат. Рој Андерсен е признаен и наградуван шведски режисер. Сцени од животот Филмот „За бесконечноста“ се состои од вињети или фрагменти кои се навидум неповрзани, но раскажуваат една ...
„Проблемот не е што луѓето се глупави. Проблемот е што се паметни. Толку многу креативни светла, а нема каде да се вклучи нивната енергија. И така таа се канализира во теории на заговор.“ Квинтен Селерс, лик од филмот „Одмазда“ Vengeance (Одмазда) е американска црна комедија од 2022 година, според сценарио и во режија на од Б. Џеј Новак. Се работи за филм првенец на Новак кој на пошироката публика и е познат како Рајан Хауард од американската ...
Каква е состојбата во (музиката на) Македонија 30 години по деби-албумот на Архангел? Првенецот на Архангел одекна длабоко во колективната (уметничка) сцена во Македонија. Тоа беше време кога еден бенд или музички жанр можеше да стане мејнстрим и да владее долго време во етерот. Денес тоа се чини невозможно. Зошто првенецот на Архангел беше посебен? Од каде да почнеме? Осамостојувањето на Македонија. Прв голем македонски бенд по Леб и Сол (се ...
Како Барселона од град со најмногу возила и едно од најлошите загадувања во Европа, стана град во кој приоритет имаат пешаците и велосипедистите. Со градење т.н. „суперблокови“! Расадник, Општините во нашиот град и Град Скопје да фаќаат белешки! Уште од раните имплентации на овој план загадувањето на воздухот со aзот диоксид се намалило за 42%, а на ПМ честички за 38 проценти! Значи суперблоковите овозможуваат во просек 40 проценти помало ...
Во Македонија селектирањето и рециклирањето не отпадот не функционира. Друго прашање е дали функционира воопшто во светот. Постојат теории дека истото е само „мачкање очи“, но ниту еден официјален извор нема да го потврди ова, па останува на вас да истражите. Но, да прифатиме дека е „колку-толку“ добра работа да селектираш. Друга алтернатива (читај: реалност) е купишта отпад да завршува на депониите каде што се натрупува и ги загадува почвите и ...
Во Македонија честопати новите нешта се пречекани со радост, но наскоро завршуваат „на ѓубре“. Тоа важи за предметите, но и за идеите, а во овој случај за контејнерите! Се чини дека во Македонија се завршува на ѓубре – освен ѓубрето кое е послано по сокаците, зелените површини, дивите депонии, предворјата на домовите, селата и населените места. Како еден контејнер може да заврши „на ѓубре“, се прашувате. Па вака. Пред околу три години Град ...
„Прва смена“ (Day Shift, 2022) е акциона-комедија со тема за вампири. Се работи за деби-филм на актерот, кик-боксерот и каскадерот Џеј Џеј Пери (J. J. Perry) со Џејми Фокс, Дејв Франко, Наташа Лиу Бордицо, Меган Гуд, Карла Соуза, Стив Хауи, Скот Адкинс и Снуп Дог. Вампирска комедија или лоша комедија? Филмот „Прва смена“ не се обидува да направи нешто сериозно во однос на митологијата или приказната за вампирите. Се разбира филмот е наменски ...
Пелетите во изминативе години станаа популарен и еколошки начин на греење. Заради огромните цени годинава се повеќе граѓани се откажуваат од нив и се враќаат на дрвата. Во контакт со повеќе граѓани кои се греат на пелети и преку искуствата на повеќе групи на потрошувачи на пелети сумиравме кои се нивните барања за намалување на цените. Пелетите беа понудени од Владата и Општините како еколошка опција и замена за дрва и други нееколошки горива. ...
Во градскиот парк постои едно местенце каде што можете да оставите и да си земете книги. Минатиот викенд бевме да го посетиме и не пречека ова. За што зборуваат овие слики? За состојбата со книгите, културата, личната и општествена (не)одговорност, или за нешто друго? Ѓубрето си има место и тоа не е на улица, или во куќичка за книги која има убава замисла, но едноставно не е за нашата средина. Групите како Не биди ѓубре и Дај, не фрлај се ...
Бидејки електричниот тротинет троши 4 денари на 100 км, а автомобилот троши 600 денари на 100 км. Зголемените трошоци за превоз не тежат само на вработените туку и на фирмите. Поголеми трошоци за превоз значи и барање на поголемии плати која фирмата треба да ја плати доколку сака да ги задржи вработените. Зошто електричниот тротинет е добар за сите? Апсурдно е државата и фирмите да им забрануваат на вработените да ги полнат тротинетите на ...
Брз одговор: Околу 1 денар. За детален одговор прочитајте подоле. Електричен тротинет е фантастична работа! Ем е брз, ем економичен. Ние од Арно.мк апсолутно го промовираме возењето на велосипед, преку групите како И јас одам со велосипед на работа или преку нашите проекти како книгичката „25 факти за аерозагадувањето и начини да го намалиш“. Велосипедот е еколошко, здраво и бесплатно превозно средство. Сепак, велосипедот не можеш да го ставиш ...
Колку чини евтината струја во РМ? По социјалните медиумите постојат многу забуни и заблуди во врска со пресметувањето на евтината струја. Сакавме да појасниме неколку работи околу евтината струја. Евтината струја пред јули беше 3,76 денари за kWh. Цената на ниската тарифа по јули 2022 е 0,6193 ден за kWh плус цена на надоместок за пренос и дистрибуција која е 3,3742 ден за kWh. Значи вкупно евтината тарифа е: 0,6193 + 3,3742 = 3,9935 ден за kWh ...