
Скопје
36ᴼ /
36ᴼ



„За бесконечноста“ (About Endlessness) е необичен шведски филм во режија на Рој Андерсен. Се состои од 30-тина фрагменти или вињети, кои се поврзани преку нишките на бесконечноста во една визуелна поезија за едно време, премрежја и секојдневни нешта кои живот значат. Рој Андерсен е признаен и наградуван шведски режисер. Сцени од животот Филмот „За бесконечноста“ се состои од вињети или фрагменти кои се навидум неповрзани, но раскажуваат една ...
„Проблемот не е што луѓето се глупави. Проблемот е што се паметни. Толку многу креативни светла, а нема каде да се вклучи нивната енергија. И така таа се канализира во теории на заговор.“ Квинтен Селерс, лик од филмот „Одмазда“ Vengeance (Одмазда) е американска црна комедија од 2022 година, според сценарио и во режија на од Б. Џеј Новак. Се работи за филм првенец на Новак кој на пошироката публика и е познат како Рајан Хауард од американската ...
Каква е состојбата во (музиката на) Македонија 30 години по деби-албумот на Архангел? Првенецот на Архангел одекна длабоко во колективната (уметничка) сцена во Македонија. Тоа беше време кога еден бенд или музички жанр можеше да стане мејнстрим и да владее долго време во етерот. Денес тоа се чини невозможно. Зошто првенецот на Архангел беше посебен? Од каде да почнеме? Осамостојувањето на Македонија. Прв голем македонски бенд по Леб и Сол (се ...
Како Барселона од град со најмногу возила и едно од најлошите загадувања во Европа, стана град во кој приоритет имаат пешаците и велосипедистите. Со градење т.н. „суперблокови“! Расадник, Општините во нашиот град и Град Скопје да фаќаат белешки! Уште од раните имплентации на овој план загадувањето на воздухот со aзот диоксид се намалило за 42%, а на ПМ честички за 38 проценти! Значи суперблоковите овозможуваат во просек 40 проценти помало ...
Во Македонија селектирањето и рециклирањето не отпадот не функционира. Друго прашање е дали функционира воопшто во светот. Постојат теории дека истото е само „мачкање очи“, но ниту еден официјален извор нема да го потврди ова, па останува на вас да истражите. Но, да прифатиме дека е „колку-толку“ добра работа да селектираш. Друга алтернатива (читај: реалност) е купишта отпад да завршува на депониите каде што се натрупува и ги загадува почвите и ...
Во Македонија честопати новите нешта се пречекани со радост, но наскоро завршуваат „на ѓубре“. Тоа важи за предметите, но и за идеите, а во овој случај за контејнерите! Се чини дека во Македонија се завршува на ѓубре – освен ѓубрето кое е послано по сокаците, зелените површини, дивите депонии, предворјата на домовите, селата и населените места. Како еден контејнер може да заврши „на ѓубре“, се прашувате. Па вака. Пред околу три години Град ...
„Прва смена“ (Day Shift, 2022) е акциона-комедија со тема за вампири. Се работи за деби-филм на актерот, кик-боксерот и каскадерот Џеј Џеј Пери (J. J. Perry) со Џејми Фокс, Дејв Франко, Наташа Лиу Бордицо, Меган Гуд, Карла Соуза, Стив Хауи, Скот Адкинс и Снуп Дог. Вампирска комедија или лоша комедија? Филмот „Прва смена“ не се обидува да направи нешто сериозно во однос на митологијата или приказната за вампирите. Се разбира филмот е наменски ...
Пелетите во изминативе години станаа популарен и еколошки начин на греење. Заради огромните цени годинава се повеќе граѓани се откажуваат од нив и се враќаат на дрвата. Во контакт со повеќе граѓани кои се греат на пелети и преку искуствата на повеќе групи на потрошувачи на пелети сумиравме кои се нивните барања за намалување на цените. Пелетите беа понудени од Владата и Општините како еколошка опција и замена за дрва и други нееколошки горива. ...
Во градскиот парк постои едно местенце каде што можете да оставите и да си земете книги. Минатиот викенд бевме да го посетиме и не пречека ова. За што зборуваат овие слики? За состојбата со книгите, културата, личната и општествена (не)одговорност, или за нешто друго? Ѓубрето си има место и тоа не е на улица, или во куќичка за книги која има убава замисла, но едноставно не е за нашата средина. Групите како Не биди ѓубре и Дај, не фрлај се ...
Бидејки електричниот тротинет троши 4 денари на 100 км, а автомобилот троши 600 денари на 100 км. Зголемените трошоци за превоз не тежат само на вработените туку и на фирмите. Поголеми трошоци за превоз значи и барање на поголемии плати која фирмата треба да ја плати доколку сака да ги задржи вработените. Зошто електричниот тротинет е добар за сите? Апсурдно е државата и фирмите да им забрануваат на вработените да ги полнат тротинетите на ...
Брз одговор: Околу 1 денар. За детален одговор прочитајте подоле. Електричен тротинет е фантастична работа! Ем е брз, ем економичен. Ние од Арно.мк апсолутно го промовираме возењето на велосипед, преку групите како И јас одам со велосипед на работа или преку нашите проекти како книгичката „25 факти за аерозагадувањето и начини да го намалиш“. Велосипедот е еколошко, здраво и бесплатно превозно средство. Сепак, велосипедот не можеш да го ставиш ...
Колку чини евтината струја во РМ? По социјалните медиумите постојат многу забуни и заблуди во врска со пресметувањето на евтината струја. Сакавме да појасниме неколку работи околу евтината струја. Евтината струја пред јули беше 3,76 денари за kWh. Цената на ниската тарифа по јули 2022 е 0,6193 ден за kWh плус цена на надоместок за пренос и дистрибуција која е 3,3742 ден за kWh. Значи вкупно евтината тарифа е: 0,6193 + 3,3742 = 3,9935 ден за kWh ...
Brian and Charles (2022) е британска деби-комедија на режисерот Џим Арчер, според сценарио на Дејвид Ерл и Крис Хејворд, кои исто така глумат во филмот. Типичен британски интелигентен и повеќеслоен хумор, со алузии на Пинокио, Волшебникот од Оз, пародија на филмовите за роботи и американските акциони филмови. Филмот воедно е длабока студија и алегорија за човековата осаменост, инвентивност и храброст. Тоа е филм за растењето и предизвиците на ...
Плен (Prey) е американски филм од 2022 година и петти филм од Предатор серијалот. Дејствието се случува во 1719 година и филмот служи како вовед (prequel) во серијалот. Филмот е во режија на Ден Трахтенберг, а сценариото на Патрик Ајсон. Во него играат Амбер Мидтандер, Дакота Биверс, Мишел Траш, Сторми Кип, Џулијан Блек Антилопа, Бенет Тејлор и Дејн ДиЛиегро. Кинематографија и дејствие (Spoiler Alert!) Уште од отворањето на филмот се гледа дека ...
Веќе зборувавме за моќта и потенцијалот на вештачката интелигенција и како таа неочекувано брзо продира во светот на креативноста. Во тој случај стануваше збор за DALL-E, а сега за MidJourney. Интересно е дека ВИ сепак не создава ништо ново, таа на некој начин прави колаж од постоечките елементи, кои ги преобликува. Но, ако размислиме подлабоко, и колажот е вид уметност, па дури и готови предмети (ready-made) биле користени во уметноста. ...
Го продолжуваме нашиот серијал текстови за депонии, овој пат со нешто помала депонија, но секако симболично место – МВР („телевизија“). Во Македонија постојат казни за фрлање отпад, но и на птиците им е јасно дека тие ретко се применуваат, особено за помали количини отпад. Кај домот на органот кој би требало да ги спроведува тие казни, МВР, состојбата е очајна. На местото, наречено „телевизија“, каде поголем број од граѓаните на Скопје и ...
Најпознатиот популаризатор на науката денес Нил Деграс Тајсон докторирал на 33 години со дисертација од 370 страници, на тема центарот на нашата галаксија. Според дефиницијата, докторските тези се плод на долгогодишно научно истражување и мора да содржат оригинален придонес за човечкото знаење! Како ви се чини тоа во споредба со нашите „доктори на науки“ (секоја чест на исклучоците) кои се експерти по купување дисертации и провлекување низ ...
Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест”, во соработка со “The Nature Conservancy (TNC)” и Македонската академија на науките и уметностите, почнува со кампања за паметно енергетско планирање: „Еко енергетска иднина – да планираме заедно!“. Главната цел на кампањата е да се информираат граѓаните за тековните процеси и нужноста за паметно енергетско планирање низ безбедна и побрза транзиција од фосилни во обновливи ...
На 22-ри март, денот на водите, ќе се одржи изложбата „Слободни реки за слободни деца“. Изложбата ќе биде отворена со проекција на филмот „Заробени реки“ и мини концерт на инклузивниот хор на Колектив Ветерница и Трисомија 21 Скопје. Во текстот споделен на ФБ страницата за изложбата се наведува: „Како колектив за користење на креативна енергија со поддршка на SEENET и Еко Свест тргнавме во инклузивна истражувачка експедиција за природната ...
Дејвид Финчер е режисер на легендарниот филм Боречки клуб кој му донесе светска слава на режисерот и писателот и остави длабок печат во свеста на публиката. Но, другите негови филмови од 1990-тите (Alien 3, The Game), а особено Seven е дел од филм-ноар наследството во историјата на филмот. Возбудливите трилери како Panic Room и Zodiac го дочекаа новиот милениум во кој се чини дека филмската уметност се оддалечи од вистинските кинематографски ...
Второто издание Кикфлип фест ќе се одржи на 13.08 (сабота) во Скејт паркот и ќе настапат Cut Your Nipple, Zanadu, Corrosion, Lufthansa и други млади бендови кои ќе бидат најавени наскоро. Од објавите на Инстаграм издвојуваме. „Триото CUT YOUR NIPPLE се враќа во Скопје со една третина сменета постава и целосно оздравен грб. „Работат“ на вториот албум и најверојатно ќе свират нешто од истиот на 13 август на КИКФЛИП ФЕСТ 2.“ “Занаду е млад бенд од ...
Компјутерите денес можат да направат слика или текст во кој и да е стил и со голем уметнички осет. Сосема е можно во иднина креативните професии да исчезнат за сметка на поевтината вештачка интелигенција. Но, како дојде до ова? Пред само неколку децении користењето компјутери во уметноста беше сметано за нешто многу кул и интересно. Денес компјутерите се дел од животот на секој уметник или професионалец, независно од тоа дали се работи за ...
Секој кој ја започнал „играчката кариера“ во 1990-тите години знае кој е Џон Кармак (John Carmack). Пред времето на Counter Strike и интернет кафеата во кои се собираше скопската младина која немаше доволно силни компјутери и доволно брз интернет дома, постоеја Doom и Quake. Пред нив постоеше Wolfenstein 3D, но тоа е друга приказна. Doom (1993) Doom се смета за една од првите пионерски игри со пукање во прво лице (first-person shooter games). ...
Los Bitchos е англиски бенд кој постои од 2017 година. Во 2022 година го издадоа нивниот деби албум Let the Festivities Begin! Магазинот Rolling Stone ја опишува нивната музика како глобтротерско-психоделично сурф-диско сафари. Навистина, се работи за инструментална психоделија, со елементи на прогресивен рок, меланхолични синтисајзери, дисторзирани гитари – се тоа спакувано во моќен женски бенд наречен Los Bitchos. Кога сето тоа е спакувано од ...
На арно.мк започнавме серијал на претставување млади и креативни луѓе, со широки интереси и сфери на активност. Разговаравме со Мартин Алексов, илустратор со љубов кон природата, науката и креативните личности. Нашиот разговор се однесуваше на илустрирањето, дизајнот, визуелната креативност, но откривме и дека тој дипломирал на тема заштита на растенија и се надеваме дека наскоро ќе поразговараме и на таа тема. Заштитата на природата е нешто што ...
Ако сте член на групата „Размена на книги и книжевни муабети“, сигурно сте го забележале Игор Стојановски. Тој најчесто споделува интересни и необични наслови и краток опис на делата. Особено се интересни неговите објави за филмувани дела. Групата „Размена на книги и книжевни муабети“ одамна ја има надминато својата првобитна намена („размена“) и тоа не е нешто лошо, напротив. Таа е најголем (30.000 членови) и најзначаен неформален клуб на ...
Теориите на заговор не само што се ненаучни, туку и можат да бидат штетни за човекот како индивидуа и да го уназадат општеството како целина. Жално е што во 21 век мораме да изнесуваме докази зошто планетата Земја не е рамна плоча, но секако ќе го направиме тоа. Земjата не е рамна плоча! #1 Уште старите народи (пред 2.000 години) знаеле дека Земјата е сферична. Кога ги гледале бродовите како заоѓаат на хоризонтот забележале дека прво се губи ...
„Какво е влијанието на аерозагадуваењто и климатските промени врз алергиските респираторни болести, колку сме свесни за тоа и што преземаме да се справиме со проблемот“ е наслов на магистерскиот труд на м-р сци. Билјана Ристоска. Како портал кој се залага за екологија и арни вредности, особено ни е драго што кај нас има научници кои се занимаваат со истражување на темата загадувањето на воздухот. Во една држава се значајни многу прашања, ...
Мартин Алексов е млад 32-годишен илустратор од Скопје. Освен со дигитална илустрација се занимава со видео едитирање и екологија. Дипломирал на Земјоделскиот факултет, на заштита на растенија, и вели дека екологијата е тема која е популарна сега. Тој муабет, кој е многу значаен и заслужува посебно внимание, засега ќе го оставиме за друга прилика. Мартин ни се чини како одличен и интересен илустратор, особено на темата научна фантастика. Една од ...
Дознајте кога започнала вселенската трка, како се одвивала и кога завршила! Вселенската трка помеѓу СССР и САД била епска борба на две светски супер-сили во која технологијата напреднала неверојатно, а луѓето кои работеле на тоа и тие кои ги изгубиле животите биле славени како херои. Вселенската трка донела пионерски лансирања на вештачки сателити, роботски вселенски сонди на Месечината, Венера и Марс, и човечки вселенски летови во ниската ...