
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



На 22-ри март, денот на водите, ќе се одржи изложбата „Слободни реки за слободни деца“. Изложбата ќе биде отворена со проекција на филмот „Заробени реки“ и мини концерт на инклузивниот хор на Колектив Ветерница и Трисомија 21 Скопје. Во текстот споделен на ФБ страницата за изложбата се наведува: „Како колектив за користење на креативна енергија со поддршка на SEENET и Еко Свест тргнавме во инклузивна истражувачка експедиција за природната ...
Дејвид Финчер е режисер на легендарниот филм Боречки клуб кој му донесе светска слава на режисерот и писателот и остави длабок печат во свеста на публиката. Но, другите негови филмови од 1990-тите (Alien 3, The Game), а особено Seven е дел од филм-ноар наследството во историјата на филмот. Возбудливите трилери како Panic Room и Zodiac го дочекаа новиот милениум во кој се чини дека филмската уметност се оддалечи од вистинските кинематографски ...
Второто издание Кикфлип фест ќе се одржи на 13.08 (сабота) во Скејт паркот и ќе настапат Cut Your Nipple, Zanadu, Corrosion, Lufthansa и други млади бендови кои ќе бидат најавени наскоро. Од објавите на Инстаграм издвојуваме. „Триото CUT YOUR NIPPLE се враќа во Скопје со една третина сменета постава и целосно оздравен грб. „Работат“ на вториот албум и најверојатно ќе свират нешто од истиот на 13 август на КИКФЛИП ФЕСТ 2.“ “Занаду е млад бенд од ...
Компјутерите денес можат да направат слика или текст во кој и да е стил и со голем уметнички осет. Сосема е можно во иднина креативните професии да исчезнат за сметка на поевтината вештачка интелигенција. Но, како дојде до ова? Пред само неколку децении користењето компјутери во уметноста беше сметано за нешто многу кул и интересно. Денес компјутерите се дел од животот на секој уметник или професионалец, независно од тоа дали се работи за ...
Секој кој ја започнал „играчката кариера“ во 1990-тите години знае кој е Џон Кармак (John Carmack). Пред времето на Counter Strike и интернет кафеата во кои се собираше скопската младина која немаше доволно силни компјутери и доволно брз интернет дома, постоеја Doom и Quake. Пред нив постоеше Wolfenstein 3D, но тоа е друга приказна. Doom (1993) Doom се смета за една од првите пионерски игри со пукање во прво лице (first-person shooter games). ...
Los Bitchos е англиски бенд кој постои од 2017 година. Во 2022 година го издадоа нивниот деби албум Let the Festivities Begin! Магазинот Rolling Stone ја опишува нивната музика како глобтротерско-психоделично сурф-диско сафари. Навистина, се работи за инструментална психоделија, со елементи на прогресивен рок, меланхолични синтисајзери, дисторзирани гитари – се тоа спакувано во моќен женски бенд наречен Los Bitchos. Кога сето тоа е спакувано од ...
На арно.мк започнавме серијал на претставување млади и креативни луѓе, со широки интереси и сфери на активност. Разговаравме со Мартин Алексов, илустратор со љубов кон природата, науката и креативните личности. Нашиот разговор се однесуваше на илустрирањето, дизајнот, визуелната креативност, но откривме и дека тој дипломирал на тема заштита на растенија и се надеваме дека наскоро ќе поразговараме и на таа тема. Заштитата на природата е нешто што ...
Ако сте член на групата „Размена на книги и книжевни муабети“, сигурно сте го забележале Игор Стојановски. Тој најчесто споделува интересни и необични наслови и краток опис на делата. Особено се интересни неговите објави за филмувани дела. Групата „Размена на книги и книжевни муабети“ одамна ја има надминато својата првобитна намена („размена“) и тоа не е нешто лошо, напротив. Таа е најголем (30.000 членови) и најзначаен неформален клуб на ...
Теориите на заговор не само што се ненаучни, туку и можат да бидат штетни за човекот како индивидуа и да го уназадат општеството како целина. Жално е што во 21 век мораме да изнесуваме докази зошто планетата Земја не е рамна плоча, но секако ќе го направиме тоа. Земjата не е рамна плоча! #1 Уште старите народи (пред 2.000 години) знаеле дека Земјата е сферична. Кога ги гледале бродовите како заоѓаат на хоризонтот забележале дека прво се губи ...
„Какво е влијанието на аерозагадуваењто и климатските промени врз алергиските респираторни болести, колку сме свесни за тоа и што преземаме да се справиме со проблемот“ е наслов на магистерскиот труд на м-р сци. Билјана Ристоска. Како портал кој се залага за екологија и арни вредности, особено ни е драго што кај нас има научници кои се занимаваат со истражување на темата загадувањето на воздухот. Во една држава се значајни многу прашања, ...
Мартин Алексов е млад 32-годишен илустратор од Скопје. Освен со дигитална илустрација се занимава со видео едитирање и екологија. Дипломирал на Земјоделскиот факултет, на заштита на растенија, и вели дека екологијата е тема која е популарна сега. Тој муабет, кој е многу значаен и заслужува посебно внимание, засега ќе го оставиме за друга прилика. Мартин ни се чини како одличен и интересен илустратор, особено на темата научна фантастика. Една од ...
Дознајте кога започнала вселенската трка, како се одвивала и кога завршила! Вселенската трка помеѓу СССР и САД била епска борба на две светски супер-сили во која технологијата напреднала неверојатно, а луѓето кои работеле на тоа и тие кои ги изгубиле животите биле славени како херои. Вселенската трка донела пионерски лансирања на вештачки сателити, роботски вселенски сонди на Месечината, Венера и Марс, и човечки вселенски летови во ниската ...
„Серија несреќни настани“ (A Series of Unfortunate Events) на Лемони Сникет е американска комедија од 2004 година со готски и апсурдистички призвук, во режија на Бред Силберлинг (Brad Silberling). Тоа е навистина „серија несреќни“ или да речеме „неверојатни“ настани. Се разбира, тоа е фантастичен филм, но до кој степен оди фантазијата пред да стане само глупава? Станува збор за филмска адаптација на детските книги „Серија несреќни настани“ од ...
Речиси тричасовниот филм на Мет Ривс „The Batman“ сигурно вознемири некои гледачи, но не треба да ги плаши. „Бетмен“ е долг филм, но бавното темпо и служи на функцијата, дејствието се гради полека, но сигурно. Роберт Патинсон и Зои Кравиц се одлични Бетмен и Жена-мачка. Филмот изгледа пореален од претходните делови на Бетмен (сигурно повеќе од трилогијата од 1990-тите). Бетмен е човек од крв и месо, тој е повреден, паѓа и крвари. Самиот филм е ...
Македонската рок сцена во последниве години повторно заживува по подолга пауза. Се разбира, таа никогаш не замрела сосема, но се чини дека од 1990-тите наваму, со чест на исклучоци, никогаш сме немале ваков силен бран на нови и интересни бендови. Веќе пишувавме за Хајка и за новата македонска рок музичка сцена, а претходно забележавме дека рок музиката на светската сцена повторно, по децении пауза, навлегува во мејнстримот на голема врата. Денес ...
Дали знаевте дека имаме шампион со македонско потекло во најголемата светска ММА организација UFC? И не само тоа. Волкановски е прв на листата на „Pound-for-Pound“ ММА спортисти! Тоа е толку големо постигнување во ММА што кога би бил во првите 10 е фантастично, а тоа што е на врвот на оваа листа е повеќе од неверојатно. Веќе пишувавме за Волкановски и упативме апел кон домашните медиуми, како и надлежните институции да се залагаат за поддршка на ...
Just a Breath Away (француски: Dans la brume) е трилер филм, во режија на Даниел Роби. Се работи за канадско-француска копродукција. Главните улоги во филмот ги толкуваат Ромен Дурис и Олга Куриленко како Матје и Ана. Се работи за неуспешен европски обид да се имитираат холивудските филмови за катастрофи. И не, освен тоа што маглата ќе ги испотепа сите луѓе, а загадувањето ќе ги мутира децата, овој филм нема никаква врска со Скопје! Постојат ...
Арно.мк ја поддржува медиумската „хајка“ во исчекување на турнејата на бендот Хајка и по повод настапот на фестивалот „Нови простори“. Внимание: Ова не е музичка критика, ова е краток патопис! Саботно возење велосипед со мојот син покрај кеј до Центарот на градот со прошетка и сладолед за крај. Тргнавме назад покрај Кејот, кога до моите уши научени на турбофолк или комерцијални хитчиња од локалните кафеани допре звук на рок музиката. Го ...
Burn е филм режиран и снимен според сценарио на Мајк Ган (Mike Gan). Главните актери се Тилда Кобам-Херви (Tilda Cobham-Hervey), Суки Вотерхаус (Suki Waterhouse), Хари Шум Џуниор (Harry Shum Jr.) и други. Приказна за осаменоста и што може таа да и направи на човечката психологија. Но, таа осаменост не е индивидуална, туку симбол на една цела генерација млади луѓе. Тие се од една страна поповрзани отколку кога и да е во историјата, но подалеку ...
Александар Волкановски е австралијанец со македонско потекло. Тој е ММА практичар и не е само шампион кој ја одбранил титулата три пати во перо категорија (до 65 кг) во најпрестижната ММА организација на светот UFC, туку е на второ место во вкупната ранг-листа во сите категории во UFC. Тој е на апсолутниот врв на спортот во светски рамки. Неговиот рекорд е 24-1 и има само еден пораз, што е исклучително ретко во ММА, особено на највисоко ниво. На ...
Веќе зборувавме за врската помеѓу рок музиката и астрономијата, ги споменавме албумите Unknown Pleasures на Joy Division, The Dark Side of the Moon на Pink Floyd и други. Да видиме кои други албуми во поновата музичка историја се со научна тематика. Muse – The 2nd Law (2012) Името The 2nd Law упатува на вториот закон на термодинамиката, така што тоа е првата врска со науката. Втората е омотот на албумот Омотот е „фотографија“ на човечкиот мозок ...
Освен што зборот „рок“ на англиски значи карпа, а нашата планета е една од четирите „карпести“ планети од внатрешниот дел од Сончевиот систем, се чини дека рок музиката нема апсолутно никаква врска со науката и астрономијата. Но, дали е така? Joy Division – Unknown Pleasures (1979) Иконичкиот бенд Joy Division на нивниот албум Unknown Pleasures излезен во јуни 1979 година, искористиле слика од пулсар. Што е пулсар? Пулсар (Pulsar, pulsating ...
Ако сте загрижени за состојбата во културата, уметноста и за младите во нашата држава, тогаш изјавата на нашиот реномиран режисер Милчо Манчевски која кружи по домашните медиуми веројатно ќе ве растажи… можеби и ќе ве посрами. Зошто тага? Заради младите, заради минатото, сегашноста и иднината на Македонија. Милчо прашува што е со „Загубите предизвикани од македонскиот одлив на мозоци во последните 30 години?“ Загубите ги чувствуваме секојдневно ...
Елизабета Линднер ни зборува за нејзиното чедо СловоКулт, издавачка куќа и онлајн списание за уметност и култура на македонски и германски јазик. Таа е дипломиран германист, магистер по германска книжевност, авторка и главен и одговорен уредник на СловоКулт. Живее и работи во Германија. Зачетоците на „Словокулт“? СловоКулт започна во 2007-2008 како портал за македонска книжевност на германски, каде објавувавме германски преводи на прозни и ...
Во минатиот текст, Елизабета Линднер ни зборуваше за СловоКулт. Приказната продолжува со интересен „инсајдерски“ увид во различните предизвици со професионалниот ангажман во културата и уметноста. Лавиринтите на бирократијата Бирократијата за жал ги попречува најдобрите проекти, бидејќи како што е познато, тие ги прават уметници, а не чиновници, затоа треба да се апелира до институциите, да се поедностави овој застарен бирократски систем на ...
Од „фрлање на знамето“, до политички поени, преку медиумски клик-бејт содржини, до македонските турбо-фолк медиуми, Евровизија е најлошото во Европа во едно! Медиумите во Македонија се чудна ѕверка, турбофолкот им е во крвта. Но, внимавајте тубофолк не е само Цеца, тоа е многу поширок поим. Тоа е состојба на умот и практична филозофија на живеење, трач-муабети, ѕиркање од прозорец (во дворот на комшијата), 10-ка со кромид, качување на маса, ...
Во градот убав во сабота 28.05.2022 во Public Room од 11 часот наутро до доцна навечер ќе се одржи фестивал за јапонска култура. Литература, поезија, кинематографија, музика, архитектура, боречки вештини, технологија, мода, гастрономија… Повеќе инфо тука. Ви ја пренесуваме програмата на фестивалот. ◦ 11:00 (Kids Room) – Турнир во „Tekken 7“ | Организатор: Филип Георгиев; Коментатори: Ѓорѓи Конгуловски и Марко Гулевски. ◦ 11.30 – 11:45 (Отворена ...
Културниот (и култен) Центар Точка беше отворен во Скопје на 29.05.2002 година, пред точно 20 години. За да не биде избришан од сеќавањата на мутирачкото чудовиште наречено Скопје, на сајтот на creative.mk ја поставивме архивата на Точка и на Контрапункт (без кој, да бидеме искрени, ќе ја немаше ни Точка). Нашата архива е нецелосна и бара надоградба, но подобрo и „каква-таква“ отколку никаква. Актуелните активности на Контрапункт можете да ги ...
Обичниот граѓанин е навикнат да им верува на компаниите. Најпосле, тие работат за нас, нели? Ако некој е крив, тоа е „државата“. Но, во многу случаи, токму приватните компании се тие кои работат за сопствениот профит, а цената е загадена околина и здравјето на луѓето. И тоа не само кај нас. Во САД компанијата PG&E, Pacific Gas and Electric – Компанија за гас и електрична енергија била казнета стотици пати заради разни неправилности и се ...
Веќе е петтиот ден од училишната година, а онлајн наставата не функционира. Часовите не се закажуваат, календарите се полни со настава од минатата година, се одржуваат 1-2 онлајн часови од вкупни 6-7, наставниците не се приклучуваат, задачите не се прикачуваат… (се разбира – чест на исклучоци!) Децата кои се онлајн се оставени сами на себе, а за тоа никој не зборува! Што треба да се направи за да се подобри состојбата? Да се вклучи компјутерот и ...