Пред почетокот на четвртфиналните мечеви на Светското првенство за клубовиви во САД, Опта пресмета дека тимот на Челзи има најголеми шанси за освојување на турнирот! Навистина делуба неверојатно, но за тоа има објаснување. Имено причината е што Челзи е на „лесната“ страна од ждрепката, бидејќи во полуфиналето се соочува со Палмеирас, а потоа со Флуминенсе или Ал Хилал. На другата страна се четири европски тима – ПСЖ и Баерн, или Реал Мадрид и ...

Турскиот фудбалски гигант Фенербахче, предводен од португалскиот стратег Жозе Мурињо, покажува голем интерес за играчот од средниот ред на ПСЖ, Марко Асенсио (29) и напаѓачот на Ница, Еван Гесан (23). Асенсио се врати во ПСЖ од позајмицата во Астон Вила, но нема долго да остане во Париз. Според француските медиуми, Асенсио не е во плановите на Луис Енрике за новата сезона и шпанскиот играч од средниот ред ќе мора да бара нова клупска средина. ...

Најмалку четири лица се убиени, а 14 се ранети во пукотница од автомобил во населбата Ривер Норт во Чикаго, пред ноќниот клуб Артис Лаунџ, соопшти полицијата денес. Инцидентот се случил во среда вечерта кога возило со непознат број вооружени лица поминало покрај клубот и испукало повеќе куршуми во група луѓе што стоеле надвор по забавата за промоција на албумот на раперот Мел Бак, објави CBS News. Меѓу загинатите се двајца мажи, на возраст од ...

Полицијата уапси кумановец кој бил затекнат како пали сува трева на улицата „Доне Божинов“, соопшти денеска МВР. -Вчера во 21.20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ш.А. (56) од Куманово, затоа што на улицата „Доне Божинов“ во Куманово бил затекнат како пали сува трева. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а Ш.А. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ...

Вкупниот број на осигуреници на здравствено осигурување е над еден милион и 820 илјади осигуреници што е повеќе од бројот на жители според последниот Попис. Фондот за здравствено осигурување веќе има иницирано формирање на интерсекторска работна група со цел да се утврди точниот број на здравствени осигуреници. Според директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашко Клековски, меѓу нив најверојатно има македонски државјани кои живеат во ...

МВР информира дека вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во село Горно Седларце и во Тетово ги лишиле од слобода А.Е.(18) и малолетник, двајцата од Тетово, постапувајќи по пријава од 37-годишна жена од Тетово дека во неколку наврати извршиле обљуба врз неговите две малолетни ќерки. Насилниците притоа снимале со мобилен телефон и едната малолетничка ја принудувале на сексуален однос со други лица. ...

Утре ќе имаме првична средба со политичката партија ЗНАМ за да видиме кои се очекувањата, а што се однесува до кандидатите за градоначалници од СДСМ им посакувам успешна кампања и сигурен пораз на следните локални избори, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за коалицирањето со ЗНАМ на локалните избори и коментар за кандидатите на СДСМ за градоначалници. Додаде дека в недела ќе заседава Извршниот комитет на ...

Повеќе од 30 000 патници се погодени откако нискобуџетната авиокомпанија Рајанер соопшти дека е принудена да откаже повеќе од 170 летови поради штрајк на француските контролори на летање. Ирскиот превозник соопшти дека откажувањата денеска и утре ќе влијаат на летовите до и од Франција, како и на летовите над земјата до дестинации како што се Велика Британија, Грција, Шпанија и Ирска. Извршниот директор на Рајанер, Мајкл О’Лири, повторно упати ...

Од минатата сабота, кога започна првиот топлотен бран ова лето во Шпанија, регистрирани се 102 смртни случаи поврзани со високи температури и топлина, објави Системот за дневно следење на смртноста од сите причини (MoMo). Вкупниот број на смртни случаи во јуни оваа година, кој според Националната метеоролошка агенција (Aemet) е оценет како најжешкиот месец некогаш регистриран во земјата, достигна 380, објави шпанскиот весник Elmundo. Податоците ...

Почетокот на туристичката сезона во Охрид и Струга бележи бројни сообраќајни незгоди некои дури и со фатални последици. Од болниците во регионот велат дека имаат зголемен обем на работа и оти речиси секојдневно кај нив доаѓаат пациенти некои и со тешки повреди. Во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија, само во текот на месец јуни, примени се 19 пациенти со повреди здобиени во сообраќајни несреќи, од кои 8 со потешки повреди врз кои ...

Седум месеци по одлуката на Апелациониот суд за враќање на предметот „Беса Транс“ на првостепено судење, денес започна повторното судење. Сопственикот на компанијата, Беким Хаџиу, кој е првообвинет во овој предмет, се гони за фалсификување на лиценцна сертификата за меѓународен транспорт. На првото судење беше осуден на 20 месеци затвор, но денеска повторно пред судот изјави дека не се чувствува виновен за делото што му го става на товар ...

Данска денеска го отвора своето шестмесечно претседателство со Советот на ЕУ со официјална церемонија во вториот по големина град во Данска, Орхус. Данската премиерка Мете Фредериксен ги покани претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и нејзиниот тим, како и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, на оваа пригода. Данската влада и Европската комисија прво ќе учествуваат на заеднички состанок на Универзитетот во ...

Гори мешана шума бор, сува трева на подрачјето на село Длабочица во општина Старо Нагоричане, информираа денеска од Tериторијалната противпожарна единица од општината и од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. На терен сè уште се екипи од ТППЕ Старо Нагоричане, како и од кумановската подружница на „Национални Шуми“. -Пожарот избувна после 13 часот. На терен бевме осум пожарникари и две противпожарни возила, на помош дојдоа ...

Светските медиуми објавија дека во сообраќајна несреќа починал играчот на Ливерпул и португалската репрезентација, Диого Жота (28). Меѓу многуте светски медиуми кои ја објавија оваа вест е и угледниот „Марка“. Несреќата наводно се случила во покраината Замора, на 65-тиот километар од автопатот А-52 во близина на општината Паласиос де Санабрија. Како што се наведува, возилото излетало од патот и се запалило. Потоа пожарот се проширил и на ...

Костадин Костадинов, актуелен градоначалник на Струмица, објави дека ќе започне ново интерпартиско делување. Во својата објава на Фејсбук, поранешниот пратеник и портпарол на СДСМ посочи дека е свесен за состојбата во која се наоѓа неговата партија и ѝ посака успех – во барем една општина. „Свесен за тешката состојба во која се наоѓа мојата партија, од безидејноста, сакам да помогнам – за жал нема како… До тогаш посакувам среќа да се победи во ...

Основниот суд Куманово донесе пресуда со која обвинението против кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски се одбива, бидејќи јавниот обвинител се откажал од обвинението, соопшти кумановскиот суд. -Основниот суд Куманово заради интерес на јавноста за постапката по предметот на Основен суд Куманово К-115/24 против обвинетиот М.Д. од Куманово за кривично дело-злоупотреба на службената положба и овластување од чле. 353 ст. 4 в.в. со ст. 1 од ...

Судијата Африм Фидани и официјално е претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија откако денеска даде свечена заклетва во Судскиот совет. „Изјавувам и се колнам дека функцијата претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија суд ќе ја вршам чесно, совесно независно и одговорно, ќе ги почитувам Уставот и законите на Република Северна Македонија и дека ќе ги почитувам слободите и правата на граѓанинот“, е свечената ...

Полициски службеници од ОВР Пробиштип го привеле 64-годишниот В.Ј. од Злетово, откако управувал возило под дејство на алкохол и излетал од коловозот. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил околу 20 часот на регионалниот пат помеѓу селата Лесново и Злетово, кога возачот, управувајќи патничко возило марка „Шевролет Спарк“, изгубил контрола и излетал од патот. При увидот, полицијата утврдила дека В.Ј. бил ...

Бранителот на титулата Мексико ќе се соочи со домаќинот САД во финалето на Голд Купот, првенството на Северна и Централна Америка. Мексиканците го победија Хондурас со 1-0 во полуфиналето, додека Американците беа подобри од Гватемала со 2-1. Бранителот на титулата стигна до финалето благодарение на голот на Раул Хименез. Напаѓачот на Фулам погоди во 50-та минута. Американците се пласираа во финалето благодарение на Диего Луна. Фудбалерот на ...

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје денеска соопшти дека е регистрирана енормно зголемена потрошувачка на вода, особено во попладневните часови. Според податоците од системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка, на 23 јуни биле потрошени рекордни 356.000 кубни метри вода, што значи дека просечната потрошувачка изнесувала околу 700 литри по жител. Од претпријатието апелираат до граѓаните на градот Скопје на совесно и ...

Европскиот парламент следниот четврток ќе гласа за предлог за доверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поради тајните пораки што таа ги разменила со извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурл, во 2021 година, за испорака на вакцини од ЕУ во екот на пандемијата на коронавирусот. Шестмина функционери за „Политико“ изјавија дека фон дер Лајен ќе присуствува на дебата со пратениците во Стразбур во понеделник, по што ...

Откако „големиот, прекрасен“ закон тесно го усвои Сенатот, изменетата верзија беше испратена до Претставничкиот дом на гласање, а како што пишува АП, републиканците се соочуваат со предизвици во обидот да го усвојат пакетот за намалување на даноците и буџетот на претседателот Доналд Трамп, кој инсистира законот да биде усвоен до 4 јули. Усвојувањето на законот беше обележано со бројни пречки, од кои најзначајна беше несогласувањето меѓу самите ...

Исчезнувањето на големото крволочно животно од приватна нелегална зоолошка градина во Бугарија се претвори во вистинска прекугранична потрага и предизвика бран страв кај жителите на романскиот округ Ѓурѓу, откако двајца локални мажи пријавија дека го виделе необичното животно во дивината – на романската страна од Дунав. Иако сè уште не е сигурно дали станува збор за црн леопард или за некое друго егзотично животно, локалните власти остануваат ...

Учеството на Арбен Таравари од Алијансата за Албанците во неформалната прошетка на премиерот Еди Рама, заедно со функционерите од ДУИ, ден претходно низ Старата чаршија во Скопје, предизвика реакции од неговите поранешни соработници од коалицијата ВЛЕН. Тие особено ја коментираа блискоста на Таравари со Бујар Османи, висок функционер на ДУИ, кој на последните претседателски избори му беше противкандидат за функцијата претседател на државата. ...

Пратеничката група на опозицискиот СДСМ најави дека поднесува 160 амандмани на ребалансот на Буџетот, оценувајќи дека предложениот ребаланс не нуди подобрување во економијата, туку претставува доказ за, како што велат од партијата, целосниот неуспех на економската политика на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата оценуваат дека со ребалансот не се предвидени средства за соодветно покачување на платите на работниците, за поголеми плати ...

Денеска ВЛЕН најави кривична пријава против поранешното раководство на Државниот завод за статистика (ДЗС) како и против врвот на поранешната Влада на ДУИ и СДСМ за Пописот 2021. Во соопштението се наведува: Во име на ВЛЕН, ве известуваме дека ќе поднесеме кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против тогашното раководство на Државниот завод за статистика, други одговорни и раководни лица во врвот на поранешната Влада на ДУИ ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не го разгледал извештајот на Европскиот Парламент во кој известувачот за Македонија Томас Вајц, изразува загриженост за зголемено српско влијание во земјава. Во извештајот се наведува дури и дека Македонија е дел од „српски свет“, националистичка идеологија која има за цел да го зголеми влијанието на Белград, но Мицкоски не се согласува со таа констатација и вели дека реалноста во пракса по доаѓањето на ...

Проблемот со училиштето во селото Нерова изгледа оди кон конечно решение. Владата со последната одлука ја задолжи Општина Крушево да ги преземе сите неопходни мерки за легализација на училишниот објект. Според нашите информации, извршниот орган, по добиениот извештај од работната група составена од неколку институции, утврдил дека прашањето со училиштето во Нерова е во надлежност на локалната власт, но наложил решавање на нејзиниот статус, ...

Јавноста и опозицијата не ја пречекаа со одобрување изјавата на Kомесарката за проширување на Европската Унија за македонската традиција и идентитет, во која ги спомна локалните традиционални јадења. Од СДСМ апелираат за внимателност при давање вакви изјави. СДСМ: „Очекувавме Kомесарката Кос да го нагласи она што самата ЕУ го има потврдено во сите документи и сите договори – дека македонскиот јазик и идентитет се целосно признати од Унијата. И ...

Шумскиот пожар на вториот крак на Халкидики во регионот на Вурвурy од ноќеска е ставен под контрола. Не постои никаква опасност за туристичките сместувачки капацитети или домовите во Ситонија. Посетителите и жителите можат да останат мирни, бидејќи ситуацијата е нормализирана, напиша на Фејсбук градоначалникот на општината Јоанис Малинис. Малинис додаде дека постоела масовна мобилизација и благодарение на брзата интервенција на силите на ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
30%
1023
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
2.24
42%
1023
weather icon

Загреб

31ᴼ / 28ᴼ
2.06
42%
1022
weather icon

Софија

25ᴼ / 24ᴼ
3.09
36%
1024
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.54
29%
1024
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
1.54
62%
1022
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
7.72
39%
1021
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.63
31%
1021
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
29%
1022
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
2.06
39%
1025
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
2.57
43%
1023
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.17
36%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941