Жените во Данска ќе можат да се приклучат на војската, сѐ со цел да се зголеми бројот на војници и да се зајакне одбраната. Според законот усвоен од данскиот парламент во јуни 2023 година, Данска ќе бара од жените кои ќе наполнат 18 години по 1 јули 2025 година да се регистрираат за проценка за можна воена служба, усогласувајќи се со мерките што веќе се во сила за мажите, објавува CNN. Досега, жените, кои сочинуваа околу 24 проценти од сите ...

Најголемиот шумски пожар во Калифорнија оваа година, пожарот Мадре, продолжува да гори во централниот дел од државата, бидејќи екстремната топлина и сушните услови значително го зголемија ризикот од шумски пожари низ целата држава, објави АП. Пожарот, кој избувна во округот Сан Луис Обиспо во среда, изгоре повеќе од 83 квадратни милји (212 квадратни километри) и беше локализиран само 10 проценти доцна во неделата, соопштија официјални лица. ...

Владата наскоро ќе започне со преиспитување на лиценците што им биле издадени на компаниите за преработка на канабис за медицински цели. Оваа одлука на извршната власт доаѓа поради злоупотребите направени од овие субјекти, при што канабисот, наместо за медицински цели, завршувал на црниот пазар. Таков е случајот со заплената на над 100 килограми во Струмица. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека многу скоро јавноста ќе дознае кој министер, од ...

Преспанскиот договор беше голема цена, а мислам дека и Бугарија се инспирира од него за да поставува свои барања, смета претседателката Гордана Сиљановска Давкова. – Тоа е голема цена, тогаш ни требаше НАТО, а ние им требавме ним. НАТО не беше на референдумското прашање, беше само ЕУ. Најголемата грешка кон нас е грешката во Букурешт. Дотогаш одевме нагоре во развојот во секој поглед. Потоа незаслужено останавме надвор. Правам голема разлика ...

Неколку лица се повредени, меѓу кои тројца со тешки изгореници, по експлозија на бензинска пумпа во главнот италијански град Рим, јавуваат медиумите. Силна експлозија на дистрибутивната станица за бензин, дизел и течен нафтен гас (LPG) на Виа деи Гордијани се слушнала низ целиот италијански главен град. #Últimahora 🚨 Sentida en #Roma una fuerte explosión originada en un depósito de combustible de #Centocelle. Hay varios heridos.#Rome #Italia ...

Израелската армија употребила бомба од 230 килограми во нападот врз кафуле во Газа во понеделникот, а експертите велат дека употребата на таква муниција покрај присуство на многу незаштитени цивили, вклучувајќи деца, жени и постари лица, може да претставува воено злосторство, објави „Гардијан“. Експертите за меѓународно право велат дека употребата на неселективно оружје генерира масивен експлозивен бран и расфрла шрапнели на широка површина. ...

По целосна анализа на штипска Апелација и увид во состојбите одлучивме судењето за пожарот во ноќниот клуб Пулс во Кочани да го води Кривичниот суд во Скопје, изјави Африм Фидани, кој денеска и официјално ја положи заклетвата како нов претседател на Врховниот суд. Фидани рече дека оценка се правело и на состојбата во судовите на околните градови во близина на Кочани. „Што се однесува до основен суд во Кочани, каде што јас и бев одговорен за ...

Ја повикуваме Комисијата да предложи двегодишно „паузирање“ на Законот за вештачка интелигенција, пред да стапат во сила клучните обврски од него, се наведува во писмото, меѓу чии потписници се и првите луѓе на „Ербас“, „Тотал “, „Луфтханза“, АСМЛ и „Мистрал“. Во писмото компаниите посочуваат дека „нејасните, преклопувачките и сложените“ одредби на регулативата ги ограничуваат нивните можности за работење во Европа. Според потписниците на ...

Кумановци утрово повторно реагираа на мирис на пластика и бараат надлежните органи да интервенираат и да ги фатат сторителите, информира РЦУК Куманово. – Од 112 утринава во 05:40 часот имаме поплака од граѓанин кај автобуска станица на Куманово на загаден воздух кој мириса на пластика и бара од надлежните да излезат на терен да ги најдат виновниците кои цело време палат пластика и го загадуваат воздухот во Куманово, велат од РЦУК. Граѓаните од ...

Во Белград и други српски градови од утрово се поставуваат блокади на бројни локации откако студентите ги повикаа Белград, Нови Сад и Ниш целосно да се блокираат. Министерството за внатрешни работи предупреди дека блокадите се незаконски и дека ќе бидат преземени сите потребни мерки за да се заштитат јавниот ред и мир. Блокади во Србија има веќе пет дена, како реакција на апсења на демонстранти. Полицијата кажа дека вчера биле приведени 79 ...

Еден македонски државјанин го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад-Суботица, додека друг е тешко повреден, потврдија од Полициската управа на Суботица за РТС. Возило „КИА“ со македонски регистарски таблички, кое се движело по автопатот кон Хоргош, излетало од патот кај населбата Вишњевац, помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица Суботица, а потоа се превртело. Во несреќата загинал сопатникот ...

Претседателот Доналд Трамп најави дека нема да ја продолжи 90-дневната пауза за примената на глобалните реципрочни царини, која завршува на 9 јули. Наместо тоа, најави дека ќе испрати официјални писма до одделни држави, во кои детално ќе бидат наведени тарифите што ќе ги плаќаат за да имаат пристап до американскиот пазар. Оваа најава следува веднаш откако беше претставен нов трговски договор со Виетнам. Со него, стоките од САД ќе може да се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп по вчерашниот разговор со рускиот лидер Владимир Путин изјави дека не е задоволен од ситуацијата во Украина и дека не постигнале напредок во решавање на конфликтот. „Разговаравме за многу работи за време на овој прилично долг разговор, вклучително и за Иран. Разговаравме и за конфликтот во Украина и не сум задоволен (од ситуацијата)“, им рече Трамп на новинарите во воздухопловната база Ендрус. Трамп ...

Државата изгуби речиси 40 милиони евра од Планот за раст на Европска Унија што беа наменети за поддршка на реформите што директно влијаат врз економијата, енергетиката, образованието и стандардот на граѓаните, соопштија денеска од ДУИ. „Неспособноста, некоординираноста и институционалниот хаос станаа пречка дури и за повлекување на веќе одобрени фондови. Министерството за енергетика доби негативна оценка од Брисел за реформите што требаше да ги ...

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет трет ден денеска треба да продолжи расправата за ребалансот на Буџетот. На вториот ден од расправата, вчера пратениците од власта и опозицијата продолжија со меѓусебни обвинувања – за пратениците од власта предложениот ребаланс ја отсликува стабилната и одговорна економска политика на Владата со повеќе средства за плати, пензии и капитални инвестиции, додека за опозицијата тој е обид да се ...

Во последните денови, селата на Шар Планина, но и пониските делови на селата, се соочуваат со проблеми поради појавата на мечки. Освен штетите кои ги прават на добитокот и пчеларите, последно, како што беше случајот вчера во селото Синичани, започнаа и напади врз луѓе. Случаите на напади се сè почести – вчерашниот напад во Синичани врз 41-годишна жена, а татко и син исто така биле нападнати во селото Гајре, Тетово. „Овој феномен не се однесува ...

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде од 10 до 20 Целзиусови степени, а во текот на денот од 30 до 40 степени. И во Скопје денеска ќе има сончево и многу топло време со слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе биде од 18 степени наутро, до 40 во текот на денот. За утре, од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најавуваат ...

На граничниот премин со Србија „Табановце-Прешево“ денеска ќе биде пуштен во употреба системот One Stop за заедничка интегрирана контрола. На официјалниот старт на One Stop системот ќе присуствуваат министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ. Воведувањето на овој систем, како што изјави неодамна министерот Тошковски, ќе овозможи многу побрз проток на граѓани на „Табановце-Прешево“, кој моментално е ...

Бришењето на македонскиот јазик и македонскиот идентитет од Извештајот за Северна Македонија во Европскиот парламент е исто толку лошо како да се опишува како „модерен“, вели премиерот Мицкоски. Тој коментираше за извештаите во бугарските медиуми дека веќе постои консензус во Европскиот парламент за бришење на јазикот и идентитетот од извештајот. Од СДСМ велат дека единствениот виновник за она што се случува со идентитетот во ЕУ е Мицкоски. ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова рече дека верува оти изјавата на еврокомесарката за проширување Марта Кос од пред два дена, со која таа го опиша идентитетот на земјава низ призма на македонската кујна, е случајна и несреќна. Таа ова го кажа во интервју за Канал 5, прашана дали смета дека изјавата на Кос е дадена во несреќен момент или, пак, е потврда оти европските бирократи не разбираат со кои проблеми се соочува земјава. „Како ...

Ова лето и тоа како може да ви загорчи одморот во Охрид. Пиењето кафе покрај Охридското Езеро станува луксуз и се движи од 120 до 180 денари.Цените на храната исто така рушат рекорди, на пример за пица ќе треба да одвоите околу 8 евра, топка сладолед се движи од 70 до 120 денари, домашно пиво од 150 до 250 денари. Ручек во ресторан за тричлено семејство од 2000 денари па нагоре во зависност од локацијата. Иако заменик министерот за економија, ...

Астрономите следат објект што се движи кон нас, а кој би можел да доаѓа од друг ѕвезден систем, објави АП. Научниците открија нешто што би можело да биде само третиот познат меѓуѕвезден објект што поминува низ нашиот Сончев систем, соопшти синоќа Европската вселенска агенција (ЕСА). Безопасниот објект моментално е во близина на Јупитер, стотици милиони километри од Земјата, и се движи кон Марс, но според научниците не би требало да се приближи ...

По седум недели, поротата одлучи дека Кеси Вентура и друга поранешна девојка на Пи Диди не биле жртви на рекетирање и сексуална трговија. Со ова, музичарот избегна доживотна казна затвор, но се очекува пресудата за уште неколку помали обвиненија. По судењето кое траеше седум недели, Шон Комбс, попознат како Пи Диди, беше ослободен од најсериозните обвиненија – сексуална трговија со луѓе и рекетирање. Доколку беше прогласен за виновен, ...

Методологијата на пописот од 2021 година е направена за да ги излаже Албанците, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој ја обвини СДСМ, но особено ДУИ, за тоа што немаме последен реален попис. Европскиот фронт смета дека Уставниот суд ја поништи само поделбата на населението на резидентно и нерезидентно, а вкупната бројка е реална. Велат дека доколку Обвинителството не преземе мерки против премиерот, тие ќе го сторат тоа самите. „Го прашуваме ...

Партнерите во владината коалиција, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, водат преговори за меѓусебна поддршка на локалните избори, односно за поддршка на одредени кандидати во неколку општини. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека утре ќе има средба со Максим Димитриевски, а во недела ќе се дискутира на Извршниот комитет на партијата. Во меѓувреме, партијата ЗНАМ е оптимистична за постигнување договор. Иако преговорите сè уште не се завршени со ...

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, синоќа ги откри 11-те нови имиња на кандидати кои ќе се борат за градоначалнички мандат на локалните избори во октомври, меѓу кои и за Куманово, Охрид и Струмица. Веднаш по објавата на кандидатите од страна на Филипче, градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој веќе два мандата ја води општината како кандидат на СДСМ, соопшти дека го замрзнува своето членство во СДСМ, сè додека, како ...

Трите најголеми политички сили во Европскиот парламент – Европската народна партија (ЕНП), Прогресивниот сојуз на социјалистите и демократите (С&Д) и Обнова – се согласиле да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на Северна Македонија кој треба да се гласа на пленарната седница на Европскиот парламент на 8 јули, објави бугарската агенција БГНЕС. Информацијата на Фејсбук ја ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање за објавите во бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент се согласиле да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на земјава истакна дека на талибански начин се бришат македонскиот идентитет и македонскиот јазик од Ивештајот на ЕП. -За жал, оние ...

Поскапени се угостителските услуги, но и прехранбените производи по завршувањето на владините мерки. Цените не ја одразуваат ралната економска состојба на граѓаните, посебно на работниците. Повеќето од нив не можат да си дозволат да се напијат кафе на плоштад зашто е енормно скапо, смета претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство занаетчиство и заштитните друштва на Македонија ...

Без разлика колку археолозите и египтолозите ја истражуваат историјата на Египет, тие постојано доаѓаат до откритија што менуваат сè што дотогаш мислевме дека знаеме за историјата и животот во антички Египет. Така, ДНК тестот на коските на човек кој живеел пред 4.500 години во долината на Нил открил дека потекнува од друга голема цивилизација од тоа време – Месопотамија, која била оддалечена 1.500 километри. Коските на човекот кој имал околу 60 ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
30%
1023
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
2.24
42%
1023
weather icon

Загреб

31ᴼ / 28ᴼ
2.06
42%
1022
weather icon

Софија

25ᴼ / 24ᴼ
3.09
36%
1024
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.54
29%
1024
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
1.54
62%
1022
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
7.72
39%
1021
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.63
31%
1021
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
29%
1022
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
2.06
39%
1025
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
2.57
43%
1023
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.17
36%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941