Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Со креативна работилница и заедничко уметничко творење изминатиот викенд во Основното училиште „Петар Поп-Арсов“ во Скопје беше реализиран настанот „Уметноста на инклузијата“, во организација на Специјалната олимпијада Македонија и со поддршка на НЛБ Банка, чија цел е поттикнување социјална инклузија преку уметност. Креативната работилница претставува дел од пошироката стратегија на Специјалната олимпијада Македонија за поттикнување социјална ...
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците одржа расправа на која денеска беа разгледани и се одлучуваше по 26 амандмани за измени и дополнување на предлогот на закон за Советот на јавните обвинители на Македонија, второ читање, предложен од Министерството за правда. За предлозите на пратениците, членови на Комисијата, јавно произнесување и образложенија даде заменик министерот за правда Ален Деребан кој прифати ...
Во штипското Општинско основно училиште „Ванчо Прќе“ денеска беше одбележан Денот на кинескиот јазик. Директорот на ООУ „Ванчо Прќе“ Кокан Радев вели дека ваквите активности им отвораат нови видици на учениците и им даваат шанса да запознаат поинакви, но многу интересни култури. Во програмата имаше содржини што ја доближија кинеската традиција, јазик и обичаи до младите. -Се надевам дека ова ќе отвори за нашите ученици нови хоризонти, ќе се ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека ќе има уште еден сосатанок со, како што рече, заинтересирана група и оти тој ќе биде последен од состаноците што досега ги имаше во врска со законот за високо образование. -Законот е веќе затворен, но да ги сослушаме сите што побараа средба и потоа ќе оди во владина процедура, што значи потреба законодавството да го провери уште еднаш законот, за да види дали е во согласност со ...
Во пресрет на летната сезона на пожари, Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Општина Струга ја интензивираат меѓусебната координација со цел јакнење на оперативната подготвеност и ефикасниот одговор при евентуални кризни состојби. Како што соопштија од ЦУК, директорот на Центарот, Мухамед Али, остварил работна средба со градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќира, на која биле разгледани можностите за продлабочување на институционалната ...
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија упатува искрени честитки до господинот Румен Радев, како и до партијата Прогресивна Бугарија за остварениот изборен резултат на парламентарните избори во Република Бугарија. Очекуваме новата Влада да придонесе кон натамошно зајакнување на демократските процеси, владеењето на правото и доследно почитување на европските вредности и стандарди, вклучително и исполнување на Копенхашките критериуми, се вели во ...
На Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска беше отворена новата Лабораторија за органска хемија. Инвестицијата за едукативно-научната лабораторија е во вредност од 2 милиони денари и е обезбедена со поддршка од УКИМ, Министерството за образование и наука и со сопствени средства на факултетот. Лабораторија има современа опрема и ќе овозможи унапредување на наставно-научната работа и создавање ...
Американец уби седум свои деца и уште едно дете во пукање во градот Шревепорт во сојузната држава Луизијана, што полицијата го опиша како „домашно насилство“. Децата биле на возраст од една до 14 години. Убиецот е идентификуван како 31-годишниот Шамар Елкинс. Тој застрелал десет луѓе, пред да избега со украден автомобил. Полицијата го убила откако тргнала по него. Две возрасни жени, вклучувајќи ја мајката на децата, се во критична состојба. ...
Земјотрес со магнитуда од 7,5 степени го погоди североисточниот брег на Јапонија, а властите ги повикаа жителите да се држат подалеку од крајбрежните области каде што се очекуваат цунами-бранови до 80 сантиметри, пренесува Ројтерс. Неколку пристанишни градови, вклучувајќи ги Отсучи и Камаиши – двата тешко погодени од силен земјотрес и цунами во 2011 година – издадоа наредби за евакуација на илјадници жители. Премиерката Санае Такаичи изјави ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, ќе учествуваат на панел-дискусии на 11. Економски форумм што од 22 до 25 април ќе се одржи во малиот планински град Делфи во централна Грција. Форумот, што традиционално секоја година се одржува во април оваа година, е со наслов „Шокот на новото“, а ќе учествуваат 1.200 говорници, од ...
Македонија и Казахстан ќе ги засилуваат економската соработка и трговската размена. За таа цел, вториот македонско-казахстански бизнис-форум во Скопје и потпишувањето два значајни документи ќе дадат нов импулс на соработката меѓу бизнис-заедниците и ќе придонесат за зголемување на трговската размена. Ова беше заклучено на заедничката прес-конференција меѓу министерот за надвореши работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за ...
Управата за јавни приходи потсетува дека на 16 април истекоа законските рокови за плаќање на разликите по годишните даночни биланси за 2025 година и ги повикува обврзниците кои сè уште не извршиле уплата тоа да го сторат без одлагање. Од вкупно 19.550 поднесени биланси за данок на добивка, данок на вкупен приход и данок на личен доход кај вршителите на дејност во кои е искажана обврска за плаќање, кај 10.252 е евидентирана уплата, што, според ...
Мала Речица е во состојба на клиничка паника бидејќи Демократската унија за интеграција (ДУИ) веќе не брани народ, туку исклучиво ги штити криминалците што му се по мерак на Али Ахмети, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. Додека институциите конечно го расплетуваат деценискиот криминален јазол, оваа партија се враќа на својата единствена фабричка поставка, ширење лажни вести и глумење политички жртви. Но, граѓаните веќе не ги купуваат ...
Првиот заменик вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали денеска на состанок со шефовите на мисии на земјите членки на ЕУ го презентираше напредокот во спроведувањето на Реформската агенда 2024–2027. Како што посочуваат од Кабинетот на министерот за европски прашања, од вкупно 21 доставен реформски чекор, за 16 се очекува позитивна оценка, со што би се овозможило ослободување на околу 70 милиони евра финансиска поддршка. ...
Почна реконструкција и изградба на улицата Васко Карангелевски во Куманово, соопштија денеска надлежните. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски информираше дека на улицата Васко Карангелески, во населба Гоце Делчев во Куманово се изградени нови тротоари, а улицата е целосно подготвена за асфалтирање. – Продолжуваме посветено да ја подобруваме инфраструктурата и условите за живот на сите граѓани- истакна Димитриевски. За изградбата ...
Делегација на Собранието на Македонија од денеска до 24 април ќе учествува на вториот дел од редовната сесија на Парламентарното собание на Совет на Европа (ПССЕ) во Стразбур – соопшти денеска собраниската прес-служба. Делегацијата, како што е наведнео, е предводена од заменик-претседателката Иванка Василевска, а во состав се и Беким Ќоку и Бисера Костадиновска-Стојчевска. Обраќања ќе имаат Денис Беќировиќ, претседавач со Претседателството на ...
– Максималните малопродажни цени на дел од нафтените деривати од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени во просек за 2,13 отсто. Новата максимална малопроджна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 80,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 82,5, а ...
Со сведочење за функционирањето на инспекциските служби и нивната координација со општинската администрација, денеска продолжи судската постапка за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На рочиштето во судницата во „Идризово“ сведочеше поранешниот главен секретар на Општина Кочани, Александар Јосифов, кој изјави дека во периодот од 2017 до 2021 година, и покрај постоењето повеќе инспекциски служби, во Општината немало раководител на ...
Министерот за јавна администрација Горан Минчев оствари билатерална средба со министерот за правда на Босна и Херцеговина, Давор Буноза на маргините на Министерската конференција што се одржува во Будва, во рамки на Берлинскиот процес. Средбата, информираат од Министерството за јавна администрација (МЈА), беше посветена на продлабочување на досегашната билатерална соработка меѓу двете институции, при што беа разгледани можностите за ...
Брза помош беше повикана на паузата од денешното рочиште за случајот „Пулс“ во судницата во „Идризово“ поради влошување на здравствената состојба на првообвинетиот Дејан Јованов‑Деко откога неговата одбрана побара замена на притворот со мерка куќен притвор. Адвокатката Коцевска на паузата во изјава за медиумите рече дека на Деко му била направена сериозна операција на лумбалниот ‘рбет на две нивоа. – И покрај жалбите за укинување на мерката ...
Министерот за правда, Игор Филков, на денешното обраќање пред амбасадорите на земјите членки на Европската Унија и претставници на меѓународната заедница, ја потврди цврстата посветеност на Владата кон реформите во правосудството. Наш фокус во овој период се мерките со рок до јуни 2026 година. Работиме интензивно, со јасна динамика и мерливи резултати – истакна Филков. Тој информира дека Министерството за правда активно работи на измени на ...
Со несмалена динамика се реализира акцијата за чистење и уредување на јавните површини во сите населени места, во која се вклучени екипите на општината Маврово и Ростуше, поддржани со соодветна механизација. -Акцијата опфаќа темелно чистење на патиштата и сите места каде што се движат граѓаните. Се посветува внимание на секој квадрат, од кастрење на вегетацијата и чистење на наносите, до поправка на урбаната опрема. Екипите се присутни на ...
Во мај почнува уписот на првачиња, информира Снежана Санева раководител на Секторот за образование ЛЕР и јавни дејности во општина Штип. Таа посочи дека родителите на децата родени во 2020 година треба навреме да ги запишат своите деца и овој пат нема да има никакви промени со реонизацијата, што значи дека секое дете ќе посетува училиште во својата населба. Сите основни училишта ќе објават огласи, а информациите ќе бидат јавно достапни. ...
Реформската агенда повеќе не е само план на хартија, таа дава конкретни, мерливи резултати – напиша премиерот Христијан Мицкоски денеска на својот фејсбук-профил по средбата во Владата со амбасадорите од Европската Унија. На средбата, како што пишува, било разговарано за напредокот и за следните чекори во спроведувањето на реформската агенда. – Во изминатиот период го забрзавме спроведувањето во сите клучни области. Неколку чекори се веќе ...
Европската куќа Струга во соработка со Општина Струга и спортскиот клуб Соларис на 16 мај организираат меѓународната велосипедска тура околу Охридското Езеро. Вело турата, како што наведуваат, во должина од 90 километри, е по повод Денот на Европа, а ќе се реализира Струга – Поградец – Охрид – Струга. – Учесниците може да очекуваат заедничко возење низ три града и нови познанства по пат, освежување и музички пунктови што ја прават турата ...
Сведокот Драган Ананиев, вработен во Општина Кочани, на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во судницата во „Идризово“ изјави дека работел и како главен општински секретар, но дека намал законска надлежност за контрола на инспекциските служби. Сведокот појасни дека од 2023 година бил назначен за главен инспектор во Општината и било формирано посебно одделение за инспекциски служби, и тоа сообраќајна, комунална, градежна и за ...
Министерството за здравство попладнево информира дека прави максимални напори за обезбедување на потребната терапија за пациентите со ретки болести, дека тие непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија, вклучувајќи го и лекот за туберозна склероза – „сиролимус“. – Инаку, со новиот Закон за лековите се предвидени и побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови преку модернизација на системот, скратување на времето за ...
Почнаа градежните активности за реконструкција на улица 13 во селото Таринци, како дел од планираните инфраструктурни проекти на Општина Карбинци за 2026 година. Градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов, на денешната прес-конференција рече дека по надминувањето на имотно-правните пречки, денеска стартуваа градежните работи на втората улица, која се реконструира со поддршка од Министерството за транспорт и врски. – Со тоа што во ...
Сивата економија останува една од најголемите закани за формалното стопанство во државата, изјави денеска Агрон Фазлији, од Занаетчиската комора на Македонија. Занаетчиите бараат засилени мерки за нејзино сузбивање, но и воспоставување фер и рамноправни контроли на пазарот, со цел заштита на регистрираните субјекти. Од Комората укажуваат дека е неопходна континуирана и системска борба против нерегистрираната економија, која, според нив, ...
Разловци и Делчево ги финализираат подготвките за одбележувањето на 150 години од Разловечкото востание – симболот на македонската борба за слобода. Обединети под мотото „Искра за вечна слобода“ во Делчево и Разловци ќе се организираат низа настани, во кои активно се вклучени сите фактори од културата во Делчево, од образовните институции, од општинската администрација, комуналното претпријатие, општествено одговорни фирми и граѓани и секако ...