Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари годинава изнесувала 46.159 денари и во однос на февруари минатата година е повисока за 7,2 проценти – објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12,3 проценти, Рударство и вадење камен за 10,6 проценти и ...

Вашата земја беше пример за целиот регион долго време и не сакаме овој напредок да се изгуби. Австрија и понатаму ќе биде еден од најголемите поддржувачи на вашиот пат кон ЕУ. Патот кон ЕУ е вистинскиот пат, оној што води кон трајна стабилност и просперитет – порача денеска австрискиот канцелар Кристијан Штокер на заедничката прес-конференција по средбата со премиерот Христијан Мицкоски. Како што истакна Штокер, пристапувањето мора да биде ...

Компаниите што прават стратегија на долги рокови и размислуваат долгорочно ќе успеат да се справат со предизвиците од кризата што настана поради конфликтот на Блискиот Исток – смета Боријан Борозанов, директор за производство за Европа во „Џонсон Мети“ и претставник на Британската бизнис-асоцијација, која денеска одбележа три години од основањето. Борозанов во одговор на новинарско прашање рече дека досега нема отпуштања од „Џонсон Мети“ во ...

Денеска се одржа третата седница на Советот за следење на реформите во правосудството – информираат од Министерството за правда. Како Министерство, велат, работиме посветено и со засилен интензитет, а резултатите го потврдуваат тоа. – Повеќе од половина од планираните активности за 2025 година се веќе реализирани, што претставува значителен напредок. Според податоците, од вкупно 116 планирани активности, 66 се целосно реализирани, а 50 се во ...

Европа е на раскрсница – дали ќе продолжи само да реагира на кризите, или ќе почне да води. Од Виена, премиерот Христијан Мицкоски испрати порака дека времето на декларации изминува, а доаѓа време кога одлуките ќе ја одредуваат иднината на континентот. Во услови на безбедносни предизвици, енергетска неизвесност и економски турбуленции, според него, разговорот за инвестиции, трговија и развој не е само техничко прашање – туку прашање за тоа ...

Македонија и Австрија имаат извонредни билатерални односи во сите сфери, но постои голем простор и потенцијал за интензивирање на економската соработка, оценија премиерот Христијан Мицкоски и австрискиот канцелар Кристијан Штокер на денешната средба во Виена. Како што истакнаа на прес-конференција, можност за јакнење на бизнис врските има во повеќе области, посебно во делот на инвестициите и туризмот. Мицкоски и Штокер информираа и за мерките ...

Демократска партија на Турците на Македонија (ДПТМ) соопшти дека внимателно, одговорно и со висок степен на посветеност го следи процесот на донесувањето нов закон за високото образование, се наведува во соопштението на партијата. Во таа насока, преку континуирани консултации со релевантни институции, како и со експерти од областа на правото и образованието, нашите ставови, оценки и резерви – особено во однос на заштитата на правата и ...

Во рамки на работната посета на Виена, Австрија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, оствари средба со министерката за Европа, интеграција и семејство на Република Австрија, Клаудија Бауер. На средбата, како што сопшти МНР и НТ, станало збор за актуелните состојби и приоритети поврзани со европската агенда на државата, при што ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека потврдите за платените санкции од сообраќајниот систем „Безбеден град“, кои ги платиле во банка или електронски, нема потреба да ги носат во полициска станица. -Системот на МВР автоматски е поврзан со системот на Министерството за финансии, а притоа граѓаните се должни при уплатата да ја пополнат уплатницата како во правната поука на записникот, а тоа значи дека треба точно да се ...

Националната Установа-Универзитетска Библиотека (НУ-УБ) „Гоце Делчев“-Штип денеска одбележа 23 години од постоењето на Инфобусот, единствената мобилна информатичка библиотека. Директорката на НУ-УБ „Гоце Делчев“-Штип, Ивана Биџовска истакна дека денеска се прославува мисијата на еден проект, кој веќе над две децении ги премостува разликите и носи знаење до најдалечните населени места во општините Штип и Карбинци. -Инфобусот денес опслужува ...

Здравствените работници оценуваат дека опфатот со вакцинација во Гостиварско има пораст и интересот на родителите за вакцинирање на децата е зголемен. Во Здравствен дом и службата за вакцинација, се води евиденција за опфатот со вакцинација и податоците кои ги споделија по повод „Европската недела на имунизација“: со ДПТ процентот е 92 додека со МРП вакцина опфатот изнесува 89 проценти. Тоа, споредно со претходните години е показател дека има ...

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска во Виена остварил средба со сојузниот министер за земјоделство и шумарство, заштита на климата и животната средина, региони и управување со води, Норберт Тошниг, при што фокусот бил ставен на управување со води, заштита на природата и зелената транзиција. Министерот Хоџа, како што соопшти неговиот Кабинет, ги претставил приоритетните инвестиции во секторот води, а бил ...

По повод Светкиот ден на книгата и авторското право – 23 Април, во библиотеката “Кочо Рацин” при Национална установа Центар за култура Крива Паланка, денеска беа наградени најредовните читатели. Дипломи и книги, како симболична награда, од директорот на НУЦК Крива Паланка, Сашко Додевски им беа врачени на најмладите читател и читателка, како и на тројца читатели од возрасна категорија. -По повод Светскиот ден на книгата и авторското право ...

И покрај оптимистичките најави на градоначалникот Ќура дека посебниот предлог-закон за уредување на крајбрежјето, на кој што работат двете општини Охрид и Струга, ќе биде готов до март, истиот сѐ уште не е доставен до Собранието и ресорното министерство. Изготвувањето на законско решение оди бавно и е комплексен проблем, актуелен со децении. Целта е да се најде најадекватно решение со кое ќе се стави крај на узурпацијата и приграбувањето на ...

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али денеска оствари работна средба со директорот на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) Игор Лазаревски, во рамки на активностите за унапредување на институционалната соработка и размената на податоци. Фокусот на разговорите, информираат од ЦУК, беше ставен на унапредување на соработката во делот на обезбедување клучни метеоролошки податоци, неопходни за ефикасно ...

Градоначланикот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска имаше средба со градоначалникот на Матера од Италија, Антонио Николетти. – Во отворена и конструктивна атмосфера, разговаравме за потенцијалите на нашите градови, разменивме искуства и ги поставивме темелите за идна соработка што ќе донесе нови можности за развој. Оваа средба претставува увертира за утрешниот голем и значаен меѓународен настан, официјалниот почеток на „Скопје – Европска ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе оствари поединечни средби со министерката за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Беате Мајнл-Рајсингер, како и со министерката за Европа, Клаудија Бауер. Овие средби, како што информираат од МРиНТ, Муцунски ќе ги оствари како дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, која престојува во работна посета на ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска соопшти дека до овој момент нема добиено известување преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската Унија (RASSF) дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден производ храна за бебиња од брендот HiPP (190-грамско пакување во стаклена тегличка со вкус на морков и компир), кој е предмет на повлекување и истрага во Австрија и во неколку европски земји. Посочуваат ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, го заокружи учеството на Министерската конференција во Будва, одржана во рамки на Берлинскиот процес, со низа билатерални средби со свои колеги и високи претставници од регионот и од Европската Унија, со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во клучните реформски области. Како што соопшти Министерството за јавна администрација, во фокусот на разговорите беа реформите во ...

Светскиот ден на книгата и авторското право, македонското Собрание го одбележа со јавен културен настан „Читај меѓу редови“, посветен на книгата како трајна вредност, извор на инспирација и простор за дијалог меѓу различни искуства, генерации и општествени хоризонти. Во обраќање пред аудиториумот, претседателот на Собранието Африм Гаши истакна дека од книгата произлегуваат, се обликуваат и добиваат трајност мислите и идеите, а за Собранието и ...

Доградба на три нови училници во Основното училиште „Крум Тошев“ во село Трубарево, санитарен јазол, просторија за технички персонал, како и проширување на кујната, наставничкиот кабинет, библиотеката и други придружни простории е предвидено со проектот што се реализира со поддршка на вториот јавен повик на Владата за финансирање инфраструктурни проекти и ова е уште еден пример како со партнерство меѓу локалната и централната власт се ...

Денот на планетата Земја, 22 Април, наставно-воспитниот кадар од образовните институции во Општина Кочани го искористи да се организира отворен ден за прием на новите првачиња од детските градинки. Во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ дојдоа дечињата од предшколска возраст од детската градинка „Павлина Велјанова“ и приватната детска градинка „Амичи“. За целите и задачите на овој интересен несекојдневен проект се разговараше со претставници од ...

Со 67 гласа „за”, 13 „против“ и ниту еден воздржан Собранието на денешната седница ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на предлог-законот за изменување на Законот за Владата на Македонија, со што законското решение ја помина првата фаза од собраниската процедура. Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски во образложението пред пратениците истакна дека преодната, односно техничката влада за спроведување на ...

Швајцарската комора на Северна Македонија „СвисЧам МК“ и Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), поддржани од „MSC Македонија“, на заедничка маса денес диксутираа за современите решенија при транспортот на температурно-чувствителни производи, во кои спаѓаат свежите прехранбени производи од млечно и месно потекло, зеленчукот и овошјето. Настанот кој се одржа во Гевгелија, се реализира како мастер клас на тема ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека многу е комплицирана ситуацијата со Филолозофскиот факултет и дека таа не е надлежна да каже дали некој од кадарот ќе сноси одговорност. – За тоа постојат други институции во земјата. Се надевам дека таа процедура ќе си тече така како што треба. Би сакала да верувам дека ова е изолиран случај и дека не е тенденциозно направен, но токму поради тоа, другите институции ќе си ...

Како претседателка на Клубот за младински прашања и политики, ја најавувам претстојната јавна расправа на тема: „Влијанието на социјалните мрежи врз младите и нивното ментално здравје“. Одлуката е донесена консензуално, што потврдува дека станува збор за прашање од заеднички интерес, надвор од партиските разлики. Јавната расправа ќе се одржи во Собранието на 29 април (среда), со почеток во 11 часот – се вели во соопштението од пратеничката ...

Управа за јавни приходи ги потсетува сите даночни обврзници, кои имаат обврска да поднесат даночна пријава за данок на додадена вредност – образец „ДДВ-04“, дека законскиот рок за поднесување на пријавите за даночните периоди 1.1.2026 – 31.3.2026 година и 1.3.2026 – 31.3.2026 година е 25 април 2026 година. Со оглед на тоа што 25 април 2026 година е неработен ден, крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите се поместува на 27 април 2026 ...

Државната комисија за спречување корупција денеска на седница одлучи да поведе постапка пред надлежн орган за сомневање за злоупотреба на службена положба за директор и в.д. директор на ученички дом. Според информациите добиени од надлежните органи, меѓу кои и Министерството за образование и наука, двете лица не ги исполнувале условите за вработување во ученичкиот дом бидејќи не биле од редовите на вработените, во домот биле сместени и ...

Министерот за здравство Азир Алиу денеска истакна дека со предлог-измените на Законот за здравствената заштита се вреднуваат знаењето, искуството и придонесот на здравствените работници со долгогодишно искуство. Со предлог-измените на Законот е предвидено пензионерите на возраст од 64 до 67 години да продолжат да работат доколку постои потреба, а специјалистите над 67 години да продолжат со работа до 70-годишна возраст. – Со ова се вреднуваат ...

Силна е посветеноста и на македонската и на британската влада на договорот за стратешкото партнерство, што ќе овозможи реализација на клучни инфраструктурни проекти, како и доверба меѓу деловите заедници. Цврстите економски односи се проследени со раст на вупната трговска размена, но и на инвестициите од Британија во Македонија,- беше истакнато денеска на одбележувањето на третата годишнина од формирањето на Британската бизнис-асоцијација ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
26%
1012
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
2.68
34%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
64%
1010
weather icon

Софија

24ᴼ / 23ᴼ
1.54
27%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.13
37%
1012
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
91%
1010
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.66
38%
1015
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
73%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
52%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
5.14
38%
1013
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
5.66
41%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
39%
1016
Currency

61.635

Currency

52.6778

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Родиум

319899.93

Кобалт

45.39

Платина

64172.89

Иридиум

253540.09

Бакар

12.06

Цинк

3.35

Рутениум

51376.89

Калај

50.03

Паладиум

48883.97

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.57

Злато

166450.52