Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево и оваа година ја продолжи својата традиција на поддршка и поттикнување на младите успешни ученици, подарувајќи книги на десетте најдобри матуранти од СОУ „Методи Митевски-Брицо“. Од библиотеката истакнаа дека книгата е најубавиот подарок за оние кои со знаење, труд и посветеност ги остваруваат своите цели, а овој гест претставува признание за постигнатиот успех, истрајноста и љубовта кон ...

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Битола од денеска има две нови пожарникарски возила, донација обезбедена во рамки на македонско-грчкиот проект „Firefly“ поддржан од Европската Унија. Во изјава за медиумите, заменик министерот за локална самоуправа Ерџан Селими истакна дека превенцијата и навременото справување со шумските пожари мора да биде приоритет на секоја институција. -Проектот „Firefly“ е конкретен пример како ...

Нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за Македонија, кој се однесува на периодот до ноември 2025 година, содржи повеќе важни и позитивни оценки за државата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во документот се реафирмира целосната поддршка за членството на Македонија во Европската Унија, врз основа на јасен, мерлив и фер пристап, како и признание за посветеноста на државата кон европската интеграција и ...

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница ја изгласа потребата за носење на предлог-законот за високи раководители, со европско знаменце и во прво читање, и го даде на натамошно читање. Министерот за јавна администрација Горан Минчев на седницата истакна дека законот е дел од реформската агенда и дека првпат се воспоставува единствена правна рамка за именувањето, мандатот, одговорноста и за ...

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) денеска ги додели Годишните награди за млади истражувачи за 2026 година, кои се доделуваат по седми пат во рамки на Kонкурсот за најдобри научноистражувачки трудови од областа на пазарот на капитал. Добитник на првата награда е авторот Горан Христовски за трудот со наслов „Динамична поврзаност на источноевропските пазари на капитал: пристап на проширена заедничка поврзаност“. Трудот, како што информираат ...

Во Битола денеска почна со работа експертска работна група формирана од македонската Влада и со цел преземање мерки за заштита и унапредување на состојбата со моликата на Пелистер. Во изјава за медиумите, директорот на ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола, Иванчо Тошевски, истакна дека во работната група членуваат експерти од областа на животна средина и шумарство. -Во експертската група има луѓе кои се долгогодишни пријатели на Националниот ...

Во Општина Ѓорче Петров во соработка со Агенцијата за вработување на Македонија и Локалниот младински совет денеска се одржа информативен и едукативен настан посветен на можностите за младите, нивното вработување, личен развој и градење успешна професионална иднина. На настанот, како што информираат од општинската прес-служба, беа презентирани мерки, програми и услуги кои им стојат на располагање на овие лица, со цел тие навремено да се ...

Во Министерството за одбрана денеска била остварена средба меѓу заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани и директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али. -Министерството за одбрана претставува значаен партнер на Центарот за управување со кризи во реализацијата на заедничките активности насочени кон унапредување на системот за управување со кризи, како и кон зајакнување на заштитата и безбедноста на граѓаните, наведе ЦУК во ...

Општина Кисела Вода континуирано вложува во создавање на современи услови во училиштата, преку редовни инфраструктурни подобрувања и модернизација на објектите. Изминативе неколку месеци се работеше на повеќе градежни зафати, реконструкции и набавка на опрема, со единствена цел да се унапреди квалитетот на наставата за секој ученик, пишува во денешното соопштение на локалната самоуправа. – Имено, во ООУ „Партенија Зографски“ се реализираше ...

Дигитализацијата, вештачката интелигенција и паметните енергетски системи ќе имаат клучна улога во создавањето сигурен, одржлив и конкурентен енергетски сектор, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на настанот „Дигитализација и иновации за сигурна и одржлива енергетска транзиција“, организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Машинскиот факултет – ...

Пехчево на 13 јуни годинава ќе биде центар на младите, спортот и забавата преку одржувањето на „Пехчево Младински Фест 2026“, настан што го организира Локалниот младински совет Пехчево во соработка со Општина Пехчево, Делегацијата на Европската Унија и партнерите на проектот „ЕУ со тебе“. Фестивалската програма започнува во утринските часови со традиционалната планинско-велосипедска тура „Пехчево на Точак“. Стартот е закажан во 9 часот од ...

Повеќе од 30 компании од земјава и регионот се дел од соларниот саем Максол Експо 2026 што четврта година по ред го организира Македонската соларна асоцијација. За време на следните четири дена додека трае саемот ќе бидат презентирани најновите производи, технологии и решенија од областа на обновливите извори на енергија. Годинава, за првпат ќе бидат презентирани и начините и можностите за финансирање и добивање грантови преку Зелениот ...

Начелото за соодветна и правчна застапеност произлегува од Охридскиот договор и го карактеризира мултиетничкиот карактер на Македонија. За време на разговорите за формирање на влада, едно од нашите барања беше и донесување на закон за правична и соодветна застапеност, затоа со задоволство можам да кажам дека за првпат правичната и соодветна застапеност се воведува како законска материја, односно се издигнува на ниво на закон. Ова го изјави ...

Осумдесет и седум српски државјани кои пристигнале со чартер лет во Тиват биле вратени во Белград по одлука на црногорските безбедносни служби. Според медиумски извештаи, групата планирала да организира повеќе собири за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ за време на самитот ЕУ-Западен Балкан во Црна Гора. Црногорските власти реагирале пред планот да биде реализиран. Според српска Нова, групата требало да се појавува на различни ...

Државниот завод за ревизија изрази мислење без резерва за финансиските извештаи на Академијата за судии и јавни обвинители за 2024 година оценувајќи дека тие реално и објективно ја прикажуваат финансиската состојба на институцијата. Истовремено, за усогласеноста на работењето со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики е дадено мислење со резерва поради утврдени одредени слабости и неправилности. Според конечниот ревизорски ...

Македонија останува посветена на реформите и исполнување на обврските од Европската агенда со цел членство во ЕУ. Според досегашните резултати земјава е лидер во регионот, а Муцунски очекува тоа да биде валоризирано во извештајот за напредокот на земјава од ЕП. За Муцунски проблем претставува судството, за што очекува да има негативна оценка во извештајот. Тој во целост се согласува со таа забелешка и очекува тука да се спроведат реформи за ...

Општина Штип утре во периодот од 1:00 до 7:00 часот наутро, преку овластена фирма ќе спроведе терестичка дезинсекција со цел уништување на комарците на територијата на општината. Третманот ќе се изведува со апаратура за УЛВ ладно запрашување, информираат преку соопштение општина Штип. Во него се наведува дека со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојните ...

На Алфа телевизија гостуваше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Драган Ковачки, кој упати критики кон СДСМ, оценувајќи дека партијата треба повеќе внимание да посвети на сопствената организација и коалициски односи, наместо на политичките напади кон ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение. Ковачки изјави дека СДСМ се соочува со внатрешни предизвици и, според него, треба да си ја преиспитаат својата реторика и политичка ...

Над 100 претставници од ИКТ-компании и институции од Македонија и Грција денеска во Скопје ги разгледуваат можностите за соработка во областа на дигиталната трансформација, иновациите и развојот на ИКТ-секторот. Се очекуваат конкретни договори и проекти финансирани од европски пари. Претседателот на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Јордан Димитрoвски, вели дека целта не е само да се разговара, туку да се ...

Остануваме со јасна стратешка ориентација во надворешната политика, но исто така цврсто остануваме на позицијата дека во овој момент услови за уставни измени нема. Услови за уставни измени може да се создадат врз основа на градење меѓусебна доверба, како што често повторуваме, а меѓусебната доверба може да се изгради, прво, ако има институционални гаранции за што верувам дека нема проблем кај речиси сите земји членки, освен кај една – изјави ...

Граѓаните јадат безбедна храна, уверува првиот човек на Агенцијата за храна и Ветеринарство. За скандалот со млечните производи кај кои беше откриена помала грамажа на масти од наведената на декларациите, Миланов уверува дека е направена само измама и манипулација со граѓаните. Во наредниот период ќе се прават детални анализи за да се утврди колкгу долго биле мамени граѓаните со млечните производи со помала масленост. „Безбедноста не е ...

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против шест лица од Скопје, Куманово и Тетово поради сомнение дека организирале и реализирале незаконско посвојување на новородено бебе, при што родителите биле убедени да се откажат од детето во замена за финансиска помош и други бенефиции. Како што соопшти МВР, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во ...

Заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем Љупчо Димовски денеска се обрати на настанот организиран по повод одбележувањето на Светскиот ден на безбедноста на храната – 7 Јуни и јубилејот 15 години од формирањето на Агенцијата за храна и ветеринарство – стои во соопштението од кабинетот на Димовски. Во своето обраќање Димовски истакна дека јубилејот на Агенцијата претставува сведоштво за петнаесет години посветена и ...

Колкови има, операциони сали нема. Пациентите сами избираат кај кој хирург да бидат оперирани, а со тоа и листите на чекање растат. Анализите на ФЗО укажуваат дека најголем притисок има на Клиниката за трауматологија и ортопедски болести и ГОБ „8 Септември“, таму листите се најдолги. Над 650 граѓани чекаат операција за вештачки колк, додека здравствените власти уверуваат дека бројот на интервенции расте и пристапот до операциите се подобрува. ...

Железничката станица во Скопје ќе го фати последниот воз. По децении запуштеност, таа почна да се чисти и да се подготвува за реконструкција. Граѓаните со нетрпение очекуваат повторно да можат да се возат со воз , удобно да патуваат и навремено и брзо да стигнат до саканата дестинација. Пример велешанец кој работи во Скопје би можел секој ден да патува со воз ако има редовни линии, точен возен ред, пристојни вагони и лесно купување билети. ...

Пари за седници на кои воопшто не присуствувале, си точеле гориво во приватните возила и вршеле набавки без тендер – Државниот завод за ревизија открива низа пропусти во работата на Академијата за судии и јавни обвинители во текот на 2024 година. Меѓу најсериозните забелешки е начинот на исплата на надоместоци за членовите на Управниот одбор и Програмскиот совет. Ревизијата утврдила дека дел од членовите добивале целосни месечни надоместоци ...

Приказна за животен пат кој не бил однапред испланиран, но бил обликуван од подготвеноста да се препознаат и прифатат можностите, вака ја опиша својата прва книга „Ништо случајно“ на синоќешната промоција авторката Нина Ангеловска Станков. – Многу често велиме дека ништо не е случајно. Верувам дека кај мене беше токму така. Работите доаѓаа навидум случајно, но всушност доаѓаа затоа што бев подготвена да ги препознаам. Затоа што работев за ...

Стефан Богоев останува зад решетки. Функционерот на СДСМ кој заврши со лисици на рацето поради сомнение за поткуп во Царина, се уште нема дадено гаранција за да се спаси од притворот. Иако неговите адвокати Сања Алексиќ и Виктор Божиновски најавија дека ќе понудат гаранција и ќе се жалат, засега нема ништо. Божиновски се жали на притворот само на својот Фејсбук профил и тврди дека мерката е донесена поради како што пишува шамарот од ЕУ и ...

До крајот на оваа година не се планира издавање нова еврообврзница. Сè она што беше планирано со буџетот за 2026 година при неговото носење за обезбедување средства, најпрвин за отплата на старите долгови, е веќе реализирано и останува до крајот на годината обезбедување средства за финансирање на буџетскиот дефицит – истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. – Во согласност со проекците на буџетот и како беше проектирано ...

Со Националната стратегија за развој на туризмот 2027 – 2032 поставуваме цврсти темели на еден современ, одржлив и амбициозен пристап, кој треба да ја трансформира нашата земја во препознатлива, квалитетна и конкурентна туристичка дестинација во регионот и пошироко – рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков во обраќање на првата јавна расправа за Националната стратегија. Љутков очекува оваа стратегија да даде јасни одговори и ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.44
53%
1018
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
2.68
58%
1017
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.05
82%
1019
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.1
51%
1018
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
4.78
66%
1017
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 23ᴼ
1.94
95%
1021
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
6.26
37%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.5
62%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
3.06
58%
1018
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
2.24
42%
1016
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
2.24
57%
1019
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
5.85
74%
1016
Currency

61.645

Currency

53.73

Currency

71.1667

Currency

37.6517

Currency

37.8978

Currency

66.5171

Currency

7.93737

Currency

0.7351

Currency

0.33273

Currency

0.52564

Currency

1.1566

Currency

0.56948

Алуминиум

3.39

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Сребро

2121.92

Родиум

257205.97

Злато

134937.98

Платина

53756.05

Калај

53.40

Кобалт

45.39

Бакар

12.75

Паладиум

40284.89

Иридиум

253540.09