Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Екс врховниот судија Наќе Георгиев излегува на слобода. По спогодбата за три години затворска казна и поминати две години во ќелија, апелациските судии му ја уважиле жалбата тој од јули да биде пуштен на слобода. Георгиев бише фатен со 10.000 евра мито, пари кои ги земал за да врши противзаконито влијание во предмет во кој осуден беше екс-градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев за шверц на марихуана. Беше уапсен на лице место во мај 2024 ...
Подигнување на свеста за органодарителството беше темата на денешната конференција, каде експерти, лекари и институции испратија заедничка порака: донирањето органи значи спасен живот. На настанот се отворија клучни прашања – колку е важна солидарноста, но и како системот може да се унапреди за да се зголеми бројот на донори во земјава. Подигнување на свеста за органодарителството беше темата на денешната конференција, каде експерти, лекари ...
Министерството за здравство информира дека по дефект на мамографот во Клиничка болница Штип е воспоставена нова организација за непречено спроведување на прегледите за жените од источниот регион. Согласно договорот меѓу болниците во Штип и Кочани, мамографиите ќе се изведуваат во Кочани, додека снимките ќе можат да ги прегледаат од стручниот тим доктори во Штип, со цел континуитет на услугата и поголема достапност за пациентките. Во меѓувреме ...
А Европа се подготвува за можни нарушувања на авиосообраќајот ова лето поради недостиг на гориво за авиони. Европските авиокомпании предупредуваат дека доколку снабдувањето со гориво за авиони итно не се стабилизира, ќе следува масовно откажување на летови и приземјување на авионите. Европската комисија подготвува план за интервенција со ослободување на резервите на гориво доколку продолжи ситуацијата со Ормускиот теснец што ја намали ...
Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, потврдено и од меѓународните медиуми. Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32 отсто споредбено со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. -Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32 отсто споредбено со истиот период минатата година. За оваа година од ...
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски изјави дека моменталната инфлација од 4,9 проценти е во нормални граници во услови на глобална економска и геополитичка нестабилност и додаде дека токму и Организацијата за храна и земјоделство укажува дека во кризни состојби инфлацијата се движи во рамки од 5 до 8 проценти, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Сметам дека се држиме во овие граници, но разликата е во тоа што Владата ги презема овие ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на учеството на Antalya Diplomacy Forum 2026, се обрати на панел посветен на новите можности во регионалната и интерконтиненталната поврзаност, на тема „New Opportunities in Connectivity“ (Нови можности за поврзување). Во своето обраќање, информираат од Министерството за надоврешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ), Муцунски истакна дека поврзаноста денес ...
СДСM и Филипче живеат во свет на лаги, конструкции и политичка заблуда. СДСM и Филипче функционираат во сопствена реалност, паралелен свет во кој поразите ги претставуваат како победи, а фактите ги менуваат со конструкции, се вели во соопштениетона ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. СДСM и Филипче ликуваат на победа на избори во друга држава на сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, додека пак ...
Министерството за здравство (МЗ) го објави Предлог-законот за медицински средства на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), отворајќи јавна расправа за едно важно законско решение кое е дел од пошироката реформа на измени и дополнувања на 12 закони што ја спроведува Министерството за здравство. Оттаму ја повикуваат стручната јавност да се вклучи во консултативниот процес. Како што велат, станува збор за ново законско решение со ...
Обновените спортски терени на кејот на Вардар, на потегот кај Маџир Маало, денеска беа пуштени повторно во употреба. Реконструирани се терените за фудбал и кошарка, поставена е нова урбана опрема, трибини и ограда. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓоргиевски и министерот за спорт Борко Ристовски ги посетија обновените терени, а Ѓоргиевски на својот профил на Фејсбук пишува дека тоа се места кои повторно се враќаат на граѓаните како центар ...
Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа промоција на книгата „Човекот, културата и влогот во сопствената култура“ од м-р Александар Јорданоски а воедно и на Националниот конзерваторски центар – Скопје. Настанот, како што информираа од Македонскиот КИЦ Софија, е дел од континуираната програма на Македонскиот културно-информативен центар, во чии рамки годинава се реализирани над дваесет културни настани со цел промоција ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринските температури ќе се движат од 5 до 11 степени, а дневните од 16 до 22 степени Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. ...
Партијата на Власите од Македонија денеска ќе го одржи својот Шести редовен Конгрес, на кој ќе биде избрано новото раководство на партијата. Како што информираат од партијата, одржувањето на редовниот конгрес претставува потврда за статутарното, континуирано и институционално функционирање на Партијата на Власите од Македонија, во согласност со демократските принципи. На Конгресот се очекува учество на делегати од целата држава, кои ќе ...
Во рамки на Дипломатскиот форум во Анталија (Antalya Diplomacy Forum – ADF2026), министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска ќе се обрати на панелот „Жнеење мир на Балканот: дијалог, бизнис и поврзаност“. На панелот, како што информираат од Министерството, предвидено е учество на министри од земјите од Западен Балкан, како и од Хрватска и Турција, како и генералниот секретар на Советот за регионална соработка ...
„Женско лидерство – Европската интеграција на Западен Балкан во услови на безбедносни и технолошки предизвици во Европа“, настан од меѓународен карактер во организација на фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и Европската народна партија – жени денеска ќе се одржи во Скопје. На официјално отворање на настанот ќе се обратат Жаклина Пешевска, пратеничка и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, ...
Деца на 12-13 годишна возраст и нивни школски наставници беа главни гости на настанот „Читај ја Македонија!“ што вчера се одржа во Културниот центар „Фазил Искандер“ во Москва во организација на Олга Панкина, претседател на невладината организација Македонски културен центар во Москва. Панкина кратко ги запозна со историjата на словенското писмо, истакнуваjќи jа улогата на сесловенските просветители св. рамноапостолни браќа Кирил и Методиj и ...
СДСМ и Филипче стануваат се поарогантни, а и делуваат целосни отуѓени од реалноста. Не се соочуваат никако со сопствените слабости, и покрај реакции од јавноста дека Филипче ја води партијата во бездна, и покрај тоа што нивни, сега поранешни, членови и функционери јавно се огласуваат за истото. Најново, по изборите во Унгарија, каде победи партијата Тиса, која инаку е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ а не на СДСМ, очајнички бараат некоја ...
Под енергично раководство и непоколеблива посветеност на заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи-Шаќири, инвестициите во Општина Теарце добиваат на интензитет, трансформирајќи се во конкретни проекти што ги допира и чувствува секој граѓанин, се вели во соопштението од „Вреди“. Заедно со градоначалникот на Теарце, Даут Мемиши, и заменик-директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Тахир Таири, беше извршена теренска посета ...
Правдата знае да доцни, но секогаш го наоѓа патот да излезе на виделина. Помина времето на импровизации и злоупотреби на правниот поредок во државата, за свои цели на одредени поединци или локални моќници. Сега, секој поединец е еднаков пред правосудните органи, нема привилегирани и заштитени, законот важи еднакво за сите, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа можеме да го констатираме и од последната одлука Основниот суд во Струмица, ...
Најмногу дожд два литри на квадратен метар во изминатите 24 часа наврна во Крива Паланка, а еден во Струмица. Најниска темература од 2 степени Целзиусови утрво во 8:00 часот е измерена на Попова Шапка, 3 во Mаврови Анови и Лазарополе, 7 во Kрушево, 8 во Крива Паланка и Тетово, 9 во Берово, 10 во Охрид, 11 во Претор, Битола, Прилеп, Виница и Струмица, 12 во Штип, Демир Капија и Кавадарци, а најтопло со 14 степени беше во Скопје-Зајчев Рид, ...
Народната банка остварува континуиран напредок во областа на статистиката, со висока усогласеност со меѓународните стандарди и засилена транспарентност. Ова беше истакнато на средбата на гувернерот Трајко Славески и делегацијата на Народната банка со претставници на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд, одржана на маргините на Пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон. На средбата, информираат од Кабинетот на ...
Во рамки на Пролетните средби на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари средба со регионалната потпретседателка на Светската банка за Европа и Централна Азија Антонела Басани, регионалната директорка за Западен Балкан Шиаочин Ју, извршниот директор Јуџин Ругенаат и раководителката на Канцеларијата на Светската банка за Косово и Македонија Карол Межеван. На ...
Поради дефект на мамографскиот апарат во Клиничка болница Штип е воспоставена координирана организација со цел непречено обезбедување на мамографски прегледи за жените од источниот регион. Во таа насока, директорите на Клиничка болница Штип и Општа болница Кочани договорија взаемно решение со кое се овозможува континуитет на услугата.Мамографиите ќе се изведуваат во Општата болница во Кочани, додека пак снимките ќе се читаат и интерпретираат ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши во рамки на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во Истанбул, се сретна со претседателот на Сенатот на Кралството Белгија, Винсент Блондел, и со првиот потпретседател на Врховната рада на Украина, Олександр Корнијенко, соопшти собраниската прес-служба. На средбата со Блондел, беше потврдена добрата и стабилна соработка меѓу двете земји, како и заедничката определба за нејзино понатамошно ...
Државниот јавен обвинител Ненад Савески и вршителката на должноста шеф на Мисијата на Соединетите Американски Држави Никол Варнс денеска разговарале за приоритетите за унапредување на работата и зголемување на ефикасноста на Јавното обвинителство. Како што соопштија од Јавното обвинителство, на средбата биле разменети мислења за натамошна американска поддршка на реформските процеси и активностите насочени кон јакнење на владеењето на правото. ...
Општина Делчево почнува со редовни контроли со дронови на терен како нова мерка за превенција и навремено откривање потенцијални шумски пожари, со цел подобрување на јавната безбедност и заштита на животната средина. Од Општината информираат дека активностите се реализираат преку Територијалната противпожарна единица Делчево, согласно насоките на Општинскиот штаб за заштита и спасување, а се во рамки на програмските определби на ...
Навидум мала, но за мене голема победа против Зоран Заев. Со решение, Основниот суд Струмица се прогласи за месно ненадлежен по тужбата поднесена од Заев против мене, напиша на Фејсбук попладнево пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. Или поранешниот премиер и претседател на телото за реформи во правосудството, заедно со својот адвокат роднина, навистина немаат поим од правото… или сè уште мислат дека Струмица е нивен личен пашалук, па ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти дека во последното деноноќие има пет пријави на случаи за семејно насилство и дека едно лице е лишено од слобода. Вчера во 16:00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.Б.(43) од Битола затоа што физички ја нападнал својата мајка. Околу 11:00 часот вчера во СВР Куманово, 65-годишна жена од Куманово пријавила дека подолг временски период нејзиниот син ...
Вработени во Шумската полиција и во МВР, М.А. (42) од Струмица и В.П. (52) од Берово заработија кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“, „оддавање на службена тајна“ и „пустошење на шуми“. Како што информираат од МВР, М.А., вработен во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Сектор за шумска полиција, и В.П., вработен во Министерството за внатрешни работи – РЦГР Исток, во својство на овластени ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Д.М. на работно место „полицаец“ во Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Меџитлија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено и казниво по член 297-а став 2 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни ...