Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски копретседаваше со Регионалниот форум за одржлив развој на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE), кој се одржува во Женева. Темата на годинешниот форум, како што се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, е „Заедничко трансформирање: иновативни и правични активности за целите за одржлив развој“. Во својство ...
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска беше домаќин на 3. седница на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа. Станува збор за новововедена пракса седниците да се одржуваат низ општините во Македонија, и на тој начин поблиску до граѓаните и понепосредно до локалните предизвици. Градоначалнкот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека на седницата биле донесени значајни одлуки, а како посебно охрабрувачки го ...
Општина Струга денеска објави јавен повик за доделување финансиска поддршка за реализација на програми и проекти од јавен интерес на здруженија на граѓани и фондации. Приоритетни области, според јавниот повик, се култура, животна средина, млади, образование, родова еднаквост и социјална заштита. Вкупниот износ изнесува 1.200.000 денари, распределени во мини грантови до 30.000 денари по проект, предвидено за 10 грантови и девет грантови до ...
На седум студенти на магистерски студии и на четворица на докторски студии на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, чии додипломски студии биле тригодишни стручни, им се поништува уписот и статусот на студенти, односно им се прекинува студирањето. Раководството на Филозофскиот факултет на УКИМ попладнево на прес-конференција соопшти дека ги почитува и ги спроведува заклучоците на Државниот просветен ...
Националната или етничката припадност е најчесто утврдена основа за дискриминација во мислењата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминацијата (КСЗД) во 2025 година, и тоа во 29 проценти од вкупно утврдените случаи, а потоа следуваат основите друга основа, пол, попреченост, лично својство и општествен статус, род и политичко уверување, како и други помалку застапени основи. Најголем број утврдени случаи на дискриминацијата во 2025 ...
Државата со индекс од 1.80 е на 11. место на Индексот на поднесени апликации пред ЕСЧП, истакна директорката на Бирото за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права, Даница Џонова при презентацијата на Годишниот извештај на Бирото за 2024 година, кој беше разгледан на денешната седница на собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. -Бројот на поднесени апликации пред ЕСЧП ...
Советот на јавните обвинители на Македонија на денешната четириесет и трета седница донесе одлуки за објавување на оглас за избор на Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Охрид, на Основното јавно обвинителство Дебар, на Основното јавно обвинителство Кичево, на Основното јавно обвинителство Радовиш и на Основното јавно обвинителство Кочани. Под точка 6 од дневниот ред, Советот, како што информира, ја разгледал потребата од ...
Царинската управа (ЦУ), согласно своите законски надлежности, започнува со етапно царинење на употребувани автомобили со цел олеснување на увозот и непречено одвивање на процесите на царинење. Притоа, посочуваат од ЦУ, ќе користи други расположиви податоци, наместо податоци од електронскиот Шваке систем до којшто, во светски рамки, е оневозможен пристап поради скорешен сајбер напад. -Царинската управа е во комуникација со Групацијата ...
Изградба на професионална и ефикасна јавна администрација усогласена со европските стандарди е еден од клучните приоритети на Македонија на патот кон членство во Европската Унија, порача министерот за јавна администрација Горан Минчев во обраќањето на Министерската конференција „Од реформи до подготвеност: градење лидерство и таленти за пристапување во Европската Унија“, одржана во рамки на Берлинскиот процес. Како што соопштуваат од ...
Во духот на зајакнување на меѓународната соработка и градењето институционална отпорност, денес во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржа билатерална средба со претставници од Соединетите Американски Држави. На средбата присуствуваше директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамет Али, заедно со високи претставници од институцијата, како и делегација составена од претставници на Институтот за безбедносно раководење, ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставнички на „Македонија 2025“, предводени од главната извршна директорка на организацијата, Никица Мојсоска-Блажевски, кои, како што информираат од Кабинетот на претседателката, ја информирале за исходот од годинашниот конкурс за доделување на Признанието за особен придонес на истакнати личности од дијаспората. Сиљановска-Давкова го поздравила високиот квалитет на пријавените ...
Во Берово денеска официјално започна реализацијата на еден од најзначајните капитални проекти за општината – изградбата на нова мултифункционална сала во рамките на Домот на култура „Димитар Беровски“, инвестиција вредна над 115 милиони денари. Со воведување во работа на изведувачот Фабрика Карпош, стартува изградбата на современ објект кој ќе биде наменет за одржување концерти, театарски претстави, филмски проекции, свечености и други ...
Охрид официјално стана дел од Европските културни рути на Советот на Европа, со што уште еднаш го потврди свпето место на европската културна и духовна мапа. На Генералното собрание одржано во Аквилеа, Италија, Охрид е вклучен во мрежата градови и локалитети што ги поврзуваат заедничките европски вредности, културното наследство и историското паметење. За Општина Охрид тоа признание претставува потврда за историската и цивилизациска улога на ...
Фондацијата САСА потпиша договори за доделување грантови со четири бизнис-проекти избрани во рамки на акцелераторската програма „Започни ја својата бизнис авантура во Македонска Каменица“, чија цел е да ги поддржи локалните претприемачи во започнување или развој на сопствен бизнис и да придонесе кон локалниот економски развој. Во рамки на програмата, Фондацијата САСА за овие четири проекти ќе обезбеди грантови за кофинансирање во вкупен износ ...
Владата на Македонија, на предлог на Министерството за економија и труд (МЕТ), во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе пакет одлуки со цел стабилизирање на пазарот на ѓубрива, заштита на земјоделците и обезбедување континуирано снабдување во пресрет на земјоделската сезона. Овие одлуки се донесени согласно Законот за трговија, а врз основа на претходно направена анализа од страна на Министерството ...
Претседателот на владата, Христијан Мицкоски заедно со владина делегација престојува во официјална политичка и економска посета во Виена, Република Австрија. Во рамки на посетата Мицкоски, како што најавуваат од Владата, ќе оствари средба со канцеларот на Република Австрија, Кристијан Штокер на која ќе се разговара за продлабочување на билатералната соработка, како и за важни и актуелни прашања поврзани со Европа и регионот. После средбата, ...
Десетина студенти ќе станеле магистри и доктори по науки, без факултет. Без завршени додипломски студии тие се запишале на магистерски и докторски студии на Филозофскиот факултет при УКИМ, за што платиле од 2000 до 6000 евра. Станува збор за 7 студенти на магистерски и 4 на докторски студии. На сите им се поништува уписот и статусот на студенти, односно им се прекинува студирањето. Од Филозофскиот факултет велат дека до ваквата состојба дошла ...
Доналд Трамп негира дека е под притисок да склучи мировен договор со Иран, но вели дека тој ќе биде постигнат релативно брзо. Пред крајниот рок за прекин на огнот во среда, следната фаза од мировните преговори останува неизвесна. Американска делегација предводена од потпретседателот Венс наскоро ќе биде во Пакистан. Сепак, од Иран велат дека немаат планови за нова рунда преговори во Исламабад. Една од пречките е американската поморска блокада ...
Прекинот на глобалните испораки на нафта поради војната во Иран ги зголеми цените на керозинот, што директно влијае врз цената на авионските билети. Според анализа на светски медиуми, трошокот за гориво по патник се зголемил за околу 88 евра на долги летови и за 29 евра на летови во Европа. На пример, лет од Барселона до Берлин поскапел за околу 26 евра по патник, додека лет од Париз до Њујорк има зголемување од околу 129 евра само за гориво. ...
Кубанската влада потврди дека неодамна се одржале средби со американски претставници на островот. Ниту американската, ниту кубанската страна не соопштија кога точно се одржал состанокот, ниту кои претставници учествувале. Меѓу условите за укинување на санкциите, Вашингтон бара од кубанските власти да ја прекинат политичката репресија, да ги ослободат политичките затвореници и да ја либерализираат економијата. Кон крајот на јануари, ...
Скандалозна одлука на скопска Апелација. Судот го одби барањето на осудените за случајот 27-ми април, кои бараа постапката да се повтори. Со ова пропаѓа нивната надеж дека ќе успеат да издејствуваат нов судски процес, во кој би ги образложиле своите аргументи дека не се терористи и би добиле слобода. Со оваа одлука Апелација го потврди решението на Кривичниот суд донесено на 15-ти декември минатата година, со кое судот одлучи дека нема ...
Негатор на македонскиот јазик, предводник во битката за вето за Македонија во ЕУ, заговорник за впишување на Бугарите во македонскиот устав, двигател на негаторска политика кон македонското малцинство во Бугарија – кој е новиот бугарски лидер Румен Радев. Политичар кој во изминатите години континуирано ја гради оваа позиција – преку изјави, услови и конкретни политички потези. Својата политика кон Македонија, според која македонскиот јазик ...
Со бруталните напади, обвинувања, етикетирања и критики кон новинарите на Алфа, и телевизијата вопшто, Венко Филипче не врши само навреда и клевета, туку и кривични дела за кој законот предвидел затворска казна. Од оневозможување на службено лице во вршењето на својата должност, преку лажно пријавување, па се до омаложување. Експертите велат дека за само неколку минтути со својот рафален напад кон Алфа, Филипче изнел толку тешки квалификации, ...
Битката на лидерот Венко Филипче против Алфа се претвори во донкихотовски подвиг. Во офанзивата и нападите врз новинарите и медиумите тој очигледно останува сам, затоа што повеќето функционери од СДСМ барем пред камерата на Алфа се далеку поумерени. Тие не го осудуваат својот лидер, но сметаат дека е непринципелно да се напаѓаат медиуми. Некои дури му се чудат. Поранешниот премиер и претседател на социјалдемократите, Димитар Ковачевски, во ...
Еден ручек . Толку ја чинело експретседателката на Антикорупциска Татјана Димитровска полагањето на тестот за безбедносен сертификатат. Но, не е сигурно дека нејзиниот колега Миле Столевски кој полагал наместо неа, ќарил ручек. Ова произлегува од пораките кои обвинителството ги прочита пред судот со кои ја товари Димитровска за комјутерски фалсификат. Експретседателката и обвинетиот Столевски го слушаа обвинителот како ги чита во судница. ...
Со премиерата на претставата „Мачкина глава“, работена по текст на Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски, Македонскиот драмски театар ќе ја одбележи 80-годишнината од своето постоење. Оваа претстава е 461-та премиера на сцената на Драмски театар од неговото основање, а трета само во текот на оваа година. Приказната на овој култен театар започнува на 21 април 1946 година, на сцената на тогашниот МНТ, кога била изведена куклената ...
Седум студенти ќе станеле магистри и доктори на науки – без завршен факултет. Без комплетирани додипломски студии, тие се запишале на магистерски и докторски студии на Филозофскиот факултет при УКИМ, за што платиле од 2.000 до 6.000 евра. Студентите сега ги бараат парите назад, откако Државниот просветен инспекторат констатирал неправилности и им ги поништил уписите, со што останале и без статус, но и без средства. Министерката за ...
На списокот на влијателни членови кои сметаат дека партијата се движи во погрешен правец, сега се додава и пратеничката и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска. Во честитката по повод 35-годишнината на партијата, таа преку порака на социјалните мрежи повика на промени, предупредувајќи дека во спротивно партијата може да исчезне. „Сме губеле, сме победувале, но секогаш сме се менувале – на подобро, се разбира. Промената на ...
Димитријевиќ и СДСМ се ставија на услуга на српската опозиција, станаа маргинална партија во Македонија поради лични интереси на Зоран Заев и Зоран Башановиќ, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција. Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, имал средба со српскиот опозиционер Бранко Ружиќ, поранешен министер за образование, кој дошол во Македонија со една цел а тоа е да оформи ...
Проблеми и во ДУИ. Контроверзниот поранешен градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, упати остри критики кон неговата матична партија ДУИ и лидерот Али Ахмети. Вели – од него се дистанцирале, применуваат двојни аршини и го игнорираат, додека други ги бранат и за нив бараат правда. Мерко ја обвини ДУИ за двојни стандарди, посочувајќи дека не добил поддршка кога се соочил со кривични пријави, за разлика од актуелната поддршка за Блерим Беџети и ...