Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не е против воведување ред и подобрување на безбедноста во сообраќајот преку системот „Сејф сити“, забелешките се во делот на заштитата на податоците, надзорот и можните злоупотреби, посочи потпретседателката на СДСМ и пратеничка Јована Тренчевска, се вели во соопштението од СДСМ. Тренчевска нагласи дека загриженоста на СДСМ е отсуството на јасен механизам за контрола и надзор над системот „Сејф сити“. ...

Главнината од ланската реколта тутун е откупена иако законскиот рок е до крајот на февруари. Откупувачите досега купија 25,3 милиони килограми тутун по просечна цена од 419,15 денари. Тутунарите предадоа род во вредност од 170 милиони евра и 95,6 проценти е исплатен, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски по денешната обиколка на откупните пунктови и компании во Прилеп. До крајот на февруари ќе има ...

Државната изборна комисија едногласно го усвои правилникот за определување на критериумите за надоместок на ангажираните лица во повторениот избор процес, како и одлуката за исплата на надоместоците за овие лица. На денешната 169. седница, претседателот на ДИК, Борис Кондарко, појасни дека правилникот претставува неопходен документ за обесштетување на сите категории лица ангажирани во спроведувањето на повторените избори, што се одржаа на 11 ...

Судскиот совет на Македонија соопштува дека на итна седница денеска ќе одлучува за одземање на имунитетот и за одобрување на предлогот за куќен притвор за апелацискиот судија Ѓоко Ристов. – Судскиот совет на Македонија ќе ја одржи 535. итна седница на 20.1.2026 година (вторник), со почеток во 15.30 часот, со предлог. На дневен ред се расправа и одлучување по барање на Основниот кривичен суд Скопје за одземање имунитет на судија и за ...

Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува регулирање на сите никотински производи, вклучувајќи цигари, електронски цигари (со и без никотин), загреани тутунски производи, бездимни никотински производи, како и производи што го имитираат пушењето, соопшти Министерството за здравство. Целта е, како што се посочува, да се регулира употребата и на новите никотински производи имајќи предвид дека тие создаваат чад или аеросол со штетни ...

Во штипските основни и средни училишта второто полугодие почна со околу педесет ученици помалку во споредба со првото полугодие, но раководителката на Секторот за образование, ЛЕР и јавни дејности во Општина Штип, Снежана Санева денеска изјави дека во второто полугодие имаат запишано и ученици повратници, кои се вратиле во земјата од странство. Таа додаде дека во училиштата во Штип се вратија четворица основци и еден средношколец, чии ...

Јавното претпријатие „Комунално“ доби камион цистерна за миење и чистење улици, соопшти денеска Општина Струга. Инвестицијата е дел од проектот „Справување со загадување на воздухот – фаза 2“, финансиран од УНДП, а се реализира преку Одделението за локален економски развој (ЛЕР) при Општина Струга. – Со оваа инвестиција се зајакнуваат капацитетите на претпријатието за одржување на јавната хигиена и се придонесува кон намалување на прашината и ...

Веста дека кај судијата Ѓоко Ристов се најдени 350 илјади евра, пари осомничени за корупција, не е само индивидуален скандал. Оваа вест ја уништува дури и последната доверба што граѓаните ја имаа во правосудниот систем, се вели во соопштението на „Вреди“ од денешната прес-конференцијата на нивниот портпарол Дритон Сулејмани. „Вреди“ е убедена дека ова не е изолиран случај, туку врв на ледениот брег на еден скапан систем, кој со години ги ...

МВР апелира граѓаните да не отвараат лажни пораки што им пристигаат на мобилните телефони, имејловите и на социјалните мрежи во кои од нив се бара да извршат уплата за сторен сообраќаен прекршок преку наведен лажен линк. СМС-известувањата за направен прекршок, велат од МВР, треба да бидат од испраќач MVR-SC, а во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото што направило прекршок и линк од следниот формат ...

Ние сакаме да има што повисок праг на минимална плата, но тоа може да се уреди со зголемување на ефикасноста на работењето и продуктивноста, како и со намалување на трошоците, а треба да е поврзано и со одредени елементи кои значат раст на БДП, рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески. Според Азески, за ова прашање треба да се разговара, да седнат трите страни, работниците, Владата и работодавачите и да се дојде до ...

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ги сослуша сите кандидати за членови на Комисијата за заштита од дискриминација. Интервјуирани беа 14 кандидати кои ги исполниле условите. Најголем дел од нив се со завршен правен факултет и искуство во сферата на правосудството и човековите права, а има и такви кои имаат работно искуство во Комисијата за антидискриминација. Дел од нив сметаат дека Комисијата треба да биде ...

Судскиот совет на Македонија денеска ја почна 535. итна седница на која треба да одлучи за одземање на имунитетот и за одобрување на предлогот за определување мерка куќен притвор за апелацискиот судија Ѓоко Ристов. Членовите на Судскиот совет со 10 гласа „за“ го усвоија дневниот ред на седницата, а со исто толку гласови донесоа одлука јавноста да биде исклучена од нејзиниот тек, а ќе може да присуствува на гласањето. Претходно денеска, ...

Општина Делчево ги информира граѓаните и правните лица дека согласно Законот за данок на имот, даночните обврзници имаат обврска да поднесат даночна пријава за недвижен имот кој досега не бил пријавен за оданочување, најдоцна до 31 јануари. Според законските одредби, обврзниците се должни во рок од 15 дена од стекнувањето на право на сопственост или право на користење на недвижен имот, истиот да го пријават за оданочување во општинската ...

Судскиот совет на Македонија денеска на итна седница со 10 гласа „за“ му го одзеде имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов и го одобри предлогот за определување мерка куќен притвор, по барање на Основниот кривичен суд Скопје. Членовите на Судскиот совет со 10 гласа „за“ одлучија судијата Ристов времено да се оддалечи од вршење на судиската функцијата до завршување на кривичната постапка. Осомничениот апелациски судија се товари за ...

– Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе кривична пријава против Ѓ.Р. (53) од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по ...

„Реплек“ АД Скопје најавува отворање нов производствен погон во втората половина од 2026 година, вреден пет милиони евра. Како што рече денеска генералниот директор Душан Пецоски, компанијата 2025 година ја завршила со 34 милиони евра продажба и пет милиони евра нето добивка. „Реплек“ АД, напомена Пецоски, го почитува домашниот пазар, но, сепак, перспективата најмногу ја гледа во странските пазари. -Сите овие инвестиции и развојни проекти ...

Времето утре ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од снег со ...

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, денеска во својот кабинет оствари работна средба со Ашок Џеин, директор на индиската компанија „Кришна Ламикоут ПВТ Лимитед“. Како што информираше Гоцевски, средбата е реализирана по заедничка иницијатива на индискиот бизнисмен и претставници на локална приватна компанија од Делчево, со цел разгледување на можностите за потенцијална деловна соработка. -На состанокот разговаравме за можностите ...

Градоначалникот Горан Герасимовски денеска во просториите на Општина Центар го примил Дарко Митровиќ, кој вчера, на празникот Богојавление – Водици, го извади светиот крст од водите на Вардар. Тој беше најсреќниот меѓу 160-те учесници на централната манифестација кај мостот „Слобода“ во Скопје. -Општина Центар уште еднаш му го честита овој голем успех и му посакува благословот да го следи него и неговото семејство во текот на целата година. ...

Граѓаните од Собранието очекуваат да ги зајакне надзорната расправа и контролата врз работата на Владата, истакна денеска претседателот на парламентот, Африм Гаши, кој учествуваше на дебата за парламентарниот надзор и контролата во Македонија низ призма на надзорниот капацитет на Собранието, што се организира во соработка со парламентарната програма за поддршка и НДИ. Дебатата, на која присуствуваа и координаторите на пратеничките групи и ...

Утрово, во сите општински училишта во градот Велес и во селата непречено почна редовната настава од второто полугодие. Учениците од подрачното училиште на ООУ „Панко Брашнаров“ во Башино Село се вратија во училишните клупи во целосно реконструирана зграда, со значително подобрени услови за одвивање на наставата, информира градоначалникот Марко Колев. Реконструкцијата на оваа училиште почна изминатото лето на крајот на минатата учебна година, ...

Началникот на Генералштабот на Армијата на Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре и задутре ќе учествува на редовниот состанок на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на генералштабови од земјите членки на НАТО и партнерите. Како што се наведува во соопштението на Генералштабот на Армијата, на состанокот, со кој ќе претседава претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, ќе учествуваат началниците на ...

Резултатите се јасни, Анел Фидовски доби седум гласа „за“ и ние ќе го поддржиме, истакна претседателот на Советот на јавните обвинители, Башким Бесими, по денешната седница на Советот на јавните обвинители, на која Фидовски беше избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје. – Резултатите се јасни, доби седум гласа. На интервјуто покажа добри резултати и некои од членовите оценија дека треба да му се даде шанса. И ќе му ја ...

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски оствари посета на Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Битола – ЈП „Паркинзи“. За време на работната средба со директорот на претпријатието Зоран Михајловски, градоачалникот Коњановски беше информиран за работата на ЈП „Паркинзи“. -Градоначалникот беше запознат со работата на јавното ...

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес за четворица турски државјани кои се обвинети дека помагале во извршување на кривично дело убиство во кафуле на Градскиот плоштад „Слобода“ во мај 2025 година во Штип. Првоосмничениот Кадир Кара, кој го призна делото и на кого му е изречена казна затвор од 17 години денеска во судницата беше во својство на сведок. Тој во својот исказ истакна дека не се познавал со двајца од сега ...

На Универзитетската клиника за детски болести хоспитализирани се 20-ина деца со симптоми на акутни вирусни инфекции од типот на грип и болести слични на грип, од кои кај најголем број е изолирана инфлуенца А. Има неколку случаи на возраст до 23 месеци кај кои е изолиран респираторен синцицијален вирус и еден помал број заболени со докажан ентеровирус риновирус, изјави педијатар пулмолог Весна Мицевска од Клиниката. Заболените, посочи ...

Сведоштвата на д-р Жан Митрев ја разоткрија вистината за начинот на кој Заев и Филипче ја водеа државата. Притисоци, уцени и злоупотреба на институциите за лични интереси. Во ек на пандемија и вонредна состојба, наместо грижа за здравјето на граѓаните, Филипче и Заев ја користеле политичката моќ за преземање на приватната болница „Жан Митрев“. Ова не е политика наменета за граѓаните, туку е мафијашки модел на дејствување, се посочува во ...

Минималните месечни трошоци на четиричлено семејство во јануари изнесувале 66.413 денари и се зголемени за 921 денар во споредба со декември, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатитена Македонија. Доколку четиричленото семејство живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, минималните трошоци изнесуваат 81.788 денари. Од вкупните месечни минимални трошоци, 24.211 биле потребни за храна и пијалаци, а за намирување на минималните ...

Царинската управа информира дека нејзини службеници и мобилни царински тимови откриле неколку обиди за шверцување разновидна стока и неколку обиди за шверц на поголеми суми девизи. Соопшти дека кај двајца грчки државјани, кои се пријавиле за излез од државава на граничниот премин Табановце, биле откриени непријавени 13.900 евра, три златни монети и една златна плочка од 90-ина грама. – При личен претрес на лицата во џебот од јакната на ...

На собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска почнаа интервјуата на пријавените кандидати за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). За новиот состав на КСЗД пријавени се вкупно 14 кандидати. Актуелниот член на КСЗД, Лимко Бејзароски, нагласи дека одлучил да се кандидира за нов мандат поради, како што рече, резултатот што го оставил во досегашниот петгодишен мандат. – Во ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
81%
998
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
4.63
75%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
997
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.05
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
96%
997
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
1.79
88%
999
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1000
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1000
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
90%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
90%
997
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
62%
1003
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

53434.54

Платина

83354.78

Родиум

336779.07

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Цинк

3.33

Злато

157055.75

Бакар

11.66

Сребро

2457.28

Алуминиум

3.07

Кобалт

64.04

Калај

48.47