Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Преку активности за зголемена физичката активност и прифаќање здрави навики да се намали процентот на дебелина кај учениците во државава. Тоа е клучната цел на проектот што на иницијатива на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, беше промовиран денеска на настан кај претседателката на државата на кој учествуваа дечиња од предучилишна возраст и ученици од основно и средно образование. Станува збор за развоен проект за примена на ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари проштална средба со Фаисал Гази Исмаил Хифзи, нерезидентен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија со седиштето во Тирана, соопштија попладнево од собраниската прес-служба. – Претседателот Гаши му оддаде признание на амбасадорот за неговиот личен ангажман и дипломатски вештини со што значително придонел за зајакнување на мостовите меѓу двете пријателски земји. Тој истакна дека во ...
Ново поевтинување на горивата. Од утре бензините и дизелот со намалени цени од денар и пол по литар. 95-ката ќе се продава за 80,50 денари по литар. Новата цена на 98-цата изнесува 82,50 денари по литар. Дизелот, пак, од полноќ ќе се преодава за 94 денари по литар. Минимална нагорна корекција од половина денар има и кај екстралесното масло за домаќинства. Литар ќе изнесува 97 денари. Мазутот исто така со нова намалена цена од 46,288 денари за ...
Македонија и Казахстан ќе ја зголемуваат трговската размена и поблиску ќе соработуваат по потпишување на двата билатерални договори за зголемување на трговијата и привлекување нови инвестиции. Министерите за надоврешни работи на двете земји, Тимчо Муцунски и Аркан Шакалиев го означија полетокот на соработката која се подготвувала последниве три месеци со низа активности за економско приближување на двете земји и разгледување на можностите за ...
На ВМРО-ДПМНЕ му е сосема јасно дека СДСМ мора да шири лаги и манипулации, врз основа на тоа постојат, но заради транспарентност и отчетност на граѓаните, и со оглед на тоа дека СДСМ се уште е најголема опозиција во Македонија мораме да ги разобличиме лагите, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Прво, не ВМРО-ДПМНЕ, туку ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови. Второ, ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно, а попладне ...
Во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе се одржи спортски настан за реализација на заложбата за развој и имплементација на национален модел за промоција на физичка активност и здрави навики кај децата. Иницијативата којашто е во организација на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а поддржана од претседателката Сиљановска-Давкова, има за цел да развие, имплементира и евалуира национален модел за ...
Во рамки на вежбата „Блесок 26“, денеска во касаната „Јане Сандански“ во Штип ќе започне процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група, со цел исполнување на НАТО целите на способности. Вежбата, која започна вчера, а ќе трае до 27 април на повеќе локации, е продолжение од серијалот вежби „Македонски Блесок“ и претставува важен чекор во процесот на развој на оперативните капацитети на Армијата. Главна цел на вежбата е да се ...
Македонско-казахстански бизнис форум, посветен на унапредување на економската соработка помеѓу Македонија и Република Казахстан ќе се одржи денеска во Скопје, соопшти Стопанската комора на Македонија. Настанот ќе се одржи во просториите на Комората со почеток во 11:30 часот. Во рамки на настанот ќе бидат потпишани Договор за основање на Бизнис совет помеѓу Комората за меѓународна трговија на Казахстан и Стопанската комора на Македонија и ...
Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) од денеска до 25 април ќе биде домаќин на натпреварите по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција RoboMac 2026 и RoboMac Junior 2026, на кои ќе учествуваат студенти, ученици и експерти од земјата и од странство. Како што информираат од ФЕИТ, на 14. издание на RoboMac ќе учествуваат повеќе од 80 млади иноватори и експерти, кои ќе се натпреваруваат во осум ...
Министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан, Арман Шакалиев денеска престојува во работна посета на земјава, соопшти Министерствотот за надворешни работи и надворешна трговија. Во рамки на посетата предвидено е министерот за надвореши работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски да оствари тет-а-тет средба со казахстанскиот министер, по што ќе следи пленарна средба на двете официјални делегации, проследена со заедничка изјава за ...
Нова Лабораторија за органска хемија ќе биде отворена денеска на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На настанот ќе присуствуваат и ќе се обратат министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, ректорката на УКИМ проф. д-р Билјана Ангелова и деканот на ТМФ, проф. д-р Игор Јорданов. Како што се наведува во соопштението на Деканат на Технолошко-металуршки факултет станува збор за ...
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и за политички систем и за односи меѓу заедниците, како и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата за одбрана е второто читање на Предлог на закон за изменување на Законот за гранична контрола и Предлог на одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“, во Босна и ...
Вчера, во општина Липково, се одржа четвртата седница на Генералниот совет на Демократска унија за интеграција. Претседателот Али Ахмети ја свика оваа седница со цел да се дискутира за актуелните политички случувања во земјата, како и за понатамошната внатрепартиска организација во функција на овие случувања, се вели во соопштението од ДУИ. Во рамки на седницата беше направена анализа на политичката состојба во земјата. Со загриженост беа ...
Со години, Министерството за правда се менуваше од едно албанско име во друго, но ништо не се промени. Блерим Беџети, Аднан Јашари, Валдет Џафери, Билен Салиу и Кренар Љога, од кои последниот заврши во скутот на Али Ахмети. Пет министри. Пет мандати. Пет можности да се исправи неправда. И сепак, студентите-албанци останаа без можност да полагаат правосуден испит на албански јазик, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. Документот потпишан од ...
Светската банка (СБ) и натаму ќе ги поддржува активностите на Народната банка (НБ) за интегрирање на нашиот финансиски систем во европските платни системи, а особено преку воспоставување платен систем за инстант плаќања и негово регионално поврзување со платните системи на земјите од Западен Балкан и интегрирање со ТИПС (Target Instant Payment Settlement) на Европската централна банка, беше посочено на средбите помеѓу гувернерот Трајко ...
Филипче пред некој ден беше на средба на Партијата на европски социјалисти во Барселона, па логично е да се праша како им раскажа таму дека цела недела ја славеше победата на политичката партија во Унгарија, Тиса, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Иронијата е повеќеслојна и јасно е каде се наоѓа СДСM во моментов. Очајни за добри вести, без разлика од каде доаѓаат. Славеше победа на партија која е сестринска на ВМРО-ДПМНЕ, додека ...
Гостиварец вчера возел со брзина од 178 км на час надвор од населено место каде дозволената брзина е 80 километри на час – утврдила полицијата со помош на специјално возило пресретнувач. Возилото е одземено и возачот К.И. (44) ќе се соочи со санкција согласно одредбите од член 297-а и 300-б од Кривичниот законик. – На патот Гостивар – Тетово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при ...
Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје (КХС) подигнаа и транспортираа 655 кубни метри непрописно одложен отпад на територијата на градот Скопје. Отстранети се неколку поголеми диви депонии на улиците „Перо Наков“ во општината Гази Баба, „Џон Кенеди“ во општината Чаир, како и „Гвадалахара“ во општината Шуто Оризари, информираат од јавното градско претпријатие. Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, ...
Примероците на водата за пиење во Скопје, земени од 14 до 17 април, одговараат на Правилникот за безбедност и квалитет, соопшти ЈП Водовод и каналзиација-Скопје. Секторот за санитарна контрола на јавното претпријатие испитал 151 примерок за физичко-хемиска и 151 примерок за микробиолошка анализа на водата за пиење, кои во наведениот период биле земени од 43 мерни места во Скопје. -Во согласност со добиените резултати од испитувањата, сите ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик, како и уште еден обид да изврши тешка кражба од истиот објект. Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, осмничениот 39-годишен косовски државјанин на 11 април со тесла го скршил стаклото од влезната врата на тобако-маркет во Скопје, влегол ...
Партијата на Румен Радев, Прогресивна Бугарија е победник на предвремените парламентарни избори што се одржаа денеска во Бугарија. Според првите резултати од излезната анкета во 19:00 часот спроведена од страна на социолошката агенција „Мерка“, презентирани на Бугарското национално радио, Радев води со речиси 24 отсто пред второпласираната ГЕРБ-СДС. – „Прогресивна Бугарија“ освоила 38,7 отсто од гласовите, ГЕРБ-СДС – 14,8 отсто, трета е ...
Македонското друштво „Преспа“ и здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ објавија дека за гласање на денешните парламентарни избори во Бугарија се пријавиле 183 лица. -Во Албанија на пописот над 7.000 „Бугари”, а за гласање се пријавиле само 183 лица. Вистината е поедноставна и поубедлива — поголемиот дел од тие „Бугари” го зеле бугарскиот пасош само заради слободното движење во ЕУ, не заради идентитет, не заради убеденост, не заради припадност, ...
Господине Филипче, јас сум од медиумот телевизија Алфа, па би сакала и да ви упатам покана да дојдете кај нас во емисија, во вести или било кој формат. Повеќе пати сте поканети, па, ако сакате отворени се вратите на Телевизија Алфа, се што сакате да порачате слободно може да дојдете кај нас секако порачате и еве би сакала да добијам одговор дали ќе дојдете, кога ќе дојдете, сакате ли да дојдете. Наместо културен одговор на културна покана за ...
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески, заедно со министерката за финансии Димитриеска – Кочоска и нашата делегација, остварија средба со заменик-генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, во рамките на Пролетните средби на ММФ и Светската банка коишто се одржуваат во Вашингтон. Разговорите, како што се наведува во соопштението на НБ, се одвивале во контекст на засилена глобална неизвесност, предизвикана од ...
На десетина километри од Маврови Анови, или 14 километри од Маврово, на патот кон Дебар од десната страна на шарскиот масив се наоѓа селото Бродец, а во неговиот атар црквата Св. Петка. Изградена е пред околу 15 години, а ова место претставува светилиште за локалните жители повеќе од 15 векови. Во близина на цркавата се наоѓа извор со вода за која многу луѓе веруваат дека е света. Иако до неа се стигнува по земјен пат, тоа не е пречка за ...
Стандардот на граѓаните во време на кризата се заштити. Цените на производите останаа исти, без поголеми нагли скокови. Бизнис заедницата е задоволна од владините мерки, но и понатаму велат дека остануваат претпазливи. Според превозниците, мерката на Владата за намалување на акцизата придонесе за стабилизирање на цената на превозот, бидејќи транспортот игра значајна улога во формирањето на крајната цена на производот. Тие оценија дека досега ...
Стандардот на граѓаните во време на кризата се заштити. Цените на производите останаа исти, без поголеми нагли скокови. Бизнис заедницата е задоволна од владините мерки, но и понатаму велат дека остануваат претпазливи. Според превозниците, мерката на владата за намалување на акцизата придонесе за стабилизрање на цената на превозот, бидејќи транспортот игра значајна улога во формирањето на крјаната цена на производот. Тие оценија дека до сега ...
Во СДСM се толку очајни што слават победа на сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во друга држава, додека нивната се распаѓа на парчиња. СДСM и Филипче не кажаа ни збор за нивната сестринска партија од Унгарија која освои 1 отсто од гласовите. Предвидуваме дека сличен ќе биде резултатот на СДСM на следните избори доколку продолжат вака, изјави денеска на прес-конференција пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, стои во соопштението на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата рече дека не сака да ја коментира кривичната пријава од опозициската СДСМ и оти остава надлежните органи да одлучат по неа, нагласувајќи дека тој е фокусиран кон развојот на државата и подобрување на условите за живот на граѓаните. Политичките партии, додаде тој, коишто живеат во сопствениот свет на лаги се повеќе се маргинализираат и ги разочаруваат граѓаните. -Јас не би ...