Се финализира еден од најзначајните инфраструктурни проекти во населбата Саат Кула, кој опфаќа реконструкција на водоводната мрежа, фекалната и атмосферската канализација. Со оваа инвестиција ќе се обезбеди поквалитетно водоснабдување, пофункционален канализациски систем и подобри услови за живот на жителите од ова населено место. -Инвестираме во основната инфраструктура која директно влијае врз квалитетот на животот на граѓаните. Со ...

По 45. пат денеска во Кочани родителите на жртвите во пожарот во „Пулс“ маршираа барајќи правда и вистина за своите блиски. Од овој марш кој започна во 18:05 часот од Паркотна Револуцијата беше упатено прашање до институциите дали секој што имал должност ја извршувал совесно, професионално и во рамките на своите овластувања. -Со секоја должност доаѓаат обврски. Со секое овластување – одговорност. Со секоја униформа – очекувања дека ќе се ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска се обрати на свечената церемонија на која беше промовирана 22. генерација апсолвенти на Универзитетот на Југоисточна Европа, што се одржа во кампусот во Тетово. -Дојдовте во последната фаза на студирањето и полека влегувате во гласен и сложен свет, воден од интензивен научен развој. Но, влегувате подготвени. Уште во текот на студирањето можевте да користите дигитални технологии што ја ...

Со 14 милиони евра европски пари, државата ќе отвора нови,а ќе ги модернизира постојните гранични премини. Целта е подобра регионална поврзаност, нов развоен импулс за пограничните региони,но и зајакнување на безбедноста како основен темел за зачувување на националните интереси и стабилноста на државата “Да покажеме дека можеме да постигнеме рамномерен раст и развој на економијата и со тоа да го подобриме условите за живот на нашите граѓани ...

Најдоцна до септември, штипската Клиничка болница ќе добие регионален Ургентен центар, кој ќе им пружа итна медицинска помош на пациентите со животозагрозувачки состојби од Источниот и Југоисточниот Регион. Постапката за негово формирање веќе е започната, а во наредниот период ќе се преадаптираат просториите на сегашната дежурна амбуланта. Ургентниот центар ќе работи 24 часа дневно, седум дена во неделата и ќе ги покрива сите итни состојби ...

Квалитетот на воздухот во корелација со начинот на загревањето на домаќинствата, особено кога се користи 100% влажно огревно дрво, се намалува дури за 300 проценти, односно за толку индексни поени се зголемува аерозагадувањето. Притоа, и топлината која што ја дава влажното огревно дрво е за 30 насто помала. Ова се заклучоците од истражувањето направено во една населба во Битола, а во рамки на Проектот „Стоп за аерозагадувањето“ на ...

Со засилена динамика се санира проблемот со градската депонија „Краста“ во Куманово.Посебна благодарност до екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ на чело со директорот Сашо Томиќ, кои континуирано работат на терен, како и до општествено одговорните компании што се вклучија во надминувањето на состојбата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Голема поддршка во овие активности обезбеди Министерот за транспорт Александар Николовски, кој ...

Во рамките на Албанскиот саем на книгата – Скопје 2026, се одржа комеморативен книжевен час посветен на истакнатата поетеса и научничка Линдита Ахмети, по повод две години од нејзината смрт. Преку читање и разговор за нејзината поезија, присутните се потсетија на творештвото, мислата и придонесот на Линдита Ахмети во албанската книжевност и култура, оддавајќи почит на една од најавтентичните поетски личности на современата албанска ...

Од денеска официјално е пуштена во употреба новата бесплатна линија на јавен превоз за жителите на тетовските села Бродец, Вешала и Бозовце, информираа од Општина Тетово. Новата линија ќе сообраќа еднаш дневно, со поаѓање кон Тетово во 7 часот наутро и враќање кон селата во 17:30 часот. -Овој проект е резултат на континуираната посветеност и заложба за подобрување на условите за живот на жителите од шарпланинското подрачје, овозможувајќи ...

Во рамки на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици за 2026 година, Општина Берово продолжува со активности за подобрување на патната инфраструктура. Во изминатиот период реализирана е санација на ударни дупки на повеќе улици низ општината, со вкупна површина од околу 500 метри квадратни, а во периодот што следи најавено е продолжување на интервенциите и на други улици. Пред почетокот на активностите, ...

Шеесет млади натпреварувачи учествуваа во Градскиот пливачки натпревар „Штип 2026“, кој се одржа во новоотворениот затворен базен. Ване Маневски, кој е дел од организацијата на натпреварот, вели дека денешниот натпревар е од исклучителна важност за развојот на пливачките спортови, бидејќи по долг период на стагнација на пливачкиот спорт во Штип – пред сè поради долгогодишниот недостиг на соодветна инфраструктура и услови – локалните клубови ...

Регионалниот ургентен центар во Клиничка болница-Штип треба да се отвори најдоцна до септември, а овој центар ќе пружи итна медицинска помош на пациентите со животозагрозувачки состојби од Источниот и Југоисточниот регион. Заменик директорот на Клиничка болница-Штип, Билјана Ефтимова вели дека постапката за негово формирање е веќе започната, а во наредниот период ќе се преадаптираат просториите на сегашната дежурна амбуланта. Центарот ќе ...

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, престојува во официјална посета на Ешалан, Швајцарија, каде што оствари средба со градоначалникот Серж Борник. Посетата е насочена кон продлабочување на меѓусебната соработка, размена на искуства и запознавање со добри практики од швајцарскиот систем на локално управување. На средбата, Гоцевски ги претставил тековните активности и развојни проекти што се реализираат во Делчево, со акцент на ...

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски по посетата на Институтот за јавно здравје – Скопје. Мицкоски изврши увид во набавената нова опрема, лабараториите, мерната станица, како и на отворањето на првото Психолошко советувалиште за деца и адолесценти од ваков карактер во државата, направено по сите светски стандарди и останатите новини во работата на Институтот. Изјава на премиерот Христијан Мицкоски по посетата на Институтот за јавно здравје ...

Во Институтот за јавно здравје денеска беше отворено психолошко советувалиште за деца и адолесценти, прво од ваков вид во државата, кое ќе обезбедува стручна поддршка за деца, тинејџери, родители и наставници преку системот „Мој термин“, соопшти директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска. Како што истакна Андоновска, отворањето на советувалиштето е дел од пошироките активности за унапредување на здравствените услуги и ...

Почитувани, 110.000 денари биле првите од многуте што Стефан Богоев требал да ги земе како мито за местениот тендер во Царина од 18 милиони денари, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Џемо од Прилеп, сивата еминенција на СДСM, договорил фирма која требала да добие тендер во Царина, па преку неговото влијание кон Богац успеал во намерата, а за возврат му ветил подарок во форма на банкноти. 18 милионскиот тендер за хигиена наменет за блиска ...

Македонската јавност деновиве е сведок на рускиот рулет во СДСМ во кој од епизода во епизода се отвораат нови прашања, а одговорите стануваат се поконтрадикторни, стои во соопштението на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија. Во рок од неколку дена, сведоци сме на две изјави од двајца поранешни носители на највисоките државни функции кои не можат истовремено да бидат точни. Станува збор за изјавите на поранешниот претседател Стево Пендаровски и ...

Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на Бруто домашниот производ (БДП) истакна денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање за вчерашната средба со претставниците од градежниот сектор и колку оваа гранка влијае врз Бруто домашниот производ (БДП). Премиерот Мицкоски истакна дека е задоволен што БДП со усогласени вредности е 3,3 проценти, и како што рече е четврти во Европа. – ...

Во овие две години откако сум претседател на Владата пораките од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват беа најсилни а тоа е дека процесот на проширување не е завршен. Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц дадоа силен мотив да продолжиме во делот на реформите, да испорачуваме, врз основа на методот на заслуга, а не врз основа на билатерални прашања и тоа беше неколку пати потенцирано на самиот самит, изјави ...

Се наоѓаме пред историски момент. По повеќе од две децении одложување, правичната и соодветна застапеност конечно станува закон. Нема повеќе зборови што ги носи ветерот, нема повеќе ветувања само за да поминат изборите. Сега има закон. Правичната и соодветна застапеност е уставен принцип што произлегува од Охридскиот рамковен договор, конкретно од неговата точка 4.2. Затоа, ова не е обичен закон, туку исориски важен чекор во спроведувањето и ...

Акцискиот план за малцинства е готов, усогласен со експерт од Европската комисија, како ниту една држава што го има направено и неофицијално е усогласен со дваесет и шест земји-членки, освен со една, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Институтот за јавно здравје во Скопје. Прашан до каде е Владата со Акцискиот план за малцинства и што конкретно има како барање таа една земја, Мицкоски ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 21 возач за безобѕирно управување возило, од кои 13 возеле без возачка дозвола, седуммина под дејство на алкохол и еден со забрана за управување возило, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од вкупно 13 кои возеле без возачка дозвола петмина се во Скопје, двајца во тетовско и по еден во Македонска Каменица, Куманово, ...

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода осум лица кај кои била пронајдена дрога, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во Скопје, вчера и денеска, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ѓ.Д. (30) од Велес, Ф.П. (28) од Куманово, како и И.М. (23), Б.В. (27), А.Б. (27) и А.Ш. (29), сите од Скопје. При извршените контроли кај нив биле пронајдени и ...

Македонците во Албанија се автохтона заедница со вековни корени во Преспа, Голо Брдо, Гора, Поле и Врбник. Ние го зачувавме нашиот јазик, традиции и идентитет низ тешки историски периоди. Сепак, и покрај формалното признавање, многу од нашите права остануваат само делумно спроведени, рече лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во обраќањето на Генералното собрание на Европската слободна алијанса ...

Министерството за внатрешни работи информира дека се регистрирани вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, при што две лица се лишени од слобода. Полициски службеници од Полициското одделение Чашка вчера во 23:50 часот го лишиле од слобода И.Н. (54) од село во Општина Чашка, постапувајќи по пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 56-годишна сопруга. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен ...

Лица помлади од 18 години нема да можат непречено да ги користат социјалните мрежи, а вистинската возраст на корисниците ќе се утврдува со ВИ. Од компанијата Мета објавија нови правила за користиње на Фејсбук, Инстаграм и Месинџер, кои во пракса ќе значат строга контрола за возраста на корисниците, чии лични фотографии и видеа ќе бидат ставени на техничка анализа, од која со голема веројатност би се утврдила нивната возраст. Тоа ќе доведе до ...

Над 14.500 ученици денеска започнаа со полагањето на испитите кои за нив ќе значат билет за упис на посакуваните факултети. Во училниците на средните училишта, факултетите и амфитеатрите низ целата држава, матурантите ги решаваа првите тестови од државната матура. Надлежните велат дека организацијата е на високо ниво, а полагањето се одвива мирно и во најдобар ред. „Сè се одвива во најдобар ред и затоа сакам да им се заблагодарам и на ...

Пристапноста не е привилегија, туку основно право. Еднакви можности и активно учество во општеството, се само некои од барањата на луѓето со попреченост. „Маршот на исклучените“ е дел од програмата на петтото издание на „Инфјужн“ – Фестивал на инклузија, настан кој секоја година ги обединува велосипедистите, семејствата и мајките со детски колички во поддршка на лицата со попреченост. „Доколку нешто си замислам како желба, тоа би било да го ...

Македонија доби досега најсилни пораки од Тиват, она што посебно радува е што процесот на проширување постои и не е завршен, вели премиерот Христијан Мицкоски по Самитот ЕУ- Западен Балкан, каде оствари и билатерални средни со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц. Она што е добрата вест за државава и нон пејперот подготвен токму од Берлин и Париз, за кој Брисел веќе добил инструкции да го ...

Опозициската СДСМ сѐ уште не може да излезе од политичката криза и кал во која партијата западна по двата последователни изборни порази. И наместо внатрешни реформи, целосна реорганизација и екипирање на партијата, лидерот Филипче вниманието ќе го насочел не само кон рушење од власт на ВМРО ДПМНЕ туку и во борбата против авторитарните режими во регионот. На денешната конференција „Скопска иницијатива“, организирана заедно со сестринските ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.44
53%
1018
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
2.68
58%
1017
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.05
82%
1019
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.1
51%
1018
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
4.78
66%
1017
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 23ᴼ
1.94
95%
1021
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
6.26
37%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.5
62%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
3.06
58%
1018
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
2.24
42%
1016
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
2.24
57%
1019
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
5.85
74%
1016
Currency

61.645

Currency

53.73

Currency

71.1667

Currency

37.6517

Currency

37.8978

Currency

66.5171

Currency

7.93737

Currency

0.7351

Currency

0.33273

Currency

0.52564

Currency

1.1566

Currency

0.56948

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Злато

134937.98

Кобалт

45.39

Бакар

12.75

Платина

53756.05

Алуминиум

3.39

Цинк

0.00

Сребро

2121.92

Паладиум

40284.89

Калај

53.40